Е ово е тоа клучниот момент, немаш свои пари и те играат како сакаат, никогаш нема да разберам каде без работен однос и свои пари се мажите. Оно по правило би требало се да е заедничко ама сопствениот придонес ти дава и некоја сила да не мораш да ќутиш за се нешто туку да се слуша и твојот глас. Не знам што да те посоветувам, искрено греота е за детето што ќе расте во таква средина, ај ти што си се заебала не те жалам, голема си ама свесно донесување на дете во таква средина со мислата дека нешто ќе се смени е грешка голема.
Факторот свои придонеси во Мк и не е толку стабилен. Јас кога се верив имав стабилна работа, по струка, со убава плата, да му позавиди чоек на мм, после 2м на газдата му штракна паметот и ме избрка оти сега сум се омажила ќе сум имала деца, требало да плаќа породилно (идиотизам до немајкаде, не ни плаќа он породилно), ќе сум барала боловања, ќе сум сакала да раѓам... Едноставно чоект се мрдна од умот. Среќа моја за 15 дена најдов уште постабилна работа, шипки варени, 2ипол години во јавна институција, еден ден не викнаа и не избркаа сите што бевме дојдени, нови донесоа. Кај нас стабилност со работа и плата, нема, освен ако си сам свој газда а и тоа не е сигурно, ти се налакоми некој или добавувачи те зграпчат, отиде јабана. Кај нас ништо не е сигурно, свои пари само ако си наследил некоја сума да ја имаш за црни дани. А и менталитетот, погледни ја девојката, од дома нема никаква подршка, пола и поише родителите не им “даваат“ да се мачат за 12000, поарно дома да седат дур не се промажат проженат... Кај нас е хорор и од домашно воспитување и од сфаќања и од се!
Еве морам да во го раакажам денешново течение значи стана сврки ми се јави станатаи сте викам да одма дојде ние у двор со бебе алишта пружаме ја зема да ја зеам кај меме вилаж важи у мегу време едно десет пати еј изабелче види како се смее еј мама види ја качи на мотирче ја симна нејкала и викам па паткај ја несака во раце и влегов внатре после 7 минути дојдоа ми ја дава јад си ја зимам и тука ја замара и неа и мене це бабе бу бабе ова она значи ако веќе ја зимаш причувај ја кај тебе не тука да ми изведу
Изабелче, зошто просто не и речеш ,,мајко имам работа по дома, те молам земи го малото кај тебе, за 30 минути ќе дојдам да ја земам,, Оти да не се функционира едноставно ??
Колку и да те нервираат некои работи, таа и е баба и ќе ги има. Низ истото поминував и поминувам ама се навикнав па игнорирам. Реагирам само за животозагрозувачки ситуации. И знам, верувам, неќе да ја патка, сака да прави тоа што таа сака а не бебе. И тоа е тоа што нервира. Не наоѓај баш на све замерки. Ги сакаат верувам, внучиња им се. Треба да ги гледаат, играат. Ама треба и нас родителите да не слушаат и почитуваат.
Никогаш нема снаа и свекрва да се сложат во едно во воспитување, никогаш! Мојата свекрва вика на вас е да го воспитате на мене е да го разгалам, до толку што ја има синко жената така истренирано да прави се што он ќе посака. Буквално! Ми смета и знае она, ама вика не можам. Вчера синко растура, истура, они 4ца возрасни не Маци, не Маци никој не подвикна, дојдов земав водата, исчистив, писнав се прибра дете. Едноставно секогаш едниот родител ќе биде построг и така е и во овие односи, бабата е тука за внучето, не обратно. Јас се сложив со тебе дека лошо пристапила дека сакала насилно малтене да ти става ред дете со кој да седи, ама за ова не се слагам. Ако е ко што вика Цветче животозагрозувачко пеки, ама вака, не се слагам. Нејќела да ја патка, од кај знаеш, може не може жената да се кичми, на крај краева нема таа жена 30г, има сигурно 60+ Остај ги, кажи и бабо земи ја кај тебе да средам јас и толку, кога ќе завршиш иди земи ја.
Иако не сфатив баш што точно сакаш да кажеш, бидејќи не користиш интерпукциски знаци, ама од тоа што сфатив е дека ти бараш влакно во јајцето. Да можеби некој ситуации да те изнервираат и да ти сметаат, ама очигледно е дека тебе ти пречи свекрвата па бараш проблем и таму каде што нема, и најмала ситница од нејзе ти пречи. Од милион примери и тука на форумов што споделувале а и што ги знам од приватно, жени што имаат навистина проблеми со свекрвите ова твоево е со сила преувеличување.
Добро жени неможам мислам ќе се мрднам у куќава накратко пишав за проблемот со свекрвами но од тогаш се случи некој испад нејзин мм мн се изнервира и од тогаш му кажав дека ја со неа више неправам ни муабет ни нишо и он демњк ме подржа ама он и понатаму ја тинатари цело време и го носи детево да го видела. Ајде и тоа ќе помине си викам ама ја неможамм гласот да и го поднесам неможам да ја слушам кога му збори на детево ми згреши мн таа жена и еве некое време не живееме ама она упорно ако испаднам со детето одма вика по мене кај одам и да сум и кажувала од сеа кога ќе испагам шо има бе да ти кажувам кај одам кога ќе си дојдам кога не живееме не правиме муабет нз како да се справам со женава ама секој ден се помалку можам да ја поднесам а мн ја сакав ама мн ми згреши... мм само ми вика демек у право си ама таа ми е мајка каква е таква мајка ми е и неможам нишо више се спобудалев со женава
Сигурно нема лоша мисла жената ни за тебе ни за детето. Пробај со заеднички активности со неа. Месење јуфки, праење слатко, мислење некое побарај од неа за нешто, се да биде дека и неа некој нешто ја прашува и значк нешто на некого.
Човекот мора да се почитува самиот себе за да го почитуват другите како што гледам девојката нема ни работа а е во брак и тоа дозволила да живее со мајкаму и таткому на мажот и продолжила откако видела какви се, ми изгледа несигурна во себе, несамоуверено како се на мажот и да чека како да и е господар да ја штити и брани. Мене искрено така некој да ми се понаша ке го измлатам и со зборови и со ќотек. Хахахах ова е предноста на избувливите луѓе(како мене)
За што заеднички активности? Членката веќе кажа дека многу и згрешила и не сака ни да разговара со неа, а не па да прави слатко или не знам ти што. Ти на сопругата овој совет ќе и го дадеш ако утре има проблеми со мајка ти? Наместо да поставиш граници, ти ќе и кажеш да ја тинтри што е можно повеќе, со цел да се осеќа мајка ти важно?
Тоа што вие две не разговарате не значи дека таа не смее да го гледа внучето. Разграничете некои работи, внуче и е. И со маж ти ќе разговара нормално, мајка му е. Не можеш нив да им забраниш да комуницираат, оти ти не сакаш.
Ех, моево у болница, па нит се јавија нит дојдоа да го видат. Баш ми е криво за моето. Јас најубаво детство сум имала со баба и дедо. Нити изразиле желба да го чуваат. Додека другиот внук седи цело време на распуст кај нив. Па нели им е ќеф, да си ги чуваат двете заедно? Додуша јас не би го пуштила де, ама да речат . Моево кога ќе види дедо на улица му вика дедо дедо! Од моја страна нема дедо, ама и од другата исто како да нема. Ај знам ми води свекрвата инат за една работа, ама што е криво детево? Јас неможам да разберам како нема желба да го види внучето! Маж ми е свесен и лут, последно за Нова Година им одржа лекција, замисли пакетче по такси му пратија! И после дојдоа демек увредени да го виделе и од јануари го немаат видено. Сега не ми се ни викаат на роденден. Не ни заслужиле. Лани седеше госпожата не и беше мерак да го види како дува свеќички на роденденот. еј сите станаа, она само седи.Жена образована ќе речеш, али нема врска. Така ми доаѓа криво за малото, испаѓа дека не е сакано. И покрај тоа што јас со неа си замерив пред неколку години, она да изрази желба јас би и го давала да го почува, само заради него.
Не бранам ја да го гледа внучето иако она направи мн лош кикс мн лошо се испонаша ја навреди мајками без причина и забрани да идела пна кај мене итн и мн др работи направи мн пати и преќутев ама овој пат не реков нишо само му кажав на мм дека више нема да имаме работа зш премина секоја граница и он ме подржа дека е така и сеа не прави ме муабет и кога испаѓам негде вика по мене каде го носиш да ми кажуваш кога испаѓата а никогаш не сум и кажувала ниту ја онтересирало кај одам ама сеа морало да и кажувам да знаела. Пишував и пред тоа она не смееше да заплаче детево одма трча у соба кај мрне шо му и одма го зима она да го смирела итн а додека бев бремена не ме ни погледан ниту прашала за на контола шо како воопшто не беше заинтересирана
А си размислила ли дека они можеби го знаат ова, па затоа и не го бараат внучето? Можеби и затоа и не ви доаѓаат на гости? Ако не ги поднесуваш, и јас не би ти дошла