Бре! Јас викам кај од наеднаш 4страни задоволни снаи ...вие други муабети Некој со малку се задоволува, на некој и многу му е ич. Некој и во најголемата кавга бара спокој и разбирање, друг па и кај што нема ќе најде недоразбирање Јас мислам дека и покрај се, карактерот има доста битна улога
До пред некој месец за свекрвата пишував во темата ,,Испукајте се,, а глејте ме сега. Чуда се случуваат, само требало строго, ама не со сите туку само со некои луѓе, како на пример со мојата свекрва. Ние сме и благодарни што ни помага финансиски, ама затоа од друга страна ме мислеше мене за размазена лигла, што ништо не знае. Не живееме заедно, ама пак сакаше таа во се прва да се испрчи. Јас како да бев хедикепирана па мора она да ми ги брка работите. Таа подобро чистела, само одеше по мене и гледаше дали сум оставила некаде несредено, едвај чекаше да ми најде нешто, посебно кога немаше да бидам дома и таа да го сработи. Директно никогаш не ми викаше дека не знам, ама со постапките страшно ме нервираше. Арно ама почна да претерува еден период, па јас ја сменив тактиката и и кажав дека не се занесувам, туку едноставно си имам свои принципи и не сакам повеќе да ми се меша во куќни обврски, затоа што за тоа има кој да се грижи. После тој ден женава се смени, на подобро. Кога ќе дојде на гости повеќе не ми прави премештаи по дома, ме остава се сама да си завршам, ме пршува дали имам потреба некогаш да ми испазари кога е на пазар, понекогаш готви и за кај нејзе и кај нас, а од зимници, слатко и кифли не ми се затвара фрижидерот. Јас не знам да месам, па кога и да ми се пријаде пита или нешто месено, одма доаѓа без проблем и кај нас прави и тоа по 2-3 за да имаме за неколку дена. Кога имам за учење не доаѓа, не сака да ми пречи, кога имаме недоразбирања со дечко ми, си стои на страна, а за деца чување ќе видиме како ќе се покаже кога ќе ги имам. Од време на време се дешаваат и збрки, ама таман работа за се да си замеруваме и одма да се фаќаме за коси. Не може сите да имаме исти сфаќња, па затоа сега не се ни замарам.
Јас и свекрва ми живееме одвоено, и имаме сосема коректен однос. Мислам дека токму и во одвоениот живот е клучот - се гледаме еднаш неделно, еднаш-два пати ќе се чуеме по телефон, и толку е. Не очекувам помош од нив (иако би ми ја дале ако побарам), кога одам таму сум гостинка, пијам кафе, правам муабет, и баш никогаш не сме имале никакви пречки до сега. Најголемата замерка е дека кога одиме кратко сме седеле, ама за тоа сметам дека треба да се договори со син и, тој е тој што прв станува да си оди Мајка ми со баба ми заедно живееја и целиот живот имаше караници, па ми остана од неа да гледам да живема одвоено - за среќа имам таква можност (благодарение и на моите родители). Имам и снаа од брат и таа со мајка ми има и многу поблизок однос отколку јас со мојата свекрва - така што ако луѓето се културни и разбрани (од двете страни!), односот снаа и свекрва не мора да наликува на оној од приказните.
Кога мојата најдобра другарка се омажи, после една година брак ми го даде првиот совет: колку поретко се гледате со свекрвата, толку повеќе ке се сакате! Решив да ја послушам, а од тоа што го прочитав заклучив дека најголем ден од Вас што пишуваат на оваа тема не живеат во заедница. Повеќето млади невести да размислуваа вака можеби другата тема ќе беше помалку актуелна! Имав среќа да завршам со прекрасен човек кој е далеку од мамин син и кој инсистираше да живееме сами уште како дечко и девојка. И да, под кирија во многу мал стан со вртоглаво висока кирија која е еднаква на мојата месечна плата (без сметките и другите трошоци за живот). Значи неговите не ни обезбедиле палата па ја сега неизмерно да ги сакам и почитувам. Ама ги ценам бидејки се коректни, ме прифатија како нивно дете и секогаш кога ќе отидеме на ручек (еднаш неделно) супер си поминуваме. Кога имаме проблеми со пари ни помагаат, и ни оставаат простор сами да одлучуваме за својот живот и воопшто не ни се мешаат во одлуките..
Јас сум многу тазе со стаж, но сега за сега немам никакви замерки. Живееме во заедница, ќе видиме што и како ќе се одвиваат работите понатаму.
Свекрва ми и свекор ми ми се како втори родители.Уште кога бевме во врска ме засакаа, и цело време за се не поддржуваат.Кога одиме кај нив си поминуваме преубаво, ме сака како ќерка, секој ден се јавува и само прашува што ни треба,по 2 саати си збориме и многу сме блиски..Ми дава совети, се радува за било што да ја прашам и само се напиња за нас се да биде ок..
Немам мн искуство само 3-4 месеци, но сега за сега немам еден лош збор ниту за свекрвата ниту за свекорот.И двајцата се мн коректни и не ме делат воопшто од нивните деца. Се некако во ова семејство се решава преку разговор далеку од кавга и викотници. Сега живееме сите заедно, а така ќе биде до Јуни кога треба да се вселиме во станот. Па за овие месеци што преостануваат сакам да ја задржам хармонијата што владее до сега.
И јас да ја пофалам свекрва ми. Се гледаме барем еднаш дневно, бидејќи живееме во една куќа, на разни спратови. Не е алапача, слуша тежок рок и ич не ни се меша. Освен љубовта кон еден ист човек (секако, разна љубов) и приврзаноста кон мачките речиси и да немаме заеднички теми. Но, имаме коректен однос и почит една кон друга. Сака да даде совет, но молчи додека не ја прашам, доаѓа кај нас само кога ја викаме и тоа е тоа.
имам голема благодарност за мојата свекрва(се осеќам како магаре за повеќето критики на нејзина сметка досега )толку грижлива мајчински настроена жена немам запознаено,од грижи здравјето си го пореметила и често влегувавме во непотребни закачки но откако си направивме фер коректен разговор сфативме и 2те дека најважна ни е добросостојбата на нејзината рожба и миличкиот мој и во нашето живеалиште цвета љубовта посакувам вечно да е така
Се убаво што се слагате сите ама јас имам една работа да кажам. Не ги оправдувам тие што нон-стоп прифаќаат помош од старите и охохохо се на готовко, од ручек до чистење па и до финансиска помош. Оправдувам ако млад брачен пар побара помош за да започне нив живот, да створи свое катче ама знаете како викаат, брат за брат, сирење за пари. Знам дека ни е тој менталитетот и дека родителите би дале се за своите деца, и моите се такви. Ама, луѓе се и тие, треба и тие да одат на одмор, посебно пак кога децата им се одомиле и кога не би требало да имаат повеќе грижи. А не жртва додека да пораснат децата, па жртва и кога ќе дојде ред нивните деца да прават деца! Не ми се допаѓа! И на моите секогаш им велам, да завршиме школи со брат ми и после не сакам воопшто да се замарате со куќи, станови, кола за мене кола за него! Сакам ВИЕ да уживате малку. Не бидете толку себични, знам дека е убаво се да ве чека готово ама помислете малку и на ова.
И јас сум задоволна од мојата свекрва. Таа е од оние жени што се ќе направат, само да ти удоволат. Најсреќна е кога другите се задоволни и цело време се нуди за помош. Дури имам впечаток дека се чувствува лошо затоа што за ништо не и бараме помош. Кога требало - ни се нашла. Еден период јас останав без работа, а бев со бебе и не можев веднаш да барам, па и моите и неговите ни помагаа финансиски околу 5-6 месеци. И ние сме им помагале кога имало потреба, и финансиски и со работа. Сега откако е во пензија, обично доаѓа еднаш неделно, додека сме ние на работа, и пегла алишта. Најчесто доаѓа кога е тука жената за чистење, бидејќи имаат заедно работено и им оди муабетот, па ем се дружат, ем пегла. Јас никогаш не сум и побарала помош за пеглање, ама таа секако доаѓа, и очигледно забележала дека пеглањето не ми омилен спорт, бидејќи секогаш имам куп алишта. И да не пегла, секако дека не би и замерила. Порано одевме на ручек еднаш неделно, ама сега одиме главно ако има повод. Се гледаме еднаш неделно, некогаш и повеќе пати, на кратко. Обично доаѓа заедно со свекор ми, пиеме по едно кафе или сок и немаме некој богзнае каков муабет (главно муабетот е околу децата), ама односот ни е сосема коректен. Ако има нешто деликатно за решавање, тоа е задолжение на муж ми. Сепак тоа е негово семејство, и не е моја работа да се мешам. Во минатото имавме една „нетрпелива фаза“ поради едно големо прашање кое не се решаваше со години. Никогаш не сме се карале, ама се гледа дали ти е мило дека гледаш некого, или не ти е. Мислам, нетрпеливоста беше од моја страна, таа никогаш не се однесувала така кон мене и сега малку ми е криво, затоа што генерално не сум таква. Ама таа влијаеше еден проблем што ме мачеше да не се реши толку брзо, а мене тоа ми влијаеше на односот со неа. И покрај тоа што решавањето на прашањето траеше со години, иа јас секојдневно се оптоварував со тоа, никогаш немам кажано ниту еден лош збор за неа. Како и да е, проблемот се реши, па веќе немам грижи, а тоа веднаш позитивно се одрази на односот кон неа.
Пред неколку дена бевме на гости кај свекрвата и сфатив зошто јас немам воопшто проблем со нејзе . Јас и свекрва ми сме буквално два различни света. Со различни сфаќања, различен начин на живот, потекнуваме од сосема различни средини, ама немаме никаков проблем или замерка од двете страни. Стварно има огромно влијание тоа што не живееме заедно и се гледаме еднаш во месецот на ден- два, а на телефон речиси и не комуницираме. Но со тоа како сме си ги поставиле работите една наспроти друга мислам дека и во иднина нема да имаме проблеми. Таа е жена што попрво ќе каже нешто, а дури потоа ќе размисли што рекла, јас го прифатив тоа и воопшто не ми пречи. Ако мислам дека треба да и одговорам, ке и одговорам културно, без расправии, но во повеќето случаи си премолчувам и се си останува како што било без никакви замерки. Мажот ми е тој што си има разграничено која сум јас, која е таа во неговиот живот и јас сосема го подржувам во тоа. Немам намера за да расправам и да делам нешто што ниту сум го стекнала ниту сум била присутна таму кога тоа се стварало. Ја почитувам како мајка на човекот што го сакам и со кого го делам животот и не очекувам да ме сака како ќерка, доволно ми е што син и ме сака
A бе виши не пишуваше пред еден месец како ти сметаат родителите на ммили јас нешто јанглаш сум не се трпевте со свекрва ти а овде ја фалиш?нешто не ми е јасно?
До пред 3 години и јас бев во другата тема свекрви и снаи -проблеми но од како и живееме настрана од нив сега сум во оваа тема И сега сме си гостинки двете и она кај мене и јас кај неа само на ручек или кафе знам понекогаш да замијам садови или на оѓинот да ставам дрва кај неа кога сум ама ако мене ми е мерак немам обавеза за тоа децата се гости ке последат поиграат и си ги зимам дома и нема зошто да се замерува а некои работи од неа и ден денес не и ги заборавам ама немам воља и сила да се светам бог е над нас сакам само мир
И јас морам да ја пофалам мојата, иако сме заедно само 4 месеци до сега немало проблеми. Ми се допаѓа тоа што не е упиклива, а знае и те како да ми помогне. На неколку пати кога сум имала болки ( најчесто од менструација, прибидејќи имам мн болна ), на секој половина сат доаѓала да ме види при тоа носејќи ми чаеви,цедени сокови,.. Моментално живееме заедно, сеуште не сни се поделиле, тоа ќе биде наредниов месец али неможам да најдам замерка. Па дури и кога ќе ми дојде другарка на кафе, ако нешто работам таа ќе го свари кафето и да ја молам не останува со нас туку ќе си излезе. На неколку пати сум и викала да остане да пие со нас кафе ама не сака, вика вие млади сте јас со ќе правам и ако некоја од другарките е дојдена со детето ќе го земе него да го шета за ние на раат да сни си поседеле.Се надевам ќе продолжам да пишувам во оваа тема и нема да се смени па да морам и јас да ја сменам темата
A бе виши не пишуваше пред еден месец како ти сметаат родителите на ммили јас нешто јанглаш сум не се трпевте со свекрва ти а овде ја фалиш?нешто не ми е јасно? се е менливо и минливо
баш ми е мило за тебе,и јас сум мечтаела за вква свекрва,огледувајќи мајка ми како се однесувала кон мене и дечко ми,никогаш не ми седнала да муабети со нас и секогаш вели млади со млади,стари со стари,еве сега едвај чека брат ми да се ожени и одма има речено катов за вас,јас долу во подрумските соби,а ова моево свекрвиште ти чини добро за да прислушка/дознае,се ја интересира и на почеток од милост и желба/надеж да е ко мајка ми сум се отворала,ама кога надојдоа брачните проблеми одма се сврте против мене и се во доверба кажано почна да ми го сервира како противудар,и ден денес тера со таа политика и не би ми било гајле доколку не успева да ме изнервира,ама тоа е,едноставно не можам да се воздржам на такви бедни провокации,не трпам таква неправда и ме збеснува