А кој да ми ги чува кога сме на работа со мм по цел ден? Жена ли да плаќам при баба и дедо кои со ќеф ги чуваат? Малото си е во градинка, големиот во школо, сега на распуст. Или и јас да земам распуст да ги чувам?
Вие ги извртувате, членката рече дека наметнуваат дека мора она да ја чува.. Ништо не мора на овој свет... Како тоа ааа од утре со баба, многу си призврзано со мама???? Не зборам за такво чување.. Туку од типот при мајка и татко дома да морало баба да чува. Збориме за наметнување ставови. А не чување од потреба. Ако е така да ги родиме и одма нив да им ги дадеме. Едноставно некои не се задоволуваат со тоа чување, сакаат да се доминантни над туѓи деца и да се со нив 24/7. Бар во мојот случај.
Еве и мојата свекрва кога ја гледав како ги чуваше(иако ретко) децата од девер ми и јатрва ми,бев убедена дека нема да и дадам да го чува и моето. Сега сфатив дека очигледно како ќе се поставиш,така и ќе ти возвратат. Моето го гледа најубо што можи,без никаква мана. Едит: никој не можи ништо да ви наметни,вие сте мајките и крај.
Само ако заслужиле бабите. Замисли, моето дете 4 дена од кревет не можеше да стане, а свекрва ни дојде, ни се јави да праша како е (а знаеше дека е така, мм и спомнал кога ја видел, а таа мртва ладна). И што мислење да имам за таква личност?
Само јас ли не го сфатив толку сериозно моментот што свекрвата рекла дека детето е многу приврзано со мајката да го остави малку на неа??? Може јас додека читам со поинаков призвук си го замислувам, ама според мене дури и добронамерно звучи понудата. За деца кои се лепенки за мајката и кои не ја оставаат да мрдне никаде баш се препорачува постепено да се оставаат по малку на чување кај тетки, баби и дедовци за да се привикнуваат и со други луѓе. Нема тоа да ја сака мајка си помалку ако почесто се дружи со бабата, напротив мајката ќе има време да си посвети и себеси а со тоа ќе биде позадоволна и посреќна, а се знае среќна мајка, среќно дете. Син ми ги обожава и двете баби и двајцата дедовци и јас сум многу среќна поради тоа. Свекорот и свекрвата се постари луѓе и со бебиња баш не умеат, па затоа кога тргнав на работа не им го оставав на чување туку цела година јас одев 2ра и 3та, а мм 1ва и така го чувавме синко. Знаев дека ќе им биде тешко да го нахранат, пресоблечат, успијат и затоа не ни помислував да пробам. Но кога веќе синко потпорасна, кога почна да зборува и да разбира и да јаде од нашата храна почнавме да им го оставаме. Сега повеќе време поминува долу со нив отколку горе, си играат и тие ко деца со него, во двор, во песок, на улица... милина е да ги гледаш. Другите баби во маалото што чуваат деца постојано се жалат и фучат како им е тешко, а од мојата ниту збор немам слушнато, а најстара е, а воедно и синко најактивен. Уште не можат убаво да го нахранат, за мочкање многу пати не знаат убаво да го издржат па ќе се намокри целиот, го учат на нешта за кои ние сметаме дека не се во ред, му даваат забранети работи скришно иако 100 пати сме кажале дека не смеат, немаат толку авторитет врз него па почесто им прави бељи....итн...итн... АМА НЕИЗМЕРНО ГО САКААТ и синко е многу среќен кога го поминува времето со нив и јас тоа не мислам да му го ускратувам! Ги подучуваме со мм, им се караме, нешто прифаќаат, нешто тераат по свое, но не за инат туку од љубов кон внучето, така што некогаш и ние си легнеме на брашното и ги оставаме да уживаат!
@Lolipop23 фино си го напишала сето тоа, убаво е да се прочита и мислење како твоето, ама никако не можам да го разберам делот со 'забранетите' работи. Толку ли е тешко старите да разберат дека не смее чоколадо, на пример? Не можеш да ме убедиш дека било кој прави нешто од љубов ако тоа се коси со правилата поставени од родителот. Инает е тоа, баш онака старински 'Еј што ке му бидне од малку чоколадо'. Ако јас кажам дека моето дете нема да јаде нешто, тогаш сите ке мора да го почитуваат тоа, во спротивно ке сменам тактика. Право на приговор има само другиот родител и ниту една баба и дедо.
Знаеш колку пати сме се расправале со мм за тоа и со едните баба и дедо и со другите. Додека не разбираше толку синко за да си бара сам горе-долу ги почитуваа нашите наредби. Но сега откако почна да бара сам не можат да му одолеат и му даваат. После “читање на молитвата’’ ќе издржат 2-3 дена и пак ќе почнат да му даваат, не е инат, едноставно се слаби на него. Пази мм како ги откри, седеле со синко долу кај нив и одеднаш синко почнал да му вели на мм - Тато оди си горе... и да го брка. Мм излегол и застанал на врата да слуша, синко почнал да им бара бонбони, прво се опирале дека немаат, но вели мм буквално во ќош ги спотера, дајте па дајте! И нормално луѓето попуштиле и му дале. Некогаш и јас колку и да стојам на своето попуштам кога е многу упорен или пак жално ме моли. Сепак е дете.
Не сум личност која е компетентна да се меша во воспитувањето на туѓо дете, ама не може и не смее од мали нозе да ве вози како сака. Ако сега ве манипулира за слатки, утре ке најде начин за нешто поголемо. Син ти пробал слатки некаде и му се допаднале и си нашол начин. Ако не си му дала ти, тогаш некој друг му дозволил да проба, повторно против твоја воља. Сума сумарум, бабата и дедото одат против твоја одлука како родител и ништо не може да ја оправда таа постапка. Да се толку 'невини' и добродушни ке кажат - Снао детето бара слатки, дај ни нешто што смееме да му даваме. Ама не, они кријат од тебе и му даваат, да не кажам, на цел памет, будала те прават. Ја така би се чувствувала.
Со свекрва ми имаше често инциденти, муабет од стилот на: “Шубо си касна за ручек, цело пакетче ресана си изеде.“
Ги познавам луѓето и затоа знам дека не е за инат и дека не ме прават будала. Верувам во тоа и не си правам непотребни сценарија во главата кои ќе ми стварат дополнителен бес и нервоза. Реагирам моментално кога има потреба, објаснувам и на повисок тон ако треба, но не држам лутина и не им се одмаздувам со забрани да го гледаат детето поради тоа. Јас многу внимавам на неговата исхрана, до година ипол па и повеќе на прсти можеше да се изброи колку пати имаше јадено благо, грицки па скоро ич до ден денес и искрена да бидам се чукав во гради дека цело време ќе е така. Не јаде ниту сега многу благо, но откако ги откри бонбоните и лижалките детето почна се почесто да си бара, како впрочем и секое друго дете. Нормално дека имаме ред што, кога и колку се јаде, но некогаш правилата можат да се прекршат нели? Колку што знам не си мајка сè уште, нема да речам дека затоа немаш право да коментираш, баш напротив интересно ми е да читам какви замисли имате за родителството пред да станете мајки зашто истите сум ги имала и јас своевремено но како минува времето и како растат децата едноставно сфаќаш дека против некои работи не можеш и некои работи колку и да се трудиш не можеш да ги избегнеш.
Јас не можам да се пожалам. Сфаќам дека не се сите луѓе исти и дека бабите и дедовците најчесто ги разгалуваат внуците. Ама реално, задоволна сум, и со полна доверба ги оставам. До година, година и пол ме слушаа и повеќе пазеа што даваат, а после тоа имаат одврзани раце. Благо не им даваат, тоа сум сигурна, освен ако ептен не побараат. Кај нив дома нема благо и грицки, освен компоти и џемови, свекрва ми е дијабетичар, и не им дава нездрави работи на децата. Свекор ми е тој што попушта, ама и тој поретко дава. Она што знам е дека децата мои секое утро имаат полна чинија овошје, зависно од сезоната, после им следува доручекот, а за ручек секогаш има некоја манџа, задолжително со салата. Ужинките им се зеленчук и овошје кои сами си ги берат од бавчата. Верувам дека имам среќа што во тој поглед луѓето се такви, не ги товат моите деца со нездрави работи. Може ние да имаме меѓусебни несогласувања колку сакаме, а имаме доста често, НО децата не трпат поради тоа. Никогаш.
Pa kako da cini ako se podebava deka ne mozes da rodis; ne ni se javuva da prasa dali sme zivi itn? Daj ti se molam. I jas citam deka ima normalni svekrvi, ama mojata ne e i ne i go ostavam deteto.
Исти се. На мајка можеш отворено да и кажиш што ти прече. На свекрва и не баш, затоа собираш цело време и на крај оде на лошо. И мојата мајка ако биде свекрва ќе биде иста.
Никој не е совршен, ама споредбата е безвезе. Мајките на машките деца очигледно го имаат тој синдром ,,да не ми го земе синот''