И да не сакам , секогаш така правам . Така ме воспитала мајка ми . Секогаш ми велеше - на постари тон не се повишува , и јас така си терам ..
Ама некогаш и треба. Јас тон не сум повишила на госпожата, ама јатрва ми партали ја прави. Женава страв има од неа. Колку и да сакам да и се развикам, не можам.
Мислам дека сум го пишала ова и претходно. Подобро јас да сум лоша снаа, отколку да имам лоша свекрва.
A veruvaj mi I toa pomaga molcenjeto ne sekogas e zlato jas koga i pokazav zabi na mojata sto izigravase majka na moeto bebce sto na sto se smenija rab sega jas kako ke kazam taka ke praveme so moeto bebce
Вака шо ве читам.. Ке го раѓаш, ке се грижиш за него, преку време на работа ке одиш за да има пари за се и на крај ке отиде во друга куќа и ке ја матретира некое чудовиште смрдливо. Ма не ме интересира ниту народ што збори бе зимам си го детето од там. Колку и да сум стара и 90 години да сум.
Ќе отиде во друга куќа, и таму свекрвата исто така дојдена во таа куќа од некаде, ќе се однесува со снаата како таа да дошла од улица или како под некој мост да спиела до тогаш. Ќе прави да се чувствува како да треба до земја да и се поклонува на дотичната, небаре дошла во некој кралски замок да живее. А најголема иронија е што во повеќето случаи младите вложуваат огромни суми за да го приспособат за живот тој некаков си простор, а често тука се вклучуваат и родителите на снаата. Ама сето тоа не е важно, се знае кој е главен во куќата и чиј збор треба да се слуша!
Само ако сопругот дозволи. Во основа, не се свекрвите чудовишта, туку се мажите неспособни да бидат самостојни.
Здраво Како точно да објаснам мојот проблем нз. Вака живееме на ист спрат со свекрата и бабата на маж ми и јас и он. И јас не се чувствувам добродојдено од нивна страна , како да не сакат да сум таму. А на првиот спрат живееат деверот јатрвата и внукот. Илјада луѓе во една ќука мене тоа ме излудува. Сакам да си имаме свој дел своја ќука , па кога ќе сакам да лежам цел ден без некој да те гледа наопаку.Само за внукот се гледа по цел ден , него да го гледаат .него да го шетат. А мене никпј не ме праша уште од почетокот дали ми треба помош дали знам да готвам , дали знам да перам. Јадење свекрвата реткпо прави а јас да признам и нз манџи. Како што и помага на другата снаа барем може и мене да ми помага на пр да прави ручек. Имам чувство како само да ме надгледуваат и се да им пречи. Јас и маж ми никако не сме сами се со нив сме опкружани ден ноќ. И се ме нервира во последно време , се ми пречи . Нз како да издржам , со маж ми планираме нова ќука да правиме но тоа секако ќе потрае 2 .3 години. Како да се осетам како во мој дом ? Како да се осетам сакано од нивна страна нз? Како да живеам среќно со мојоот сакан маж? Едноставно нз што да направам
Прво да ти кажам дека те разбирам, но викаш сакаш сама а после зошто не ти помагале, па и внукот крив. Се гледа дека си огорчена таму живеејќи, но ако е прашање за 2-3 години биди мудра и терај со ладна глава биди добра снаа оти многу брзо летаат тие години и не вреде да се расправаш. Седни со сопругот и прави муабет дека сакаш повеќе приватност а тој ако те почитува ќе разговара со неговите. А за јадење ако живееше сама нема кој да ти помага отварај интернет и пробувај разни јадења сама најубаво се уче.
Ти си љубоморна на јатрвата и внукот, не ти е до тебе. Тоа што не знаеш да готвиш и переш извини ама не е вина на свекрва ти, твоја е. Не викам дека си требала од мала да опашаш футата на тебе, ама претпоставувам имаш повеќе од 20г, извини ама си требала со време да почнеш бар да се интересираш за дома. А сега во ера на интернет и туторијали, можеш и Стево Карапанџа да станеш ако сакаш. Во врска со живеењето во куѓа со многу луѓе исто си ти виновна, си знаела кај одиш, ако не ти одговарало требало да му речеш на сопругот, дај прво да направиме нешто после ќе се зимаме. Ова искрено не е проблем, бар не од свекрва ти, твој е.
Кога се мажеше знаеше во каква средина ќе живееш,дека ќе бидеш со полна куќа.Велиш ќе правите куќа,епа останува да издржиш.Како што пиша вие и немате некои караници туку ти смета што не ти помага и не ти прави ручек.А што да ти помага?па сигурно не си неспособна да земеш да зготвиш нешто,еднаш ќе утнеш втор пат ќе погодиш,никој не се родил учен.Им треба и на нив време да се навикнат на тебе,не можеш да очекуваш одма некој да те сака(а и не мора да те сакаат).Како да си љубоморна што се околу внукот.Комплицирате и правите проблеми каде што ги нема. И јас сум во една куќа со свекор и свекрва но никогаш не сум очекувала да дојде да ми прави ручек или дете да ми чува.Колку можам толку не сакам некој друг да ми се меша.Апсолуно немам никаква помош од нив а и не ми ни треба фала богу.
А вие читате шо ја мачи, или само онака одговарате без веза? Се нервира оти различно ја третираат нејзе во однос на јатрва и', а не чистењето и готвењето само-по себе. Плус, нема слобода, пошто во една соба седат сите. Шо и да прај, пред очи им е на свекрвата и бабата.
А пред да се мажиш зарем не си знаела каде идеш и со колку луѓе под ист кров ? Не мислите на време, само да се брзало за мажачка а останатото ништо не е битно, после кукање. Ќе рече некоја битно било стан да се има посебен или куќа небитно, и материјалистка ќе ја направат. Боље материјалистка во очите на ниски луѓе, отколку живеење во хостел, со 20 генерации, да не можеш да прднеш на раат а камоли повеќе. Седни со маж ти и разговарај, кажи му дека не можеш да живееш во такви услови и оделете се.
Sekogas ednata strana ke bide posakana,bilo jatrva, bilo kjerka i slicno. Ne znam sto se zamarate so tie raboti. Ne ja tretirale isto,tu tu, i aj sega neka moli za vnimanie.
А она не знаела кај се мажи? Што седат во една соба? Можеш некој на сила да натераш да те сака? Можеби и на свекрвата и е мака што новата снајка очекувала ќе ја смени, ќе и помогне, а не е кадарна. Внучето е мало, може бабата го чува, зар да го остави за да напраи дома ручек и да исчисти при здрава права снаа дома. Мене ми личи ситуацијава Мажила се мома да не седи дома, ако си решил да создадеш фамилија има да си бидеш одговорен и да си се грижиш за таа фамилија.
Да те сакаат како што те сака мајка ти нема никогаш.. Ние сме одделени од нив, живееме под кирија во друг град. Никогаш не сум сакала да живеам со свекор и свекрва под ист кров, од причина на нарушување односи, и нарушување на мир. Нема сила што може да ме натера да се преселам таму. На сопругот сум му го кажала ова, малку фучи ама ми го почитува законов. Имам и две золви, кога и да отидам кај нив попреку ме гледаат сите.. Да ме сакаат како ќерка и сестра знам не може.. А за помагање помагаат и финансиски и имаат бавчи и ни се даваат се и сешто, моите пак воопшто не помагаат бидејќи немаат толку, а и нели се омажив веќе нема што да барам од таму. Ако ти е неиздржливо пробајте под кирија ако имате услови, ако не свиј главата доле и 2,3 години истрпи додека да си направите свое. За храна сама сум се учела да готвам, и нешто кога ќе утнам а се случува стално му викам на маж ми не е нешто јадењево, вика абе нешто да се јаде, мене ми е убаво. Тоа ми било поттик следен пат поубаво да зготвам. Прави си експерименти и ќе научиш.