Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Немам потреба да бидам блиска со неа, страв ми е да не почне да му зборува против мене да не раздели или некои слични глупости
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Па ако е паметен нема да ја слуша неа. Не се оптоварувај, биди си на дистанца, не ти треба којзнае колкава блискост со неа.
     
  3. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    да ти кажам право по се што поминав......ако веќе е решена да ве раздели ( а тој токмак па ја слуша) поарно сега нека ве раздели отколку после со дете...со 300 нервози...
     
  4. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Фала за советите ме ослободивте од глупави мисли :)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.487
    Допаѓања:
    114.919
    Пол:
    Женски
    А да не се оптоваруваш ти со неа многу многу може? Уживај си во врската. Она ако сакала немало да идржите една година. :D И во ред е нејзиниот однос. Затоа што има родители кои едноставно не сакаат да се зближуваат со девојките или дечковците на децата додека не стане нешто официјално. Еве од кај мене да ти кажам дека моите не сакаа да им носам дома на поседок дечковци,ниту па имаа некој присен однос со нив. здраво, како сте и толку. Не тии треба да пиеш кафиња и слично со неа. Ај не ја читај темава, не се замарај со проблеми кои ги немаш. Имај убаво лето :D
     
    На Bozica1980 и spasovskaa им се допаѓа ова.
  6. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Снаата и свекрвата се од секогаш ,, лутите противници на бојното поле ,, ,што на јаве што на виц :)....

    И нашите мајки па дури и баби зборат за тоа како не се слагале со свекрвите. ТО е синдром кој неможе да се објасни.
    Премногувероватно треба да почекаме и ние самите да станеме свекрви, можеби тек тогаш ке разбереме каде е проблемот кој, како што реков постоел и ке постои.

    Јас само велам боже дај ми памет во глава ако еден ден и јас станам свекрва, да знам како да се однесувам со снаата, коректно Да не бидам како Снаата која сто запишувала на ливче кои работи не треба да и ги прави на нејзината снаа, арно ама кога станата Свекрва и кога ги земала ливчињата да прочита на се е било одговор епа арно мене ми викала мојата свекрва.
    Боже зачувај.
     
    На gerdanche и spasovskaa им се допаѓа ова.
  7. zorica1993

    zorica1993 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Ви благодарам..мм е 24 години.оди на работа со неговите со брат му и татко му и заедно работат и парите што ќе ги спечалат одат во рацете на мајка му.за 1 месец мм има заработено 3 000 ден..мајка му е банкар таа ги чува неговите пари..ццццц.ќе полудам... :(
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А маж ти нема проблем со ова?
    Од такви мајки што имаат контрола над сите ми се темни.
     
    На Anyshka и zorica1993 им се допаѓа ова.
  9. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398

    Самиот си го дозволил тоа...и маж ми е таков ама по малку му доаѓа памет бар јас така мислам добро мајка му не располага со парите ама брат му да..парите ни идат на една трансакциона ама проблемот е во тоа што тој незнае ништо од неа само брат му и колку пари му дадат толку...ама кога си е глуп што да му правам ќе му дојде памет можеби некогаш ама касно ќе му биде!!! :!:
     
    На zorica1993 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zorica1993

    zorica1993 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Мм беше во странство 2 месеци,а пред да отиде беше човек,сега незнам што му бидна никогаш така не се однесуваше со мене,си ја слуша мајка му,откако си дојде од раб.времето го поминува кај нејзе,му ја полни главата со глупости а тој нема ниту малце памет во главата.нека ја слуша неа.позз :hai:
     
  11. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    А да те прашам..вие сте во брак или не??
     
    На zorica1993 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zorica1993

    zorica1993 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Во брак сме да,веридбата ни беше на 6 мај а свадбата на 12 ноември...
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398

    Јас би ти кажала нешто како совет ако сакаш....јас кога правев веридба (лани) незнаев за овој проблем тек после веридбата дознав многу работи не веќе ми беше касно.. ;( после 3-4недели останав трудна, почнав да се карам со маж ми околу овие работи, заради мајка му он како и по обичај мисли дека она е за се во право ама тоа е што...ама да не бев трудна јас знам што да направам крај и готово но ете грешки големи се прават ама мојата е кобна ;( ;(
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Нема да трае тоа многу долго не се секирај се ќе си дојде на свое место, трпение спасение рекле старите.
    Биди умна не си ја нервирај душата и чекај си само....
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zorica1993

    zorica1993 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    2 - 3 недели како си е дојден од странсво,како си дојде влегува прво кај неговите и потоа кај мене,ниту се поздрави со мене ни како си ни што си ;( .кога си дојде татко му доаѓа кај нас и тој на мене ми вели ти не си дојдена тука редови да ставаш ти мозеш само кај твоите да ставаш.мм секоја вечер се расправа со мене ме истерува да си одам кај моите,јас има казав дека ме истерува и незнам и јас се нервирам и тие се нервираат,а на неговите око не им трепнува дали ќе се расправаме или не. ;( ...позз и ви благодарам на подршката. :D
     
  16. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    исто беше и кај мене....мамини синови...само мојот се правеше демек не разговара со нив, а од работа прво кај нив долу одеше на „советување“.... штом немаш дете застани цврсто и кажи му „или менувај се или да си одам“ зашто после е потешко....
    и кај нас имаше повуци-потегни ама мислам дека од почеток да си заземев цврст став по друго ќе беше....а вака еднаш двапати попуштиш на глава ти се качуваат...ако се реши за тебе -добро........а ако си ги избере нив дека му се побитни- уште подобро....барем ќе си знаеш на што си додека е време да си бегаш....било поминало....а вака со дете после да се нервираш..не толку за него туку за детето без татко (го измешав и мојто случај малку)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zorica1993

    zorica1993 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7

    и моите ми велат да си одам ама незнам после некако незнам...срам ќе ми е ...ке видам усте една недела како ке се однесува со мене ако продолзи така ке остане без зена...а свеки тоа се го прави таа го растури и бракот на брат и како имаше и дете ама детето си остана кај него..и моите ми викаат додека е по на време ,додека нема бебе.. :* :hai:
     
  18. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    и кај мене е иста ситуација само кај мене е лошо што јас имам и дете ама моите ме подржуваат и ми велат да си се вратам дома... :worried: ке видам и јас уште колку само ќе трае вака додека не пукне тиквата еден ден... :@
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ај ќе кажам нешто додека не ни го плеснала некоја од феминките _- цацко ни е крив што трчавме ко прле пред магаре да се жениме...........................................
    млади зелени да падне целиот товар на тебе....мажите уште позелени со папочната врвца врзани за мама и тате............влагаш во свет во кој трееба да трчаш а ти уште не знаеш да одиш како што треба.......
    а они веќе добро опремени со искуство и ги фаќаат на емоции..............
    затоа памет в глава и пред 90 год мажење НЕ :)
    не се срамама, не го чувствувам детето како товар напротив како волја и мотиватор за напредок.........
    но не е се така розово.....треба татко на детето-друг татко нема........иако уште не сме официјално разведени муабетите кружат...имам потреба од љубов нежност .......но ИМАМ дете и некако ми е срам ради него, и мислам дека никогаш повеќе нема да има друг маж во мојот живот........(малку забегав од темата, ама мислите ми се каша попара, многу размислувам но без решение и напредок) :@
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Значи вака, последниве постови ме натераа да го пишам ова иако јас лично немам проблеми со свекрва ми, но се надевам дека ќе им помогнам на оние што ги имаат. Имам многу примери и мисли низ главава се надевам ќе ги средам и мислењево нема да биде конфузно туку корисно, иако подолго. Не се однесува лично на никого туку е општо.
    1. Гледам дека на многу снаи им смета поврзаноста на синот со мајката. Значи размислете вака, поголемиот дел од вас имате свои деца и сте осетиле дека врската меѓу мајката и детето е нераскинлива. И таа не слабее и кога детето ќе порасне. Значи не пробувајте да ја раскините. Не им зборувајте лошо на сопрузите за нивните мајки и не им кажувајте се што ви рекле и се што сте кажале. Тие се насреде и не ги терајте да заземат една страна. Тие вас ве сакаат штом ве одбрале за сопруга, а мајката каква и да е ќе си ја сакаат цел живот и верувајте колку и да не можете да видите тие караници помеѓу вас и свекрвата им паѓаат тешко. Ако веќе свекрвата не може, вие бидете поприлагодливи.
    2. Нека не ви смета тоа што прво тој оди да се поздрави со мајка му, па иде кај вас. Па тоа се прави од почит кон постарите, а и не би било лошо и вие кога сте излезени, прво да влезете долу да ги прашате како се, па да се качите кај вас, од чиста култура и ќе оставите впечаток дека ги почитувате, а нема да ви се исуши устата од едно Добар ден, како сте. Ние 2 год живеевме кај неговите и потоа се преселивме во стан кој го добив јас руво од моите. И на почетокот се случуваше мажот ми прво да се врати кај нив од работа (иако не седиме блиску) па да си дојди дома, дури и да руча кај нив. Јас сум се селела повеќе пати и го сваќав дека за него ова прво селење е тешко и не му преговарав околу тоа. Сега веќе по 7 год. во овој стан тој веќе го чувствува како свој дом и дури и кога сме на ручек кај неговите, ако легнеме да одмориме после тоа, тој по 15 мин. станува и вели ај си одиме овде не можам да спијам сум како на гости. И сигурно и вие кога се омаживте почесто одевте кај мајка ви, ви недостасуваше. Јас барем така правев, на почетокот бев секој ден кај мајка ми, барем и на 5 мин. Е сега одам ако имам потреба или ако не сме се виделе од поодамна. Се во свое време , не ги силувајте работите.
    3. И ова за последно: Не им зборувајте лоши работи за нивните мајки, какви такви секогаш ќе им бидат мајки. Ставете се во обратна ситуација колку ве боли и дека секогаш ќе си ја браните мајка си. Еве уште еден пример од мене и толку. Јас пред едно 5 год. разбрав за некои работи кои ги прави свекрва ми, кои немаа директна врска со нас. И се двоумев дали да му кажам на мажот ми. Мајка ми ме подучи да ќутам, оти колку и да е лошо тоа, таа му е мајка, ќе се смират, а јас ќе бидам секогаш крива оти сум му кажала и за кавгата помеѓу нив. И не поминаа неколку месеци и тој разбра за работата. И се скара со мајка му, не сакаше да ја види, јас зазедов неутрален став. Додуша таа претпоставуваше дека јас знам од поодамна и дека јас сега сум му кажала, и почна на дур со мене да се однесува, ама и реков ако сакав да ве карам одма ко разбрав ќе му кажев, а не сега, тој сам си дозна за тоа што го правиш. Не помина недела две тој се смири со мајка му, и и јас си почнав со неа нормално да си правам муабет.
    Значи гледајте си ги мажите, а не свекрвите што рекле. Терајте ја водата накај својата воденица, што велат стари. Не дека немало искри помеѓу мене и свекрва ми, па јас и со моите се карам, ама фала Богу, имаме еден нормален однос, ни многу блиски ни да не правиме муабет.
    И уште еден пример ќе кажам (леле одолговечив :D ) Бидејќи како што кажав седиме во стан од страна на моите што го добивме, свекрва ми го учеше синот да кажува дека седи на адресата нивна. Јас само си се смешкав и велев, колку сакаш учи го кога ќе потпорасни ќе знае кај седи. И така бидна, в градинка учеле за адреса и овој мојов ја кажал од баба му, е арно ама воспитувачката знае дека таму не седиме и му рекла да си ја научи правилната адреса. И оттогаш детево си ја кажува адресата од станот. :) И таа на децава мои им вика кажи бабе ти мене ќе ме сакаш најмногу и само мој/а ќе бидеш. :) Нема што да се лутам за тоа, се знае од милост им го вели, не се карам да се правам мајка и пол, се знае детето како сака мајка, а како баба.
    Значи без нервози, спуштете ги топките и размислете. Е сега овде читам има и екстремни ситуации каде не помага разговор, ама повеќето проблеми се решливи, не се замарајте за кафе варење, за кој кај влегол попрво, па како ме погледнале. Не ни се сите денови исти и не сме секој ден расположени, бидете отворени со свекрвите, а не со ќутење и да му ја полните главата на сопрузите со се и сешто.
    Уф доста е, можам уште да пишувам, ама досадна сум веќе. :D
     
    На pianogirl, Peperutka90, midnight.flower и 5 други им се допаѓа ова.