Каква 'материјална корист' е основно човеково право да одлучи каде и како ќе живее?? Не му рече таа: 'Купи ми куќа/стан'.. Ако и двата инвестираат, каква 'материјална корист' бара?
Па затоа ете сте се преселиле, сега им е јасно сигурно. Сте го решиле проблемот. И сега проблем е што место спратот не му купиле стан на синот подалеку од нив или што? Извини, не сакам да звучам како да те напаѓам, само прашувам, зошто ете проблемот е решен, не разбирам зошто уште би дискутирала за тоа ако не сметаш дека они требало да направат нешто поинаку.
Има спрат, ама му бара и стан. Па не му рече, ама бара да го реши проблемот иако имаат каде да живеат и не се во една соба.
Па шо ако има спрат?? Ако неќи таму да живее, шо треба? На сила да ја населат? Шо не оди тој со нејзините да живее.. на различен спрат?? Или не така? Оти кај машкото се оди, не кај жената.. Плус, рече ќе инвестираат и двајцата. Шо те боли стапот тебе, како некој ќе си ги троши парите??
Кажав предходно што мислам за таквите ситуации, родителите не се дужни да снабдуваат на синот или ќерката место за живот откако ќе станат возрасни. Па кога требало да реновираат не морале да земаат и да прават толкава куќа за да има за синот и снаата, требало за нив едно спратче или станче и тоа е тоа, а уствари со ова само го обврзале него да седи таму, зошто ако се пресели ќе има муабети ете толкава куќа синот живее во стан и плаќа кирија, не дека се грижам за муабетите ама веројатно тие сверва и свекор ќе се грижат, па ќе направат кавги и ете го проблемот. Ова е хипотетичка ситуација, кај нас не дојде секако до толку голем проблем, се преселивме оти дојдовме во странство, ако се вратиме пак треба таму да живееме и веројатно ќе средиме ако има ваква ситуација оти не се лоши луѓе и се почитуваме во и сакаме, ќе најдеме начин, ама муабетот ми е за проблемите кај другите во вакви ситуација.
А треба да се омажам за да знам дека не сакам да живеам со свекрва? Или знам дека не сакам да живеам со свекрва, па ич не си ни ставам трн во здрава нога?
Не се должни, ама убо е да можеш да им оставиш место за живеење.. Спрат, не.. Ама Боже здравје, ако оди се' по планот, јас и маж ќе си се стисниме во еднособно станче со време, а нејзе ќе и' го оставиме овој Ако тера по план де... Ако не ги спи*куваме парите ко досега
Да убаво е точно дека е убаво ама само и само ако не планираш да им го искаруваш на глава и тотално да се отргнеш и им дадеш простор да се остамостојат, а во повеќето случаеви од жените што се жалат овде гледаме дека не е така. Мене ова ми е исто како да му дадеш некому поклон и притоа да му налегаш како да го користи или носи оти ти си му го дал. Те разбирам што сакаш да кажеш, ама мислам дека проблемите се поголеми во случај ако им дадат отколку кога не им дале ништо.
Зборевме и за ова со маж. Да и' го препишиме, со клаузула да не смее да го продава дури сме живи.. Друго, шо сака нека прај. Ние ионака не сме баш ригорозни, ниту наметливи во воспитувањето.. Ризиците и' се презентирани, одлуките се нејзини.. Ако греши, нека греши.. Сите сме грешеле..
Требало, не требало, ти им го береш гајлето на нив излегува на крај. Штом не ти е важно, нека зборат луѓето, они си сметале така да вложат во иднината на своите деца, они ќе се справат со муабетите, така сакале и за тоа пари дале, ти како сакаш, така ќе си правиш, утре може твоето дете баш ќе сака да е близу до тебе а може илјадници километри подалеку ќе оди, а ти што си правела и како си мислела нема да му е нему важно, па и ти ќе си речеш ''ех јас за кого ова го правев'', пари за нов стан не е исто што и пари за доградба, а пари на страна долги години не се чуваат, ја губат вредноста, они сметале така, е не излегло, па нормално е да им е криво, потполно ги разбирам.
Штoм сте сo мислa зa стрaнствo (или веќе сте тaму, не знaм) пoчекaј мaлку пa ќе видиш кaкo ќе те пречекувaaт кaкo крaлицa. Или сaмo синoт кaкo крaл, небитнo Пa внуче кoгa ќе се рoди едвaј ќе чекaaт дa се врaтите дa ве видaт. Сите прoблеми сo мoј дел-твoј дел ќе исчезнaт, или тебе веќе немa тoлку дa ти бидaт битни. Рaбoтете, чувaјте и инвестирaјте пaри тaму кaде штo плaнирaте дa рaбoтите и живеете, не рaзмислувaј зa живеaлиште вo Мк пoдaлеку oд свекрвaтa. Спрaтoт зa еднaш или двaпaти гoдишнo дoбaр е, a нa неa ќе стaнеш имунa сo тек нa време.
Еј многу ме заболе мене, туку дека откако ќе отидат наоѓаат маани. Требало да си гледа предвреме, а не да пишува дека се мисли дали да остане таму.
Секако дека ако не им чини постои опција и треба да се иселат, нп старите веднаш претат со " ние ќе се откажеме од синот" ако отиде да живее на друго место, зошто сме се мачеле и сме граделе толкава куќа. Ем сакаат децата да им седат до нив, да им се најдат кога ќе остарат, ем да живеат таму ама по нивни правила. Кога веќе се подарува нешто, треба да се даде од срце и да им се даде слобода и на синот и на снаата да прават што сакаат.
Јас имам сличен проблем некако сум нервозна и некомфорна по дома бидејќи стариве (во иста куќа сме) не си бркаат своја работа туку се занимаваат со нас...на тераса кога ќе излезам ми е непријатно да не дојде помине некој, гости кога ќе ми дојдат исто така..те разбирам во целост
Предвреме да си мисли кога ќе стапува во врска. Тој: "Ми се свиѓаш." Таа: "Како стоиш со недвижнини? Спрат од куќа? Станче настрана? Пари нешто за да се купи?"
Па не си. Мора да си ги запознаеме партнерите пред да стапиме во врска. Кој знак е во хороскоп и успат да ни даде извештај од банка
Ако решат и на ќерка им да и' дадат дел, тоа значи дека 'Им се суши мозокот на старите'? Ааа... ја ранеле, облекувале и образовале, свадба и' направиле.. Исто како син им.. И после, нејзе покуќнина, нему куќа? Тие ѕидови, со пари се праени, башка комуналии, башка даноци, башка пи*ке си материне... А во ѕидовите и подовите има инсталации од цевки и жици.. ваљда... И тоа се пари.. Ама немало малтер... и боја на ѕидот... Аха... ок... А да ја прашаш тетка ти, како, и зошто воопшто го отстапила делот? Зошто ти да создаваш сама, а не и брат ти? Сакаш да ти кажам зошто? Оти така ги учат кај нас децата: 'Синот наследува, а ќерката ќе си бара кај мажот.' И после, ќе напалка ќерката некој маж, ко овие од темава, и нека се слика пред општина.. Сосе деца... Оти родителите не ја обезбедиле (а можеле-зборам за тие што можеле), а мажот па уште помалку... Та дууури цела соба!! Тоа во покуќнина спаѓа? Абе, оти вака си прат жениве во Македонија, ич не ми е јасно...???
Татко ми наследил голема куќа од дедо ми, па наместо спратови за децата, ја продаде куќата и купи стан и плац. За 10 години на плацот направија мала куќа. Планот беше станот ќе се продаде и по пола ќе се дели на децата (мене и брат ми). Од уста сме делеле додека растевме за таа куќа ама моите се грижеа да не се скараме за недвижнини. Подобро да ми дадат 20 илјади евра за уплата на стан него спрат од куќа. Бидејќи не бевме мажена/женет, брат ми ми ја исплати неговата половина од станот во мегувреме бидејќи сакаше станот да му остане. И сега чиста сметка долга љубов. Родителите се криви што не мислат на време, и на жената и на мажот, не само свекор/свекрва. Дете си е дете, треба негде да живее кој пол и да е.