Колку предвреме? Читаш ти воопшто што се пишува или ти е премногу комплицирано за сфаќање? Не сум таму, се верив, затоа и размислувам сега-предвреме. Не барам јас од никој ништо, не очекувам ТОЈ да ми го реши проблемот. Заедно двата дискутираме каде ќе биде најдобро за нас да живееме. Гледам сеуште не си се запознала со поимот материјалист, иако гледаш дека сите пробаа да ти објаснат дека не си во право. Шта речи а не погрешити. Толку е прагот на интелегенција.
Сум видел и синови и ќерки односно и зетови и снаи како им "служат" на своите родители па, и тоа е проблематично, дали проблемите снаа-свекрва се само од нив или од трета страна: мајка татко на снаата, мајка татко на зетот, блиски роднини, познаници,... Листата е долга но во сите тие каши, само интелигентен брачен пар ќе игнорира сечија сугестија идеа или предлог од страна. Ако еден пар тргне по умот на надворешна страна, толку е.
Најнормално, мислиш мајката не ја буцка ќерката? Снаа и свекрва се најчести несогласувања бидејќи се две жена во ист дом најчесто и ПРЕМНОГУ време затворени заедно да си замераат. Има и еден куп проблематични зет и ташта релации. За добар брак е многу потребно и жената и мажот да се оттргнат од нивните родители, а за тоа не е само да не живеат кај родителите. Идејата а добар брак е кога и мажот и жената знаат дека немаат друга добра опција освен живеење заедно и заедничко решавање на проблемите. Па и доколку дојде до развод да не се заснова на јас ќе си одам кај мама, туку морам да си имам нешто мое да се ослонам без разлика дали сум наследила или не. Јас го гледам наследството како нешто што треба да ти биде екстра, дали парично, недвижнина, симболично, било што.
Извини за дигресија . Си чула некој случај братот од љубов да се откаже од се за сестрата? Јас не. Можеби ти си чула. И добро е ако има така, за баланс на сите сестри полни со љубов.
Sestrata od ljubov da otstapi, hmmm. A bratot na gotovo...Bravo.Samo me Interesira zosto nekoi mislat deka na bratot mu zemaat?Roditelite davaat, ne go specalil bratot. Neka si obezbedi I toj licno svoe, pa nikoj nema da mu zema,neli?
A зошто мислите дека секој се води од корист? @Black girl зашто ХММ. Ете, прашав, кажав. Никогаш не биле скарани. За ништо.
Зашто ми е чудно да се откаже сестрата поради љубов. Сметам дека на сите деца подеднакво им следува од родителите. Сега имам ќерка и доколку имам и син, јас нема да дозволам ќерка ми да се откаже од делот што и следува. Тоа е тоа
Така размислувам и ја. Него конкретниов пример е таков каков што е. Не е за чудење. Татко ми ја градел куќава. Татко ми инвестирал. Дедо ми ја оставил на двајцата, сестра му била веќе мажена и не сакала дел. А татко ми не и барал. Пред 50+ години е ова. И е така. И се во одлични односи.
А најубаво е на никој ништо, секој сам за себе и одделно, па нема поубаво од чиста сметка, долга љубов Како беше таа, сам, па како знам
Татко ти од темел почнал? Значи во тој случај ако е така, негова е секако. Ама ако збориме за реновирање отпосле, тогаш е дискутабилно тоа.
Во врска со поделбата на имотот меѓу браќа и сестри мислењата се префрлени во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Поделба-на-имотот-помеѓу-децата-во-семејството.13419/page-37/ На оваа тема да продолжиме да дискутираме за проблемите со свекрвите Дополнително ќе се префрлат постови кои се наменети за во темата со поделба на имотот.
Епа многу ме нервира свекрвата а повеќе од неа ме нервира золвата. Ретко доаѓаат , еднаш неделно ама од пред некое време тоа иначе седеа по цели демови откако родив деца. Почнаа да ми зборат свашта и му реков на маж ми да си доаѓаат само кога е тој дома за да слуша што тропаат. И пак не можам да ги поднесам , ќе дојдат викенд па теи дена ми треба да престанам да ги мислам и оп еве пак дошол викенд. А што убаво си живеевме кога немавме деца, сега се станати неподносливи. Сега беа па уште ми е тазе впечатокот.
Ние не сме биле 9 месеци , откако се родени децата, не знм зошто не сакаат да идеме и само тие доаѓаат. Дали дек си седеа повеќе а иначе ние би си отишле одма , па демек децата имале се дома да не иделе по гости. Па падна бебето си ј удри главата па тука драми правеа а мене скрос ми е нормлно секој ден паѓаат и не мислам дека е страшно ако се удрат така раснат деца ама овие не можам веќе стварно . Ем ми е жал стари се , им е мерак за децата ем не можам да ги поднесам . Се малку храна сум им давала , малку млеко , па многу млеко , па киснеле во мочки... и многу ми дојдоа критики во период кога и без тоа ми е тешко.
Зошто не ми ја отвара темава? Да не сум банирана и ако сум сакам да знам зошто, бидејќи не прекршив ни едно правило. Фала. Едит. Изгледа има проблем со линкот. Ја најдов на пребарување Фала
Каков ви е односот со свекорот и свекрвата после еден куп навреди добиени од нив и расправии, еве кај нас денес мислам конечно пукна балонот по бетер и не можеше да биде, плус кога си дојдов дома сабајле соблекувајки си патките во ходникот ги слјшнав како ме оговараат значи буквално лом ме направија се изнаслушав работи што ни на сон не би ми дошле.. Еве јас сега не знам како ке биде понатаму како да се понашам со нив, живееме во иста кука па маллу ми е терсене
A i mojata preeska mi vika ova me ti e sredeno drugo ne ti e sredeno i samo i kazav jas za tebe ne se vencav pa ti da mi kazuvas sto da pravam i odma si zamolce
Ве читам женички и шта речи.. Сегде слични проблеми. И значи преку глава ми е. Имав некако тежок ден и морам да се искажам барем тука кај вас .... Како бе под исти кров со свекрва ????? Добро со кој памет?? Ова важи и за мене. Значи стварно не знам што сум мислела. Изгледа дека немаше избор тогаш, ама да на почеток е се супер, потоа уфффф. Никаква интимност со мм, плус две домаќинки во една кујна не можи. Мајката уште ручек за синчето да готви?? И да го пери ? А невестата (жената) ? Што, таа да не работи по дома само шета, секој чекор и го мери свекрвата која од куќата не е излезена. Катастрофа. За плачење баш. И ќе си ги уништат партнерите меѓусебно односите заради 'мама' . Колку и да нема та влијание врз партнерите, се пренесува некаква енергија колку беља да ти направи. Излез? Чаре????? Омг немам денес сили да го барам решението. Се читаме утре. И извинете на долгиот пост, и фала за сослушувањето. Добра ноќ