Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.682
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема, морам да признаам... иако не сум мажена, сеуште...

    Гледам дека сите ги напаѓате свекрвите, а ретки се тие што сметаат дека и снаите имаат вина во тоа непријателство... а уште поретки се тие што имаат коректен однос со свекрвите, а тоа е она што ме чуди...
    се е до карактерот на човекот, тоа како е воспитан, како ги цени и прифаќа другите луѓе...

    Мајката на мојот дечко ја почитувам и сакам, секако, не како мајка ми, ама уште од првиот ден жената безрезервно ме прифати и немам причина да мислам дека ако се земеме, ќе се смени во односот спрема мене... сум поминала повеќе време со неа, и сум ја видела горе-долу во скоро секаква ситуација, па и да глумела на почетокот, кога тогаш ќе излезела вистината на видело...

    А снаите? Повеќето од вас се мажени, и сте минале низ пекол, кој и јас го разбирам... живеев со мајка ми, татко ми, брат ми, баба ми и дедо ми од татко (сега сме мајка ми, татко ми, баба ми и јас) и знам дека не е лесно. Мајка ми кога се омажила за татко ми, баба ми имала 50 години, жената од тогаш нема ништо фатено во куќа, се е на мајка ми... таа ми кажа дека од баба ми плачела по цели ноќи, ама ништо не можела... татко ми не сакал да си одат иако имал понуди да работи во Србија и во Словенија, затоа што му било важно што ќе речеле луѓето ако си заминел... сега се кае, ама тоа е, годините поминале... и ден-денес баба ми знае да им се меша во се, па дури и мене ми се меша во животот, иако нема никакво право да го прави тоа, едноставно жената е таква, карактерот и е таков, знае да зборува лошо и мене тоа ме боли. Не може да се промени, ама затоа кај нас дома има многу нервози и проблеми кои тешко се решаваат на мирен начин...

    Од друга страна, па ни снаата не е погодена... е сега ќе испадне дека ја бранам мајка ми, но јас сум само реална... Брат ми и снаа ми живеат посебно, во друг град, имаат свој стан кој моите им го купија со одредена сума пари која беше за нас двајца, ама така испадна договорот, да го купат станот, па да живеам јас со нив, додека да завршам факултет, а беа во прашање три години. Е па таа моја „прекрасна“ снаа (за која се надевав дека ќе бидеме блиски) ме избрка од тој стан, со секојдневно вербално малтретирање, иако јас покрај тоа што имав многу за учење, секојдневно и помагав и и се наоѓав и со првото дете. Не помина година, и јас си отидов сама, чисто за да имам мир...
    Се и е наредено, се е како што треба, ама таа е вечно незадоволна, само се жали дека нешто ја боли... моите скокаат на секоја нејзина молба за малите, ама таа навистина ништо не сака да работи, се чека на готово, а ако фатиш да средуваш, ќе ти ја земе работата, демек таа ќе среди, и пак ништо не бидува, не се фаќа за правосмукалка, нема дома ручек зготвен кога ќе се врати од работа, вечно е несредено кај нив дома... а брат ми се отепува од работа за да има се што ќе и падне на памет... е тука, знам дека виновникот е брат ми, што не знае цврсто да пресече и да каже доста... може и грев ќе ме фати, не сакам вака да зборувам, ама сакам да потенцирам дека се е до карактерот на човекот и воспитувањето...
    А мајка ми отсекогаш била со став дека младите треба да живеат посебно и никогаш не сакала да се меша во нивниот живот, баш затоа што знае како е да се живее со свекрва...
     
  2. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    Se slozuvam so EVENSTAR :clap: :clap: :clap:

    EVENSTAR, pogore vo nekoj od postovite mislam deka prasav za site na forumov dali imaat braka, i kako nivnite majki se prekrasni svekrvi, ama snaite ne cinat, ama za zal nitu edna na forumot ne kaza dali ima brat i kakov e odnosot tamu, pa ti si prva koja kaza slucaj na losa snaa, pa zatoa ti cestitam.

    Prasanjeto za ostanatite ostanuva, za toa koja ima brat i kako funkcionira toa tamu i koj e losiot snaata ili svekrvata????????
    :geek: :ugeek:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.969
    Пол:
    Женски
    Па јас имам брат и лично мислам дека мајка ми ќе биде лоша свекрва. Брат ми се уште не е женет, ама кога ќе бидне и тоа се ќе се види. Мајка ми колку го размазила брат ми е невозможно. Тоа е до крајни граници. Сам не станува вода да си земе. Па која жена ќе биде доволно добра за него?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.682
    Пол:
    Женски


    Убаво си прашуваш, ама кога се работи за нашите мајки и браќа, сите сме субјективни... јас само сум реална, затоа што гледам како навистина стојат работите... инаку, моите беа против снаа ми уште од самиот почеток, кога почнаа да излегуваат со брат ми, и се трудеа да му укажат на тоа, ама тој беше слеп. Јас тогаш бев на негова страна, и им реков да го остават на мира, затоа што нему му е добро, а тоа е она што е најважно. Ја примив со раширени раце кога дојде да живее со нас двајца во Скопје (а ние тогаш бевме под кирија), никогаш не и пререков ништо, а таа тогаш пееше друга песна... кога ни влезе во фамилија, сфатив каква е навистина... и мислам дека и брат ми сфати дека не бил во право кога одеше против моите заради неа, ама ете, бидна... и моите можеа да постапат спротивно, но не ја отфрлија, ја прифатија како свое дете... е сега, како таа враќа на тоа, е сосем нова приказна...
     
  5. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    EVENSTAR vie si znaete kako e doma i koi vi se odnosite i mozam d ati kazam deka vnimatelno go procitav tvojot post ,pa me interesira slednovo?
    Kako reagira majka ti koga baba ti i se mesa vo zivotot?
    Kako reagira majka ti koga brat ti ne veli nisto na snaa ti?
    Kako reagirase majka ti koga ti si zamina od stanot vo koj zivee brat ti so familijata?
    Zosto tocno(ako sakas da kazes ,sekako) si zamina ti od kaj niv ?
    Koi se pozitivnite karakteristiki na babati -na tatko ti majka?
    Koi se pozitivnite karakteristiki na snaa ti za brat?
    Dokolku mozes i koga ke mozes ,odgovori mi na ovie prasanaj ,a jas ke pocekam odgovor ,pa posle ke komentiram ..
    Mnogu pozdrav do tebe i do site ostanati!
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Вечните недоразбирања!И жално е кога има такви ситуации,не треба животот да си го трошиме на вакви глупости!Дечко ми всушност има маќеа,мајка му е почината, ама уште од сега сме во добри односи,и се надевам дека така ќе биде и натаму.Ниту таа ниту било кој друг има право да се меша,ама и ние снаите или идните снаи треба да знаеме да си ја завртиме работата на шала,да не креваме тензии за џабе.Поздрав
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.682
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам да ти одговорам babyketi...

    Кога баба ми и се меша во животот мајка ми се нервира, вика, се кара со баба ми - тоа е нешто што многу почесто се случува последниве години, барем не паметам како мала да се викало толку дома кај нас... ама сепак, татко ми е на страна на мајка ми, пошто таа е обично во право, бидејќи баба ми има склероза, заборава многу работи и поради болеста прави и зборува глупости... сите се трудиме да сфатиме дека жената е болна, и донекаде, за некои работи ја правдаме со тоа, ама не е секогаш болеста во прашање...

    И пак мајка ми се нервира, затоа што брат ми не и вели ништо на снаа ми, ама пак, и нему ништо не му вели затоа што не сака да им се меша во бракот. Ама од друга страна, моите трпат многу... за децата ќе направат се, ама па снаа ми сака други да и ги гледаат децата, а таа само да шета... а бе разбирам, ќе се најдат баба и дедо да помогнат, ама не може тие да ти ги пораснат децата...

    Искрено, моите многу се налутија кога дознаа зошто сакам да заминам од станот, и знам дека спомнаа оти никогаш нема да и го заборават тоа... ниту пак јас ќе и го заборавам... ама знам дека внуките нема да страдаат заради тоа, така си решивме сите, а таа ако сака нешто, е па, ќе мора ептен да се потруди...

    Си заминав затоа што не можев повеќе да ја слушам како ме навредува, ми префрлува што живеам со нив, како да сум им товар... а се договоривме да живеам со нив додека да завршам факултет, и таа без проблем го прифати тоа... но буквално за секоја моја постапка наоѓаше нешто злобно да искоментира, па човече ни до WC не можев да одам на раат... и ми се мешаше во животот, и сега ми се меша, ама ја игнорирам... се додека не се прелее чашата (а сум многу, многу толерантна) а тогаш, сигурно нема да и останам должна...

    Позитивни карактеристики на баба ми - услужлива, вредна, педантна, гледа секогаш дали се сите најадени, напиени, средени... друго не ми текнува...

    Позитивни карактеристики на снаа ми - убава, професионалец, си ја знае работата, знае убаво да готви (кога сака), паметна, интелигентна... тоа е единствено што можам да напишам... ако ми текне уште нешто ќе пишам...

    Тоа би било тоа....
     
  8. majatri

    majatri Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Znaete kako obicno e : Koga bev snaa ne cinea svekrvite, a sega koga sum svekrva - snaite necinat.
    Taka e toa se se vraka.
    Zatoa mora da ima kompromis.
    A deka e isto pred i posle brak - vrska nema da znaete.
    Pozdrav
     
  9. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678

    Draga EVENSTAR fala ti za iscrpniot odgovor i za tvojot golem post...
    Prasanjata mi bea so cel da dobijam podobra slika za se sto se slucuva...
    Obicno familijarnite odnosi nikade ne se crno-beli,pa zatoa sakav da mi kazes i pozitivni karakteristiki na t.n"spornite licnosti"....
    Mnogu raboti imaat objasnuvanje ,medjutoa resenieto e medju ludjeto.....
    Edinstveno ,sto mislam deka snaa ti oseca deka si ili ste ..intelektualno inferiorni i se istura na vas....nejzinoto odnesuvanje sigurno e rezultat na nekoja frustracija,a najmnogu mi "mirisa" deka taa so brat ti nema bas idealna vrska ,p a poradi toa vas ve obvinuva....i se istura ...
    Sto se odnesuva do decata...samata velis deka e profesionalec i iako neznam so sto se zanimava,sekoja profesionalnost bara posvetenost...pa poradi toa taa mora da gi ostava decata da gi cuvaat drugi ...
    Mozam samo da kazam deka i ova nejzino angaziranje ,ke bide minlivo i ke dojde do stepen kade sto ke moze da se posveti na decata poveke .....
    Baba ti ,kako sto i samata kaza e bolna zena ,pa nervozata i stresot sto go nametnuva e sigurno 90% od nejzinata psihicka sostojba....
    Zosto sevo ova ti go pisuvam?????/Pa zatoa sto smetam deka dokolku nekoi raboti ni se jasni polesno ke gi dozivuvame....
    Ne velam deka ti ne si svesna za sevo ova,medjutoa jas ovoj forum go dozivuvam kako mesto kade sto sekoj bara podrska i razbiranje i sekako pomos....
    Ne znam do kaj si so obrazovanieto i mazackata :) ,ama sekako deka treba da pomislis kako ke ti bide tebe utre koga ke mora da gi ostavas decata i da odis i da zavrsis i nesto drugo ili ednostavno sakas i ti treba ocajnicki da izbegas od se i da ti se"oladi" glavata.....
    Ova vreme stana mnogu tesko za zeni koi sakaat i kariera i semejstvo...taka bilo od sekogas....
    Probaj da sfatis i razberes ,dlabinski ,pa ke ti bide i polesno i polesno ke pominuvas niz odnosite..
    Se nadevam deka ovie moi redovi ti se od pomos...
    Sakam kako zensko ,na zensko da ti kazam deka sudbinata na snajkite i ne e bas taka rozova ,kako sto ni izgleda od strana....
    Pozdrav do tebe ....i sekoe dobro!
     
  10. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    babyketi,

    Odgovorot so i go dade so obrazlozenie na Evenstar, mislam deka e nekade okolu 50/50 tocen, a zosto, e pa zatoa sto:
    - Koga nejzinite roditeli go kupuvale stanot i koga kazale koi ke bidat uslovite PAMETNATA SNAA samo si kutela , a posle gi pokazala zabite ustvari sto tocno misli.
    - Mislis deka roditelite nejzini poveke go sakaat ednoto dete , ODGOVOROT E - NE , i samo se trudela da vospostavat nekakov balans, ama za zal SNAAVA gi prelazala.
    - Koga veke taka se ponasa doticnata SNAA , e bas se dobri roditelite na Evenstar i sto i gi cuvaat decata (ama kutrite moraat - vnuci im se).
    - Tvoeto objasnuvanje deka mozi bratot nejzin nema bas dobra vrska so zenamu, pa zatoa SNAAVA gi obvinuva niv, OVA BAS I NE E TAKA, bidejki mozebi samo sega taa se cuvstvuva sigurna i si zema za pravo i sila da tera po nezino i da se odnesuva po svoe bez ronka barem pocituvanje.
    - A vo pogled na toa dali taa e profesionalec, intelektuualec itd., toa e veke drugo prasanje , no domasnoto vospituvanje ne e del nitu od profesionalnost nitu se steknuva kako intelektualec (so diploma), pred se bitno e da e covek i vo ovie vreminja koga mladite tesko doagaat do sopstven dom, potrebno bilo da pokazi MNOGU POVEKE TOLERANTNOST I FLEKSIBILNOST sprema ZOLVATA kako i sprema roditelite od soprugot, i vo nikoj slucaj da ne dozvoli zolvae da zamine od stanot koj vsusnost e kupen i so del od nejzini pari (odnosno od roditelite).
    Ova treba da se ceni, a ako taa bila tolku profesionalna, intiligentna itd., sto ne recela nie samo ke si kupime stan i sami ke ziveeme, AMA TOGAS SE KRIELA I KUTELA KAKO picka pod kosula (izvini na izrazot), a posle si gi pokazala zabite.

    Evenstar,
    Moe mislenje e deka treba malku na vasata Profesionalna i Intelektualna SNAA, malku da i se pokazat zabi i da i se stavi do znaenje do kade moze da odi so nejzinoto odnesuvanje, i tocno da i se napomni sto i se ovozmozilo vo zivotot , a kako na seto toa taa vozvrakala. MORE TREBA MALKU OSTRO SO NEA, IZGLEDA VIE EPTEN I POPUSTATE.

    Pozdrav :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.682
    Пол:
    Женски
    Babyketi и ЈАТАГАН, ви благодарам за вашите коментари... можеби немам појаснато некои работи, па не се добива целосна слика...

    babyketi, никој од нас не е интелектуално инфериорен како што велиш дека снаа ми мисли оти сме, напротив, сите ние сме луѓе со високо образование, и со домашно воспитување, кое ни налага меѓусебно почитување, разбирање и толеранција, и кај нас секогаш проблемите се решавале со разговор и компромис...

    А снаа ми која исто така е човек со високо обрзование, интелектуалка, навикнала проблемите да ги решава како што таа сака, по нејзино, а ако не биде така, добива неверојатни изливи на бес, а и плаче, затоа што МОРА, ама секогаш МОРА да биде по нејзино! Јас не можам да сфатам жена на 37 години да го прави тоа... па не ја личи! И се согласувам со ЈАТАГАН дека сето тоа е резултат на домашното воспитување...
    А за тоа дека мора да остава други да и ги гледаат децата, баш и не мора... не оди на работа, постојано е на боледувања и одмори, демек децата биле болни, па мора да ги чува... кога работеше, таа навистина работеше, сите ја фалеа, јас тоа не го оспорувам, ама од друга страна, интелектуалец не би требало така да се однесува... ако не и се работи, нека каже, и нека седи дома... понекогаш и се чудам како газдата ја држи на работа, посебно затоа што е приватна фирма, таму нема седење за плата...
    а ако има проблеми во бракот со брат ми, не мора да се истура на нас... треба да си поработи на тоа, да се потруди, а колку што гледам таа тоа не го прави... јас лично сметам дека жената е столб на семејството и домот и таа мора да се труди да го одржи бракот исто колку и мажот... а снаа ми воопшто не се грижи ниту за себеси, а камоли за другите... сопствените деца не ги третира еднакво, што според мене е многу лошо... а исто така обожава да се меша во туѓи животи и да дава злобни коментари што исто така не чини...

    Јас сум инаку, стоматолог, немам работа (а можев да отворам ординација со тие пари што ми следуваа, ако моите не им го купеа станот) не сум мажена, сеуште, ама и тоа ќе биде наскоро... и знам дека нема да дозволам да се однесувам како што снаа ми се однесува... дали ако свекорот и свекрвата рипаат на секој мој збор и желба, јас треба да им возвратам со приговори и мрчење, со кршење садови и со викање секогаш кога нема да можат да ми извршат услуга... ниту пак ќе седам цел ден дома по пижами и ќе дремам со детето на скут без да фатам нешто... едноставно јас така не можам да правам и не го оправдувам тоа... можеби моето воспитување е поинакво, ама мислам дека јас имам некакво воспитување, за разлика од неа...

    А искрено, знам и друг случај, каде што снаата мора многу многу лоши работи да трпи од свекрвата... кога слушнав, не верував... жената постојано ја навредува снаата, и вика дека не ја бива за ништо, дека не знаела да гледа деца, се заканувала дека ќе ги исфрли од станот... луѓево дојдоа до развод иако не се ни две години во брак, и детето има 6 месеци... среќа, на време сфатија некои работи и се смирија, и решија да и го покажат местото на свекрвата... се надевам дека ќе им успее!

    Зошто го кажувам ова... затоа што сакам да потенцирам дека односот снаа-свекрва може да биде многу коректен, со почит, разбирање и толеранција... се е до КАРАКТЕРОТ и ВОСПИТУВАЊЕТО на човекот... мислам дека доволно беше од мене на оваа тема :)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.197
    Допаѓања:
    139.512
    И јас имам снаа за брат. Односот ни е прилично ладен без никаква причина, уште од почеток на нивната врска. Таква си е снаа ми, ладна и дистанцирана, практично и не разговара со никој од нас дома, освен тоа што мора. Прво се нерирав бидејќи со брат ми имав прекрасен однос претходно, а после тоа се смени. Всушност кога е на само со нас е каков што беше порано, а кога е со неа е друг.

    Мислам дека причината е што во нејзиното семејство имаше некои нарушени односи - не разговарање меѓу себе и слично, а кај нас беше сосема различно. Не можеше да ја поднесе мојата блискост со брат ми.

    После тоа сфатив дека нема потреба од нервози. Таа е добра мајка и сопруга, и тоа ми е најважно - на брат ми и на внуците да им биде ок. Плус брат ми си ја одбрал - и тоа е тоа. Мое е да го почитувам неговиот избор.
     
  13. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    Evenstar,

    Mislam deka po sevo ova sto go kaza e ednakvo na ona sto jas na poveke mesta sum go pisal na temava, taka da celosno te poddrzuvam i kako sto dvajcata se slozivme profesionaliznot i fakultetskata diplona ne ti davaat i domasno vospituvanje, koe se dava od doma ili barem treba da se portudis vo zivotot da go naucis.
    Ako snaati e takva kako sto ja opisa i kako sto jas stvoriv slika za nea, veruvaj deka so tvoeto stapuvanje vo brak, taa ke stani uste ponervozna so komentari od tipot "lele se tresat za pred noviot zet' , "aman samo nea i pomagaat za se sto saka" itd., licno ne bi sakal da gi slusas ovie muabeti ali i ako gi slusnes od nea bidi spremna i vrati i odmereno i ignorirajja , toa poveke ke ja nervira :lol:
    Ariel,
    za tvojot laden odnos na snati koga e vo drustvo so bratti i so vas , mislam deka e problemot vo nego, mislam deka potrebno e koga e so vas si so soprugata malku poveke da vnese humor vo razgovorite , pa taka i taa popoleka ke pocne da kazuva humoristicni raboti (iako mozebi na pocetokot nema da vi bide bas smesno, ama smejte se so sila :D ). Mislam deka posle nekolku "seansi" so opusteni "bezveza" muabeti koi imaat 90% smea vasiot odnos popoleka ke trgni kon pozitivna nula pa i poveke se nadevam.
    Inaku mislam deka i na bratti mu smeta nejziniot laden odnos kon vas , samo neznam kako se spravuva so toa ili dali raboti na podobruvanje na odnosite.

    Pozdrav do site , i se nadevam deka odlicno si go pominavte Sv.Valentajn so vnimanie koe go dadovte i primivte, a vasite mazi super si go pominaja Sv.Trifun so dobra kapka alkohol :lol: :lol: .
    Sega se postavuva prasanjeto kako moze vo isto vreme podednakvo ubavo da se pominat dva praznici :lol: :D : :? :? :?
     
  14. migit

    migit Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    е на оваа тема има мноооогу да се зборува...секој има разлицни ставови,разлицни ситуации.....јас со мојата свекрва добро се слагам,а не сум бас тазе.7 години зивеевме заедно т.е. јас со мојот сопруг и децата седевме во една соба а таа со свекор ми во дневна и золвами во детска :D :D :D .ама некако супер функциониравме..добро во поцеток малку ми бесе теско,и она си имасе навика да ми казува кога да јадаме кога да спиеме зосто повеке знае ама сфатив дека со тек на време ке разбере дека тие работи се наси и ние си одлуцуваме,па никогас не проговорив нисто.до ден денес си немаме пререцено нисто лошо,ја ценам и поштувам но не можам да ја сакам како мајка ми што е нормално.меѓутоа и таа мене ме цени и поштува и секогаше тука кога ми треба помош.и навистина со тек на време прекина да се меша и не остави да си го живееме животот како што сакаме без разлика дали е тоа правилно или не според неа.така да има и добри приказни.не се сите свекрви лоѓи,ниту пак сите снаи невоспитани.едноставно треба да се има трпение за тие два карактера да можат да воспостават брска што нема да биде иритирачка туку нормална и да сватат двете страни дека од нивното однесување зависи и те како среката на оној што го сакаат.ууууууууффффффффф се уморив :D
     
  15. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    migit,

    BRAVO OSTANAV BEZ TEKST, TI SI JA NASLA VISTINSKATA FORMULA, bidejki ako si pocnela so prepukuvanje ke nemalo kraj.
    Vo sekoj slucaj BRAVO , izgleda nekoi od devojkive ke mora da dojdat kaj tebe na kurs, za da gi obucis da mozat da ja najdat vistin skata formula za neraspravanje .
    A tebe treba da ti se dade ORDEN ZA HRABROST :lol: :lol: :lol: , bidejki na tolku mal prostor (sekoj vo po edna soba, tolku narod a sigurno samo edno WC , edno KUPATILO i edna KUJNA) sigurno tenziite ponekogas bile na rabot na vojna , a ti si izdrazala so balansiranje bez vojna.

    BRAVO
     
  16. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Prvo na pocituvaniot kolega JATAGAN da mu kazam kako si pominavme za SV.Valentin,pa posle ke pocnam...
    Sv.Valentin ili Sv.Trifun ,bilo kako e mojot najsrecen den.
    Toa e denot koga se rodi mojot sin i vecno ke mi bide najsrecen den!
    Go proslavivme mnooogu ubavo i imame i sliki :D

    EVENSTAR...sakam malku da se pojasnam...
    Koga rekov deke snaa vi ve oseca za intelektualno inferiorni ,mislev deka taa samo taka ve oseca,a ne deka vie vskusnost ste (mislam vie-ti i tvoite roditeli).
    Ne znaci deka nekoj vistinski e inferioren ,vo bilo koj pogled ako drugiot si dava za pravo i pati od kompleksi od povisoka vrednost ,pa misli deka drugite ludje voopsto ne mu pariraat ...toa e samobendisanost...po moe....
    Koga kazav deka MOZEBi ima naruseniodnosi so brat ti vo brakot,sekako deka predpostavuvav i se obiduvav na bilo koj nacin da ti pomognam ,mozebi nekoj aspekt sto ne si go zela vo prdvid,da mozes malku poveke da go pocustvuvas.
    JAS odnosite vo vaseteo semejstvo NE GI ZNAM ,pa zatoa voopsto ne mozam da se mesam ili da nametnuvam svoe mislenje,mojata namera bese da ukazam na nekoi raboti ,za koi mozno e da se tuka nekade ,ama da nemozat da se sogledaat...isto kako koga nekoja VOLSEBNO UBAVA umetnicka sliak ja gledas od blisku i gledas samo slakanici....

    JATAGAN...tvoeto mislenje i stavovi mi se poznati...
    Toa sto uporno ke gi napadjas snaite i ke frlas so drava i kamenja ,figurativno kazano,voopsto nema da pomogne vo priblizuvanje na tvoite stavovi do site nas,a osobeno so ne vkusno izbereni zborovi....
    Tvoite stavovi treba da pomognat na mene ili na ostanatite clenki na ovoj forum da pogledneme nesto od maski aspekt,a nema da ni pomogne sigurno vakviot stav deka samo snaite ne cinat i deka treba da se "drzat" postrogo ,nebare so kamsik treba da ti sedat nad glava ,ako si snaa...

    Sto se odnesuva do domasnoto vospituvanje,tuka se slozuvam..toa proizleguva od site nas,kako i ljubomorata,kako i omrazata,kako i nervnite ispadi....
    Se nadevam deka pravilno ke sfatute sto sakam da kazam.POzdrav i sekoe dobro!
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.682
    Пол:
    Женски


    Ете, тука се сложуваме... и јас сметам дека треба да се има трпение и да се воспостави нормална врска... а тоа е можно, и тоа како е можно... никој не е совршен и секако треба да го прифатиме човекот онаков каков што е без да го менуваме... кога живееш со некој во заедница - нема врска колку луѓе се - човек мора да биде флексибилен и подготвен на компромис.... секако дека секој од нас понекогаш има своја „жолта“ минута и нормално ќе ни се прелее чашата, ама ако дозволиме тоа да ги одредува нашите реакции, не сме постигнале ништо...

    babyketi, знам дека не можеш да сфатиш како е кај нас, ниту јас можам да сфатам како е кај вас, ама тука сме нели да си размениме искуства :) се трудев да ги гледам позитивните страни на снаа ми, и да ја сфатам, сепак неа брат ми ја одбрал, и важно му е да му е нему убаво, таа да биде добра сопруга и мајка, па тогаш и јас ќе бидам среќна... ама вака некако сите сме вмешани во нивниот живот и без да сакаме, и кога гледаме што навистина се случува, не ни е баш сеедно... ама тоа е, што е.... ако таа не се промени, да тргне сама од себеси, ние не можеме со сила да го направиме тоа...

    е па ај конечно доста ми беше на оваа тема... сакам да зборувам за поубави работи :lol:
     
  18. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    babyketi ,

    Moite stavovi se takvi kakvi sto se , mozebi fasizoidni, radikalni itd., :D :D :D , no i jas nemam podobro mislenje za tie sto se sprotivni na moite :up: , pa zatoa sme tuka , neli?

    Pozdrav do moite istomislenicki i normalno neistomislenicki.

    :clap: :clap: :clap:
     
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    И сеа ти вечно ке ги напаѓаш снаите, и како ќе не биде :D еве и јас сум снаа и запознаен си со мојот случај и сега ај да видам на чија страна си (да знам дали да те ставам на список за частанката или?) ај да те видам речи дека јас сум крива :D :mrgreen: позз
     
  20. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    peperutkaa,

    Abe vidi sega ne se potkupuvam lesno za da go smenam mislenjeto :lol: :lol: :lol: .
    Za tvojot slucaj sum od kaj tebe :up: , ama ne poradi cestenje , tuku oti taka mislam.

    Pozdrav :up: