Имавже мн кавги од кога се породив и затоа веќе баталив не ми го даваше ни да го бањам од страв да не сум го испуштела и ја гледам и сеа кога го бањам ако спрета леле одма држи го пази да не го испуштиш и викам го држам и не сакам да се расправам па ќе дојде ден да тргнам на работа па нема да сака да го чува кога ќе попорасне.
Како бе си дозволувала да не ти дава да го бањаш?Зарем уште ти виси на глава кога го бањаш.А мора ли да го чува кога ќе трнеш на работа?немаш ли опција да го запишеш во градинка?Маж ти каде е во оваа ситуација,па нека и каже и он да не се меша вие сте млади родители не ви треба некој од страна да ви се меша.Не знам какви караници сте имале но изгледа не си била доволно јасна и не те сфатила сериозно.Ќе ти се меша и во воспитување и во хранење понатака мораш да пресечеш .Јас немам никаква помош ни за гледање ни за чување,не сум им го оставила ни пола саат а мајка ми живее во странство па ни од таа страна немам кај да го оставам,ете го иде во градинка.
Сега почна полека да се откажува од висење кога го бањам зависи од радположење инаку на почетокот мене ми беше страв да го бањам се додека не сватив дека нема нишо страшно па и кажав дека сакам ја више да го бањам и она почна да ми кажува приказни како некои свекрваи ги бањалњ до година нз шо таму и ја и кажав може снааите не сакаат ама ја сакам и така. Ианку за храњење еве веќе почнав со кашички ама ми се нема мешано само ме прашува како ги правам шо ставам и толку. Гледам шо повеќе да го изнесама на шетање да исшаднам оти неможам да издржам у куќава посебно нејзе неможам да ја поднеасам. И она не иде кај нас се само вика ајде донеси го за кај нив у соба да го видела демек онив имаат клима и поладно било таму. Гледам у последно време се помалце да е со неа и кај неа дури ако у текот на денот до ручек не го однеаам одма како лута е.
Ако мислиш дека треба да и ќутиш само за да ти чува дете ќе почне уште толку да ја превзема улогата на мајка. Зошто не го пратиш во градинка? Најди начин не зависи од неа и сечи директно како таа трга да ти го земе одма кажи и или во други ситуации. И кажи и дека не сакаш да ти упаѓа наеднаш во соба ако треба биди и на гаќи да свати дека неможе кога неа ќе и текне. Тоа му иде инстинктивно да рипаат кога бебе ќе списка истото е и кај нас, но јас директно кажувам а таа ми вели Добро де не се лутите вие одма ни што ќе кажеме/направеме годините ни се. Биди директна не се карај, кажувај, тоа е твое дете ти одлучуваш. И каде е сопругот во цела ситуација?
Во местово кај што живееме немаме градинка и ја знам што жена е бар таква беше ако нешо ја фане инаетот нема да сака да го чува. И не ми влетува у соба туку така тропа ама шретежно кога го изнеаувам надвор она одма сеа баба ќе те земе демек се тегнело за да го земе. Мене ми е криво што не цицаше и имам чуатво како да не ме препознава дека сум му мајка и нема мака кога ме гледа да испагам незнма дали е уше мало или до бебето. Се случи само еднаш да не ја види две три дена и после плачеше од неа не ја препознаваше.
Цицањето со препознавање нема врска. Бебе си ја осеќа мајката по мирис. Ама уште е мало и не си ставај такви комплекси. Ако не сакаш да и го додеш речи и отворено остај јас да го смирам сакам јас и готво не им се толку потресувајте.
На кого инает ќе тера, на тебе? Ако толку си го сака внучето за мајка да му изиграва, твојот став нема да ја натера да го отсака. Ти не и браниш да го гледа и да му се радува на бебето, само сакаш ти да си го растеш. Јас со маж ми имав дискусија, секој втор ден вика дај ќе ја однесам малата кај мајка ми, блиску живее и он сака да ја однесе и остави, со идеја јас да сум одморела. Убаво го подбрав дека сега сум дома со бебе и со мерак ќе си ја шетам секој ден, нема потреба да одмарам. За некој месец ќе идам на работа втора смена, секој ден баба и ќе ја шета. И тој вика е да во право си. Јас секоја вечер ја шетам малата низ маало и често ја носам кај свекрва ми, па зеедно одиме до паркот, ама секој ден да и ја давам немам потреба. И со кејф ќе чека да ми излезе некоја обврска за да ја оставам на чување. Бабите се тука за помош ако сакаат да помогнат. Ако не сакаат има и друг начин, ќе се снаоѓаме. Ама да се чувстував уценета, не фала. Ќе го ставам детето во кенгур и сегде со мене ќе го носам.
Тоа знае дека си му ти мајка и сега е мало уште да реагира кога одиш некаде, кажувам бидејќи генерација се со мојата мома. Ти треба да си поставиш став дека кога сакаш да го држиш/смириш нема што свекрвата да го зима од рака и што ќе и се тресеш цел живот само за не се навреде? @Spidy веќе ти кажа. Веќе кога излеваш надвор шетај го не го носи во двор кај неа толку често чим те нервира тоа отиди кај некоја другарка. Не е ништо лошо во тоа да ја сака бабата и тебе те сака така да не си стварај комплекс. Исто и кај мене свекрвата вика чекај одма баба ќе те земе јас и викам жешко е остави го детето во количка два три пати ми го повтори као мајка ти не дава да те земам ама сега си знае.
Епа од што цел време пазам да не се навреди налути пак не и чинам хаха ама за бебево ми ги премина границите не сакам да и бранам да го види ни најмалце ама да не се понаша како мајка и да се потреаува со мислаѕа нешо да не му направам бидејќи ми е прво дете демек се она знае бидејќи одглњдала 3 деца сама
Јас мислам дека сите свекрви па и наши мајки ја имаат таа доза на "Јас знам се" така да само ладна глава и едно запамти Детето сака среќна мајка не се оптеретувај со вакви работи.
Не знам кога ќе сфатат дека се баби а не мајки. Мојата едвај чекаше да појдам до тоалет. Се враќам бебе во раце..а предходно спиеше. Вика ја земав некако како да ми се давеше. И така едно 1000 пати во денот. Се детево се дави. Од тоа нејзино давење бебе спиеше 2 пати по 15 минути едвај. Ме бркаше у соба да сум спиела да сум одморела она ќе ја чувала. Бебе од 1 недела луѓе... Детево ми е се на светов. Нема сила што ќе ме натера таа да е будна а јас да спијам. Ништо не работеше, само дете малтретираше. Кога се иселивме бебе магично почна да спие. Ама сами си бевме преку ден. Никој не ни сметаше. Да не зборам дека секој ден станот ечеше од нејзе зборејќи на телефон. Па се дере: ево детево го чувам. Да да, детево од неполн месец, закачено за цицка кај мене во спална, а таа се фали го чувала. И немаше да пишам сега, да не ме испровоцира вујна на мм коа рече да сме и ја оставеле на спиење на баба. Ама врзана е за тебе, ааа неее, вие треба да ја оставате кај .... да ја чува, со спиење. Па као нешто спомна не само кај мајка ти. Викам НИЕ никаде не ја оставаме, само во градинка. Па како почудена дека мое дете ни со мајка ми неќе да спие иако живееме заедно. Неќе, зошто не ја оставив никогаш, што ако ми е мајка. Милион пати ми кажа см како требало да и ја оставаме. Значи нејзе, не на мајка ми, или на свекор ми. Нејзе! Она ќе ја чувала, зошто многу била приврзана. Па само и збори, аман веќе со таа мајка ти. Па оставете ја, па оставете ја. Како бре да ја оставам луѓе?? Од тараса ќе и паднеше. Ја фатила у раце и ја држи на тараса, дете се мкне, ае прекршува и малце фалеше да и падне. Ја седнува на маса на тараса. Викам, не на маса, утре ќе ми бара мене, а недај боже у секунда и сама ќе се качи. Ја ставила на стол на нозе исто на тараса. Ама, како комшиите ќе видат дека она е со детето. И се бара да одиме ние кај нив. Или дома или пред зграда. Да биде видена, да се прави важна. И кога ја шета, не се води по детето туку она што сака. Ако сака дете кај мене она ја влече на друга страна. Многу би сакала да не сум во право и да грешам, многу. Ама јас изгубив доверба. Искрено, после сите испади мислам дека сакаат да ме нема мене. Јас сум сама со мајка, па ако ме нема, тие ќе си ја земат. Или да ја нема мајка ми ќе направат се да не разведат и да ми ја земат. На мм му кажав, вика никогаш нема да го дозволам тоа, ниту да те оставам. Да не се разбереме погрешно. Не викам дека не ме сакаат мене, или дека мене нешто лошо ми прават лично. Туку дека таа се опседната со детево. Извинете, деновиве сум наапана. И морав да се испразнам.
Јас и ти дефинитивно имаме иста свеки. И мојава пекаше, не сме и ја носеле, не ја чувала, кога ќе дојдевме стоеше на улица и викаше еве ни дошла внуката на гости, се фалеше, а не да поседи со нејзе. Се разболевме месецов и не иде у градинка сега, па кога и рековме да им ја оставиме на чување, ќе одат на море. Не им е уплатено, онака ќе пошле, баш сега. И ете, прабабата ја чува. А бабата се фали. Ама не се нервирам некако веќе. Не им е обврска да ја чуваат, Боже мој. Наша е и ќе се снајдеме. Не ме чуди тој дел. Ме чуди делот што мм се налути, им кажа, очи со солзи наполни, они си го тераат нивното. Ако не за мене и моето дете, бар за нивното...
Е теди теди... таа слика највеќе боли... толкави мажи да пуштат солзи од сопствена мајка... Тоа нема никад да го заборавам. Никад. Криво ми е за ситуацијава ради маж ми... ама го гледам и него оладен.
Па криво ми е, да. Јас си заќутев. Уште ја му фалев. А знам да му зборам, иако отпосле се каам. Ама ми пука во мене некад. За вакви работи со никого не сакам да зборам и оптоварувам. Некад ми прелева.
А мојата па кога се породив им вика на луѓето одам едно дете да надојам, па друго( за другото внуче). Болна, болна, болна. Не можам да ја смислам, проба бракот да ми го расипе со нејзиното дување од страна, а не живееме заедно. Кога ќе дојдеа моите кога се породив одма фучеше, тогаш не ја фатив за коса, само се испокарав со неа, ама еве сега пак од страна нешто јаде гомна, ми врие, ќе ја отерам у пм, проста, неука, необразована, никаква. А не оти чувала/чува дете, туку сама си се фали. Ненормална, не можам да ја гледам. Ако верувате детето и да не ми го види два месеца нема гајле, а пред син и глуми као колку е она грижлива баба. Ма мене ич не ми ни треба, само сакам да ја откачам од мојот живот заувек.
Мајка ми секогаш ме воспитувала дека треба да бидам културна и трпелива со свекрва. Дека сите сме различни карактери, но јер постара е морам да почитувам. И многу и замерувам на ваквото воспитување. Свекрва-штеточина невидена! Секој ден како што ја запознавам се повеќе сфаќам колку е само искомплексирана и злобна. И нејзе утре-задутре да и оставам дете на воспитување? Некому да му пополнувам време и лечам психа со мое дете? Ноу! Ќе си го носам детето секаде кај шо можам, има градинки, па и жени што чуваат деца. За мм што се притресува кога ќе му викне мајка му, сум му кажала отворено. Тоа што си лигле пред мајка ти не е мој проблем. Нека те тероризира чим го дозволуваш тоа. Пример кај мене не може да се осмели да ми каже нешто. Јас на мајка не и преќутувам кога не е во право, па нејзе. Штеточина, уште еднаш ќе кажам.
Абе мојава нема лоша душа... Повеќе има лош маж - он се запна да одат. Свекор ми е од оние мажи што ако не му соџвакаш ручек тој нема да голтне. И она го направила таков. Све му угодува. А тој не сака да чува дете. Тоа си било обврска на мајката. Оваа не му се спротивставува.
Ааа ги наслушнав и тоа, демек до кога ќе ми помага мм, вероватно само првиот месец. Па си кажав. Мм знаеше дека сакам помош. Кажано му беше уште пред брак. Ако не му одговара може слободно да си оди кај мамичка. Нек си мисли само дека ќе му одам по газот. И усисува и готви и садови мие. Ако не ми чини има право да каже. Мразам такви мажи шо се чекаат од жената.
9 месеци си го носела и не те препознава? Ти го познава гласот, а штом се роди и мирисот. Е после тоа ако е само кај баба, ќе сака само кај неа. Нема врска цицањето. И моето не е доено, па штом некој друг се доближи до неа, плаче накај мене. Порано не ми беше јасно како мајка не може да се избори за свое дете, ама сега веќе ми е јасно. Кога младите сѐ уште се зависни од нивните родители, од покрив над глава до чување на детето штом мајката тргне на работа, дотогаш ќе имаат вакви проблеми. И колку сурово да звучи, некако излишно ми е давање совети, затоа што ако почнат да се "борат" за нивното дете сами да го бањаат, чуваат, воспитуваат, технички може да им направи проблем да останат без покрив над глава, или уште полошо развод. Љубовта е важна, ама и финансиската сигурност исто така. И менталитетот да не го заборавиме.