Поради вакви размислувања, ќе зимаат залет и на глава ќе и се качува за се и сешто. Наместо да и сржи, она се повлекува и ја прифаќа ситуацијата како што она ја наложила. Требало уште со бањањето и пресоблекувањето да ја пресече, ама ете работите отишле подалеку бидејќи видела ништо не се дешава и се оди по нејзино. Утре и другарки и гости ќе и забрани. Ако ќутат од страв да не ги избркаат или од други причини, нека си трпат што друго да кажам.
Не станува збор за "види ти која сум" и ќе правам што сакам. Прво, за мајката сопствена треба да ти е жал упорно да ја викаш и да ја бркаат. Постојат посуптилни но многу поделотворни начини, да му "сервираш" на некој а да не може да гукне. И ова пак ќе кажам нема врска со свекрвата, да е мажот на место ќе и' сржи и нема да има простор свекрвава да се буни. И ако не можат нзс да најдат, ќе си ја фати жената под рака и ќе си бараат сами чаре. Џабе женава очи ќе си вади со свекрвата, кога мажот си стои на страна.
Мислев бар мм ќе ме подржи он демек у право си а се обидува да ме убеди да попуштам демек ми вика не сакаш ли да се смирите ич не правите ли муабет ќе видиш само нека ми згрешат твоите нешо итн и правевме муабет за да одиме под кирија и вика па демек ако вака било како мајкаму ќе дошла кај нас ако сум имала таква желба за да не иде ич да не сме правеле таков план. Не крај ја ќе испаднам крива викам ја не направив за вака да биде не ми викај мене туку на тој шо направи и џабе е. Иде од работа и прво нешо гп зима детево ј одма нејзе и го носи уше он не го видел брзо трча кај неа да не пропушти ако не го види една ден неможам нз шо му стана ама не си го препознавам сопстврниот мм 100% е сменет спрема мене ниту ме прашал како ми е ни нишо он не е дома по цел ден на работа и не се замара како ми е мене и како ја се справувам со мајкаму.
Ја читам темава и коса ми се крева. Добро бе луѓе, одите со години со некој, и после неговите вакви биле онакви биле. Отварајте ги очите додека сте во врска!! И заедно живеење ни под разно. Блиску да, да си се наоѓате едни на други ама по иста чатија две генррации тешко.
Ние немаме. Нит јас сум зрнцолог нит она,можеби затоа. Кога ја читам темава ,заклучувам дека дебело се претерува со цепидлачење.
Даа додека живеевме башка одвај чекаше да дојдеме дури плачеше кога си одевме од кога седнавме заедно ос првиот ден се покајав. А па додека бевме у врска толку мн ме сакаше шо мм ако и речеше се скаравме дури и плачеше го караше
Ne bi rekla. Samo mislam deka nekogas svesno se pravat nekoi slepi mislejki deka koga oni kje vlezat vo familija kje smenat se i kje bide po nivno. Aha , da sigurno. Болдот: Зашто побогу очекувате свекрвата да ве сака!! Аман не ви е ни мајка ни баба родена па да ве сака. Не се лажете дека свекрва може да сака снаа како мајка ти што те сакала. Мажот ти гледај да те сака и почитува и да биде на твоја страна, друго нека биде само на културна дистанца.
Се менуваат. Мојата кога бевме дечко и девојка со мм, си беше настрана, ние ќе седиме на тераса, неа жива ја нема во дворот, а сега е напаст, јас ја одбегнувам, таа оддалеку ми збори нешто, оди по мене, кога ќе ми дојдат гости, ете ја во двор трча ко неарна да се поздравела. А со мене си има згрешено, а ете напаст е.
А зашто да ја одбегнуваш. Кога ќе и дојдат нив гости ти тупни се. Поздравувај се, и само речи : еве кај нас е така адет кога на некој ќе му дојдат гости сите да се изнаредиме на маса. А бе ладни мавајте им. Бреј ама страв од едни свекрви.
Не треба не ни очекивам да ме сака само сакам да ме почитува а со тоа што ја нападна мајками значи нема нилаква почит спрема мене а ја ќутев за се само ајде да биде да нема кавги и ајде ја почитував ама премина граница
Е ова им е врвот. Ако се поздрави зошто се поздравила. Ако не се поздрави зошто не се поздравила(како некој немтур е) Ама и некој снаи се од господ бељата да бидеме реални
Очигледно ова уште ти тежи и те боли. И додека не го расчистиш тоа ти ќе немаш мир, самата нејзина присутност ќе те иритира. Мора да ја натераш да и се извини на мајка ти и тебе.
Тоа нема никогаш да се случи. Мм вика ја правев муабет со неа знае дека згрешила итн ама ете ако знае дека згрешила како што се изнавика сега дојди извини се ама тоа нема да го направи она никогаш. И се мислам акк пак ми вика мм за да се помириме да мх речам она направи за вака она треба да мисли за да се помириме како што знаеше да се изнавика срга нека дојде нека се извини еве мене немора зш не ми рече нишо мене ама на мајками да и се извини. Инаку не да ми тежи и боли од тој ден сум со апчиња за смирување целата се тресев од нервоза и уше мм кога и покрај се пак ја тинтари и по мене вика за помирувањр како ја да направив за да биде така живци кинам неможам да се помирам зш немам ни од него подршка
Ете така. Нека ја викне мајка ти, на кафе, нека и се извини да осети жената дека е добредојдена во новиот дом на ќерка и и ќе биде ок. Не мора да се најдобри другарки , ама општ муабет и да нема моето-твоето и се ќе се среди. Ама за тоа треба гооолем труд од страна на мажот ти. Без него ништо.
Он нема да и рече да и се извини а оваа нема ни да прифати така да и да му речам може ќе ме нападне мене он ама ако пак ми рече за да се помирам со неа и шо како баш ќе му речам да видам шо ќе речит и дали ќе направи нешо
абе не е страшно ама зошто? и мене ми пречат такви работи. . мои гости се мои гости, зошто свекрва да излага специјално за да се поздравува со мои другарки не сфаќам...
Ако не е страшно,не треба да се прави проблем или замерка од тоа. А и зошто да смета поздравување од 5 мин.? Култура е да поздравиш некој кој ти влегува дома, претпоставувам дека се работи за иста куќа, двор.
Абе добро,да се поздрави,да поседи онака 10 мин чисто од култура,ок е. Ама да ми дојде и цело време да ми седи со моите гости( како што правеше мојата кога бевме заедно), е тоа не можам да го сфатам. Добро ти кажаа погоре, и нејзе кога ќе и дојдат гости, оди седни и мешај им се во муабет. Еднаш, два пати, пет пати. Белки ќе и текне...