Е зато ќе си кажиш со време: Деца, или се' ќе биди по мое, или одделете се од старт. Да знаат во што влегуваат, и информирана одлука да донесат.
Море и те како еден ден ќе си ја подвиткаат опашката и ќе ќутат. Зошто па само јас да ќутам и трпам. Искрено, пред малава ми беше гајле. Ама откако останав трудна ги увидов проблемите. Кога се породив уште повеќе. Потрпев, ама само нецели 3 месеци од кои 3 недели бевме кај мајка ми. Се што имав му кажував на маж ми, среќа имав поддршка па си отидовме. Имаше натегање не дека не.. неколку пати кавга со мм да укаже на некои работи или толку од бракот, пошо не дозволувам мајка или свекрва да ми планираат живот. Полека полека си легнува на брашното. Е сега ќе се задоволи и со еднаш одење кај нив неделно, зошто знае дека ако префли и тоа ќе прекинам. Ама затоа му викам на мм. Оди бе, земи дете и оди кога сакаш. Мене остај ме таман ќе одморам. Едноставно разбери дека не ми е мило да одам во таа куќа. Ти можеш кога сакаш. Ама па тие, од љубов према синот, во оваа година и кусур поручек кога он е дома дошле само 3-4 пати... Ама на моето дете сакаат да му се родители. Ми е гајле.. дете во градинка, јас одмарам, таа не ми се плетка. Уште да се вработам и мислам полесно ќе дишам. Ама многу голема улога имаат мажите во се ова, ако имате поддршка ќе успеете, ако не, џабе е се. Мое дете, никој не ми чувал. Има 19 месеци, само 1 ја имаме оставено со бабите а ние отидовме на роденден зошто во тој стресен период морав да се опуштам. Секаде ја мкнам. Секаде! Од прв ден. Ако мислат дека не можеме без нив, јас ќе им докажам колку грешат. И не, не е ова само за свекрва, и за мајка е... Едноставно во заедница секој некому ќе пречи. Ама, се додека нема навреди, наредби, карања, дерења, превзимање на улоги.. е ок. Ако им е помило да прават проблеми, од тоа да им трча внучето кај нив дома, нека прават. И да, ако имам син, ќе гледам да живеат сами. И за ќерка ми исто. Ќе гледам да и обезбедам кров над глава, нешто нејзино, не заедничко, па таа ќе одлучи како и што сака.
Никој не сака да живее во заедница, ни јас исто. Но со мм имавме убава врска, љубов и почитување и испаднаа раб така како шо испаднаа. Нашите не можат финансиска подршка да ни дадат, не ни бараме уствари. Вработени сме двата со нормална плата, но дали е доволно ? Моментално ова можиме да си го дозволиме и затоа седиме со свекрвата. И бебе е на пат. Заедно со мм се бориме за напред секој ден, кажувам дека кој сака нека е не се живее во "тројка " или "четворка" во мал простор. Не сакам да се објаснувам, оние шо сами со партнерот со борат во живото е сфатат, а останатите со поддршка од страна можат шо сака да си мислат. И никој не бара потчинетост од свекрва. Едноставно повеќе разбирање и согледување на околностите и најбитно прифаќање критики.
@Makedonka007 очигледно дека не се предава свекрва ти. И ако не се прилагодиш и ги модифицираш ситуациите во твоја полза, само ќе се нервираш. Наскоро бебче ви доаѓа, а тоа не е мала работа, најзахтевен член ќе биде во фамилијата па ако таа продолжи вака да се однесува уште поголеми проблеми ќе имате. Со арно со убаво само. Ако гледаш дека неможеш да ја победиш, тогаш внимателно бирај зборови за да не се налутите (како да не најдов некаде да си пишала дека ќе се делите од нив) зашто ќе мора се да делиш со неа. Лоши зборови -НЕ. Луто кажано -НЕ. Биди политичар. Тогаш кога си најмногу извадена од такт пробај да не покажуваш туку со малку муабет да си оствариш тоа што си намислила. На пример: ако и понатака дроби краставица во салатата на маж ти, на само речи и - те молам се што е поврзано со син ти остави ми мене, мерак ми е да му правам салати, сакам кога ме фали. Или ако ти дроби лук : неможам да го поднесам лукот, те молам кажи ми другпат кога ке ставиш да си зготвам нешто друго. ... значи, дај и до знаење дека нема да и се мешаш во нејзиниот начин на водење домаќински работи, ама и таа нека не се труди да те менува тебе или да ти покажува како треба. Искористи го времево додека дојде бебо на свет да и дадеш јасно на знаење дека не ти треба нејзина помош и искуство зашто утре вака ќе прави и кога ќе сакаш ред на детето да ставиш.
Знам душо дека има неразбрани, ама тргам од фактот дека пред да ја раскинеш врската со свекрвата и свекорот, треба да ги употебиш сите паметни методи. Ако не успееш, тогаш -едно се знае- правиш услови за делба, ставаш крај со нив и си продолжуваш. Меѓутоа, и сега треба да се размислува за некоја рационална поделба на домот. И сите да се задоволни а и да се младите башка.
Мила фала. Со исто размислување и однесување сум од кога дојдов. Значи пред 2 години. Не се имаме скарано досега. Ни лоши зборој навреди и сл. И нема да згрешам ако речам дека снаа како мене е реткост. Ја почитувам жената како човек, порано дури и се дружевме кафе и слично. Но и тогаш и сега е иста. Како најстара сака да контролира, таа да ги држи конците. И порано и велев Се со убаво и плус и објаснував и и давав простор да кажи решение или мислење за сите работи дома. Ама таа е горделива жена, не си признава грешки. Да ја искараш или нешто грешка да и кажиш, ооо ќе се налути и ќе дава на се изговор како зошто било. И толку таква е, тврдоглава своеглава. И за то и имаме велено вели таква сум сега не ќе се менувам. Со ја знам јас. А и ти ја сфатив поентата на коментарот. Фала. Гледај на добра страна, дека дома човек ќе биди овие месеци година,, од помош. И то е то. Нема да ја клавам на дикат, мои обврски си гледам. Пишав овде со намера да се искажам и да видам дали некој дели мислење со мене, можеби и женичка со слично искуство па да си дадеме некој совет. Позззз
Ќе ја ставаш секако на дикат, ти сега за една краставица ако си ја ставила или за едно парче лукче кое реално ако не си го видела немало да го осетиш, има да ја ставаш ептен кога ќе ти вика не ти напредува бебето, дај му вештачко или тетрапак, кога ќе ти го зима од раце и ќе вика пушти ја мама не знае, дојди кај баба... А баби се, такви се, родени се да паметуваат. Тоа им е работа.
Ќе видиме како ќе биди понатаму. Не можам сега да кажам. Мое мислење е сега не ја клавам на дикат. И не знам како се однесува од бебе и со мое бебе. Ситуациите сами ќе кажат. Сепак фала на мислење. Позз
Одговорот го имаш во последниот дел...шо ти леже на срце се да им кажеш не само на свекрва ти туку и на маж ти. За шо да бидеш ти крива што се обидуваш да си го гледаш бебе како што мислиш дека е најдобро за него. Не дозволувај да те газат па макар и најлоша да си во нивни очи. И тој твој маж треба да ја чукне малку главата не уште да си ја брани мамичка.
Ме наапаа синоќа. Дојдоа на гости. Тој одма го фати даљинското, небаре дома е. И мења ли мења канали. Ех шо ми се напрај мерак не ја најде програмата. Немате тоа? Нема викам... не ни видов дал има ил нема, ми е гајле. Таа опседната со внучка, ела кај баба ела кај баба, дете мама па мама.. срдла 64 годишна, епа ај чао си отидов јас чим не ме сакаш. Кој муабет на дете од 19 месеци. Влегов да ја бањам, тогаш им текна да си одат. Али не може тоа тивко, дете да не чуе, него гласно, деца ај чао, отидовме ние. Па коа врисна дете, помодре од плачење. А знам намерно прави, за да испадне ете дете плаче по мене. Не знам само зошто, коа дете ги сака подеднакво сите, сите исто ги бара и збори. Да не зборам како се понаша према нејзината свекрва, што јас со моето воспитување колку и да ме повреди, никад не би правела така. Но, нејзе толку и сече, него овој каде со понашањето? Многу ми е луѓе некултурно, отидам на гости и некој таму си гледа некоја емисија... не па вака да зеам и ја да си мењам.
Сме праеле муабет, истите ги имам и ја. Одби на глупост. Моево плаче кај свеки, а кај сите оди, само кај нејзе не сака, и пробува да ми укажува демек дека не ја познава. Моиве само не доаѓаат на гости, не изразиле желба, нит ги викаме. Еднаш се најавија да прошле после 21ч. Маж ми им објасни дека бебе тогаш спие и дека ни е доцна, па еве 7 месеци глумат увреџени. На син им. Одби им на глупост.
Ма ја веќе отрпнав. Шо ќе се расправаш... него да се најдеме у муабет. Затоа и викам веќе нејзиниот памет го научив. Тоа е..
Е да, за да си олесниш пиши си. Ја колку причи насобрав периодов, неам толку батерија на телефон да се изнапишувам.
Мора да си збориме, не чини у себе се да се држи.. а некои работи па и не се за да губиш време и да се расправаш. Едноставно тоа е што е.. ќе си превртам со очи, ќе се свртам на страна. Ќе избројам до 10...
Не ги викајте на гости. Мајка ми, вчера ми се јави и ме праша дали сакам да дојдат со свекрва ми двете за викендот (не живееме во ист град). Свекрва ми и предложила таква идеја... И' реков: Елате, таман ќе имам причина дома да не се свртам.
мене некој вака да ми се однесува ќе му се насмеам културно и веќе никогаш нема збор да чуе од мене, ни дете нема да ми допре.