ама тоа е мој спрат,мој дом и мои пријатели. ја имаат видено само на свадба свекрвата. зошто да ги поздравува? јас си сакам приватност на пример и не гледам зошто да треба да ми бидат свекорите умешани во се... има луѓе што се блиски и сакаат да делат се со старите и тоа е ок. што? да ми се качи дома и да седи со мои гости? свекрва да ми ги слуша муабетите со мои пријатели? па јас основно школо да не сум па надзор да ми треба
Морам да се сложам со ова. Ептен ме нервираше тоа ,,да се поздравам''. У зграда да живееш со на сите комшии ли гостите ќе се поздравуваш?
Pa ne sakam i sto sega. A znaes zosto? Zasto koga sme sami nigde ja nema,a pred drugi glumi nesto kao ona najdobra svekrva i baba. Koga ne se nametnuvam jas,ne treba ni ona. Sto ima pa da se ubacuva koga sedam so drustvo. Jas ziveam vo posebna kukja i ne gledam pricina da trca ona da se pozdravuva.
@LunaGrey Мене не ми сметало/смета. Незнам ,јас не гледам потреба да се прави проблем од тие 5 мин.поздрав.Можеби зошто не е навалентна свекрва ми воопшто,ниту се меша,ниту е лоша,ја почитувам затоа што заслужува,добра личност е, почитува наш простор и ние нејзин,и така години живееме, затоа поздравување не ми смета воопшто. Ниту пак доаѓа да слуша муабети,нит да ги гледа гостите,туку да ги испочитува бидејќи лично и ги познава.
Абе и јас ја почитувам и ако и треба нешто ќе и помогнам ама јас лично сакам граници. Не сум во брак со нив и приватна личност сум. Секој е различен и различен однос има. Ако дојде некој од семејство нивно на гости ок е да сака да ги види ама некои брачни парови наши пријатели не гледам зошто треба да ги испочитува кога доаѓаат во мој дом. Твојата е разбрана , не се сите такви , затоа не ти пречи
Нема врска, колку примери познаваме со девојки кои убаво знаат и им е јасно каков е и дечкото и неговите ама пак се упорни да влезат во таа фамилија по секоја цена. Сум видела милион примери, само не знам колку има смисла на јавен форум да расправам туѓи животи. Моја другарка уште додека маж и и беше дечко кога одеше кај него дома мајка му и даваше корпа со алишта да спружи на жица, ја тераше кафе да свари и сл. наводно да се покажела каква снаа ќе била. Ден денес кога се официјализирани имаат далеку поголеми проблеми од кафето и алиштата, инаку во заедница си живеат. Исто друга другарка јасно знаеше дека родителите на дечкото се поконзервативни и не ја прифаќаат ама сепак отиде да живее со нив во заедница, со изговор дека таа ќе ги ставела во ред. И милион примери, можам до сабајле да пишувам. Јас сум секогаш да живот одделно, во заедница никако. Почит, разбирање, помош, наоѓање едно на други секако ама заедница никако. Имам раскинато долга врска која водеше кон брак зошто дечкото се изјасни дека ни под разно (иако имаше услови) не планира да се дели од неговите и тоа е тоа. А неговите и сестра му без приказна за себе и со кој памет јас да идам да живеам со нив? До сега ќе ме читавте редовно во оваа тема или во снаи и золви, евентуално во темите за развод. Така да со здрава нога во трн не се влага. Семејство е маж, жена и дете, а не маж, жена, дете, свекрва, девери, золви тетки и сл. Читајќи ја темата се повеќе доаѓам до заклучок дека со мажите си имате проблеми, не со свекрвите. Мажите се тие што треба да пресечат и да кажат доста.
Па и такви ги има не дека ги нема,јас овие ги познавам подобро со роговитешто сум слушал и гледал. Така е ние машките сме тие што треба да пресечеме. Добро си направила инаку кој ќе те читаше сега
@"Zoki" а што се однесува на останатиот дел, мислам дека тука не се работи за покажување рогови. За кафе и седење еден саат фини муабети секој е арен, друго е заеднички живот. Генерациската разлика пред се си го прави своето, различни луѓе, карактери, навики табиети, различни луѓе различно функционираат. Некогаш и со нашите дома ќе се искараме и лом направиме ама утре им попуштаме зошто ни се родители, а тие не замеруваат зошто им сме деца. Ама оди искарај се со свекор или свекрва, да видиме дали утре ќе биде исто. И нашите родители го прават истото што и свекрвата, само затоа што се наши некогаш и не замеруваме толку. И нашите родители имаа маани и лоши навики ама сме пораснале со нив и сме ги прифатиле како такви. Ако веќе се мора во заедница без разлика на подолг период или привремено треба да има осет и разбирање и од двете страни. И снаата да се обиде да се прилагоди на таа фамилија без да има рчки ама и свекрвата да остави малку простор за да нема недоразбирања.
А зошто да не ја изгаси чешмата? Како може користена крпа пак назад во плакар? И јас не сакам нешто што веќе е користено пак назад со чиста облека во плакар. Ај ако не чорапи носени пак назад во фиока по што утре пак ќе си ги носам. И јас би те држела под контрола. Не знаеш да правеш јадење, крпи во плакар, чешмата пуштена итн.
A zosto da ja izgasi? Jas brisam okolu cesma so vileda i cesmata e pustena vo megjuvreme,za da ja isplaknam viledata na kraj.
Ама околу чешма. И ти ли после бришење со крпата така правиш? Мене ме нервираат вакви работи како којзнае колку да е тешко да се пушти чешма кога имаш работа околу неа, па мора да тече и да си работиш нешто друго. Ова доволно кажува дека од старт не ја бива за некои работи и после не ја сакале е нема. Не знае да прави манџи, па има еден куп рецепти на интернет.
Не значи нешто што тебе те нервира дека одма жената не ја бива. Еве кај мене свекрвата ја остава пуштена без разлика што прави јас никогаш не сум се дрзнала да ја гасам тоа е само намерно правење закачки. Секоја жена си има различен начин на средување на работите. Секој за себе треба да си гледа. И ако сака и крпа ќе става нечиста ако е нејзин плакарот. Аман ќе ја учиш сега како и по твое да биде домаќинка.
А која си па ти за да ја држиш под контрола? И ништо да не знае, тоа си е исклучиво нејзин проблем, не твој. Баш заради ваквото мешање настануваат сите проблеми. Никако да сфатите дека немате право да се мешате во туѓ живот и начин на функционирање.
Господ да ја чува и пази таа што тебе снаа ќе ти биде, мајка и у црн повој ја повила. Иначе, јас многу си ја сакам и обожавам свекрвата, и она мене,иако не се согласуваме за многу работи. Јас сум конзервативна, она е многу либерална, понекогаш ни е смешно тоа, некогаш ни смета. И јас и викам, ај не ме нервирај, не се мењам јас, она вика јас па ич, инат сум родена и готово. Секоја со свој став и крај. Кога ми било најтешко била тука, и како да и замерам што ми вика, среди си ги садовите пред да ги пуштиш у машина, да не се расипува. Знм дека е у право, јас немам време да ги мијам па да ги савам у машина, самозаплакнувам, и она кога иде да чува дете ќе рече, ај ќе ти пуштам машина како што треба, јас викам, само ти знаеш, јас тутурка сум за тоа, стави молим те. Јасно и гласно кажуваме кога ни смета нешто, и неколку пати кога маж ми решил да тера правина меѓу нас, му викаме, не ни се мешај ти у наши односи, на смеа. И сами си решаваме се, луѓе сме. не сме на суд па да ни треба судија маж. Некогаш и викам, како сте ме истрпеле тогаш и тогаш, за никаде сум, она вика, наша си ке те трпиме. Среќна е и свесна е што е добро што сум и снаа, не конкретно јас, туку што ме има. Знае дека син и со мене доби семејство, дете, дека ги чувам, ги гледа, дека он е среќен со мене, и нејзе доста и е. АКо се караме, ако кубеме коси, ќе мора унервози сите треојца да живееме а плус и дете оти ќе апсорбила од нас. И на крај развод, син и несреќен, дете несреќно, јас несреќна, оти?? За крпата или за чешмата? Колку не вредат тие работи у споредба со големата слика. Ама треба да застанете од друг агол и да ја видите големата слика. Ја знаете приказната со снаата што секој ден ставала отров у чајот на свекрвата? Е така може треба да почнете.