Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите-задоволни

Дискусија во 'Брак' започната од Andromaster, 15 април 2013.

  1. Jenny22

    Jenny22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Izvini za kakov brat zboruvas? Da ne me zamesa so nekoj? I brisam ist post stom sum go ispratila 2 pati sto te boli toa?.... I Ne se sekiraj nema uste dolgo da ostanam ovde.
     
  2. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Не ме боли воопшто за тролови мене , а и додуша не се секирам воопшто дали ќе те има или нема тука :)
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jenny22

    Jenny22 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    :) mila jas i ti pogresno se razbravme, rekov doma nema da me ima a ne na forumov(zasto neli me prasa zasto seuste sedis tamu)tuka ke ostanam uste mnogu, kako i da e pozz do tebe:hai:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Се работи за социопат од администраторка (администрира друг форум), што користи лажни имиња за да се лечи на форум, прави лажни јузери и ги претставува под туѓи имиња.
    Банирана е веќе на јузеров, а знам дека и тужба и' се спрема. :)
     
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    8.095
    Пол:
    Женски
    До тужба дошла работата?

    Инаку темава некако замрена ми стои... :lol: Изгледа им е страв на невестите да се фалат од свекрвите.
     
    На Barbie20, joy1 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Инаку темава некако замрена ми стои... :lol: Изгледа им е страв на невестите да се фалат од свекрвите.[/QUOTE]

    ај да не е замрзната јас ке ја шкртнам.... живеам заедно со свекор ми, свекрва ми, девер ми, мм и бебушот. кога дојдов мислев дека нешто по гадно од свекрва нема, ама баш пријатно ни се изненадив :D:D:D:D...таа ручек,таа чистење,таа машини, таа све шо треба низ дома. кавга меѓу мене и мм свекрва ми на моја страна :D:D башка по блиска е со мене него со било кој :D:D:D стално пред луѓе се смејме дека јас не добив свекор и свекрва туку нај добар другар и другарка а тие керка со цел живот си ја чекале:D:D:D:$:$:$
     
    На SV1911, manako1, Mari-Ja и 9 други им се допаѓа ова.
  7. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    @Ivo Na

    и пак испаѓа дека свекрвата како ке се постави со невестата , така и невестата, исти случај сме :D
     
    На Glasna, Antebellum и Ivo Na им се допаѓа ова.
  8. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Презадоволна сум.Имам прекрасен однос и со свекрва ми и со свекор ми, уште пред да стапиме во брак со маж ми.Опуштени сме , се почитуваме пред се, разбираме , нема никакви тензии меѓу нас и се надевам нема никогаш ни да има.Моментално не живееме со нив , они се во Скопје , ние не,но баш ми фалат и редовно секој ден се слушаме како со моите родители така и со неговите, односно со свекор ми и свекрва ми.
     
    На Ivo Na, minne992, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    јас си се стамев на почетокот ама сеа удри бригу на весеље ....
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум од свекрвата. Интелектуалка во пензија. Живееме разделно,секоја си води грижа за своето домакинство. Знае да поседи на гости. Да се помеша со давање добронамерни совети но не гледам ништо лошо во тоа. Она ќе се изназборува. Јас што сметам дека е корисно применувам другото па и не морам. Во мое домакинство по мое. Полна е со совети за убави и брзи рецепти за здрава храна. И брагодарна сум и. Што можам повеќе да посакам.
     
    На VedaG10, *Лорена*, elimkd и 8 други им се допаѓа ова.
  11. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми е злато секој роденден торта ми купува :rofl:
    image-0-02-05-99bce54b6df1b9394399f768e333416ecf17f15318ecba8bba6a442dc036ed02-V-1.jpg
     
    На shining_star, Luminary, *Лорена* и 38 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Вчера и беше роденден на свекрва ми. 09.09, лесно за паметење, наполни 70.
    Господ нека ја поживее и да си биде фит и здрава уште долго.

    Доста познато е она дека свекрва не може да сака снаа како ќерка. Можеби бидејќи не сум ни имала такви очекувања или амбиции па не сум мерела љубов и не сум вршела некакви компарации.
    Не мора да ме сака, доволно е да ме почитува и да си го сака своето, односно синот и децата на синот.
    Вистински и безрезервно како што една мајка сака и се грижи.
    Совршенство нема, не сум ни јас, ниту пак мојата мајка. Но начинот на кој се надминуваат сите секојдневни предизвици е клучниот за една комуникација каде постои почит и разбирање. Ако ми каже нешто, независно каква ситница од домаќинството на пример, најчесто викам ок или фала:D. Женава е стварно во право ако рече нешто, нема да ми падне круната ако увидам дека сум згрешила. Ниту на мајка сум замерила за такви работи па оти нејзе. Е сега, добро познато е она дека на свој се можеш да му речеш, па и на секаков тон, и нема да ти се налути. За дискусии од поосетлив карактер препуштам со син и' да си расчистат и решен проблем.
    Секоја постапка да не се сфаќа на негативен начин, како напад на сопствената личност, или демек јас не сум добра домаќинка или доволно добра мајка...
    Ако направи нешто, речи фала и уживај во вишокот слободно време со партнерот.
    Не постои натпревар која е поголема домаќинка, која е поголема мајка, која ја има клучната позиција во жувотот на сопругот.
    Има место за сите и секој си има своја позиција, место во фамилијата а и во срцето на другиот.


    Трета бременост веќе жената ме развозува по термини за гинеколот, не носи со децата на педијатар, кога сопругот бил зафатен ми помагала околу пазарувањето и носењето на кесите... и по шопинг центри не носела доколку мојов е презафатен а мене ми е потребно нешто да набавам. Можам да кажам дека благодарејќи на оваа нејзина помош имам подобар брак.
    Синот и е растеретен, снаата си ги завршила обврските и имаме повеќе квалитетно време за нас.

    Секоја нејзина постапка, кога сакала да помогне или едноставно да биде корисна во домаќинството не сум го сфатила како навреда. Некогаш се случило да влезе во кујна и да стави садови во машина доколку стоеле во судопер или истата да на раскрене.
    Нема проблем, слободно нека влева, нека раскрене, не се лутам, фала и.

    Од втората бременост жената кажа дека целосно ја презема обврската за перење, сушење и пеглање на облеката на децата. Бескрајно сум и благодарна за истото бидејќи машината ни е во подрум а во поголемиот дел од денот сум сама, па не е изводливо нагоре надоле да одам, плус тежината на корпите со алишта.
    Она сакаше и нашата облека, но културно се заблагодарив, и со помош на сопругот околу носењето на истата нагоре/надоле навечер и викендашки ја средуваме. Нашите може и да почекаат ден два.

    Не замерувам доколку и даде бонбонче на големава бидејќи ја сфаќам дека некогаш и прави толкави драми па не можела да се справи женава. До 1.5-2 год. целосно ги пичитуваше упатствата за здрава храна и нудење на веќе воведени продукти. Но кога веќе сум и го дала детето на чување со саати, и ми помага со бејбуситингот, срамота и гревота е да мрчам за едно бонбонче или едно лижалче. Посебно кога знам дека најпрво сигурно понудила некоја овошка. Имам целосна доверба и и' давам одврзани раце да донесува спонтани одлуки околу малата. Не е за мене мешање во моето воспитување, едноставно нормален тек на работите.
    Буквално секој ден, и викенд, со свекор ми ја земаа во 15.00 и ја носеа на едни лулашки во една шума за да дише свеж воздух и да си игра. На жалост јас не сум физички во можност за истото, а и денот ни почнува од 06.30 па и те како ми е потребна таа издишка од неколку часа.
    Немам проблем да седнеме и да го испиеме кафето заедно или да спремам ручек и сите да седнеме да јадеме.
    Се надевам еден ден ќе успеам да и се оддолжам.
    А пред 5год. немаше да размислувам вака... штета ќе беше.
     
    На Biljarkata, pianogirl, Belgin1 и 35 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Леле темава ич не е атрактивна :rofl:. По скоро две години заеднички живот морам да чкртнам во темава. Пред да ме запроси мм немав некое позитивно мислење за идната свекрва. Ми изгледаше дека во се сака да се меша. Сплет на лоши животни околности моравме за почеток да живееме заедно, иако не ни беше таков планот. И пријатно се изненадив. Жената е скроз коректна. Не се меша воопшто. За се остава да одлучуваме јас и мм. За перење, чистење, готвење се договараме. И тоа јас превземам некои обврски од што сакам јас, инаку радо она све би завршуваа. :D Кога гледа дека јас готвам она си се повлекува од кујна не сака да се мота и да пречи. Ете сега од ко се роди ќерка ми фино лепо и кажав дека ако не знам нешто ќе прашам, давање совети безпотребно не сакам. И си прифати. Ќерка ми секако е моја обврска, она може да ја фати еднаш, два пати во денот од мерак. Ја бањаме со мм и некогаш јас сама. Доволна помош ми е што ќе зготви, што ќе измие садови и што со мерак ги пегла сите ситнурајки од бебуш. И покрај сите позитивни страни, сепак има и маани на кои некогаш ќе замижиш во заедница. Затоа со мм стремиме кон свое катче во кое секако она ќе е добродојдена, но ќе биде наш дом со целосна приватност. Уште малку ќе биде и тоа. :)
     
    На Naturel, galapce, tina-63 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.392
    Само 7 страни :lol:
     
    На SV1911, stetoskop, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    И јас на почеток се фалев, велев немам свекрва иам другарка. Таа идеше на работа јас работев се дома и ми беше супер.
    Само што отиде во пензија јас останав трудна.
    И мислев ќе иде само на подобро.
    Тој период можда единствена замерка беше што таа превзема се и мене ми беше досадно. Иако бев секој ден се понепријатно изненадена.
    Откако се породив, да не зборам лошо ама ич не сакам да сум таму.
    Ехх...се да е ко порано. Ама женава се смени...кон сите не само кон мене.
     
    На SummerGirl и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    7 страни наспроти 810 во темата за проблеми со свекрвите.
    Ах тие свекрвишта.... :D
     
    На SummerGirl, SofiMar_ и molikaMk им се допаѓа ова.
  17. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Господ здравје да и даде на мојата свекрва, сега засега се покажува премногу во најтешкиве денови од мојот живот што моментално ги преживувам.
     
    На pianogirl, Chantal, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    13.942
    Пол:
    Женски
    Еј имало и ваква тема. :D
    Си се пожалив јас на другата тема од мојава свеки, за тоа шо таа мора значи мора на се да коментира да даде нејзин "совет" најчесто непотребен, аама сега грев би било и само да се жалам од неа и свекор ми, имам и пофални зборови. :D
    Значи од кога сум дојдена овде, еве 3 години, таа си работи се низ дома. Не оди на работа, па од ручек, чистење, перење, сѐ таа. И јас нормално работам низ дома ама ако сакам да напрам нешто во ред, ако не никому ништо, дури некогаш ми вика само детето да е средено, другото може да почека. Не ми рекла "ова вака и никако поинаку", туку како јас шо сметам дека треба. Кога работам нешто во кујна, свекор ми знае да дојде и да кажува по негово ама свеки е тука да си го викни назад и да не ми се меша. ;)
    Најчесто се договараме за се, вистина можам да си напрам муабет и сериозен и на зафрканција. Не ме дели од нејзините деца за ништо, колку за ќерка и толку и за мене. Најчесто е на моја страна кога ќе се спречкаме нешто со мм. (fingers)Некогаш знае и да се замеша во нешто најмногу околу бебето ама тој ко ќе речи вие да не се мешате и то е то, збор појќе не. На неколку пати се погоди да е мм на работа, а јас да треба да одам некаде, тие ме носат, да не сум возела сама со мало дете да не ми требало помош.
    Свекор ми е малку чуден карактер со малку застарени сфаќања, ама добар е, ко ќе е во неговите е супер и за муабет и за зафрканција.
    Ако треба да излезиме некаде без дете, само се спремаме, им викаме ние излегуваме вие ќе го чувате детево, нема проблем, ќе го кажам неговиот редослед и толку, ако нешто не е јасно ќе ме праша пак, ама не превзема ништо без да одобрам јас.
    Ама, се зависи од мажот, тој ме поддржува и се спротивставува на нив кога не се во право и неговото се слуша, зошто нивна работа е да ни помагаат, а не да ни го контролираат животот и да се мешаат без потреба. Се случува и да се скараме со мм и никогаш не прашуваат зошто се караме, то си е наша приватна работа.
    Но, и покрај то шо тие вистина се супер луѓе и предобри, ние сакаме шо побрзо да се преселиме и да сме самостојни, па тие секако ќе се добредојдени кај нас. Само се надеваме дека то ќе е за најбрзо зошто како шо кажав, имам и пофални зборови ама и многу работи, ситници шо ме нервираат секојдневно па, за да не се караме, да си одиме со време. :)
     
    На pianogirl и Offspring им се допаѓа ова.
  19. Лајттт

    Лајттт Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    И јас сум задоволна од свекрвата може дека не живееме заедно и ретко се гледаме.
    Двете се почитуваме и имаме дистанциран однос па дури ми фали да сме малку поопуштени една со друга. Кога ќе отидеме кај неа воопшто не ме пушта да работам нешто дури ни филџан да измијам, туку се она сама набрзина средува а јас да сум уживала и да не см се малтретирала ми вика.
    Од една страна ми вика ова е и ваша куќа слободно да се однесувате, а од друга страна не ми дава ни чаша да кренам да измијам. Но си има свој ред жената и јас тоа го почитувам. Сепак ние сме гости кај нив, иако им е син.

    Воопшто не ни се меша во одлуките со сопругот и скоро за се не поддржува најпрво со зборови а ако треба и финансиски. Но секако сопругот е заслужен за овој однос. Он уште од мал е посамостоен и не е мамин син.
    Ние почесто одиме кај нив отколку тие кај нас ама сега кога ќе се породам планирам заедно со мајка ми подеднакво да ги вклучувам за помош околу бебињата. Не сакам ниедна баба да делам и ќе ги барам почесто доколу и нив не им е проблем.
    Колку си подалеку толку си помил.
     
    На Monella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Првите 2-3 години, на нож бевме. Сега сме си супер.