Прв пат пишувам на темава и не знам од кај да почнам.. дали кога се сложувавме или моменталнава ситуација што владее. Вака сега...мажена сум три години но со сопругот заминавме за странство пред регистрацијата уште како дечко и девојка јас добив стипендија на факс а он работа и така... Неговите веднаш се довлечкаа и ни се вселија додека се „снајделе„ на неколку месеци кои се претворија во две години за на крај јас и мм да се преселиме на друго место . Во тие две години првата беше топ, навистина се беше во ред барем од моја страна...и одеднаш еден ден си доаѓам од факс и они мене ми се дерат...каква снаа сум била јас не сум чистела, мм измил садови леле крај на светот (не сум некоја педантерија ама не е ни толку страшно ако изметам утре место денес). Се случи што се случи за после некое време да дознаам дека свекор ми му ја полни главата на мм против мене (фала богу што мм е паметен и се држи до своите ставови). По сите тие непријатни случки успеавме да најдеме решение, но по некое време бев дијагностицирана со рак на дебело црево.Среќа во почетна фаза и со операција се среди, но по операцијата следуваат хемотерапии кои тотално те исцрпуваати ти треба мир и тишина барем додека не закрепнеш малце, но моите свекор и свекрва секој ден викаа гости дури и на спиење по една недела. нема везе и тоа го истуркавме се излечив останав трудна родивме девојче и сега сакавме свадба да правиме(зошто само сме регистрирани и тоа јас и мм и двајца сведоци) и крштевка во истиот ден, за да добиеме одговор од нив дека нема да ни дојдат на свадба и ниту ќе дојде некој од на мм страната. Значи по лицемерни луѓе од нив немате запознаено. И ај сега што да се прави ?!
Па ништо,баш ти е гајле,нека не доаѓаат. Вие терајте си што сте си наумиле а они дали ќе дојдат или не тоа е нивна работа. Баш ми е драго што си се изборила со најпроклетата болест,ете и детенце си имате и бидејќи си поминала неубави работи знаеш дека животот е краток па затоа радувај се секој ден на детето и сопругот,тури им пепел на сите други. Јас стално викам тргнувајќи од себе само децата и сопругот да ми се живи и здрави се друго ми е во втор план. Колку што прочитав вие сте одвоени од нив така да дистанца максимална, нема што да ти тарашкаат по дома па да коментираат дали е чисто или не. Мафни ги ,не се замарај со нив,тоа ти е мој совет.
Што ќе се прави? Свадба ќе се спрема,што? Немој да ми кажеш дека ќе си тажна што свеки и свекор нема да ти дојдат на свадба? Уживај со мт и детенцето. Ова нивно однесување тебе ти оди во прилог-наместо после се,ти ја отргнуваш од тебе,она сама се отргнува.Има ли подобро? Уживај во подготовките за свадба и ти посакувам да бидеш највеселата млада(и покрај тоа што свеки нема да игра до тебе,хиххи,се шегувам)
Па тебе уште ова ти фали да се замараш со небитни работи како свекор и свекрва. Ајде те молам уживај си во животот со ќеркичката и сопругот и ич не се замарај. Ти смртта си ја победила, а сега нив ќе ги трпиш. Да си направиш свадба/журка и да си уживаш, кој дојде добредошол, кој не многу ти е гајле. Битно ти да си среќна. Ти посакувам многу среќа и многу ми е мило што си супер. Само главата горе и позитивни мисли!
Ти спремај свадба а они ќе видиш дека ќе молат да дојдат, а тоа дека никој нема да дојде од неговата страна баш би ме зачудило зошто мајка му не е џелат, ако вие уредно си поканите гости и тие се радуваат на вашата одлука и сакаат да присуствуваат никој нема да ги спречи. Еве мене тетка ми да ми рече кај братучед ти на свадба несмееш да одиш, културно ќе ја отерам у три пи.ке и ќе си одам на свадба бре.
Seuste sme vo stranstvo samo oni si ziveat vo nasata kuka a nie sme pod kirija. Ama nema veze mi pukna film si zakazavme svadba a na niv im dadov rok da se iselat od tamu. I resiv tolku raskinuvam sekakvi vrski so niv!
Центар за заштита на избркани свекрви му е мајката... ама кој да го основа... Прајте си свадба, бидете среќни и весели и никако преземање драстични чекори како бркање без договор со маж ти ако веќе е дотаму дојдено иако лично сум против ова а повеќе сум за средување на односите, со активно учество на мт. Не она „знамсрцешодапраиме“ учество. Уф, уствари сега видов дека всушност ги бркаш и од нивна куќа за да не плаќате кирии... но комент.
И јас прво тоа помислив, ама не ми е логично, неговите на улица ли живееле? Се извинувам ако грешно сум разбрала.
Јас сфатив дека куќата е во сопственост на chokolatce и маж и'. Зашто пишала "живеат во нашата куќа". Ако е така, тогаш тоа не е во ред. При своја куќа, плаќаат кирии. Треба сериозно да разговараат со нив, секако водечката улога треба да ја има маж и'. Јас колку што сфатив, всушност chokolatce и маж и' се преселиле (избегале) зашто овие се кренале и им се тупнале кај нив веднаш откако се преселиле во странство. Случајно да не не можат да си направат за јадење де, мора да биде се' под контрола нели... Ако сум сфатила погрешно и куќата е на свекорот и свекрвата тогаш немаат право ни збор да им кажат, а најмалку па да ги бркаат. И да е, и да не е лично нивна куќата немало потреба веднаш после нив да се залетаат и да се преселат постариве. Отишле во странство младиве - отишле, остај ги, нека си се снаоѓаат малку сами, нека си градат дом сами, нека созреат, малку приватност нека имаат, нека осетат како е сами да се грижат за домаќинството, нека здивнат малку и за нив не бил лесен период, се преселиле млади, нека се навикнат прво малку, е после ако сакаш да отидеш ќе разговарате, ќе се договорите кој, каде ќе биде, во зависност од тоа чива е таа куќа, а не ајдеее сите ќе се кренат од тука по нив одма, случајно синчето гладно да не и' остане... Ова најмногу ме нервира. Како тие без нив да не можат. Не, не, tessie, јас колку што сфатив сите си живееле тука во Македонија, на младиве им излегла шанса за странство, chokolatce земала стипендија за студирање, а маж и' нашол работа, се преселиле, а стариве одма по нив отишле и им се тупнале, демек додека се снајдат, ама тоа снаоѓање излегло две години. Па затоа младиве виделе - не виделе се преселиле и отишле под кирија, а стариве уште си живеат во куќата која по постовиве сфатив дека е на chokolatce и маж и'.
Која Еу. земја е ова каде едни македонски државјани со години си седат без проблем а други од една плата за неколку години куки печалат А и временскиве интервали не се поклопуваат. Година хармонија, па операција, па хемо, па бременост и детево додека да опркне до две години
Абре темава е за тие што се задоволни, а не проблеми. За ова има друга тема што ви е? Задоволни се мисли колку се среќни во идеализирањето на обете страни, а не кој нејќе на свадба да дојде и се останато. Тема свекрвите и снаите-проблеми.
Kukata e nasa, plakame kredit za nea so minimalna kamata, kaj mm u firma ni ovozmozija takva opcija. Se raboti za Svedska, a mojata stipendija bese platezna ili nz kako da se izrazam, zimam mesecno pari kolku minimalna plata vo Svedska. So se odnesuva na vremenskite intervali, se raboti za period od 7 god. Nie sme vo brak 3 god skoro 4, no zaminavme vo Svedska kako decko i devojka pa tuka se registriravme. Istoro go pisuva i vo prviot tekst. Od ovie 7 god 3-ta i 4-ta god se sluci vseluvanjeto na svekorcive. Ne sakav da se rasplinuvam i da vlagam vo detali do tolku ama eve da nema zbunki. Sto se odnesuva do brkanjeto, se bese reseno na civiliziran nacin i sekako deka mm me podrzi vo sve.
Од тоа што го пишува во твојот прв текст е дека пред 3.5год. си се преселила во шведска, поради тоа и беше поставено прашањето за нелогичноста во временските интервали. А и некој кој студира не би пишал дека не знае никој и дека само пред телевизор седи и се дебелее, би пишал дека има друг ритам поради предавања на факултет, и дека поради спремање испити дреме пред книга. Стипендиите се поврзани со неколку основни услови за нивно задржување, и каматите во банките немаат врска со фирмата во која си вработен. Цените на куките се вртоглави...а па на кредитите за куки па уште повеќе. Алал со една плата и кредит, кирија, и дете и живот. Вие за неколку години подобри и од швеганите кои цел живот работат сте. И да, во погрешна тема сме. Би било добро кога модераторот би преместил.
Зар смеам да не ја пофалам свекрва ми? Го родила и израснала маж ми. Ма не сум иронична,тоа ми е доволно,а тоа што не ми се допаѓа си го кажуваме без замерки засега. Претходно не ја ни знаев. Доволно ми е што ваљда увидува дека не и се мешам за нејзини одлуки а и таа засега мене не. Кога ми треба консултација ја прашувам и ми кажува. Нит јас имам очекувања од нејзе а и таа нема што да има. Доволен ми е син и.Таа е нејзин родител и мораме да си најдеме заеднички јазик. Живееме одвоено,си помагаме по нешто,не којзнае што,но битно е да нема замерки.
И јас не можам да се пожалам. Сум пишувала претходно, сме имале недоразбирања, не комунициравме скоро две години, ама со разговор и компромис од двете страни се средија работите. За жал, со моите не комуницира сè уште, не знам дали ќе посака некогаш, ама тоа е, не вршам притисок. Како што рече галапче, го родила и израснала мм. Од срце и' благодарам за тоа. Го израснала и го воспитала како човек пред сè. Да, живееме одвоено, ама тука е за нас, како што сме и ние тука за неа. Ми се понудила да ми помага за многу работи, јас ја замолив да не се мачи бидејќи има големи проблеми со здравјето. Ама кога нешто ќе направи, небитно дали ми дала од ручекот, дали ми зачистила, дали садови ми измила, или само дете ми причувала, благодарна сум, не ја одбивам. Оти тие работи ги прави со желба да биде корисна и среќна е кога ќе види дека ни се нашла кога ни требало. Додуша, мислам дека малку омекна со годините, а и јас. Ама подобро вака отколку да бевме сè уште без контакт. Очекувања големи од неа немам, го направила своето, другото го прави од ќеф и желба. Ни таа нема некои големи очекувања колку што гледам. Не и' се мешам, не ми се меша, си тераме супер, сега засега, да сме здрави и живи, не знаеме што ни носи иднината.
Ѕвер е свкерва ми. Во ништо не ми се меша, контактираме само за ручеци ако сакаме да се видиме, или да одиме некаде на кафе или пијачка, ако ми треба ја барам, ако и требам ме бара. По гости не си одиме, многу ретко, јас може еднаш месечно одам на кафе, ама ептен на кратко. Она два пати годишно иде. Кога ми треба совет се јавувам. Имаме многу муабет, прилично млада е, не раскажува приказни од времето, кога била на факултет или кога одела некаде, секогаш нешто интересно е за што можам и јас да зборувам, не само да климам со глава. Од време на време ке направи нешто за јадење, па ке прати по кола, или ке ми купи некое алиштенце, ептен пази на родендени, најлуди поклони ми има давано. Две години и кусур, супер е, еднаш не сме си замериле, веројатно оти не се гледаме толку Да сме секој ден заедно, не верувам дека уште ке бидеме воодушевени една од друга, и да ме родила, ке ми се смачи.
Sega za sega se prekrasni I dvajcata, bidejki nemaat zenski deca mene poveke me razgaluvaat od sinovite. Se sto posakav mi obezbedija, vozacka ke mi uplatat stom otidam tami i ke vlozat vo moeto obrazovanie tamu. Dokolku se promeni nesto ponataka, ke se citkame vo drugata tema
Svekrva mi e malku temperamentna zena,znae da izreagira brzo no nikogas ne me navredila ili da se skarame.Mozno e oti jas sum dosta smirena licnost.Svekor mi bese prica za sebe,ako sakas sali samo slusaj go covekot me obozavase i jas nego.Koga se zedovme so mm ni go dadoa gorniot kat od kukata sto ne bese gotov.Tie zaedno so moite ni pomognaa mnogu.Koga se rodi sin mi ako ni trebase dadilka sekogas bea tuka i seuste e svekrva mi.Koga pocina svekor mi,normalno i nivnata finansiska sostojba oslabe no jas i mm imame dobri raboti i sme tuka nikogas ne ja ostavame sama.Za cistenje nikogas ne mi cistela,jas sum po toa znam koga e na rabota da se simnam kaj nea i tamu da iscistam (obozavam da cistam ) Za jadenja ako napravi nekoj specijalitet jas taa den ne gotvam tuka si jademe kaj nea ili jas ako napravam nesto isto e.Za blago ic ne me biva i zatoa e tuka sveki i koga se ceka imenden ili rodenden taa pravi kifli,blago,se sto ke i pobaram.Sto e najvazno se pocituvame megusebno,iako sega ne e vo sostojba za da pomogne finansiski (sto nejze toa mnogu i preci,barem za smetki veli da imam) toa ic ne e vazno zasto sekogas koga mi treba taa e tuka,a od toa nema nisto povazno.Dobar covek i znam deka se vika deka svekrva nemozes da sakas kako majka,toa e tocno no jas nejze si ja sakam kako majka na maz mi i ima mnogu vazna uloga vo moeto srce.