Ајде па ти отиди некаде и менувај се на триесет. Бива? Зошто па мажот да не го затворат жена му со родителите и да го командаат и менуваат? Зошто жената секогаш да е во таа положба? Водење по девизата - мајка е една, жени има милион, во денешницава е ЖАЛОСНО!
Многу ми е жал,амапа не можам да сфатам,нели го виде каков е дури бевте во врска? Ми се десило и мене дечко да ми глуми,после година и пол сфатив каков е,година и пол е многу време признавам,ама се спасив. Ако уште дури сте во врска не штимаат некои работи батали то одма,не сфаќам како стапувате во брак,стварно ми е жал што имаш таков живот
Па има и такви бракови кадешто мажот живее кај жената и е безгласна буква. Нели домазет е телевизор, има слика тон нема.
Колку се тие примери, наспроти овие? 1 на 100? И еве кажи ми, зошто снаата да се менува? Синот одел со нејзе, ја знаел, претпоставувам му одговарала па ја зел за жена. Како одеднаш после земање ништо не одговара???
Темава се вика свекрвите и снаите - проблеми. Многу е нормално дека секој пост што го читаш е за проблеми со свекрвите, кои се сведуваат на тоа што го опиша. Кога би била генерална тема за однос меѓу свекрви и снаи, ќе имаше и поинакви мислења. И тука многу членки би пишале дека убаво се сложуваат. Не можеш да влечеш генерални заклучоци за состојбата на македонската жена од ваква тема чија поента е проблеми. Добро. И?
Мажот ја има можеби најбитната улога у вакви ситуации. Од неговото балансирање зависи какви консеквенци ќе има понатаму. Ако влече премногу кон една страна( мајка му), другата ( сопругата) секогаш ќе биде газена и обратно.
Мислам дека не се разбирате. Јас ако добро те разбрав - би им го дала на ден, два, на неколку саати, но не би го оставила цел распуст, така?
По муабетот членката си е крива за се што и се случува. Вика "и преќутев кога ја навредила мама и забранила да доаѓа". Зошто преќутела? Не дека треба за коса да ја фати ама треба да ја седне и да и каже како што јас не смеам на син ти да забранам да ти доаѓа доле после навредава така и ти немаш право да забрануваш било што во моја куќа. На убав начин, цивилизиран. Друго е што кога излегува не се кажува дека оди кај мајка и. Испаѓа работава дека се крие и де плаши да каже кај оди. Нека и каже "одам кај мама", нема потреба од мотање дека маж и знае. Јас да сум за инает ќе викам само кај мама, и да одам и на друго место. Само нека рече нешто, одма ќе и речам дека не може да ми забрани да си одам кај својата мајка бидејќи и таа е баба. И ние живееме со стари доле и кога излегувам обавезно се најавувам дека нема да бидам дома, и кога се враќам влегувам дека сум вратена. Прво од култура, а второ може нешто не дај Боже ќе се деси горе на спратот ќе влезе некој ќе си тупка ќе си оперира, а они ќе мислат дека сум јас И ред други работи... А ако сакам кажувам кај ќе одам, ако не само им викам "јас ќе излегувам" и толку. Не го гледам тоа како нешто страшно сепак сме како во заедница, за да се симнам доле мора да поминам покрај нивната врата и прозорец.
Не и преќутев кога ја навреди мајками тука за пред тоа мн работи шо ми ги направи и ќутев ама за сега му кажав и на мм дека не ќутам инаку не кријам за кога одам кај мајками оопшѕо она рече кога сум испагала со детево да и кажувам дека испагам ама ја и она не жевееме што има да и кажувам дека испагам па и кај одам да знаела кога ќе сум дошла кога живеевме не и кажував кај одам сега да и кажувам затоа и реков мм знае др нема потреба да знае кај сум и шо правам
А што и рече за мајка ти, оти викаш не си преќутела? Што разговор направивте за овој проблем? И зошто мајка ти престана да доаѓа кај тебе после ова туку само ти одиш?
Бидејќи не сака да дојде после навредите од неа мн ни е мала куќата седиме у една соба за нас др за нив и не сака сега да иде а инаку нејзр нишо нд и реков пошо мајками ми рече ти ќути само после тоа му кажав на мм дека ја со неа више не сакам да имам работа иако сме у иста ќуќа не значи дека треба да ми го директира она животот. Одам ја сега ама малцр како шо реков ми е далечко па останувам и со спиење а знам дека сеа и тоа и смета затоа ја интересира кај одам и кога ќе се вратам шо пред тоа никогаш не ја занимало кај сум
Потполно се согласувам.Затоа сметам дека ниту финансиите не се причина или изговор да живееш сам,туку карактерот.Има луѓе уште пред брак се свесни дека никогаш не би живееле со стари,па ако треба леб и сол да јадат но да си на раат.Едноставно не се гледаат во заедница.Е сега СВЕСНО кога се влегува во таков соживот,треба и да се биде спремен дека нема сигурно да биде така идеално и ќе има помали или поголеми проблемчиња.На кој сакаш после жали се,џабе е.Пак сам треба да се избориш и да си ги решаваш проблемите.Треба да се сфати дека карактер не се менува-така да бирате дали ќе се прифатите како такви,и помирите со различните ставови,или ќе смогнете сили за свој дом.Секако дека тоа се постигнува само ако двајцата партнери имаат иста цел и се подржуваат взаемно. Во повеќето случаи уствари испаѓа дека жената се разочарува од мажот,не од мајка му,очекувајќи да е покрај неа и да осеќа заштита во туѓата средина,а испаѓа за жал п ....ка
Епа пак се враќаме на муабетот дека нејзе ништо не си и рекла. Како тоа не си преќутела, а викаш мајка ми ми рече ти ќути. Проблеми со разговор се решаваат не со ќутење, зошто да ќутиш ќе си кажеш се што ти смета и ќе најдете компромис. И на мајка ти поголема и беше куќата пред навредата, сега се стесни на една соба само? Стварно не глефам оправдување за неидењето. Само и даваш до знаење дека ги почитуваш нејзините наредби и забрани.
Ме сфаќаш погрешно не е за стрснување на куќата туку не сака после тие навреди да иде вика никогаш не сум била така нападната без причина само поради тоа не сака. А ја ако седнам да разговарам со неа знајќи каква е на карактер брзобразна нема да издржам ќе треба да се расправам затоа мм разговараше со неа и пробав неколку пати да и кажам шо ми смета она одма ме сфаќа вика ти не сакаш да го гледам детето не сакаш да го чепкам одма затоа се фаќа.. дека она го гледаше неколку недели по пораѓајот бидејќи ме праве др операција и се зема право да ми кажува кој да идел кој не до 40 дена она да го бања она да го облекува како сака и се она да решава во врска со моето дете кое ја го носев 9 месеци за кои тие 9 она не ме ни погледна да рече чекај бремена си да исчистам да направам јадење да праша шо ти рекоа на контрола