Ti si kriva ne i go davaj deteto i kraj. Da go drze nekoj pa posle da mi povraka od toa posledno ke im bide.deteto mi e na prvo mesto.
Како бе вака до овој степен? Ако не сакам мајка на гости да ми дојде, кој да сакам? Верувам разлика во генерации, куп несогладувања... Ама мајки ни се. За што живееме ако не зс семејствата?
Оти да не? И таа би ми кажала ако нешто не сака. Нема да и' се налутам. Двете заедно не сакам, една-по една, нека идат. Не е несогласување, туку баш согласување.
Има луѓе со осет и без осет. Сакам да ми дојде мајка, и да му дојде мајка.. Мајка ми ќе дојде за сите да не види, таа само детево да го види. Мајка ми не би сакала да доаѓа секој ден, да седи со саати. Таа би седела 24 часа. А за кај нејзе треба свечено да се најавиш, да се припреми, па после 8 да идеш оти она не може у 7 гости да чека. И не секој ден. Ама ти, ти треба да трпиш и да угодуваш, оти семејство... Е јбг мајка ме воспита дека сеа маж и дете ми се семејство. Затоа се нели гости. Не е работата за несакање да дојдат. Работата е што доаѓаат у туѓо, а се понашаат ко у свое. А снаа кај свекрва не е у свое, у на свекрвата е...
Штом они двете заедно се договориле и сакат да дојдат, претпоставив дека слогата постои. А штом постои, одев на логика дека не гледам причина зошто два дена да не поминам во друштво со нив знаејки колку знае животот да биде суров и непредвидлив. Поготово кога сме ние во овие години. Но секој од вас си знае по дома како му е и што му се приоритетите. Не осудувам никого. За мене е несфатливо.
Муабетот е: Мој дом-мои правила. И тоа важи за сите.. и за мене, и за мајка, и за свекрва, и пријатели, и роднини.. Секој ќе си одбери за себе. Секој си има различни потреби, и нема шо да му се лутам јас на некој ако ми речи: 'Не можи да дојдиш денес на гости'.
Очигледно не се разбирМе. Апсолутно секој свои правила и потреби. Но дефинитивно имаме и различен поглед кон вредностите во животот.
Море да имаш потреба ќе молиш да ти дојдат, ама брзо забораваме. Мене мајка сега да ми се јави да ми каже ќе дојдам на викенд, ќе ја бацувам слушалката. Со свеки двете нека се натокмат, јас има да уживам, да ги гостам и да ги тинтрам цел викенд, само да ми го играат детево, да се порадува на нив.
А што има врска ако сака посебно да дојдат, едноставно може сака да си направи муабет со мајка си што не може да го прави пред свекрвата. Јас кога ја викам мајка ми на гости свекрва ми секогаш спаѓа на кафе, океј е пошто се видуваат и тие ама некогаш сакав да си направам муабет со мајка ми на раат, а не можев. А некогаш и јас не сакам гости макар тоа било мајка ми, татко ми или брат ми и искрено им кажувам дека сега не ми е до гости, сакам да одморам ако тој ден ми е слободен, не знам што толку драма направивте околу одговорот на Вајлд, како да рекла не сакам веќе очи да ви видам.
Без веза како скоро и на секоја дискусија се испревтеа зборовите. Вилд нсгласи дека не живеат во ист град. По дифолд му доаѓа декс не доаѓаат често, може грешам не знам. Им реков ако дојдат јас ја факам вратата на надвор, мене бар не ми укажува дека ете тој викенд не ми е до гости, дојдете наредниот. А нормално дека на сите не секогаш ни е до гости. Ниту пак таа реченица ми укажа дека сакам на само баш тој пат мсјка ми да дојде. Ако грешка проценив, нека прости Вајлд.
Скроз се согласувам со ова. Јас со мајка ми можам да зборам се и сешто буквално, па и да се искарам - големите чуда. Свекрвата не сакам да ја коментирам - прича за собом.
Големо чудо ако сакаат заедно да дојдат, а тоа покажува дека постои слога помеѓу двете. Ако сака да си направи муабет посебно со мајка и има телефон ќе си кажат што треба. Еден ден ќе ги барате да дојдат, ама ќе ги нема. Страшна работа сте некои.
Ама што сте се запнале сите, што ако дојдат па шо ако дојдат. Никој не рече да не доаѓаат или слично. Туку дека треба да запазат ТУЃ куќен ред. Тоа не е само за свекрва, мајка. Тоа е за било кого. И тие може не сакаат гужви, куп луѓе, зар да им се лутиме ако со убаво кажат кога да им отидеме. Ако има слога има и договор. Ако не разбираат со убаво, значи нема слога. Точка!!! Еве јас сакам една по една зошто кога се двете тука, детето е растргнато. И тука нема веќе простор за мене, туку мислам на детето мое. Знам што го нервира, што го тревожи. После не спие ноќе, плаче прета, преживува. Зошто сирото не може да им угоди на двете. Ама вероватно треба и дете да се жртвува за нив да им се угоди.
Да бе страшна работа сме некои оти сакаме да ни се почитува редот во сопствениот дом. Еден ден мајка ми ќе ја нема па може сакам у живо да си направам муабет, ако тоа ме прави лоша личност нека ме прави.
Ај бе па ти, остај ги. Повеќето 'од култура' нема да речат 'не', ни на мајка, ни на свекрва, па после ќе крекаат оти не било по нивно. Сам ако не си напрајш ред, кој ќе ти напрај?
Сите со свекрви имаат проблем , јас со на татко ми мајка му . Најлошо е што има 82 години , па од почит не и пререкуваш