А што ако седат во една соба? Тоа им дава право да очекуваат исклучиво таа да се адаптира на ситуацијата, а тие да си продолжат по старо? Тие не знаеле дека снаа ќе им дојде, и дека ќе треба да мислат и на нејзините чувства? Не е еднострана работава Им се уклучува мајчинскиот инстинкт со внуците, и тоа пута милјарда. Overprotective, overindulging идиопатија исполуваат Бабите треба да научат да си ја контролираат таа компулсивност, и да сфатат дека не се мајки, ами баби... внуците веќе имаат мајки
Имам проблем ... почнува свекрва ми доста да се меша пд типот од утре јас помалки време со детето она повеќе многу сум нила проврзана ова од утре го кажу ам зошто 5 месеца седеше кај керка и од буквално не познати причини и сега доаѓа ми глуми како сум била поврзана и како треба она да го чува детето мое да сум и го оставала.. и слично ај ве молам совет пошо ми иде да и се изнадерам и да и треснам врата...
Јок дерење. Пробај објасни и ма фин начин дека немаш таква потреба моментално. ако некогаш треба да ти го причува ќе ја известиш и толку. Него дајте кажете како некој може да изиграва чистота невидена а ваму бумбари на секој чекор. Од надвор иделе.. па и да иделе ќе се нашло решение. Уплав имам невиден од нив кажујте начин како да се решам. Отров било што.
Седни го сопругот и кажи му што те мачи, а тој да разговара со мајка му, да и каже дека ти си мајката и ти ќе си го чуваш. А таа како баба одвреме навреме може да дојде да си го види внучето. Ако не, ти обиди се на смирен начин да разговараш со свекрвата и да и кажеш дека ти си мајката и нормално дека ќе бидеш приврзана со детето и дека не ти треба нејзина помош за чување на детето. Ако не се разбира од збор, кога ќе доаѓа нема да и отвориш и нема што да се нервираш.
Го имавме проблемов пред да отиде кај керка и се мешаше до степен да изреагурам бурно и кажам жено дај бре ја сум мајка ти баба тука си да ја прилуваш и помигнеш кога ќе те замолам ако можеш можеш ако не боже мој.. еве денес нива фора леле па зашти во градинка баба ќе ми те чува ајде баба ке ми те зима и ке ми те врака од градинка леле мораш малку да се делиш од неа да ми ја оставаш вака така а јас некако воопшто не сакам друк фа ми ја чува ни мајка ни свекрва јас и сопругот сме си доволни! Од друга страна сопругот е мек и ќутлив нема да превземе ништо ако му кажам...
Значи живеете во заедница. Најдобро решение е да се одделите, под кирија или да си купите стан. Тешко е живеење со стари кои сакаат да се мешаат. Додека живеете заедно, гледај да не избувнуваш, само ќе си го уништуваш здравјето. Од едно уво нека ти влегува, од друго нека ти излегува. Ако толку сака да ја причувува, нека ја чува, ама под твои правила. Не она како што ќе науми. Ако не се придржува до твоите правила ќе и кажеш дека нема да и дозволиш да ја чува. И маж ти мора да застане од твоја страна. Не може така да биде мек и ќутлив. Не може друг да ви се прави поголем родител на вашето дете од вас.
Они се на први ние на 2 ри иста кука разлилен спрат имама некоја приватнос ама пак тука е... Не сакам воопшто да ја причув едноставно јас сум жива и здрава не мора да збори ко да сум ретардирана башка како сум сј правела ручек сум чувала бебе до вчера можам и денес ! Не ми треба она за совети и да ми дели правди Мислам дека еноставно треба да и речеам јас сум мајка тука сум жива здрава и моја знДача е да ја чувам не ми треба помош кога ќе треба ќе те побарам не мора да се форсираш
Штом сте на посебен спрат не е толку страшно. Не се нервирај. И пак ќе речам тоа што сакаш да и го кажеш, кажи и го смирено, нема потреба од дерење, зашто само полошо ќе си направиш. Ако не сфаќа од збор, ако сака да ти се качува горе да ти се меша, фино лепо клуч на врата и мирна глава.
Добро, не знам зошто мора толку негативно да го сваќаш тоа што сака да го причувува детето, ете способна си ти во исто време и да правиш ручек и да го гледаш детето, ама сепак не треба тоа да го сваќаш на лош начин што се понудува. Некогаш можеби стварно ќе ти притреба да го чува, ама може да те одбие, тогаш ќе пишуваш како свекрвата не си го сака внучето или сл, дека не сака да го чува. Знам јас дека постарите многу пати се досадни и не знаат за доста, ама сепак не гледам ништо лошо во ова.
Ако е за ручекот проблем, нека ти зготви сама дома без деца и нека ти донесе. Мене двете баби ми се нуделе да ја чуваат за да "си завршам некоја работа". Стално си кажуваат како цел ден ќе ја чувале, како требало да де навикнува на нив, демек не ги познава, дури свекрва ми секојпат кога ќе ја причува кажува како "лута е на мама дека ме остави". Кој ги врти. За прашина за избришам можам и со дете дома, за нешто поголемо ако имам работа ќе ја погледа маж ми кога треба. Ептен ако имам работа негде да одам, ќе дојде една баба да ја чува и со список ги оставам кога што да прават. Од старт така сум се поставила, со моето дете по мое или ничие. Нема што друг да ми кажува, јас најдобро си ја знам малата. Од раце им ја земам ако нешто мрчат, баба вака баба така, одма одам си го земам детето, мува не ме лази.
@Someday леле како јас да сум пишала..жхаха и мојата е педантерија,а бубашваби и во чиниите имаше Само неопитроид од аптека земи како прашок е и ставај по ќошиња(само пази на деца).Јас сите и ги убив со тоа..и кај мене викаше од надвор иделе такво било местото хахах како сега нема,дали ја ги исплашив
Абе жени оти толку отпор давате кон помош? Ќе дојде момент кога навистина ќе ви биде потребна, а тогаш децата нема да ги знаат бабите. Дајте им да се дружат , во најголем случај среќни се на крај и двете страни.
Истово како Дуфи сакав да го напишам. И да идат во градинка, ќе се разболуваат. Секогаш ќе ви треба некој. Ако ви ја нудат помошта, не ја одбивајте. Барем не грубо, оставете простор да имате лице да побарате кога ќе ви треба.
Не е работата за нудење помош, туку за наметнување. Да и' рече свекрвата на мајката - многу си приврзана, од утре ти помалку со детето јас повеќе, па нема во градинка баба ќе го чува - е веќе наметнување. Нудење помош е друга работа. Што знам, мене би ми пречело вака, па ја сфаќам членката. Ако сака да си биде со бебето сама, нема потреба да и' се наметнуваат. Не е дека таа не остава бабата да си го види внучето или да и' помогне кога ќе е потребно. Едноставно сака да си постави ред и тоа е во ред. Секако, не сум за грубост и трескање врати. Баба е, го сака премногу и и' е мило. На убав начин ќе си се објасниш дека сакаш да го чуваш и кога ќе ти е потребна помош, ќе ја побараш. Дотогаш ќе ја викаш на еден час или ќе одиш кај неа да се радува, па и да го оставиш на еден час не е крај на светот, ќе одмориш. Ама да кажува свекрвата како и кој треба да го чува, не ми се допаѓа.
Како ги делите од ракав овие советите одделете се под кирија или купете стан ко да живееме во некое совршено општество и полни сме пари, па кога ќе ни прдне оп стан си купуваме.
Апсолутно. Зборот ми беше, со убави зборови да се одбие сега, но да се остави простор понатака да може да се искористи помошта.
Ако сака да почува внуче, може да го каже тоа на соодветен начин. А не, "од утре ти со баба повеќе, многу сте приврзани. Не треба да сте приврзани". Не дека е кој знае колку страшно, ама јас би и објаснила дека не е нејзина работа колку сум јас приврзана со детето. Без тензии, нервози и со соодветни зборови. А најчесто, свекрвите се приврзани со синовите, толкави мажи. Тоа не треба. А за мајка и мало дете е нормална приврзаноста. Врската мајка дете не може да ја раскине, па и на плафон да се качи. И кој и е проблемот што се приврзани? Како тоа нејзе ја засегнува и и смета на било кој начин? Колку да се истресе нешто. Ако сака да помогне кога ќе и биде побарано, ок. Ако не сака, пак ок. Не е должна, не и е обврска. Ама да трпам се и сешто за да ја имам на располагање за чување дете кога и да ми затреба, ниту живци би имала, ниту сметам дека е фер, од било која страна. Молчењето, не секогаш е злато. Има некој што тоа добро знае да го искористи и да наметне сопствени правила.
Бабите се за да ,,ускокнат,, кога ќе притреба. Ама не и да изигруваат мајки на детето. Се знае кој треба да ја води грижата, кој е одговорен. Е сега, има и друга страна која малку од нас сакаме да ја признаеме. Зарем нема ,,килави,, мајки кои се плашат, незнаат како треба, што треба да превземат...?