Стварно било подруго. Кога се преселивме со моите од куќата гледам дека ни е по раат на сите. Мајка ми си вика колешки на раат, си искача на раат.Спие до кога сака јас исто.А не помино-замини доле одма баба ми и дедо ми да видат со кој сме како сме.. И татко ми некогаш кога ќе беше уморен не можеше да ги ,,откачи”.Ќе ја видат колата знаат дека е дома и ѕвонат, ѕвонат.Вака мир и раат. Можам дома и другар да донесам, а да нема после ау-бау кој беше овој па дилириуми драми правење.
Симона најискрено најпрво пишував заради револитираност кога ги гледав ком на другите како се незадоволни од свекрвите. А муабетот ми е на секој млад брачен пар му треба посебен дом, сами, без трети личности. Колку и да се согласуваш нема сето то исчезнува. Ти треба простор, јас сакам едно свекрвата друго. Пријателки кога да си канам на гости??? А претходното ми беше пишувано и за двете, и интимност немаме,и таа готви. Готвев и јас тоа е најмал проблем. Но в кујна едната се турка за лажица бара, другата кафе сака да си свари. И што чукачки кокичиња секој ден ќе си играме??? И плус не осеќаш слобода бе станува сабајле и друг човек. А за со мм - собите ни се една до друга со свекрвата и никаква опуштеност. Знам јасно ми е дека знаев каква е ситуацијата пред бракот, ама не знаев дека вака се живеј. Немав вакви примери од околината. Некако не гледам излез моментално ама мора да се среди. Само нерви ??? нееее не е тоа живот.
Еве пр. Што ме изнервира сабајлево. Цело време јас кога купувам прашоци ми вика земи ариел или персил само тие се најдобри. Денес на ќерка и и вика ќе ти дадам пари оди купи еко савекс. Зошо не зема едно од горните? Аа зошо она ги дава парите. Колку пати за бебо ми вика абе сакав да му купам некое боди ама шо ќе му купувам кога има. После сакав да му купам чорапчиња ама шо ќе му купувам кога има многу. А баш бодиња бебево немаше, му омалеа. Па и да има, не е на одмет плус да има. Лазањи пред некој ден праевме, требаше ја и мм да купуваме и ми вика земете хопла. Абе викам има пола литар доста е. Е не било, требало повеќе поубави биле. Ок, се сменија плановите ја и мм не успеавме да испазариме па пазарела она ама без хоплата. Изглеа сепак доволна била или па она давала пари. Се е во ред дека нема многу пари ама не е ни во ред се ние да плаќаме 3 пати повеќе
Мојата сабаќјле ми вика декаќ сум била лигава, разгалена. Зошто, затоаќ што и она кога некогаш била снаа чистела па сум можела и јас по девер ми да чистам, друго сум го учела и детето што нема ни годинка да биде лигаво, што ако чичо и во никое време нокта стварал галама не требало да смета тоа. Да не сме се правеле многу галени. Чичо и бил таков и не мпжрл да се смене и ние требало да се помиреме со тоа и да се навикнеме, јас веке не сум си била дома кај мама и тато веке сум била кај нив и на се требало да се навикнам
Oчигледно поголемиот дел од нив се такви. Кај мене свекорот и свекрвата паразити невидени. Мм и брат му заедно работат и убаво заработуваат. Овие тоа го знаат и ги цедат на сите можни начини. Јас разбирам да помогнеш на родители, ама ова нивново е претеризам. Јас стварно не разбирам како можат. Пример моите кога и да ги прашам да не ви треба нешто, секогаш се ти гледај си за себе и мм со своја плата, не се замарај со нас Среќа што живеам со неговите само неколку месеци, пред свадбата - што ни е за брзо се делиме, иначе не би можела да издржам повеќе. Живеење само на страна и тоа што подалеку!
Ги знајме какви се женички. Џабе и секој ден да пишуваме по 3 пати за нив џабе!!! Треба да се пронајди начин за промена. Живеење сами двајцата и после здравје со дете ќе биди потешко за обврски ама колку месец, два негде . После си влегуваш во шема. И слобода имаш шо е најбитно. Отсекогаш сум била слободна, темпераментна и ова не го можам поќе. Изгледам како некоја само шо лаее и се жали, ама преку ми е дојдено!!
Мене ми иде еднаш неделно и ме учи , детето треба да се пресоблече , вака треба да се храни, вака да се пази... се мислам срамота е да и презборувам , да издржам еднаш неделно ама многу ме нервира бе луѓе. Ќе и се истресам кај да е и така ме тепа некоја депресија и променливо расположение.
Слушај Македонка шо ќе ти кажи. Значи чим е еднаш неделно имаш дупло помал проблем од нас неколку шо живејме со неа. И кога ќе ти речи така ќе и речиш ама со убо со мирен глас .. Абе знам Свекрво (и како ја викаш по име или мамо незнам) мајка сум, самиот инстинкт ми кажува шо треба да пеам. Мое дете е најубо си го знам. Сите деца се различни. Јас за мое си знам кога сака Д јади, што сака и знам како да му го дадам јадењето или да го пресоблеквам. Не се секирај ти, ако имам прашања или нешто не знаам прва ќе те побарам и ќе те прашам за мислење. Речи и го ова и ќе видиш. Позз мила
И кажувам туку таа има свое мислење и само повтара 76 години има па ми е жал па ме нервира . И золва ми е докторка и ја полни главата со глупости и кога доаѓаат како да имаат мисија да ги оправат децата
@kostarika Исто и мене и ми е жал ама поќе ме нервира. Да бевме одделени ќе бевме во многу добри односи. Жената е добра ама со колку сакаш седи добра да е па и лоша, каква сака во еден стан ќе се нервирате. Знаете со мајки бевме дома се каравме за обични работи и имавме различни гледања на работите а не со друга жена - свекрва. Како и да е мораш да им кажиш дека не можи за твое бебе да ти солат памет, онака да те посоветват ако прашаш нешто инсле Не! Кажи им знам јас, ако ми треба нешто ќе ве прашам не мора да кажувате на секое. Вас некој ви кажуваше ви солеше памет ? Од околу вака можиш да им речиш со поблаги зборој.
Лееле јас веќе не можам да ги гледам во очи од што ме нервираат а и избувнувам кога ќе ми рече да му сменам прлена на детето дека од надвор се осеќало колку била полна и кога ќе му ја сменам заебанции само, еден саат не му седела ама преполна била...
Пред да останам трудна многу ибаво си живеевме , абе течеше љубезност од сите страни, и кога почнаа после да се мешаат каде да правиме ин витро , колку пари да даваме , да не ме гледал докторот многу на ехо ...
Пробај сврти ја топката накај нив. Ако има золва ти деца давај и ти совети, пред да почнат двете да ти солат памет. Пример: Ако золва ти има дете од 3 год.речи и дека овој период е идеален детето да научи да вози велосипед. У превод Гледај си го твојот живот и не замарај. Ја така почнав да враќам на совети од околината. Некако не им е сеедно кога добиваат назад, ама ако ... Нека осетат како е.
Не е мажена золва ми , нема деца а на свекрва ми нејзината свекрва до 7 години и ги чувала децата пошто свекрва ми кариера правела и живеела во скрос друг грд . Накај да вртам не знам .
Убо ти рече и Shwanger ама кога нема деца ок. Затоа вели им Дека си знаеш ти како треба, фала ви. Ако доаѓате дојдете да се видиме да го видите бебето не да ми делите совети за кои не ве ни прашав. И не паничете толку си знам како треба. Вие кога не сте тука како прам? Вака отприлика нешто речи им со твои зборови. Нема да погрешиш и ќе увидат кај грешат ако малку имаат осет.
Здраво, кога си појдов дома со бебето свекрва ми не знаеше "кај тера", 5 дена ни јадеше ни пиеше, ептен чудно го поднесе доаѓањето на новиот член. Ајде можеби измешани емоции (прво внуче, едниот син го изгуби за жал). Јас како тазе мајка и како снаа што прифатила да е во иста куќа со свекор и свекрва, од неа очекував најмногу помош. Но, таа толку беше исплашена не сакаше воопшто да го фати во раце. Ок, не ни мораше сѐ сама си правев од прв ден во однос на бебето, а на неа останаа куќните обврски. Но, очекував искрено некои корисни совети или да ми покаже како даправам одредени нешта (масирање противтемпература, начини, што во случај на засркнување и сл). Ме изненади што за се поим немаше и креваше раменици.. Во тие моменти се чувствував толку сама... Ок, и за тоа се научив како и што да правам.. Друг проблем е што пуши цигари и доле чува мачка, и плус не води толку грижа околу лична хигиена и сл. Маж ми еднаш ја предупреди за цигарите, таа толку се налути што 3 дена не се качи горе кај внучето. Заради тоа јас преќутно и ги намалив посетите горе. Кога воведовме дохрана таа чувствувајќи се некорисна инсистираше да го спрема млекото. Ок, прифатив зошто за сите беше прифатливо. Сега кога пркна детево, се наметнува да го држи и да го причува за јас да јадам раат и сл. Но, додека јадам ја посматрам цело време.. Без разлика кога се разбудило, и без разлика дали е наспано или не, таа го легнува во релаксатор, му се наведнува над него и го тресе со двете раце. На убав начин два пати и посочив дека детето е наспан, еднаш дури и од раце и го зедов, но таа тера по старо. Друа работа е што не знам дали воопшто мие раце после тоалет или после држење на мачката.. А ја гледам го фаќа за рачињата, и истите рачиња завршуваат во устата на бебето.. Збеснувам... Дипломатски полека имам пробано да посочам за тие работи, но нејзе не и одговара.. Вика, еее цигари . Нека се учи детето на нашите миризби.. Или.. Амии нема врска тоа.. И сл. Кога цел ден сум излезена со бебето ко да е лута... Небаре нејзино е детето и сл. Муабетот ми е дали јас можеби претерувам со замерки или да фатам да применам построги мерки.. Сите ми викаат да преголтам тие работи, дека таа допрва ќе ми треба да ми го причува детето, и да ми спрема ручек, гардероба пеглање перење и сл.. Но кога се работи за моето бебе едноставно попрво ќе седам гладна и жедна отколку да го оставамбебето во такви раце.. Вие како би постапиле? Денес рачето од ќерка ми заврши кај неа на уста и истото раче после ќерка ми го лапна... Не реков ништо но фатив да и ги бришам рачињата на ќерка ми... Свекрва ми видела и се налутила и веднаш кај маж ми се пожалила како јас не сум ги почитувала и сл. И сега маж ми ми вика ништо веќе нема да ти помага низ дома, се сама прави си... Дали претерав со реакцијата? Дали вистински ја навредив жената?
Ako ne si sigurna vo nea ne treba da I davas obvrski okolu deteto.Sekoja majka intuitivno znae sto treba da pravi.Svekrvati imala teshka sudbina, izgubila dete.Normalno e da e raseana, zapostavena ili da reagira razlichno. Ako ne cuvstvuvas doverba kon nea , chuvaj go deteto sama.Ne si edinstvena koja nemala pomos od majka ili svekrva.Jas nemav, pa ziva sum. Prednost mi bese sto si ja vospitav kako sto sakav. Za peglenje I cistenje si plakav zena.Malku napor I dobra volja ke uspeete so soprugot.
И татко ми и свекрва ми пушат (не многу, ама доволно да мириса), ама затоа кога доаѓаат кај малава не пушат ни на тераса. Дома што сакаат нека прават, кај бебето не може, детето надвор не го носев кога беа маглите зимоска зошто ужасно мирисаше, а не некој да ми мириса на пепељара. Од се што имаш кажано ова најмногу ми падна во очи, па затоа го коментирам. За другите работи, јас да сум била, свекрвата ќе поминела многу полошо. А дали се навредила е нејзин проблем. Јас уште трудна додека бев реков на двете баби да не помислат да ми се мешаат во чувањето на детето. Ако сакаат да помогнат низ дома, бујрум, а детето ќе се чува како што јас ќе кажам. Ако не им се свиѓа, нека си седат дома. Јас ќе седам во неперени алишта и гладна, ама детето сама ќе си го гледам.