Што мислите за една жена која пред се е глупава,проста себична,се би направила за пари,и згора на тоа ги навредува свекорот и свекрвата бидејќи пензијата не стигала до нејзина рака,а нема буквално никакво право да го бара тоа.А по дома не работи нипто,ниту домашни обврски
Па не е баш така. Пример мм има стомак -млад човек , сите се доста крупни поради начинот на кој што свекрвата им готви и колку количински се спрема и што се' се јаде. За разлика од кај нив, кај мене сите сме слаби пошто тоа многу се пази. Манири скоро и да се нема во нивна фамилија, среќа мм уште од кога ме запозна одма сфати дека многу ми смета тоа па сакал - не сакал поприми од мене . Дури некогаш се заборава покрај нив, па го потсетувам. Гледам дека и самиот доброволно прифаќа работи од мене. Убаво си пиша @NarCis@
Штом си се омажила за него арен ти бил и таков - крупен. А за превоспитувањето - можело и да не ти успее.
Сите ние што немаме подршка од мажите ќе страдаме од нивните родители.Пред него ме исмејава свекрвата,а он си ќути,му давам на бебе да јаде и свекор ми ми го зима од раце за да не сум го прејала па да биде дебело како мене...а мм тука и си ќути..што муабет повеќе? Ако речам јас сум крива оти сум рекла...и они си се иживуват врз мене ја си трпам.Верувам има и многу други вакви што имаат грешен маж?а не грешни свекор и свекрва.
Ако сам не знаеш да си го зачуваш и браниш своето 'ЈАС' не очекувај некој друг да го прави тоа за тебе, па макар и маж ти бил. Ако сама не можеш а и за да нема поголеми проблеми, речи му на маж ти нека ги опомени, доколку не сака тогаш сама бе златна сестро, отвори ја устата и не ја затворај.
Прво за себе самата си одговорна, и не би требало да дозволуваш никој да те навредува, дали мажот, свекрвата или мајка ти. Јас во таква ситуација не би чекала маж ми да ме брани, си имам уста сама да се одбранам. Маж ти во тој момент треба да биде само на твоја страна, да не биде свекор ти вика дебела си, ти се навредуваш и се браниш и маж ти на тоа да рече: е што се вреѓаш кога стварно си дебела... Исто е и за детето, не мора да става ред маж ти, само треба да те поддржи пред неговите. Многу пати на темава кажуваме дека мажите треба да си ги решаваат проблемите со нивните родители. Тоа е зошто некои работи подобро ќе пројдат ако се кажани од синот а не од снаата, и нема да има караници. Не дека снаата треба да седи и ќути за да синот тура ред. Јас и маж ми сами си се договараме што сакаме да правиме, па секој на своите родители пренесува што сме одлучиле. Битно е јас и он да сме со исто размислување, после се друго е полесно.
Знам дека не секогаш треба да чекам од него да ме одбрани,ама ако се спротиставам на неговите родители или кажам нешто лошо за нив (т.е вистината) следува караница зошто сум рекла ја сум била невоспитана,неблагодарна како не ми било срам и така...никогаш им се нема спротиставено.. Заслужуваат да бидат отерани упм ама ми е жал за детето..затоа трпам се, нејкам да расте без татко.. Имам пишано во на срце ми лежи дека се каам од дното на душата..е токму за ова се каам што влегов во оваа фамилија. Уште полошо е што прифатив се и немам сила да се борам против сите...еден против 3 не може..
Ама мораш да си се избориш за глас во фамилијата. Детето нема да ти е среќно ако ти си потиштена. Не мора да се караш, викаш и да навредуваш, ама не преќутувај. Маж ти, мекотелот, ако не се смени, детето ќе живее со двајцата родители, ама ти ќе бидеш потиштена и тоа ќе гледа и слуша. Ќе почне да разбира, и ќе научи дека е во ред мајка му да ја навредува кој ќе стаса.
Утре ни детето нема да го бране како што не те бране тебе. Ако твоите кавги се стварно подмирени со факти разговарај со него ако не сака да се смене не губи време. Детето ќе биде посреќно ако мајка му е среќна. Сега видов @WildMk слично пишала, не крадев мислење оп стоп
Знам дека сакате да ми помогнете и ова што го пишувате е нешто што секој нормален човек би го кажал за да помогне ама јас тука немам ни право на глас,од почетокот зборував се бунев кажував дека сум човек со потреби и мислења ама никогаш не го прифатија тоа,сакаат да се игра по нивни правила исто и мажот ми пример испаднати сме и викам ајде да си одиме и ми вика која си ти да кажуваш кога да си одам,он е тој што кажува кога да се испадне,кога да се оди дома,кога што да се прави...најкриво ми е што татко ми ми кажуваше каква фамилија се ама не верував оти ги гледав нивните маски ама кога ги симнаа се исти такви како што ми беа опишани. Се е за пари..брат му на мажот ми има повеќе пари од нас и они се златни оти се им купуваат,а ние оти едвај месец минеме не сме луѓе... Ви благодарам на советите ама немам подршка веќе од никој ни од моите,и да се скарам тука немам каде да отидам. Ако ме видите ќе речете што се жали оваа види ги колку се среќни ама за жал сето тоа е поради тоа што ме научија дека треба да носам маска, а кога сите ќе заспијат ќе си се изнаплачам и ќе си легнам, ќе пишам тука колку толку да ми олесни оти немам на кој да се пожалам..моите немаат појма каков живот живеам,а и да знаат само ќе ме советуваат да си седам и ќутам како што ме учеле цел живот.
А да си најдеш ти свои занимации кои се надвор од дома? Прошетки со бебуш, кафиња со другарки... било што, ама да си е твое и да не мора многу време да поминуваш со домашните. Има шанса за такво нешто?
Го правам тоа испаѓам со другарки и со бебуш барем за тоа не ми прават проблем..само немам толку блиска личност со која би разговарала за ова..
Хаха,а што ќе кажам дома? За што одам на психолог? Па ако дознаат другите ? Ќе го посрамотам,ќе мислат сите дека има луда жена.. Па и не зимам плата,а ќе трошам..не бива .. Есинствено да отворам уста кога он не тука оти и тогаш си работи свекрвата,а ја и тогаш ќутам..па да видам така што ќе успеам..не знам? Може и ќе ме накодоши после на него
@cvekence123 Ти си легнала веќе на брашното. Работите на самиот почеток се подредуваат. Советите ништо не ти значат, оти ти си одлучила да трпиш. Искрено се чудам на ова. Дотолку ли те "испрале" ? Јас, никогаш не би се помирила со ваква ситуација и не би дозволила моите деца да гледаат вакво "почитување" и да прераснат во истото или да се најдат на потчинетата страна. Ќе ти кажам да разговараш со твоите родители и да им ја објасниш убаво ситуацијата. Во нормални услови треба да ти дадат поддршка. Да се вратиш кај нив и да видиш реакција од "мажот" што го имаш дома. Не си ништо помалку вредна од нив. Почни да се цениш себе. Ако не работиш, топло ти препорачувам да најдеш работа. Ако веќе си во работен однос, тргај нешто пари на страна, онолку колку е тоа можно. Па ете, можеби ќе имаш шанса еден ден да излезеш под ќирија со детето. Ова е психичко насилство и истово никој не го заслужува по ниту еден основ.
Можеш на државно да одиш, и не мораш никому да кажеш кај одиш Не е срамота да се оди на психолог, ама ако живееш со такви луѓе, подобро е да не знаат. Не ја поддржувале нејзините... Така кажа...
Погоре кажува: Никогаш нема да разберам родител кој го советува сопствено дете да трпи било какво насилство. Освен тоа, добив впечаток дека тие не ни знаат што точно Цвеќенце123 минува. А таа претпоставува во која насока ќе ја советуваат. Треба да разговара и убаво да им објасни. Ако не бива ни тоа, мора да се бара друго решение. Оти молчење и трпење, тоа не е.
Оди си кај твоите девојко, ова не е нормално и е навистина жално што си го дозволуваш. Колку и да не те поддржуваат твоите сепак си им ќерка и никој родител нема да дозволи детето да му страда. Можеби ќе те прекоруваат у стил како: ти кажавме ли какви се и слично, ама подобро твоите да ги трпиш отколку овие. Верувај ми дека детето многу посреќно ќе ти биде со еден родител, отколку со ваков татко што не знае и не може да си ја заштити сопствената жена и мајка на неговото дете. Срамота кој се се смета за маж. А ако не си спремна на таков чекор и сакаш да останеш таму кај него, тогаш мора да престанеш да ќутиш, па колку сакало нека има кавги, а ако мажот ти ти каже дека треба да ги почитуваш и не смееш така да се понашаш, ќе кажеш кога они тебе ќе те почитуваат тогаш и ти нив, а се додека вака се понашаат и ти така ќе се понашаш. Ако не им одговара така кажи му ќе си го земам детето и ќе си одам кај моите, па да видиш после како ќе реагира и дали ќе му биде сеедно.