Само јас ја разбрав поентата на постот? Бабата НАРЕДИЛА!!! од утре бебето повеќе со мене помалку со мама. Така и толку ќе ме види повеќе. Секогаш свекрва ми чекала сама да пријдам, сама да прашам, може сакала и она некогаш да го види ама не се истрчала дај детето. Живее карши мене, на 40м, никогаш не дошла ненајавена или во непријатно време. Имаме мани сите и она и јас, ама сме искрени и се трудиме да се почитуваме. На моето дете сум родител јас, баба е баба, дедо е дедо, толку. Ако сакаат да го чуват ок, ако не пак ок. Јас не можев да одам на вежбање 2 пати по ред бидејќи баба е уморна и не може да го чува детето попладне, а тато не беше дома. Не ми истекоа цревата. Кога сме правеле деца со ум сме правеле, не ни ги напраиле баба и дедо.
За жал, не е 1000 денари. Ама учам од туѓи искуства, па дури не ми е обезбедено станбеното прашање за живот на страна, не планирам да се мажам. А ако се сака сè може да се постигне, колку и да е тешко. Ама трн во здрава нога не планирам да си ставам, да живеам со стари и да ми го уништат бракот. Не за џабе е полна темава со проблеми, оти ружи цветаат во заедница.
Дури растев јас буквални сите деца шо бевме во цело маало,а бевме многу деца не чуваа бабите,сега кај шо сум мажена населбава е преполна со деца и во 90% од случаите ги чувет бабите(имат доста млади баби ши одат на работа),ко ке одам кај мајка ми пак ги гледам децата со бабите,ојме покрај езеро полно баби и дедовци со внучињата
Не зборувам за ,,на времето'' зборувам за денес. И тоа што ти ги гледаш , не значи дека на сите им е убаво. Најчесто најголем дел до младите мора да го трпат тоа,пошто не секој може да се оддели на страна (болната вистина во државава). А дека некој ужива да живее со старите, тоа не можеш да ме убедиш. @cresa-jagoda јас пред да почнам да живеам со свекор и свекрва ме советуваа никако да не одам. Не послушав. И многу жалам. Иако моето се работи за неколку месеци , ни тие не се издржуваа. Така да што подалеку, тоа поубаво.
Никој не рече дека е идеално да се живејт во заедница,ама дури имам можност да ги искористам старите ке ги искористам и ич ама баш ич не се замарам дали рекле,шо рекле,свеки си зборвит јас ич не ја ни слушам и најубо ми е та си мислит дека е најзнајна јас и дозволувам да мислит и сите сме хепи
Да така е, лесно е да се каже купи стан... Ама ако е во прашање моја среќа и на моето потесно семејтво ако гледам декаима змии околу мене што гледаат само боцки да пуштаат поарно со мажот ми напорно ке работиме 2 3 години и ке купиме стан или ке одиме на страна да живееме сеа ако е се до тоа да ти оде некој на живци и цел живот диазепами да пиеш, у тај случај поарно е 2 3 год да се помачеш, парите се заработуват.
Не мешајте баби и жаби..Конкретно на членката проблемот е што бабата е очигледно е пренападна и без осет се наметнува.Инаку не е спорно дека кога треба е помош секако од бабите и дедовците за чување на децата.И јас тргнав порано на работа со првото,кога требаше го чуваа бабите.Но после тоа детето си беше целосно моја грижа.Имаше и од моите свекор и свекрва муабети пред да го пуштам на градинка демек ние сме дома слободни,ние ќе го гледаме зошто да го праќаш толку мало.Секако дека јас си одлучувам за детето и сигурно не би сакала да биде по цел ден со баби и дедовци.А и плус не се свесни дека и ним им олеснувам,а тие тоа го сфатија како навреда.Али тоа еЗначи помош да,кога смета мајката доколку можат,нека помагаат старите.А наметнување по секоја цена никако.
Ама види, тоа е способност.Не секој може такаА јасно ми е дека треба да си баш таков и сите ќе се хепи.Ама ај биди де
И јас сум од Охрид, и мене ме чувале баба и дедо додека моите беа на работа. И моиве деца ги чуваат баба и дедо додека сме на работа со мм. И искрено, благодарна сум им, до небо. Оти не ги мислам, најадени, изиграни, спастрени. Од дома сме излезени од 8-18, малото во градинка, големото на распуст дома. Па и кога е во школо, да не се свекор ми и свекрва ми, ќе морав дома да седам, за да може да ги носам и земам од градинка и школо. Оти да не ги чуваат баба и дедо? Не поддржувам наредби како што прави свекрвата на членката што се жали. Ама ако се понудат, културно, нема да одбијам. Оти многу значи таа помош.
Затоа и реков секој со своето. Затоа и потенцирав дека не судам никого. Секако дека помошта е добредојдена, за оној кој ја сака, онолку и како што ќе дозволат родителите на детето. Но наредби и наметнувања од страна на бабата, тоа во никој случај не би прошло,барем не кај мене. Детето си има татко и мајка. Некои работи треба да се разграничат. И пак ќе речам има разлика од семејство до семејство. Еве пример кај мене. Имав шанса да видам како се однесува свекрвата со внукот (детото од јатврвата) , муабетот што му го прави, наметнување на мислења , храна што му ја дава да јаде и воопшто не ми се свиѓаше тоа што го видов. Башка што сите околу себе вклучувајќи го и мм ги има научено дека треба се да чекаат на неа, а тоа го има направено со причина за после тоа да зборува дека сите трчале и барале нешто од неа ,вниманието да го сврти околу неа. Ми требаше месеци и месеци да го научам мм дека не може со мене да функционира, како што функционира со неа. Епа утре-задутре мое дете да чува и пропратно да го воспитува така, не може. Има и исклучоци , но доста се ретки.
Колку пати пишав на темава, а се за мајка ми кажувам место свекрвата. Дефинитивно со нејзе потешко се разбирам зошто е потежок карактер, а и јас не сум поарна. Првите пати кога ја чуваше малата по некој саат, и ако се погоди баш време за јадење, оставам шише и кажувам дај и го во 3 саат. Она и го дала во 2:15 бидејќи гладно било детето. И нормално дека ќе се карам, за до лекар да отидам треба цел ден да ми се изремети. И почнав да си го носам детето со мене, и на гинеколог, и на нокти праење, и во маркет, секаде каде можев. Дури и на работа бев на другарка да средам еден заб, и уште една другарка дојде со нас и ја чуваше малата во чекална. И убаво и објаснив дека додека не ми го почитува редот нема шанси со полна доверба да оставам дете. И сега еве спремно шише, спремна каша, се дозирано оставам со список што кога да дава. На нејзе оставам само да види кога пелена да смени. Реков, по мое или ничие. Со свекрвата исто. Среќа таа поише ми се плаши па немаме рчки.
Па тоа што вие имате нетрпеливост меѓу вас со свекрвите или мајките не значи дека е лошо детето да се дружи со бабите. Кај мене се разбрани и немам проблем. А за насилното земање на детево од страна на бабата е друга тема. А во добронамерно гледање и ок однеси меѓу не гледам никаков проблем. Се слагам со се што кажа Анат.
Си кажувам, иако сум многу трпелива генерално, за детето апсолутно ништо не попуштам што се однесува до рутината и редот, па понатаму и воспитување (сега е уште мала за тој дел). А за дружење, не се случува да поминат 3 дена без некоја баба/дедо да види. Сакам да ги дружи, сакам да бидат блиски, јас сум со баба во куќа растена, сепак тие се фамилија, иако не живееме заедно сметам дека со детето треба да се блиски. Само мене во куќа нејќам да ми се мешаат.