1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите-задоволни

Дискусија во 'Брак' започната од Andromaster, 15 април 2013.

  1. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    свекрвите и снаите-задоволни

    elena.mak
    се сложувам со тебе...немора да даде, доволно е да не одмага и да се меша меѓу бракот и сл. млади сме способни сами да створиме се што треба..треба трпение за се..ако се сака се се може..
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    свекрвите и снаите-задоволни

    Па што ако мојата свекрва собрала најмногу лајкови на темава? :D Супер си е жената, и заслужува!

    Извинете, ама темата се вика „свекрвите и снаите-задоволни“.....за што сакате да пишуваме тука? За незадоволството од нив? Тогаш ќе сме офтопик, за тоа постои другата тема.

    И демек фураме живот како западњаци, а уште очекуваме помош од родителите (не материјална)....не ви ја сфаќам поентата, Ethrnity би те замолила да дообјасниш, за да немаме недоразбирања.
    Значи, во моментов живееме во Македонија, мајка ми живее на 200м од нас, а свекрва ми на 3км. И двајцата работиме, неретко и до вечер, посебно мм како приватник, и куќа и дете гледаме.
    Е сега, ме интересира некоја да ми објасни, како тоа јас треба да живеам западњачки во Македонија??? Дали тоа значи дека треба на старите да им забранувам да ја гледаат малата додека ние имаме хитна работа (или макар и шетале по кафани)? Дали тоа значи дека јас треба да викнам бејбиситерка за тие неколку саати, за да се покажам пред народот дека не е се` само на збор, туку навистина живеам „западњачки“?
    Јас искрено потреба од тоа немам воопшто. Ова дете има поширока фамилија, и ќе си ја гледа, ќе се дружи со нив, ќе преспива, ќе шета, се` ќе прави. Не сум западњак? Нека :D

    Ако некој смета дека не треба да се дава детето на бабите и дедовците, а живее во МК - слободно нека не го прави тоа. Јас се имам изјаснето во другата тема, дека свекрва ми дури не ја гледа ќерка ми колку што јас лично би сакала. Да, без збор ќе дојдат ако има потреба, ама сами да се јават за да ја видат - јок. И сум го прифатила тоа како такво, и така си функционираме. Си имаат тие и свој живот, тамам се отарасиле од своите деца, сега имаат право и да проживеат како сакаат.
    Јас никогаш ништо поразлично од ова не сум кажала за нив.

    Јас разбирам дека има жени кои пропатиле, реков дека има луѓе и нелуѓе од двете страни, ама не мора да сте саркастични кон нашата „убава“ ситуација (ставам во наводници зошто убаво и совршено НЕМА НИКАДЕ, ни со сопствената мајка, не па со туѓа жена).
    Јас ја сфатив поентата, демек Лесно е да се „сака“ свекрва која СЕ` ти дала и уз тоа ти го чува детето и ти чисти и ни збор не приговара за тоа. Ама што да правам јас, не разбирам? Таква ми се погодила, фала ти Господе, благодарна сум им ептен :)

    И уште нешто - тука збориме за свекрвите и за тоа дали тие нешто прават за нас како снаи или не. Значи, не станува збор за тоа што правиме ние за нив, затоа - не ги гледајте еднонасочно работите, тоа што не е наведено не значи дека не се случува.
    Не сме ние вештерки кои само ги искористуваат свекрвите, очигледно е дека има и повратни дејствија штом луѓето продолжуваат со истиот ентузијазам за помош ;)

    п.с. Се извинувам, мојата е 2ра по лајкови :D
     
    На Annath, kravce, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    свекрвите и снаите-задоволни

    ^
    Трета, каде одиш преку ред...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    свекрвите и снаите-задоволни

    Зошто да не се прифати помошта кога веќе е понудена? Не сфаќам. Не би им возвратила со помош доколку не ми помогнат, а да ја одбивам пружената рака затоа што не сум ја очекувала ми е како навреда кон нив. Мене лично, а сега секој различно си размислува.

    Има снаи кои очекуваат повеќе од помош. Има снаи кои очекуваат да ги избркаат деверите/золвите и да му се препише цела куќа на маж им. Тоа е погрешно. Шо праат математики со имот што не е нивен уште додека се газдите на истиот живи, што наместо да си ги гледаат децата, коваат планови и бараат мажи за што побргу да ја избркаат золвата, па се мешаат во туѓи џебови „а, тој/таа носи помалку плата дома од мене, другиот месец ни денар не им давам“. Тоа веќе не е „очекување помош“, тоа е „нашло па зашло“.

    Да, на запад не очекуваат и најчесто можеби не ни добиваат синот и снаата помош од родителите, ама чисто сумњам дека на тие родители кога ќе им клекне г*от и ќе “станат бебиња по вторпат“, снаата им ги менува пелените и ги бања. Кај нас (особено во малите места) е срамота да кажеш дека родителот си го оставил во дом. А реално луѓето кои работат таму можат многу повеќе да му помогнат од тебе. Ти само ќе си го фрлиш здравјето и сопствениот живот ќе си го ставиш на стендбај само за да не ги насекираш комшиите.
     
    На rose60, Glasna, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    свекрвите и снаите-задоволни

    Во ред, очигледно не се разбираме, некој повторно си држи до своето, нека биде така. И да, и тоа што викаш, некој може да прочита нешто и да си сфати како што нему му одговара. Не, не треба да се најдам навредена, да некој од самиот почеток се лупа во гради свадба, свадба, свадба, за на крај во 5 до 12 да каже платете си ја сами, се побуни мм од каде, ме плаќаш ти за тоа што работам, не, со кои пари? Па ќе земете пари од поклони, дајте ми ги мене јас ќе платам на крај. Прво, како јас да знам дека мене луѓето пари ќе ми донесат? А што ако повеќето не се пари? Тој и ојле и дојле ќе го викне на свадба, нели на син му прави свадба па и кого познава и кого не планира да го викне, башка муабетот беше тој да бирал мени, ресторан, музика, а ние... ние само да си платиме. И ова тебе во ред ти е? Не треба да се најдам увредена од ова? Место тие пари да ги чувам за бебе кое ќе дојде еден ден, да ми се најдат за што и да е, јас треба да му ги дадам на свекорот да си прави свадба со нив, а само да напоменам, далеку од добро ситуирани се. И друго, јас и мм не сме размислувале... Епа нели ги прочита моите коментари? Не го примети делот каде што си ја објаснувам приказната од почеток, дека не сме од иста држава, мм е студент, после веридбата на разговорот со моите и неговите како децава ќе живеат, имаат ли услови беа ветувани и брда и долини? За тоа да не береле моите гајле, па ќе работиме кај свекорот додека да добијам јас документи а мм го заврши факултетот, па после кога ќе си застанеме на свои нозе ќе сме си виделе дали сакаме да работиме кај него, или ќе си бараме сами работа. Моите луди се и нездрави да ме пуштат така да одам на бафтана, ме чувале цел живот и ајде сега оди негде на несигурно, нели? И не бил тоа муабетот давајте им пари на децава тие нека лежат само, него биле загрижени моите дали ќе имам таму покрив над глава или не, ама повторно ова некој ќе си го сфати како што сака, нели? Како и да е, ако ти од сето ова си извлече поука дека јас сум си била сама крива за се и си запрепастена што сум дошла јас до дереџе да ме издржуваат моите, епа секоја ти чест на расудувањето. За тоа ти да си била како мене, да не си имала леб да купиш, а немој да ми кажеш дека ти не си зависела во некој момент од твоите, не само ти, него сите овде, осим ако не си од тие среќнички уште од прв ден по завршувањето на факултетот да најдат работа (јас не бев), нормално дека не сум имала јас свои приходи, и да, сум живеела со моите и не сум имала свои пари за да купам леб, ама да се клањам на кого? На свекорот кој со ништо не ми помогнал (не сфаќај само материјално), кој на мене и мм животот ни го направил неподнослив таму? Единствени кои во тие моменти ни излегоа во пресрет беа моите и затоа само ним сум им благодарна и ним им се клањам, незнам како читајќи ги моите постови не го прочита и тоа.
    Како и да е, незнам зошто се објаснувам овде кога некој повторно ќе се најде со неговиот заклучок дека мене муабетот ми е родителите се должни да ги издржуваат децата, јас не сум сакала да работам, сум требала сама да си обезбедам место да чеам некој да ми даде нешто. Епа врати се тогаш повторно на делот каде што објаснувам дека сум во друга држава, како што е сега мм овде, а само за информација, работа да најдеш некаде на друго место, без притоа да ги добиеш сите документи е кривично дело драга моја. Како ли само дојде до тој заклучок дека не сум сакала јас газот да го мрднам незнам, навистина незнам, но крај краева не е ни битно. Ме прозва лично, па имав потреба по којзнае кој пат овде да ги замарам сите со објаснувања но очигледно кој сфатил, сфатил уште со првиот пост, кој не тешко и дека ќе сфати уште 1000 да напишам. Нека ми извинат останатите, па се надевам повторно ќе се јавам на темава, ако постојат чуда, со некои позитивни коментари како неговите не удостоиле со тоа да си го видат внучето кое кај и да е треба да дојде на свет :)
     
    На MilaP, FineChina, midnight.flower и 2 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    свекрвите и снаите-задоволни

    Ова што го објаснував со мешање во туѓ џеб, само од другата страна овојпат.
    Уште еднаш се покажува дека нема врска дали е некој свекор/свекрва/снаа/зет. Човек без усул е човек без усул :x :x :x :

     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    свекрвите и снаите-задоволни

    Јас не мислам дека е лошо родителот да оди во дом на старост, мајка ми уште од сега си прават планови со сватовите (од двете страни, сите полудени :D ) дека на старост ќе се дружат во Геријатрија. Нив ниту некој нешто им рекол, ниту пак размислуваме ние толку далеку, ама ете, и двете страни (и мајка ми и свекрва ми) имаат по некој стар кој мора да го чуваат, па јасно им е низ што ќе треба да поминуваме и ние со нив.

    Ама да се разбериме (а јасно ни е на сите нели) дека помагањето и чувањето не е само кога ќе клапнат. Тие луѓе и сега се болни од Х работи, едвај стануваат од кревет кога ќе ги фати вирус оти се постари, мајка ми е оперирана од града, пред некоја недела правеше и киретажа, свекор ми е со болни колена, на апчиња и физикална терапија и да не редам понатаму, ко нив ќе звучам.
    Девер ми не е во МК еве веќе 15 години, па јасно дека нас ќе не` бараат за се` и сешто, и тоа го прифаќам како сосема нормална работа.

    Материјално не сме примиле ништо од нив, напротив - секогаш кога треба за нешто - тука сме, фала Богу имаме доволно приливи двајцата, па парите низ фамилијата кружат без проблем, и пу пу, до сега, никој на никого му нема кусур фатено.
    Се надевам на истото и во иднина.

    п.с. 3та викаш,а? Ништо, ќе мора да и` кажам да се подобри :D
     
    На ilipili, Annath, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  8. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    свекрвите и снаите-задоволни

    Уште еден лајк за Moira и нејзината свекрва! ;) Баш ми е мило. :)

    И потполно се согласувам со следново:

    Идеално и совршено, како што кажа Moira, никаде нема, па дури ни кај мама и тато. И кај мама и тато, за да заслужам нешто (џепарлак, храна, облека, обувки) се барало нешто за возврат од мене. И тоа е нормално и во новиот дом. Ако си вработен и немаш време да помагаш по дома - фер е да дадеш пари за домаќинството (или да купиш/платиш што е потребно), а ако не си вработен и седиш дома (додека свекорот и свекрвата работат) фер е да сработиш нешто по дома, да си го заработиш јадењето што се вели. И во вакви ситуации, никој не е слуга, или газда.

    Помошта не мора да биде парична, или во облик на недвижнини. Семејствата/ фамилиите треба да се помагаат, но :!: двонасочно! Гледањето деца од страна на бабите и дедовците, не мора да се смета како товар (тоа е за нив задоволство, барем колку што можам да видам по мајка ми и свекрва ми и нивните внуци). Ако свекрвата ти загледува дете, ти прави ручек и сл, најмалку што можеш да направиш е да ја однесеш на лекар кога ќе и треба, па ако треба да земеш и слободен ден од работа за таа намена. Ако имаат своја градина (било кои родители) и една зелка да ти дадат за салата е помош, истата нема да мора да одиш од пазар да ја купиш (за пример само). Не е секоја помош во недвижнини и во пари.

    И пак ќе кажам далечината е лек за овие проблеми. Младите и старите треба одвоено да живеат, така најмногу ќе се почитуваат меѓусебно. Нека се гледаат секој ден, па и по цел ден ако треба, но на крајот од денот секој да си оди во својот дом.
     
    На ilipili, Annath, elena.mak и 3 други им се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    свекрвите и снаите-задоволни


    ако почниме да се објаснуваме нема крајот да ни се најде ќе ја заклучат темата. ама ајт....

    погоре спомна дека вашите родители се договарале кај ќе живеете и свекор ти рекол дека ќе се погрижи за тоа. автоматски сте чекале од него... а сега чекате од твоите родители. вашите ве третираат како деца бидејќи се понашате како деца. кога веќе терате на старински начин ете твоите ги прашуваат неговите каде ќе живеете тогаш терајте старински до крај, чим сакате свадба дајте му ги парите на човекот кој сигурно работи и ги заработил

    и да за благодарноста мислев само на твоите родители нормално. ако ти мислиш дека јас сум среќничка што сум нашла одма работа тогаш јас мислам дека ти си среќничката а не јас. бидејќи ти имаш твој стан јас не јас сум под ќирија, ти имаш родители што ти ја платиле свадбата јас не. ти имаш родители што веројатно ќе ти платат пораѓај во приватна клиника а јас ќе треба здравје во ГАК. ти имаш родители што те издржуваат и ти плаќаат се додека ти си уживкаш дома а јас работам. зошто тогаш секогаш и за се сум јас прозвана дека сум имала многу среќа во животот? зошто некој не рекол ете работи се труди со мака стекнала се.

    ама не, тие што работата и што се трудат тие се среќници а оние што чекаат од другите се за жалење тие немале среќа ама пак имаат се.
     
    На rose60, midnight.flower, blond и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    свекрвите и снаите-задоволни

    :o :o :o :x :tmi:

    Не се договарале со неговите и не очекувале, биле загрижени како што секој би бил каде им оди детето... |(

    Него искрено размислувам модераториве ако читаат, еве вака една јавна молба, нека ми ги избришат досегашните мислења воопшто и во едната и во другата тема за снаите и свекрвите, уффф ќе ме поштедат од многу работи.
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    свекрвите и снаите-задоволни

    Не се сите задоволни од старите заради дадени стан или куќа. Ете Жоел си кажа дека е под ќирија која сами си ја плаќаат па пак има пофални зборови.
    Од друга страна има многу во другата тема на незадоволни каде си имаат посебен спрат, и помош низ дома или децата па пак нешто не им чини, пример им смета што им чистат или што им го виделе долниот веш во фиока (а кога го обесуваат на жица па сите соседи гледаат небитно е, важно таа да не отвори фиока и да не гледа :D )
    Значи можеби сепак има нешто и до нас, до нашиот карактер, и до тоа кој како си ги сфатил работите дека треба да бидат па сега на дело сметките не му излегуваат.
     
    На Annath, kravce, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    искрено можеби има несто слиЧно на ова ситуација свекрва и снаа задоволни :!: ама сепак мислам дека се несто има пак сто не е еонака добро :^) кој мегу нив има несто пак ова она неЧини па засто така и слиЧно :!:
     
  13. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    За фиоката со долен веш: јас бев :hai: :)
    Мене свекрва ми не ми чисти во нашата соба, деца немам - не ми ги гледа, спрат од куќата немаме (целата е на име на мажот ми - но сепак ќе се селиме ;) за да си бидат луѓето комотни, сепак тоа де факто е нивна куќа). И кој денес сеуште суши долен веш на тераса? Јас си кажав која е мојата граница, до каде можам јас да дозволам некој да ми ѕирне во приватноста. Како што јас не отворам нечии фиоки, така барам и некој да не ги отвора моите - тоа е се‘. И фала му на Бога, свекрва ми за таа страна е разбрана жена - не се ни обидела да ми отвора фиоки.
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    :D блазе си ти :x ова мојава едвнај Чека да не сум во саоба или дома и веднас низ плакар и фиоки проверу ва сто има :x :x и си признавам дека ми преЧи :!: ајт еднас или двапати да види али Често ми проверува во соба :^)
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^^
    Не мислев на никоја конкретно вистина, знам дека е популарна рачка за замерки долниот веш па затоа спомнав (ако си пребарам во мислењата порано што ги пишев можеби и јас ќе се најдам :D )
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    И јас да не останам покуса.
    Задоволна сум ,се надевам и она од мене.Барем од она што го покажува.

    И ние живееме на посебен спрат од куќа,целосно оделени,но тука сме..

    Претходно имам пишувано,јас се омажив млада,добив едно,па после две години уште едно бебе,студирав на факултетет кој е захтевен,бараше мое присуство,посебно на вежби кои траеја со саати.Свекрва ми несебично ми помагаше.Не сум побарала помош,сама ми ја нудела.
    Ние сме скоро 11 год.во брак,и ќе се пофалам,збор не сме си пререкле.А имало моменти,не еден,многу,но сепак,некогаш е подобро да не се кажува се.
    Околу финанс.помош...И јас и маж ми се вработени,но знаат да помогнат,во смисла,еве од баба и дедо,купете им на децата нешто(завеси за во соба,облека,ролерки и сл.),значи помагаат индиректно.
    Околу работи по дома,јас не знам да шијам :lol: ,срамотилаци,не се срамам да и однесам да ми закрпи нешто,посебно сите трењерки и фармерки на син ми :!: .Никогаш не ме одбила.

    За шетање по кафани
    добро бе, сите ли по кафани одиме,ќе се најдеме Моира :hai:
    ,навечер сега за викенд ги оставам кај мајка ми,но претходно,за работен ден,секогаш без збор,се качува и седи со децата.

    Додека беа помали,она ги шеташе по улица,иако беше штотуку вратена од работа,уморна.Да не звучи себично,НО тогаш јас сума била зафатена со нешто друго,околу бебе,пишување дипломски,болна...

    Она што особено ми е важно,Е тоа што не ми се меша во бракот,во односите со син и и во воспитувањето на децата.Иако има можност,се гледа кога децата ќе бидат искарани,знаат да отидат кај баба,но НЕ.Секогаш вика ,слушајте си ја мама.
    И мојот и зборот на маж ми се закон за децата.

    Така да, иако на некој начин живееме во заедница,одделно функционираме,кога ни треба помош сме тука едни за други,а кога ни треба слобода и интима, си ја почитуваме.

    Верувам дека и она е задоволна од мене,покажала многу пати.И ако е постара и поискусна ,не се срами да ме праша нешто.

    Јас колку можам враќам,најпрво со почит кон нив,а потоа и со тоа што можам и знам.

    Така да сума сумарум ,не гледам простор за лицемерие,не станува збор за материјална подршка,па да бидеме задоволни .Џабе е се ,ако немаш мир во сопствената куќа,ако не си човек,или ти е тешко да си кажеш ,,добар ден".
     
    На Dust, Stories, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Море што мајки сме вакви, саде по кафани :rofl: Ќе се видиме, како нема, тие се кафаните во градот, во некој момент сигурно ќе се поклопиме со изборот :hai:

    Само да кажам дека и свекрва ми и свекор ми се ептен кул луѓе боемски, и тие како млади со деца шетале многу по кафани и се враќале касно во ноќта, а децата им ги чувала свекрвата :D

    Се врти тркалото? Па сигурно и за мене ќе се сврти, ќе ги чувам и јас децата на ќерка ми или син ми кога ќе сакаат да шетаат, ептен мило ќе ми биде :)

    И да, ме потсети орхидеја - свекрва ми за мал милион работи до сега ме има прашано за совет, посебно за месење, исто како и јас неа за други работи. Исто ми се случило и мм да речи „Еј, мајка ми го има правено тоа, се сеќавам добро беше, јави и` се ако сакаш да ти каже рецепт“ и воопшто не еготрипувам дека мм мене не ме почитува и дека си јади само од „златните раце на мама“.

    Добро рече Скорпионка, многу фактори и различни перцепции се во игра...
     
    На Dust, ilipili, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мене не ми се официјално свекор и свекрва сеуште, ама знам дека ќе бидат тие, бидејќи тоа е во план. Имам кажано за мојот однос ама ова е правилната тема. ;) Никогаш не сум била одвоена од нивниот син, кога се купувало за него се купувало и за мене. За одмор ни давале за да идеме заедно, мојот свекор, на месец ипол врска, направи се за да извадам пасош по брза постапка, а да не платам 5000 ден туку 1500 значи нормално. Инаку немаше да имам пасош(закажано ми беше ама за месесец дена покасно) и ќе си останев дома. Ни дадоа и пари за двајцата, и тоа не избројани, туку повеќе за секој случај. Кога одиме заедно некаде, пример во Охрид, мене никогаш не ми зимаат пари. Сеа со станов, свекор ми одеше со мене да го проверува бидејќи се разбира во тоа, и искрено многу ми помогна, а и мило ми е кога гледам и тој дека е задоволен. Ме гледаат буквално како свое дете, таму се однесувам како дома. Со свеки, сме како другарки, се си кажуваме, се договараме на кој што ќе кажеме(зборам за роднини, пријатели нели не треба секогаш се да знаат). Многу работи прифатиле од мене, за било што, јадење, уредување.....купување. Јас знам кога купивам подароци, уз тоа да земам и нешто како за мајтап, последен пат за свекор ми земав и малечка шоља за кафе, зошто стално бара малце кафе, слатко се изнасмеавме сите...и секогаш си пие од неа.
    Едноставно имаме одличен однос, и се надевам дека ќе си го задржиме, баш затоа и сакаме да живееме одвоено, за да остане како што е сега.
     
    На ilipili, Annath, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Moira нека ти е жива и здрава свекрвати уште 101 и една без празници, Господ здравје да и даде и баш ми е мило што постојат вакви примерни свекрви како во твојот случај,исто и за другите свекрви кои се испофалени овде на темава... :) И јас сум за тоа да царува среќата и задоволството меѓу снаа и свекрва и многу би ме радувало кога и другите свекрви би го следеле нивниот пример.
    Ајде сега да се дообјаснам...значи колку глави толку мислења.Иако зборуваме и пишуваме на ист јазик различно се разбираме.Ќе се обидам да бидам пократка и појасна,зошто дел од моите мислења беа погрешно сфатени и интепретирани.(на секој како што нему му одговара).
    Да расчистам на почеток,јас уште на старт се изјаснив дека сум од оние личности кои нема да очекуваат никаква помош од родителите,дури ни од своите(колку за информација татко ми ни има обезбедено покрив над главата и за мене и за сестра ми посебно)а, камоли од свекрвата.Значи не очекувам,не барам апсолутно никаква помош освен логистичка .Друго е чувството кога ќе стекнеш нешто со свој труд и мака е за тоа ќе знам со сигурност дека е само мое..Не очекував да ме третираат како принцеза но,исто така и не очекував некој да ме третира како слугинка.
    Поентата ми е следна...зошто за истиве нешта кои на темава се одобруваат, се фалат,се истакнуваат како позитивност(не дека не се) ,на пример кога семејството на сопругот(или вашите родители) ве потпомага финансиски или некогаш ви помогнало,ова истово во другата тема жестоко се напаѓа и критикува.Јас дволичноста ја гледам овде и во овој пример а, не ова ми беше извадено од контекст демек ова се однесувало на дволичност кон вашите свекрви,нема врска.Каде е тука чувството за солидарност,хуманост,разбирање и утеха кон другиот кој е во понезавидна положба од вашата на кој ете не ми се потрефило да има добра,пожртвувана и човечна свекрва како вашата па и тој да биде благодарен што не го дели воздухот со некоја хиена.Тој некој кој по игра на различни фактори ете се нашол во таква ситуација а,не по своја волја.Животот е комплициран!!!Верувам знаете и не е на одмет да се има чувство и осет ама,не овде е побитно да се паметува ,да се додава сол на нечија рана!Толку ли е тешко да се напише некој утешен збор кога веќе неможе да помогнете.Не, полесно е да се мудрува ,да се извртуваат зборови и реченици и навистина не е логички една иста ситуација како во примерот што го наведов еднаш да биде добра а,потоа да биде лоша и осудувана.Наместо да се рече да тоа е лошо навистина, нечовечовечно и нехумано од нивна страна да не се помогне кога некој навистина има потреба од тоа(а може да помогне и има средства само не сака)на некој многу близок вие го осудувате затоа што очекувал помош.Епа како што вие може да се пофалите колку е тоа добро така и тој истиот го има правото да рече колку е тоа лошо и себично.Само тој што не бил во кожата на другиот не може да сфати и затвора очи пред злото,себичноста и не само што затвора очи туку и го брани со некои квази вредности.
    И Моира далеку е денот кога Европа ќе дојде кај нас или ние ќе појдеме кај неа :D Уште многу фурни со леб треба да изедеме и ние снаите а,и свекрвите за да почнеме да се однесуваме европски,да не влегуваме во филмчиња дека едната е кралица а,другата роб, секоја да си го живее својот живот без стеги и ограничувања,без страв од коментарите на комшиите.Затоа и изреагирав на наметнувањето на тој таканаречен Западен стил на живот кој сега за сега нема адекватни услови да се имплементира во нашава ни мила Македонија :) Иначе не е лошо.Ама тука сме на Балканов и треба да се прилагодиме на овие не баш сјајни услови.И убаво што си призна дека си Балканска снаа,која има Балканска свекрва од оние добрите на крајот сепак сите,среќни,весели и задоволни а, тоа е најбитно.Ценам искреност и барем не се криеш зад феноменот на модерна ,про западна,Европска снаа на Балканот..со Балканска свекрва :D (да не ме сфатиш погрешно не велам дека не си модерна и современа за наши услови) туку условите во Европа и кај нас се дијаметрално спротивни и како што напоменав не верувам дека таму постои некоја свекрва која ќе го прави она што го прават вашите свекрви.Ма кој те гледа таму ,ни едната ни другата не се гледаат тоа ми беше зборот па,и тие си се среќни и задоволни.
    Со овој пост и овие констатации не наведувам и посочувам никој директно туку тоа е моето генерално согледување на нештата.
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    И јас би ја сакала свекрвата на Жоел ете сфаќам жената можеби нема да ми даде нешто материјално(куќа/стан)ама ме исполнува на духовен план,не се замара со фактот дали сум исчистила или до колку часот ќе спијам.За разлика од мојата бивша свекрва кај која иако станував најдоцна во 9 за неа тоа беше проблем и повод да се приговара дека комшиите ќе се смееле што ролетната била спуштена до толку доцна :D