Ама како да доаѓа мајка и кога е непријатна ситуацијата. Да дојде, па сфаќава да и нафрли нешто и да се скараат па да дојде уште поголема ? Не. Оди секој ден кај мајка ти, зашто тоа дете и нејзе и е внуче и и е мило, ама бркај си работа за да излезеш од таа куќа (мислам на кирија). Во грч не се живее.
Е оти да не доаѓа мајка и'? Не оди кај свекрвата, кај ќерка и' оди. Оти па снаата да не и' забрани на свекрвата да прима гости? Пошто е непријатна ситуацијата де..
Затоа ја одам и останувам со спиење некогаш и ден два ама сеа и тоа и смета и знам дека му вика на мм сеа и тоа ќе испадне проблем
Абе не ме зафркавај Рефке... Ќе седи на трње, ако сака да иди, и ќе иди заради ќерка и' и внучето. И мајка ми на трње има седено, и идеше. И ако ми речеше свекрва ми да не иди мајка ми, ќе станев и сосе дете и сосе мајка ќе си ојдев, па таа нека се дудла со син и' колку сака. Ич да не се нервираш, што сака нека зборува. Ти ќе си тераш тебе како ти чини, а ако и маж ти случајно крши клечки, парталите и ај со здравје на сите.
Те разбирам,сум имала таква ситуација,нормално дека нема да дојде жената кај вас.Такви случаи како свекрва ти само игнор.Оди си ти кај мајка ти на раат,не ти ни треба да разговараш со свекрва ти после такви навреди.Не заслужува.Гледај да го убедиш маж ти да најдете начин да се иселите што порано.
Neprijatno da i bilo poradi svekrva. Aman be,vo koj vek ziveete,strasno Jas za inaet ke ja vikam,pa neka crkne gospogjata sveki.
Да ама ние никогаш не сме си кажувале кај одиме ни дека одиме она заминува ја не ни знам дека не била дома мн пати сум помислила неш недај божс да ни е лошо и одам у соба тропам пробувам да влезам она заклучила аобата и си заминала затоа нилогаш не смс кажувале ама сеа ос кога престанавме да правиме муабет само тоа ми прави ако ми виде да излегувам со детето одма кај одите
Епа да, ама ти имаш поддршка од мажот Јас мислам најпаметно е да не доаѓа мајка и', туку она да си го подбере мажето и да си фати џаде со него. Или без него, ако мама не може да ја остави.
Имам поддршка од мажот, ама џабе... ко на почеток ќутеше за се' пред нив. Се' додека еден ден, сосе дете не си заминав кај моите. Не да избегам од него, туку од неговите. Тогаш прв пат им се спротивстави отворено.. после 3 години брак.
Тоа и викам. Тој не можел да ја одбрани жена му, мама ја жалел Ок, епа и јас мама ја жалам, иди у три лепе. Највеќе боли и освестува кога ќе послужиш со сопствениот отров. Тогаш магично се будат од сонот.
Мојот мм додека бев бремена и пред тоа мн ме подржувал и за се она шо ќе направаше зш она и спрема него веше таква ладна и сметаше се зш патики оставаал надвор зш пушел цигари у дворот дури и за нишо знаеше да не му прави муабет итн ама сеа од кога се породив спрема него е сосема сменета нишо не и смета прддина е спрема него и он сега за се ја брани и покрај се само ќе ми рече у право си ама мајка ми е. Он и спрема мене е мн сменет од кога се породив мн е поладен спрема мене нз што стана ама се се смени после пораѓајот очекував мн посреќен живот ама се обратно стана. Од мм слаба подршка со свекрвами односиѕе на нула дојдоа само кавги расправии нз више шо да направам
Јас досега сум немала ,3 години сме во брак,во иста куќа,спални на ист спрат ,дневни на различен,често ручаме заедно,мн се кул и свекрвата и свекорот,пензионери и секој си ја гледа својата работа и занимација,деца немаме уште,здравје ко ќе имаме мислам дека скоро исто ќе е,ако има проблем јас одма ќе си кажам,таква сум по карактер,а и маж ми средуват ситуација одма. Сега засега стварно не можам да се пожалам. Супер ме прифатија,татко ми почина,брат ми странство,мајка ми по неколку месеци е кај него,јас овде немам никој,освен шо си имам сама психички кризи посебно заради татко ми,многу ми недостигат,од нив сум супер прифатена,немаме маски,функционираме ок. Во почеток ко дојдов ми беше чудно,друга куќа,поинакви навики ама ништо страшно,на мој спрат никој не ми се меша,тропаат на врата ко ќе се качат кај нас. Вака ко ќе читам животни ситуации,гледам дека сум имала среќа
Од се шо читам и од се шо гледам околу мене,од другарките,дефинитвно мажите треба да разговараат со нивните родители,тука се најголемите проблеми,нема што снаата да се расправа со свекорот и свекрвата.
Изгледа и јас сум исклучок. Нормално мајка нит ми е нит може да ми биде, имаме недоразбирања, некогаш ме навредила, некогаш сум ја навредила, ама имаме ок однос. До толку што лани бевме на одмор заедно, ок, не беше како што замислував ама тоа е карактер, годинава мислевме пак заедно. Што знам, мене ми е сосема ок па често знаеме по неколку часа да си седиме кафе да си пиеме. Јас сум и преблагодарна, ми го зима секој ден детето да не седи по 9 саата во градинка, го чува кога ми треба, се на се сум многу задоволна од нашиот однос. Скоро и замерив на еден коментар и ме навреди многу, ама после размислив, па и не е толку многу важно, помина, мора и јас да сум ја навредила некогаш, не сум цвеќе за мирисање, па пак ми се наоѓала.