Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Јас не викам дека нема да готвам манџи , ќе готвам и почнувам да учам . Си наоѓам рецепт од интернет и готвам . Си го черам сопругот го пеглам си чистам се тоа . Само што осеќам што и да направам никогаш не е доволно добро. Мнпгу мразам кога некој не ме остава да правам тоа што сакам и сака да ме држи под контрола.пример вчера чешмата ја пуштив да тече а во меѓувреме бришам пултот на кујнатаа таа доаѓа и ја гаси чешмата. Втор пример крпата со која претходната вечер си ја измив главата ...јас повторно ја ставав во плакар и секако за 15 мин ќе одев да се бајнам повторно .зошто сум ја ставала пак ..таа била валкана ..о велам пак ќе се бајнам сега и пак таа крпа ќе ја земам за главата . Значи мора да се одговори да се направи нешто. Јас ќе го оставам на пример некој предмет/производ на едно место , ќе дојде ќе го подмести.се некој банални работи за да покаже дека таа е главна.
     
  2. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    А да и едната золва има детенце, сега за сега трчаат покрај неа, ама не ми е криво, некка њ живо и здраво. Здравје кога ќе се породам и за моето ќе гледаат да, му дадат за тоа сум сигурна.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.891
    Допаѓања:
    110.075
    Пол:
    Женски
    Ама џабе нас ни кажуваш,кажи си таму. Ја оставив чешмата да истече водата да се олади, да пијам, оставив во плакарот (претпоставувам е твој плакарот и нема што да ти се меша) затоа што така мислам јас дека треба... Според твојот прв пост искача дека они дома не се завртуваат а сега и се мешаат викаш. Свекрва ми е таков карактер, кажува, со усул ама кажува, ама сме се научиле дека си одговараме на прашањата, оти ако не одговориш нема да го знае твоето мислење. Нервозите ти се за џабе, пошто не кажуваш што мислиш она не знае и не знае дека тоа што го прави те повредува или ти смета.
     
    На CameliaMiller, KuklickaSk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Секој може да научи да готви ако сака. Помош за тоа не ти треба. Секој си има различна кујна и секој готви на свој начин. Како си зготвила така, следен пат ќе биде подобро.
    Перење пеглање исто..
    Доволно е што ти и мт не се шетате прљави.
    За водата не фаќај кусур. Еве јани мајка ми стално си го правиме тоа една на друга. Несвесно.
    За пешкирот апсолутно нема право да се меша освен ако не аи го пикнала кај неа во плакар или некој заеднички.
    Некој едноставно не сака нешто искористено да се стави во чисти алишта.
    Ова се ситници кои апсолутно воопшто не треба да те допираат. Аха.. важи и терај по свое.
    За сакањето на другата снаа, самата кажа имаат свој спрат, што значи не се 24 заедно, па затоа е подруг односот.
    Не знам каков совет би ти дала. Таква е заедницата. Освен да гледаш како да се одвоиш др совет немам.
    Рече ќе правите куќа, издржи, не води инает, не дозволувај се да те допре.
    Година ипол веќе не сме кај нив, пак пробува да ме пецне, ама јас не дозволувам да и покажам дека ме пецнала, зошто ако види дека ти е мака, уште повеќе ќе те пецка.
     
    На Milobebence и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    14.610
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам делите бања и кујна. И онака е привремено (години се, ама проаѓаат брзо), глеј да не си качуваш притисок. Кај можеш попушти, каде не можеш игнорирај ја.

    Ако мислите цел живот да седите со нив, ќе ти речам не преќутувај. Имај построг тон, не да се караш, туку да потенцираш дека тоа што го правиш нема да го смениш, сметаш дека така е правилно. Ако си помека, ќе те притискаат. Нивна куќа, нивни правила. Ако е одредено време, батали ќе пројде, па во своја куќа што сакаш ќе правиш. Ако е за цел живот, со време поставувај си свои правила, за да можеш да се чувствуваш како во своја куќа, а не само гостин во соба.

    За ручекот и внучето, подобро да не ти помага отколку да ти "става сол во секоја манџа". Јас порадо јадам мачкан леб отколку некој да ми виси над рамо и да ми кажува дали добро ми е сварен гравот.
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    @PinkGir123 барем сега за рецепти е лесно - отвори на youtube , напиши на пребарувачот што јадење сакаш и гледај клип како се прави.
    Ама, желба треба да имаш само.

    Пробај да не се осечаш како странец во новиот дом.
    Стави свои обележја во куќата, намести нешто по твое, размести како што тебе ти е убаво и види како ќе реагираат.Направи си самата простор да ти е убаво дома.

    Нареден пат кога ќе ти ја запре чешмата или кога ке ти ја земе крпата , обрати и се.Кажи и дека ти пречи.Не чекај да прелива чашата.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    2.651
    Кога синот носи снаа дома, МОРА неговата фамилија да се прилагоди и да направи простор за новиот член на фамилијата, исто така да се земе во предвид дека снаата ја менува својата средина, доаѓа во нова куќа, во нова фамилија и нејзе ќе и биде потребен период додека да се адаптира на новите услови. Свекрвата, а поготово снаата, треба да бидат отворени кон сЕ и да си прифатат навики една од друга.

    Без разлика какви се условите на живеење, не мора секогаш сугестиите од страна на свекрвата да се земаат за зло - во случајот со чешмата - тоа е непотребно трошење на вода - да банално е, ама вистинито; или пак, во случајот со крпата - и не е баш најдобро искористена крпа да се става во плакар полн со чисти алишта и постелнина - закачи ја некаде за повторна употреба...

    Никој нема да знае што ви смета и што ве нервира доколку тоа не го кажете !
    Не си стварајте нервози без потреба, зборувајте отворено за тоа што ве мачи, во спротивно во себе акумулирате негативна енергија, која ја ширите низ домот и така настануваат кавги и се нарушуваат семејни односи!

    Инаку се сложувам со мислењето на @WildMk
    Во последно време, поголем број на свекрви (барем вака околу мене) се претресуваат на снаите, внимаваат што зборуваат, што прават, гледат да погодат или да помогнат повеќе за да не се навреди снаата, а бидејќи мажот е неспособен, снаата зема замав ...
    Така да, во последно може да се каже дека мажите се повеќе неспособни, одошто се свекрвите лоши ...
     
    Последна измена од модератор: 26 јуни 2019
    На pianogirl, Sanja1105, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    нит ти треба свекрва да те сака ниту да ти помага.
    битно е да се сакаш со сопругот.
    сигурно е поблиска со јатрва ти бидејќи подолго се познаваат. препоставувам штом јатрва ти има дете веќе,дека подолго е во брак со деверот отколку ти со сопругот.
    ако сакаш да научиш да готвиш оди дома за време на викенд и нека те подучи мајка ти, зошто мора свекрвата?
    искрено,се можеш и сама да научиш.
    тоа дека се чуствуваш дека си надгледувана, за жал така е кога си со нив во иста куќа. не си единствена.

    ништо НЕ МОРА. Некои свекрви се без осет едноставно и не им е важно како се осеќаат снаите.
     
    Последна измена од модератор: 26 јуни 2019
    На CameliaMiller, mKdevojce и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  9. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    2.651
    Епа ако живеат во заедница и сакаат да си бидат во ОК односи, МОРА за снаата да се направи место во фамилијата, во спротивно папала маца....
    Многу е интересно тоа што секоја мажена жена била некогаш снаа, а кога станува свекрва, заборава на се.
     
    На Anyshka, WildMk, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    епа на некој не му е важно да има ок однос.
    има олош свекрви а и снаи.
    твоево може да успее само ако и двете се пристојни личности.

    Еве ќе кажам за мене. Јас живеам во ист двор со свекрвата. Ок ни е односот.
    Јас кога се омажив не очекував посебен третман. Жената живеела цел живот во таа куќа која сама ја створила. Си има ритуали,навики и нејзин ред. Тешко е тоа да се промени на стари години. Секој што свесно решава да живее со старите треба да е свесена дека таа треба повеќе да се прилагоди. Бидејќи ние младите полесно се прилагодуваме. Не можам јас да очекувам од 60 годишна жена да менува животни навики во нејзина куќа. Ме нервирале нејзините навики ама со тек на време сум научила дека не вреди да се нервирам за такви работи во животот,сеа не ни ја приметувам веќе што прави.
    И тоа што си пишала треба да се направи место во фамилијата.... Мојата фамилија е мојот сопруг. Ич не ми треба друго место. Барем јас така гледам на бракот. Бракот е помеѓу двајца .
     
    На Охрид88, Sanja1105, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    99.006
    Ама не е исто во ист двор и на ист спрат. Ич не е исто.
     
    На Sofi.ja, danichap, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    2.651
    Така е @LunaGrey и јас погоре напишав дека свекрвата (заедно со свекорот) треба да направат место за новиот член во фамилијата, а понатака свекрвата , а поготово снаата да биде отворена кон се, и да прифаќа навики.

    Нормално дека ти, твојот сопруг и децата сте една фамилија, но ако живеете во заедница на еден ист спрат, или делите кујна и бања, е друга приказната.

    Како и да е, се сложуваме во повеќе сфаќања, јас само сакав да кажам дека не мора секогаш со злобна мисла да се осврнуваме кон свекрвите и секој нивен збор, потег да го толкуваме негативно.
     
    На WildMk и LunaGrey им се допаѓа ова.
  13. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Да ама на почетокот бевме заедно затоа знам како е. Многу работи ми сметаа, пицајзла сум. Ама не се дрзнав да се бунам , зошто реално не ми е крив никој што сум пицајзла . Сите треба пред да се земат да знаат дека е тешко така и дека не можеме да очекуваме мед и млеко. Јас не се осеќам убаво да се мешам во туѓа куќа, а на старите куќата никогаш нема да можам да ја сметам за моја.Затоа потам газ секој ден. А ако не можев да градам, ако немав услови за тоа, ќе живеев под кирија макар и во една соба.
     
    На CameliaMiller и Spidy им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ама тоа МОРА секогаш станува НЕ МОРА, нажалост.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.794
    Допаѓања:
    99.006
    Не знам како да ти кажам дека и двете страни треба да се прилагодат. Не само дојденецот. Секој однос е двонасочен. Ако таа некоја отишла некаде, не отишла на сила, се омажила, добила нова фамилија. Таа истата нова фамилија треба малку да се потруди да и ја олесни адаптацијата, барем малку.
    Оти не е едноставно на 30г во туѓа куќа да се задомуваш.

    За создавање свое, сите сакаат. Некои можат, некои не. Во Мк е така.
     
    На Sofi.ja, NarCis@, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    181.112
    за пеглање перење нема да коментирам оти тоа се работи шо лично ти за тебетреба да знаеш да ги правиш

    викаш ке правите кука?
    почната е или само на муабет ке правите?
    за да нема повуци потегни додека биде куката вие одете си под кирија да си живеете за тој период па коа ке се направи к еси одите во свое
    е ако ви ја прават свекор свекрва рачунај пак исто ек биде а може и да дојдат со ас да живеат
    види малце подобро како му е планот
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Нормално дека треба. И така е правилно.
    Поентата ми беше дека не треба да се спие на тоа уво па после се трескаат и кукаат дека не чини.Треба да се очекува дека не е лесно и свесно да се влага во таа ситуација. Никој не гарантира дека ќе добиеме фер однос од свекрва.
    Многу е тешко да живееш со нови луѓе, и најчесто не им е гајле на тие како ти е, за жал така е.
    80% од моите пријателки имаат проблеми со старите. Значи сепак се поретки разбраните свекрви. За да не си патиме подобро да се помириме со овој факт уште пред да се земеме, а не да очекуваме се розево па после разочарани и тажни. Мојата е терсене, го знаев тоа и влегов со челични живци:)
     
    На WildMk, CameliaMiller, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум нова на форумов прво здраво на сите после многу време решив да си направам профил и прв пат да пишам на ваа тема нешо се надевам ќе ми помогнете ако е проблем ова моево или може само љубомора. Вака прво извинете за долгиот пост што ќе го напишам ама мора да објаснам што ми се дешава. Имам синче 5 месеци скоро за некој ден. Живееме у заедница со свекор свекрава но си имаме посбна соба т.е дневна со кујна во која престојуваме и таму спиеме толкав е просторот. Со свекрвами не сум била блиска од секогаш она си бркала нејзина работа ја моја. Башка јадеме башка се но од кога добовме дете мн работи се сменија бар за мене. Незнам дали е љубомора или она почна да претерува во врска со бебето. Она ако почне да плаче бргу иде го зима она да го држела. Ако нешо скекна она сега баба ќе те зема и ми го зима одма и да работи нешто брза да го сработи или остава и трча да го земела она. Ако плаче многу иде у соба и зошто плачело и пак она го зима. Кога го носиме на доктор се она го држи и само вика леле не сакам да ми плаче. Бидејќи не цица и она некогаш го рани сеа поретко ама она прва го зарани со шише бидејќи немав мелко јас.Незнам дали она не сфаќа дека ја сум мајка може тоа дете си ја сака мајкаму ама она не упорно она го зима она да го смирела ми фали уше ноќе кога плаче да ми дојде не се десило до сеа. Дали вашите свекрви вака постапуваат или ви даваат да бидете мајки. Кога го држи она у раце и мене ме гледа и ми се смее цело време.И ме интересира од кога бебето ја препознава мајка си имам слушнато има периоди кога сакаат да бидат само кај мајката или не значи за сите бебиња и имам чуство дека не цица како да не знае дека ја сум му мајка можам без проблем да заминам и ме гледа и не реагира дека одам. Мн се нервирам бебево не смее да заплаче одма она ако го слушне иде го зима одма и одма зошто плачеш. Совет што би ми дале
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    14.610
    Пол:
    Женски
    Пресечи во корен. Утре ќе го воспитуваш детето, да не прави нешто, тоа ќе иде право кај баба пошо кај баба истото може.
    Јас со мајка ми го имам овој проблем. Уште немажена и кажував дека не смее ни да помисли да ми се меша во детето. Тешко и беше зошто и реков да не зема одмор кога се породив. Зошто не ја прашував како се повива дете, зошто не ја бањав како она што знае, зошто сум облекла вакво боди, до секакви ситници. Се накани сама да дојде на првата контрола, се увреди зошто не сакав да доаѓа со мене после тоа. Поише од мене прашуваше кај педијатарот. Последно беше на вакцина, зошто не сум била по ожалостена дека ќе го боцкаат бебето, "зарем не ти е жал дека ќе ја боли"... И упорно вика да и ја оставам цел ден на чување. Бебе е 5ипол месеца и цица 5 пати на ден, не знам како очекува да и ја оставам. Уште од сега кажува како се што мене ми бранела да правам како дете дека на малата ќе и дозволува да прави. Терсене жена. Ти кажувам уште немажена и турав ред и еве уште се занесува. Разбирам дека си ја сака внуката, ама како божем поубаво ќе ја чува од мене.
    Јас само цврсто кажувам дека јас вака сум решила, вака ќе биде и готово. Да ми беше свекрва место мајка, милион пати очи ќе си извадевме. Не смеам да попуштам ни за момент. Не мислам дека го прави со лоша мисла сево ова, ама нејзиното време за мајчинство поминало, ова е мое дете и јас ќе се грижам за неа. И немам никаков проблем да се скарам, ама не попуштам.
     
    На Sanja1105, WildMk, Sofi.ja и 11 други им се допаѓа ова.
  20. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    И јас имам ист распоред на собите како твојот се посебно имаме но мојата ни кога дојдов не ми се мешала ни откако се породив.Не смеат да ми влезат кај мене ако не ги викам или не се најават,не сум им забранила ама ете така сме се поставиле имаме ладен однос и без караници.Твојата премногу ти се меша треба да ја седнеш и да разговараш со неа или едноставно кога ќе заплаче не и го давај кажи и дека ти ќе си го смириш и дека можеш сама доколку ти треба помош ќе ја викнеш.Бебето си ја препознава мајката уште кога ќе се роди едноставно ја осеќа.Изгледа не сфаќа а се додека си ќутиш така ќе биде мора да пресечеш и кажеш до каде и се границите макар и да испаднеш најлоша.