Луѓето роботи измислија, паметни смартфони, коли на струја, а таа вика ако незнае да праве манџи не е домакинка, не ја сакале во куќа хахахах Па ако ми се на мене веќе лоше од тоа сигурно нема да си го ризикувам здравјето за едно јадење, мажот ми ке спрема, зошто уште стереотипи маж е за работа, жена за пред шпорет не разбирам.
Затоа што 9м си ти дома, нема дете да чека додека маж дојде. Живо ме интересира колку години имаш, оти се гледа дека не си возрасна. Ќе те праша тебе дете дали ти се лоши или не ако му се јаде, мало сутра. Стереотипи немаат врска со мајчинство, основни човечки потреби и воспитаност! Е од вакви снаи се полни темата, покрај свекрвите кои освоиле монопол над синот!
Не е друго. Потешко е за бебе, подолго ќе стоиш над рерна. За мене и маж 5 минути готвам, за дете и по пола саат.
Ако не си на работа, ако си дома, секако дека ќе готвиш, што ќе правиш? Не затоа што МОРА, затоа што е така фер. Си живеете во некој паралелен универзум изгледа, мислите дека мажите ќе ви готват, ќе ви работат, ќе ви готват а вие по кафиња со комшики и другарки, и тоа на никој нема да му смета. Не зборам на памет, имам такви во семејството, од работа и кафе со пријателки ништо не ја интересира, а свекрвата од трета смена носи деца во градинка, пушта три машини по ред, исушените ги пегла и дремнува пола саат за да може да оди на трета смена пак, и така во круг.
Јас сум за поделена работа и за и двата партнери да имаат рабоа, пари и независнот. Јас одбирам дали ке готвам никој неможе да ми го наметне тоа ако сакам ке излегувам само тоа си е мое ако не и се свиѓам фајрон. А жената ако работе мажо дома тогај е оправдано мажо да не готве за 5 6 члена фамилија. Аман бе
Toa da. Imam rodnina vo zaednica zivee, raboti, tri deca ima, a doma e kako sluginka. Svekorot ne raboti I edni alista go mrzi da pruzi, vika za sto e ona snaa. Epa ne ide toa taka.
Сите манџи во експрес лонец, грав,грашок,боранија,леќа.. Пет минути ти требаат за припрема. После сами си се варат. За мусака,полнети пиперки... десет минути го спремаш зајрето и ајт на печење. Колкава фама се дигна за една манџа чиниш ...
Ве читам зборите дека седите дома по цел ден и дека ги вршите домашните работи. И тешко ви паѓа тоа, слугинки се нарекувате. Зарем жените што седат дома и гледаат деца се слугинки ? Фатете си жена, што се чека ?! Ако свекрвата, свекорот и мажо се до 16 часот на работа, ќе чекате тие да дојдат па да курдисате сите заедно?
Тие што седат дома да, ама да не се лажеме има многу жени што работат дојдат си дома се на нив се чека.
Ама за грото од вас нормално е и мажот и жената да работат, а после 16 он да го фати даљинскиот а вие тенџерето. Така функционирате, нормално ви е, а ако жена не сака да готви тоа е ситуација? Мајка која не сака да готви за своето дете е за осуда, ама ако жена не сака да готви за други тогаш не гледам причина за припаѓање у несвест. Ке си се договорат со мажот како им одговара и сите среќни и задоволни.
Абе па кога ќе се забега со муабети...па сега готвењето се направи и долна работа, еј. Е што е толку лошо ако некоја готви? Еве, под услов, сите останати куќни работи да ни се поделени, јас ќе готвам, ако толку него не го бидува за тоа. Па толку мадам пуф трт да се изиграва, еве не знам... Ако ВРВНО ДОСТИГНУЧЕ во животот ви е да си сркате од конзерва, па и со тоа да се фалите наоколу, нека ви е. Ама ако таа некоја готви, не е подолна од вас, бидете сигурни во тоа.
Зошто ако некоја рече дека не готви го сматрате како фалење,изигравање дама из Париза и потсмевање према оние што велат дека готват ?