Да си се пофaлам и јас од мојата свекрвица Фала богу до сега не сме имале некоја голема расправија и не дај боже да ја има... Живееме заедно и многу си помагаме за се. Јас не сум некоја многу голема домаќинка сеуште учам и благодарна сум и што ми помага посебно за готвењето. Не е некоја да ми рече дека требало до сега да ги знам тие работи или да ми префрли нешто. Бидејќи нема ќерка ме сака како ќерка и дури си размислувала порано доколку има ќерка да се вика како мене и вели: "ете Господ сега ми ја подари ќерката и тоа со истото име што сакав да и го дадам"
Asiana taka treba, Samo dobrina da si gledas od svekrvata, I Toa treba da go cenis I postuvas retki se takvi zeni pozz
Го пошав пред малце ова и во проблеми ама и нека има и тука Со свекрвами немам проблеми жени ко жени знаеме да си замеримеи по пет минути да пиеме кафе ко ништо да не било ми помага кога ми треба, ми се наоѓа некогаш повеке и од мајками ,неа можам да и кажам по слободно шо сакам и како сакам за разлика од мајками за тоа е крива сама.знае да ме налути и да ми го пукни филмо и после се свестува и се ке напрај некако и ке се извади битно пак сме заедно ама мора да признам дека односите ни се многу подобри и поке сакаме да се гледаме сега од ко се разделивме од кога не живеевме заедно , тогаш бегавме од дома одвај едно кафе пиевме а сега еднаш дневно ако не се видиме ке се слушниме
Иако сме многу различни по карактер, имам пофални зборови за свекрвата и добра комуникација на пријателско ниво. Не живееме заедно, но тоа во текот на неделата и се јавувам и ми се јавува, за викенд редовно не поканува на ручек, а јас сум таа што го подготвува и служи кафето по оброкот на моја иницијатива.Разговараме за општи прашања во една опуштена и забавна атмосфера исполнета со шеги и смеа. Тоа што мислам дека треба да го споделам со неа е мое право на избор, иако јас сум многу затворена во тој поглед, па таа ја контролира нејзината позитивна љубопитност. Не ми се меша во ништо. Не ми пречи и да прошетам со неа низ град затоа што секогаш е насмеана и ведра, а часовите поминати со неа се пријатни за дружење. Одржувањето на ваквите семјени односи е многу битен фактор за хармоничен живот. Не велам дека е лесно, но треба да се вложи за да се има позитивен ефект. Кога добро ќе го спознаеш другиот ќе научиш до каде е границата и ќе си поставиш самоконтрола за свое добро. Секоја од нас е поинаква на свој начин, ама треба да бидеме искрени и да ги признаеме и нашите недостатоци. И за танц и за кавга се потребни двајца. П.С. Кога на оваа тема би се испишале 467 страни, наместо одвај 5, како во онаа што најчесто е бурна тема на разговор Свекрвите и снаите - проблем, женскиот пол не би бил никогаш фрустриран и нема да знае што е кавга и како да се помине животот во релаксирана атмосфера далеку од некоја старомодна завеса која има сентиментална вредност за свекрвата, наспрема потребите и размислувањата на снаата да не постои такво нешто на прозорецот што ја урива глетката за модерно и наметнува дополнителни обврски во домот. Кога ги читам таквите постови ме асоцираат на некое сценарио за филм со недефиниран жанр. Навистина сум фрапирана и не знам со колкава енергија располагаат жените, иако и јас сум од истиот пол, што умеат буквално да го разораат семејството за да си ги заштитат сопсвените каприци и секогаш вината да ја посочуваат кај другата, наместо да создадат убава слика достојна за меѓусебно почитување.
И јас да се изгласам на темава, со свекрвами имаме одличен однос, сме живееле и ќе живееме сами и сме делеле и ќе делиме дури се, таа за мене е прекрасна жена што многу ми значи, јас за неа сум уште едно дете плус и никогаш не посегнала да ме дели од останатите, исто и таа за мене значи како втора мајка и личност која ме охрабрува и води кон животот. Функционираме на начин кој што преовладува со многу искреност и разговор за било што, немам никаков срам, страв или предрасуди пред неа, дискутираме за се што е потребно и секогаш играме со отворени карти, се забораваме од разговори и дискусии понекогаш, шетаме, си разменуваме подароци и слично. Сметам дека со искреност и пред се желба за добар и нормален однос се се може, многу е лесно да ги дигнеме рацете и да не се трудиме, да молчиме и да лицемериме и да се помириме со тоа што е, но тешко е да успееме да задржиме и да изградиме нормален однос, тешко е да се потрудиме и да изразиме обострана желба за компромис и разбирање. Многу сум свесна дека ваквиот однос со различни генерации и сваќања, гледишта кон животот е тежок и за нас и за нив, но сметам дека треба да се потрудиме да разграничиме и да се сватиме една со друга, да се има желба за обострна фунционалност. Нашиот однос е тој, а не верувам и дека ќе се промени бидејки доволно време се знаеме и почитуваме, да, ја сакам женава, и тоа многу!
даа ахаха , да се редактирам ( се насмеав поради што ми падна смешно ,одделував 5 мин од времето за да искажам искуство на неа да извлечи поука и да свати на некоj начин ... ,устфари да не ja должам сите знаеме што и пишувавме совети а фактички си поигра жената.)
Ајде малку да ја живнам темава која брои цели 5 странички, наспроти противничката тема која има цели 519 страни со дискусии, карање, критики, совети... Иако на други теми сум се изјаснила дека е греота да се жалам јас од мојава свеки, ајде и официјално тука да ја пофалам, само да не ја подречам, пу пу пу! За разлика од повеќето класични случаи во кои постои една снаа и една свекрИва, јас немам свекор, ама имам две свекрИви - мајката и бабата. Значи свеки и прасвеки, како што милувам да си ги нарекувам. И за моја голема среќа - двете ме сакаат и имаме многу коректен однос. На што се должи тоа поточно, не знам дали ќе знам да одговорам. Можеби затоа што не се запознав прерано со нив, па моево либе имаше време да создаде некоја индиректна релација меѓу нас, мене лично да ме запознае со карактерот на мајка му и неа лично (и поединечно) да ја запознае со мојот карактер. Можеби затоа што жената и без тоа не е конфликтна и завидлива и посесивна личност, личност која е неразбрана и слично... Можеби затоа што и јас (да не излезе дека се фалам самата себеси) не сум личност која се кара и расправа со повозрасни и секогаш ги анализирам работите и сум објективна. Можеби затоа што двете сме слични, имаме слични ставови и интереси, што сметам дека е реткост, па дури и сличен вкус за многу работи имаме. Можеби е комбинација од се', еве не знам. Прасвеки знам зошто ми е наклонета. Затоа што снаата на нејзината друга ќерка се погоди целосна спротивност од мене, но е пристрасна, па не забележува дека тоа е и поради тоа што нејзиниот друг внук е сосем различен од мојов иден маж. Освен тоа, ние сме и' поблиску, повеќе знаеме чест да и' направиме, да се почувствува сакано, почитувано и слично. Свеки досега ми помогна со препорака за една работа додека студирав и ме вметна во друга работа која прекинав пред некој месец да ја работам, а планирам повторно да ја работам. Стан не ни купила, но ни го отстапи оној во кој живееше со синот, а таа отиде со мајка си да живее. Релативно блиску сме, на 10 минути пешки. Секогаш ни се нуди да ни даде пари за одмори, патувања и слични авантури, малку е нерационална со финансиите од тој аспект, но најчесто била културно одбивана, зашто не сме имале таква потреба. Во уредувањето на станот имаше мал удел на нејзино инсистирање. Деца сеуште немала прилика да чува, а и не знам колку ќе може, колку ќе и' дозволи работата. Мислам дека мајка ми повеќе со тоа ќе се занимава. На ручек редовно не' вика, ама е смртоносна комбинација со прасвеки, зашто јадењето на нос ќе ти излезе од страв гладни да не останеме. Тоа ми е можеби една од ретките негативни работи кај неа, ама ништо страшно. И ние сме ја викале на ручек и доаѓала. За чистење никогаш не дозволувам да доаѓа и да ми помага или уште полошо - да чисти наместо мене. Секогаш наоѓа некоја безвезна причина за да ни даде некој подарок или пари, да ни купи нешто, да се понуди да не' прати некаде и слично. Но и ние секогаш кога можеме и' излегуваме во пресрет. Ако треба некоја покрупна работа да се заврши, да се монтира нешто, да се зашрафи и слично, секогаш сме тандемот кој и' ја завршува таа работа. Ајде доста ја фалев, ќе се расипе.
Богами гледај да не ја подречеш ЛЕЈДИ.ОТИ викаш идна,кога се идни сеуште се е подруго.После не фаќа сите магијата.
Пет години сум во брак и живееме во иста куќа, но различни спратови. Имаме добар однос, од голема помош ми е околу детето. Се надевам дека така и ќе продолжиме.
Ја со свеки моја ту се сложуваме ту не се сложуваме во глобала гледаме да не се расправаме , за мир во судница ми помага околу детето , знае да го нарани , прошета и пресоблече , особено во првите месеци од втората бременост кога имав многу мачнини и повракање па неможев да ги гледам колачињата што ги правеше син ми не се сложуваме само што многу сака жената да го дојам детето , и не ме ни прашува јас како се чуствувам туку ме бутка по баби натаму наваму , а јас тазе породена со отворени рани и по некое конче инаку јас правам кафе таа расчистува маса , таа готви , јас спремам чинии , јас пуштам алишта , таа ги пружа на балкон
За сега и јас сум во клубот на „невести“ со добри свекрви,до денес не сме имале расправија,ми помага скоро во се,внимава да не се меша(макар што понекогаш сака да прави планови за сите).Се трудам она што ми смета од нејзина страна да не го слушам за мој мир во душичкава
Jas so mojaea svekrva kratko vreme se poznavam. So ogled na toa sto od nekoi pricini ne ziveeme vo ist grad, sto nema da e uste dolgo, super se soglasuvame. Sekoj vikend koga si odime ne prasu a sto sakame za jadenje, sto da napravi sto da kupi, ne dozvoluva nisto da rabotam pa jas taka nekogas samo kafe ako svaram ili mn retko sadovi ako izmijam. Za pocetok si go imame muabetut, se slusame ja prasuvam za nekoi raboti, namerno sakam da go slusnam nejzinoto mislenje, nekogas I nie mladite be sme vo pravo. Do sega ne se zamesala pomegju mene I soprugot. Se nadevam taka ke ostane zasekogas, edi stveno sto koga ke se vratime da ziveeme zaedno del od obvrskite ke prezemam jas, nema da mi e prijatno se oba da raboti, ke I bidam blagodarna I samo rucek da pravi.
Јас само да си кажам дека и после толку време сеуште ручек немам направено, а садови мн ретко мијам. Свеки ми е машина. Ја чува малава да си поспијам, а ми ја носи само за доење. Е ноке малата е целосно моја обврска. Свеки уште сите по дома сите не пере,а ние одиме да пазариме. Свеки моја готви, ние со мм ке подзачистиме ама и тоа ретко. И така. Се си е супер, ама жената ми е опседната со јатрвата и си трпам исти та исти муабети дур го испијам кафето. Единствено што на моменти ме нервира е што ако денес сум решила да спијам до 14-15 часот, таа ке си влезе полека во соба за да си ми остави испрани алишта или постелнина нова. Тоа знае некад да ме изнервира. Ама тоа го прави кога мм не е дома. И се правда како демек немала каде да ги остави тие работи, за да не се испрљале или да не замирисале од кујанта или дневната. Се др си е супер.
Јас па не би сакала во никој случај свекрва ми да ми го пофаќа вешот и да ми го пере, па и да бидам горда, да го кажувам тоа. Извини Окцензи ама јас ваква снаа не би сакала да имам. Да и ги завршам сите работи, па одозгора и да се правдам за ситница, богами не. Јас сум секогаш на страната на снаите, но во твојов случај не. Јас од мајка ми не би очекувала и не очекувам вакво потресување, од свекрва ич.
И јас не би сакала таква снајка, најозбилно. Арно ама свеки сака да си госпподари со домот, па ете и на изволте. Јас само кафе варам. И така за нецели 2 месеци си одиме со мм во новиот стан, па таа ке си ја има куќата на располагање. Не дека јас не сакам да зготвам, исперам, исчистам, туку таа секогаш вика, оди ти одмори, оди ти си бремена, оди ти си со бебе, оди пиј си кафе. Еднаш, два пати, три пати и веке јасно ти е. Тоа е. Што си сака тоа си добива. Мене бога ми лошо ми прај, што веке мрза преголема ме има фатено, па дури некад ми е тешко и да се исчешлам или нашминкам. Види јас никогаш не и се мешам и не и факам мани за готвењето или перењето. Како зготвила зготвила, Ако ми се допаѓа си јадам, ако не си земам друго, ама често и тоа друго што сакам да го зготвам, стануваа таа да ми го зготви. Чудо ми женава. Закон.
А да дополнам. Одшто е опседната со јатрвата нејзина, која живее под нас, голем мерак свеки има да ја возам натака навака. Сака да се дотера и да седне во кола да ја шетнам. Кога се седи во двор преку лето, свеки сака јас кафето да го донесам иако таа го сварила, ама битно е јатрвата да види дека снаата ја служи, ама дома се таа си прави. МНОГУ голем мерак има пред други да се воздигне. Ама тоа е со стариве. Види душо јас не сум мрза и не сум била, ама така си се поставија работите со време и така си останаа. Од што сакаше да се покаже, уште кога му бев девојка на мм, таа кафето во кревет ми го носеше секое сабајле. Ама ако ете и поштарот звонеше на врата ( мисли дека звони јатрвата), таа викаше фати нешто ти во раце, демек работиш нешто. Кога одев на царски ( хахахах човече) пред пораѓајот, ми вика запали цигара, за да оваа од доле ( јатрвата) мисли дека одиш на шетање и да не те урочи. Е до толку оди таа опседнатост. Се е до компромисот. И јас многу си трпам.