Јас па не можам да ги сватам и оние кои се во заедница. Каде им се мажите?? Нема бре ја што да се расправам со неа, мајка му е на маж ми не е моја. Мене да ми каже нешто за мајка ми дека не го почитува или слично јас знам одма да си се справам со мајка ми. Има се да знае, па да го видам како ќе се постави. Иако не сум мажена имав искуство со скоро свекрва од пеколот и фала богу на време се свестив. Ако мажот зна дека ве малтреира и си свирка, тогаш тешко вас со тие мажи.
факт е дека односот снаа-свекрва никогаш нема да биде идеален ... еххх ...јас си имав поприлично ОК ( идна) свекрва . да бидеме искрени и јас си имам некои мои маани ама никогаш не сум и пререкла ништо и покрај тоа што она е отворена личност што би рекле без влакна на јазикот (што мене тоа и многу ми се свиѓаше кај нејзе подобро така него ли пред мене лизна мазна а позади грб 300 глупости да збори), знаеше некој пат одоколу да ми префрли за нешто,или да ми пререче за некоја глупа работа како на пример за спиењето до касно ама не и замеравав .какви примери имам видено, какви свекрви коса да ти се крене мојава беше супер ,и баш ме радуваше тоа си викав вака така ке си најдеме некој заеднички јазик ке си се сложуваме . НО пред брзо време се случи мало недоразбирање ,кавга помеѓу мене и дечко ми и она се замеша кажа нешто што многу ме навреди и неможам да преминам преку тоа . од тој ден несакам да ја видам, престанав да одам таму ( а пред верење сме за недела две треба збор да си дадеме ) ...додека не се одделиме од нив (во истата куќа живеат и брат му и снаа му со две деца - тоа е лудница ) нема да стапнам таму ...незнам што ке се случува понатака можеби ке прозборам пак со нејзе не викам не ке дојде време ке имаме и детенце нормално ке сака да си го гледа внучето ама и да прозборам тоа ке биде строго службено едино од почит кон НЕГО на крај краева каква е таква е мајка му е ...
MSkorpionka i jas go imame istoot problem ama i jas sega ja staviv na ignore ic ne me interesira za nea ne mi go cuva deteto..nemora ke go odnesam kaj majka mi...ne mi pomaga nisto nemora....ako zbori nesto loso (a toa i e sekojdnevie) od edno uvo vleglo od drugoto izleglo...ne se zamaram ama bas ic so nea
DeMelo, „свеки“ е нагалено од свекрва (знам дека знаеш), и е многу подобро од „кроки“ (крокодилка) . Исто така многу е подобро да и креваш палец на свекрвата кога те нервира, отколку среден прст. Спојлер Во врска со палецот: Снаа и свекрва си живееле во една куќа. Имале гости, слава некоја или небитно. Свекрвата, како свекрва, цело време нешто и дофрлува на снаата пред сите, демек да се покаже: снао донеси од она, снао раскрени ова, снао вака, снао не така. Снашката си се смешка цело време и и крева палец :up: на секое дофрлување на свекрвата, и пак си тера по свое. Си отишле гостите, и свекрвата ја прашува снаата: Добро мори снао, цела вечер ти кажувам што како, а ти ем ми креваш палец :up: ем ништо од тоа што реков не направи! А снаата на тоа вика: па добро зарем пред толку луѓе сакаш среден прст :finger: да ти покажам? Овие снаиве овде не пишуваат бидејќи се многу задоволни од свекрвите, напротив. Среќа што денешниве свекрви не го научиле форумов . Јас си живеам со свекрва. Не е лоша: не ме тепа, не ме пцуе, не оди по бајачки, не ми прета по алиштата (се надевам), не ми го фрла јадењето... Е сега, како сите свекрви: ме гледа со белките - одвреме навреме, ќути цело време - а пред луѓе знае да ме нападне- онака одоколу, знае да мрчи понекогаш, прави некои работи кои знае дека ме нервираат - демек несвесно, демек она не разбрала, демек не видела (а пред нос и е се‘) и сето тоа се јаде. Ама кога сопругот ќе се испонаша демек: „не ме мешајте мене, не ме ставајте на средина“ ми доаѓа да . ЗЛАТЕЕЕН ти СИ во средина! Да не беше ти јас и мајка ти и не мораше да се познаваме, а камоли да живееме заедно!!! Во секој случај им завидувам на тие што не живеат со свекрви. И никако не можам да ги разберам оние кои не се мажени, или за малку ќе биле мажени - а тука најголеми судии се.
nena2010 мм цело време е запознаен со целата ситуација....ама и мојот златен не сакаше да се меша во ништо, ни пак да биде во средина...и затоа најлесно му беше да си ја летне од дома па ти трескај си ја главата од ѕид со неразбрани луѓе ( да не употребам некој полош збор)...... „што да и правам кога е таква, знаеш дека со неа нема разборачка“ и ќе си се повлече фино лепо ќе си излезе со другарите пошто не можел да ги трпи кавгите...а јас дома со мало дете и ,мал милион обрски па одозгоре и онаа цело време ти лази по нерви....... и да во право сте не се криви свекрвите туку „мамините синчиња„ што нејќат со ништо живо да се замараат.... затоа и дојде до тука...до фаза на развот...па и сега кога се разведуваме ме моли да се простиме а никако не попушта дека они се кривите..... и точно така па мажите СЕ во Средина..... некогаш и јас ќе бидам свекрва...и како што одат времињата сигурно нема да бидам добра не дека ќе правам кавги ( да ми го чува Господ паметот само) но доколку се појави некој проблем јас би сакала син ми да седне со мене и да му укаже на се....и не би се лутела на тоа, туку би била среќна што тој би застанал на страна на снаа ми(на крај таа ќе му биде животен сопатник).....и доколку синовите би се занимавале со оваа проблематика мислам дека во мн случаи ќе се намалат кавгите...... бидејќи синовите можат најмногу да влијаат на нивноте мајки о да кажат „ мамо ти благодарам за се до сега, но отсега јас си имам СВОЕ семејтво, своја Жеена што ми подарила внимание и нега....пак си ми мајка, но сега жената и децата ми се на прво место“..... толку
За среќа не живееме заедно, во зедница не би можела да живеам ни со моите ни со неговите, ако дојде ден кога би отишле кај нив тоа би било единствено со моментално делење на се, не сакам ни заедничко готвење ни заеднички сметки ништо, колку ќе можам сама толку. Како прво знам дека и јас не сум некој карактер кој сака да се прилагодува на другите. Колку ми е долга чергата толку ќе си ги пуштам нозете. Јас пак не ги разбирам оние кои живеат во зедница или се во некој посебен дел од куќата,спрат или слично,а знам доста вакви примери не од форумот од мојата околина, свекрвата и свекорот им ги подмируваат СИТЕ сметки, свекорот го полни фрижидерот, свекрвата готви, овие младиве ќе се симнат доле ќе се најадат и си се качуваат горе свекрвата ги мие садовите и се така. Горе кај младиве се купува само нешто за гости и така по нешто ако им се каснува нешто доцна кога овие стариве си легнале да спијат.И нормално се троши за одмори за шетање за скапи автомобили Е па браво и после тоа се жалат кога свекрвата им се меша во животот или пак уште полошо се жалат не им помагале. Е како да не ми се меша, и дома додека бев кај моите родители кога чекав пари од нив прашував Мамо може летово на одмор, Тато може вечер на концерт... кога имав веќе свои пари во џебот беше, Јас ќе одам .... така да кога би зависела од нив ќе си се нервирам и ќе си траам, пак се со граници нели, ама за тоа ако имам пари за да идам до Дојран на одмор ќе си платам и ќе си идам, нема да земам од нив за да одам во Црна Гора на пример, ќе си возам помал автомобил наместо некоја мечка, ама за тоа пак мирот никој не може да ми го земе.... Или пак не Значи имам коректен однос со свекрвата, не сакам зближување некое големо со неа да ми биде најдобра пријателка да можам се да и кажам, не сум имала такви замисли никогаш, а и да сум тооолку сме различни карактери со неа толку неможам со ништо да се согласам со неа и за тоа гледам за да не влегувам во конфликт, бидејќи ако и кажам дека не се согласувам со нејзино мислење е веќе конфликт за маж ми и кога ми прави некои муабети јас само климам со главата значи овој мојов ме вади од такт, и кога не сме со нив тој како некој ѓавол да влегол во него , толку е преукопиран со неговите што без потреба се караме го следи секој мој потег зошто не сум била повеќе насмеана кога зборувам со неа, постојано ми прави фаци како да се насмеам, како малку им правам муабети, па малку време минувам со нив, а колку сум јас толку е и тој. Искрено не ми легнаа на срце од почетокот направија многу грешки кои никогаш нема да и ги заборавам, ама не сум им покажала ниту сум кажала нешто, и наместо да биде задоволен што преќутев многу работи заради него тој изграва жртва што јас не сакам блискост со мајка му
Се сложувам потполно со горенапишаното. Ама за оваа ситуација мора со повреме да се реагира. Да не се дозволува свекрвата воопшто да се пика и да рошка во спалната, да научи да го почитува тоа што ќе го сработи снаата, да сфати дека и снаата сака да зготви нешто по свој мерак итн... Мора со повреме, од почеток да си со поцврст став, зошто ако те види мека, ќе си прави по нејзино, па после тешко е да ја одвикниш, а ќе си имаш мака. Сите мои другарки кои беа построги од почетокот, си тераат супер. Сите тие мекушести, меѓу кои бев и јас (каде само си молчевме од страв и срам) трпевме и претрпевме. И многу јасно е дека спалната се знае чива е, што мајка бара таа таму???? Едноставно ќе влезе и што ќе ми прави внатре???? Јас имам своја соба дома, ама никој од домашните не ми влегува, не па утре свекрвата да ми влегува и претурува, па уште да зборува по народот.
тооолку сме различни карактери со неа толку неможам со ништо да се согласам со неа и за тоа гледам за да не влегувам во конфликт, бидејќи ако и кажам дека не се согласувам со нејзино мислење е веќе конфликт за маж ми и кога ми прави некои муабети јас само климам со главата значи овој мојов ме вади од такт, и кога не сме со нив тој како некој ѓавол да влегол во него , толку е преукопиран со неговите што без потреба се караме го следи секој мој потег зошто не сум била повеќе насмеана кога зборувам со неа, постојано ми прави фаци како да се насмеам, како малку им правам муабети, па малку време минувам со нив, а колку сум јас толку е и тој. Искрено не ми легнаа на срце од почетокот направија многу грешки кои никогаш нема да и ги заборавам, ама не сум им покажала ниту сум кажала нешто, и наместо да биде задоволен што преќутев многу работи заради него тој изграва жртва што јас не сакам блискост со мајка му i mene istoto mi e slucuva so maz mi ama jas veke samo eden muabet so nea kako si sto pravis i tolku si stojam poveke na distanca gledam deka ne mi ide so nea ni muabet ni zivot i najubavo mi e vaka barem jas i maz mi sega tolku ne se karame dodeka bese kaj nas sekoj den imase kavgi ona ke mi kazese nesto jas na nego ke mu se pozalam i eden raspravija sega ona ke mi kaze nesto uspat kako sto si ima obicaj da dofrla ama ne ja registriram ednostavno e na ignore kaj mene...
Маца според мене имаш право што се лутиш и што ти е криво сепак превише си дава на важност свекрвати ти си член на тоа семејство и имаш право да си ги извршуваш домашните обврски, а не да те третира како гостинка. Многу јасно млада си, тазе мажена мерак ти е да се грижиш за домакинставото, ако понекогаш готвиш незначи дека си поголема домакинка од неа или па немој ако зготвиш ќе ги отровиш! И мене би ми пречело да ми влегуваат во спална сепак тоа е моја интимнос. Сега некој ќе рече од каде ви помагаат па згора се буните е не е така не ти помагаат туку на тој начин не ти дозволуваат да се чувствуваш како дел од тоа семејство, како да припагаш таму прават да се чувствуваш како гостинка.
^ Ќе видиме како ќе биде сега.Маж ми заминува странство,јас со нив .Имаше надеж дека куќата ќе биде средена до септември ама ќе се пролонгира,заради е**ните мајстори што не зезнаа Како и да е веќе не и ставам на срце,нити се замарам.
Само едно ке ти кажам не се замарај со нив. Куката ке се среди кога тогаш ке си бидете сами , после друго ке е. Млада си да губиш нерви за глупости со свекрвата . Чепкала каде што не и е местото За готвење . кога сакаш зготви си за тебе ако пререкува не ја ставај на памет. па не мора нејзини јадења са јадеш ако несакаш И јас бев во слична состојба додека живеев во заедница , не беше лошо ама сами си е најдобро Издржи уште малце и чувај нервите
Стандард ја следам темава, а не знам ни самата зошто Сакам да кажам - среќна сум што пу пу, немам проблем со свекрва ми, ниту таа со мене. Одделно живееме од сам почеток, ептен ненаметливи луѓе се (дури и премногу, искрено би сакала да ни доаѓаат на гости почесто, сакам ќерка ми да поминува повеќе време со нив, ама тоа е...), си ги прифатив како карактери и ептен си ги сакам. Мажот ми е се` само мамина маза не, и ако јас не го натерам да им купиме поклон за било кој повод, тој ич не се замара, ниту пак префрла ако заборавиме. Знам дека сум среќлика, ретки се денес свекрви кои снааите си ги третираат како ќерки, ама па свесна сум дека голема улога има и моето однесување во целата ситуација - во 3 год збор не сум пререкла, глас не сум повишила, ниту (најважно) - нешто сум му рекла на мажот ми насамо....имало ситуации кои не ми биле по ќеиф, посебно кога малата беше бебе, ама не сум од тие мајки кои мислат дека децата се само нивни, и дека ако тие решат - бабите може и никогаш да не ги видат. Моето дете има потесна и поширока фамилија, и сакам да научи дека сите се почитуваат и сакаат како такви - фамилија. Плус што ми е ужаааасно ниско на мажот ми да му зборам за мајка му и татко му....го изгледале 32 години, и сега јас паметна сум се нашла, ќе им решавам односи во фамилија (???) Нит сум прашала, нит ме интересира наследство, пари, имоти....пусто луѓето упорно ме прашуваат и мене за мислење, а јас само кревам раменици и не велам „Не знам, не ме засега тоа мене“ (оти ме искараа, дека и јас сум фамилија и дека ТРЕБА да кажам мислење) туку се правам ретардирана, демек немам решение за дилемата Треба многу компромис и трпение....секоја куќа си е приказна за себе, и никој не сака нарушен мир, ама па мораме да имаме основен кодекс на однесување, оти иначе паѓаме на друго ниво. Да напоменам - Кога одиме на одмор, свекрва ми ни доаѓа дома, ни чисти, ни средува (да, ни сменала и постелнина), ни ги чува цвеќината, пушта машини за перење и сушење, ги реди работите во гардеробери, и ниту еднаш не помислив дека ми нарушува приватност и заради тоа да и` преречам, или не дај Боже да се искарам Секоја недела (а често и саботите ) сме на ручек кај нив и сите сме пресреќни - ние конечно одмараме сами, а тие имаат повеќе саати на располагање со внука им Можеби до мене е, можеби јас сум лежерна личност па нешто што реално нервира мене не ме тангира, ама сакав само да дадам до знаење дека може прекрасно да се живее кога од време на време оставате свекрвата да направи нешто за вас, оти сепак, мажот ви нема никогаш да престане да им е син и тие секогаш ќе бараат начин за да покажат дека се` уште се грижат за него.... Поотворена жена и поголем интелектуалец од неа се` уште не сум сретнала. Алал да и` е на синовите што ги израснала и научила дека жената не е роб во куќата и дека колку повеќе и` помагаат - толку повеќе им се враќа. Ама па и самата (преку син и`) ја одбрав
Да ми е овој памет сега поубаво ќе ги запознаев и нив пред да решам да се мажам. Е ама немаше кој да ме подучи. Да ги знаев какви луѓе се, колку и да звучи сурово можеби немаше да ги одберам. Не знам зошто мислев дека нема потреба да се запознавам со нив, ама ете несикуството си го прави своето и пред да се омажам ги имав сретнато само еднаш Колку и да велат ти не се мажиш за нив и сум верувала во тоа ама алоо бре Скарлет па влегуваш во тоа семејство го носиш нивното презиме како не било битно какви се тие Еј треба да раѓам дете кое ќе ги носи нивните гени Не сакам да звучи дека ги мразам луѓето, ама карактери, размислувања, сфаќања А син им не знам, најверојатно тоа што со години е надвор од дома имал среќа да не прими најголем дел од нивните особини, а таму каде што останало нешто имав време да го превоспитам
не рекле старите за џабе Ќ и куче се зема од фамилија ( со педигре) не пак маж или жена)....... и јас велев така дека нема врска фамилијата, но не е така...секоја чест за исклучоците...затоа што секое дете или е огледало на родителите или целосна спротивност..... мм растел со тепање малтретирање, непочитување на жена, терање инает и сл...и за него тоа се најнормални работи- значи станал слика и рпилика на нивните ненормални навики.... додека пак зет му рател со татко алкохоличар што ги малтретирал по дома....а тој е целосна спротивност....внимателен грижлив и одговорен - значи гледал како НЕ треба и сфатил дека то е погрешниот начин..... значи се е индивидуално и варира од човек до човек
Е сега и јас да се надоврзам на тоа,значи мојот татко многу пропатил во животот поради мојот покоен дедо,одел се коцкал,пиел,по жени нон стоп ја тепал баба ми и се разведувале неколку пати и долга приказна,мојот татко сосема спротивен од неговиот татко,ниту еден збор лош и нема речено на мојата мајка а не пак да ја удри,никогаш не се коцкал а камоли да се опива и да се прави циркузант,никогаш нас не нема удрено значи секогаш сите работи ги решавал со добар збор,така да не значи тоа демек каков татко таков син некои луѓе на работите гледаат со различни очи
лелеле луѓе што ќе се прави со овие свекрви незнам ? Јас ако треба да зивеам 2 години повеќе тие ќе ме умрат.. мм 2 недели како си е дојден од странство,сега оди на работа и како си дојде од работа влегува прво да се истагува со мајка и потоа влегува кај мене за вечера и за спиење,си ја слуша нејзе,се караме,ме истерува да си одам кај мајка ми,луѓе ве молам за помош што да правам незнам.поззз до сите ве <3
Па ти имаш 18год а мм ти 19-20 год ?!? Што друго можеш да очекуваш од него кој е сеуште несозреан и не се тргнал од скутот на мајка му. Ако сакаш да ве биде, осамосталете се и преземете ги сите обврски во свои раце. Ако е мамин син тешко ќе го отргнеш од свеки. Ако сте свесно влегле во брак тогаш што правите во бракот?!? Ако те тера да си одиш кај мајка ти тогаш зошто сте во брак?!?! Што да правиш? Ќе си го седнеш и ќе му кажеш, ако сака да ве биде ќе играте по свои правила или секој на своја страна. Нема логика и смисол да си ги уништувате животите еден на друг
Spored mene ne bi trebal da se zivee ni so roditelite na zenata ni so na mazot! Sekoj na svoja strana. Taka ke se nema problemi. A mazot i zenata ke imaat pogolema sloboda i intimnost. pozzzzzz
Немам маж сеуште и сеуште ми е рано за тоа но сепак сакам да видам што мислите за овој однос од страна на мајка му.Сите негови другари и сите што ја знаат жената велат дека е супер дека е секогаш насмеана дека секогаш прави муабет со сите е расположена како да кажам се најдобро зборуваат за неа,но јас не мислам така еве на пример во врска сме 1 година но јас сеуште немам седено со неа сме се запознале во влезот на зградата со едно добро вечер и давање на рака и тоа е се,од кога сме заедно кога и да одам кај него не ја видувам никогаш само кога се отворени врата на дневната,доколку се заклучени влезните врата таа само ги отклучи не ги отвара,кога ке влезам и ако ме види само здраво и си врти глава како да ме нејќе јас стварно незнам што сум погрешила, не сум му ни на него, а најмалку па на неа,едноставно чувствувам како да ме мрази.Што мислите вие за овој контакт? Незнаев каде да го поставам прашањето во друга тема но мислам дека и тука е добро.Благодарам! П.С. Мајка ми го обожава секогаш е се најдобро кај мене дури и самата го вика да дојде
Идеален контакт меѓу девојка и мајката на дечко и за твоја возраст Зошто мислиш толку и имаш потреба да си со неа блиска? Те познава која си, сте се запознале и не знам зашто би сакала да се зближувате кога и така ти е рано за мажење. Можеби и жената не сака да се зближува со некоја која не е сигурно дали ќе му биде нешто сериозно во иднина. Уживај си во младоста и не се замарај со глупости