Многу убаво напишано ! јас сакам да си зивеам со неговите ама не ми дава срце ... влегувам од надвор и таа како ке слушне кога ја отварам вратата од надвор и ако е отворена нејзината врата веднаш ја затвара.таа мисли мене ме интересираа таа што прави муабет не не воопшто не ме интересираа..денес чистам и сум пуштила светлото во ходникот и таа иде по скали да го изгаси..ЗОШТО МИ ГО ПРАВИ ТОА НЕЗНАМ ????
Многу убаво напишано ! јас сакам да си зивеам со неговите ама не ми дава срце ... влегувам од надвор и таа како ке слушне кога ја отварам вратата од надвор и ако е отворена нејзината врата веднаш ја затвара.таа мисли мене ме интересираа таа што прави муабет не не воопшто не ме интересираа..денес чистам и сум пуштила светлото во ходникот и таа иде по скали да го изгаси..ЗОШТО МИ ГО ПРАВИ ТОА НЕЗНАМ ???? А бре Зорица не се нервирај за тоа! Па и мене на почетокот ми го гасеа бојлерот, а јас научена секој ден под туш, ама такви се постарите си штедат струја. Еве уште еден пример со мене станувам таа се раскренала си чисти, а не кажа претходно дека тоа и во план, и јас веќе си договоров дента со пријателки да одам на кафе, и фино лепо и кажав дека не можам да и помоганм оти претходно не кажа што планира, и јас веќе имам други планови и си излегов, па ништо. Таа уште си се чувствува како домаќинка во куќата, тоа е нормално. Имаат некоја скепса дека сме помлади и не знаеме ништо да работиме. Свекрва ми кога се делевме велеше, леле како ќе живеете вие, ни куќа ни дете знаете да гледате, па еве 7 год. преживеавме без неа, сега и е кеф некој да донеси кај нас. На почетокот кога готвев таа стоеше до мене и ќе вели и сега ова зошто, ај сега ова тури, а не ние вака јадиме доста му е, и јас затоа ретко готвев, уште поубаво ми беше, еве сега сами сме и и текако си велам, да има некој да ми готви со две мали деца, Затоа не се нервирајте за такви банални работи. Некако гледам дека овде некои од снаиве, го прифаќаат оној стереотип дека ако ти е свекрва и мора да се караш со неа, и уште невлезени в куќа на дур ја фаќаат работата. Па како што ние сакаме приватност и таа сака затоа ја затвора вратата можеби, не мисли ти одма дека за тебе ќе зборуваат, ти како ѓто не сакаш се да знае, и таа исто така мисли, и не се карајте со мажите ни пред свекрва ни пред мајка, ниту за кавгите да им кажувате, само ќе ги нервирате, а вие вечер пак ќе си легните до мажот и ќе си бидете мили.
Ние живееме со свекорот и свекрвата, тие се еден спрат под нас. Луѓето се навистина ОК со нас, не ни се мешаат нешто премногу, така да не би требало да се жалам. Е сега сигурно има некои работи кои на ним не им се допаѓаат од наша страна а има некои такви и од наша страна ама тоа е што е. Еве на пример, кај мене тие влекуваат без тропнување на врата било кога, слободно се движат во секоја соба вклучувајќи ја и спалната каде ми влегле додека сум била и во бањарка или сум ја доела малата. Дури ми се случи еднаш во купатило да ми влезат (бруки). Тоа сметам дека е навистина не фер од нивна страна бидејќи сигурно знаат дека како млади и релативно тазе земени си сакаме приватност, всушност секој си сака своја интима и приватност на свој терен. Но, веројатно тоа однесување е поттикнато од тоа што кај нив бабата и дедото си влегуваат кога сакаат и каде сакаат и си седат колку сакаат. Исто така не ми се допаѓа што многу работи и премногу ги интересираат, а особено бабата и дедото кои излегуваат на врата секојпат кога ќе тропне нешто во ходник, за да видат што тропнало (кој дошол, ошол поточно). Старите баба и дедо еднаш ни пререкоа демек не сме седеле дома, сме шетале и слично, така уз муабет, ама ако се рамниме ние со однесувањето во нивно време, не треба од соба ни на балкон да излеземе. Не го сфаќам тоа никако, едноставно млади сме, ќе се дружиме и шетаме, никој дома нема право да не врзе со ланци. Инаку сметам дека како што сум во заедничка куќа може повеќе да ми ја држат малата и да имам повеќе време за себе, но ете, се нешто се има и кај нив работа, али ок, тоа е што е. Друга работа е тоа што мојот сопруг се разбира во доста работи па дома дури и голем дел од мебелот сами го направивме и навистина изгледа одлично. Е сега, иако не сме досредени тие имаат се некои желби кај нив што да среди тој, но јас сметам дека овие желби бар сега за сега не се на место. Мојот сопруг едвај наоѓа асално време да одмори и да биде со нас, уште да земе да мајсторисува на други места... и така, никаде не е идеално нели?
Gerdance, nе сакам да судам, ама лесно е да одржуваш коректен однос со свекрва/свекор кога не живееш заедно со нив, посебно кога живееш во стан или куќа од свои родители . Знам како им е и ги разбирам сите оние, кои имаат големи проблеми од своите свекрви. Кога снаата ќе дојде во куќата, свекрвата во неа гледа попрво ривал , отколку жена која ќе ја одмени во секојдневните обврски спрема семејството и синот. Не велам дека сите свкрви се лоши, на против познавам многу свкрви кои се пример за соживот под еден кров, но познавам и такви кои веднаш почнуваат да наоѓаат недостатоци на снаите, се трудат да му ги вметнат во главата на синот , па и да се невистинити. И така синот ќе верува повеќе на мама, оти која е жената негова, та само неколку месеци или години ја познава. Мама го гледа цел живот, нејзе ќе и верува. Така жената се откажува од борбата, го губи трпението кое треба да и биде најголемо орудие за успешен брак и на крај следува разделба. Па, родителите се тие кои треба да се повлечат и да им го покажат на децата патот кон здрав и добар брак. Тие треба да се среќни кога нивниот син е среќен. Зошто и во самата Библија е наведено: "Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело" (1. Moj. 2, 24).
Јас сепак првите две години живеев со свекрва ми, и тоа во најтешките кога сеуште се прилагодуваш на новиот живот, на мажот, на заедничките обврски, иако претходно бевме 8 год. во врска, беше сосем различно на почетокот од бракот. Така што не пишувам од памет, туку од искуство. Е па секогаш ќе има разлики во мислењето помеѓу постарата и помладата генерација, еве еден цитат од Сократ ќе ви пишам: „Денешната младина има лоши навики, не покажува никакво пошитување и зборува наместо да работи. Младите не стануваат кога влегуваат постари, им одвраќаат на родителите пред други луѓе, гнетат храна во устата и се непристојни кон своите учители.“ Па и не е нешто многу сменето за 2000 год.
Мене па ова не ми е јасно: како може да очекуваат од една снаа да биде спремна да се прилагоди на цело едно ново семејство, а госпожата свекрва како да е royal blood е**те да не може да се прилагоди на едно девојче...некако и ова не ми е праведно...баш таа како постара и поискусна треба да не биде толкав проблем. Ова е мое општо и лично мислење. Мајка си е мајка, ама не по цена снаата да добие статус на измеќарка - волонтерка затоа што пази не е во крвно сродство со никого таму. Maјка си е мајка, ама после смртта на мајката, жената останува како главна потпора на еден маж, како мајка на неговите деца и еден современ, зрел и изживеан маж мора да направи разлика дека мајка е мајка, а сопруга е сопруга, не „некоја измеќарка која мора да трпи секаков притисок и уште да им благодари и да им бацува рака на моите и на мене што не сум и` ја удрил клоцата и покрај тоа што ми “сметаат“ некои работи кај неа“. Пошо има и ваква крајност во размислување и тоа е чест случај, за жал. Лично мислење само, не планирав да навредам никого.
Не ги воопштувајте работите. Никој на никој не смее, и не треба, да е измеќар, ама прилагодување и компромис треба и те како. Нормално е (според мене) мајката да се осеќа „напуштено“ од синот, да чувствува како да го „губи“, ама ОК е се` додека за тоа не ја криви снаата, па да започнува кавги. Чувствата се сосема нормални, и како такви (ние како снаи) треба да ги прифатиме, чак шта више и да ги одобруваме гласно, тоа е секогаш „плус“ за нас Е сега, проблемот настанува кога мајката чувствата ги преточува во дела, па почнуваат проблемите, ама тука не е таа крива. Крив е синот (до некаде) што дозволува, ама па и тој не знае за поинаку, затоа што така е растен цел живот, што пак не` води до следниот кривец - самите себе: си го знаевме, си го одбравме и или ќе застаниме зад нашиот избор, паметно и суптилно, или ќе се завртиме и одиме и тоа е тоа. Живот во кавги не е живот - за НИКОЈ, ниту за снаата, ниту за свекрвата, а најмалце за синот.
Јас во ниту еден момент не реков и не мислам дека снаата треба да удри по сите, а тие да и` ќутат. Напротив, не поднесувам размазени девојчишта кои, зародени од народните приказни за тоа што е свекрва, во куќа влегуваат со негативен став и самите си го ствараат непријателот. Обете страни мора да бидат флексибилни, како што таа треба да има почит и разбирање кон нивните години, така и тие треба да имаат разбирање за нејзините години и искуство кои се далеку помалку. Тоа ми беше зборот. Зашто да не кажам ако свекрва ми ми згреши? Божем таа ќе скрие од синот. Кому да му кажам? На мама? Малце неправди на работа голташ, па и дома да трпиш од некого...Toa e проблемот, младите брачни парови заборавиле да комуницираат, сеа напредни се, се` знаат за секс за ова, за она, а потфрлуваат во вербална комуникација. Чудно но вистинито. Ама се знае кај нас, во позатупените фамилии како одат работите, снаата е дојденка и ништо повеќе, нема право на збор, како да не е во своја куќа, со којшто факт воопшто не се согласувам. Ако не е нејзина куќа, не е ни на свекрвата, ако одиме по таа логика (или на свекорот, зависи кој кај кого отишол). Или времето за добивање на билетот за право на глас во куќата се совпаѓа со времето на нејзиното породување...не верувам. Штом е венчана (па и без регистрација, сега секој си бира), штом решила да живее во (вон)брачна заедница со синот, таа е рамноправен член на семејството. Можеби со нејзиното доаѓање на господата им се пореметил распоредот и редот, ама и за неа важи истото. Одеднаш оди да живее во друга куќа и повеќе од нормално е дека мора да има период на прилагодување. Е тука, постарите и поискусните ако не излезат во пресрет, ја веќе ги сметам за затуцани и се` друго освен современи и образовани, па и академици да се, џабе им е. Молам? Снаата е крива што мајката на синот не му објаснила што значи сопруга? Малку морген! Да, крива е доколку видела кој папак е и се`уште му е жена. Во тој поглед, да крива е. Јас мислам дека еднаш пишав на форумов, ако имам син некогаш, прво ќе го научам да прави разлика меѓу мајка и сопруга, па дури кога ќе научи да ја прави, ќе му дадам благослов да се жени, не сакам некое невино девојче да страда поради мојата неодговорност како родител и неговата неукост. И свекрвите биле снаи еднаш, треба малце совест и ум. Големината на една мајка е да го научи синот дека таа не е единствената и најважна жена во неговиот живот. Како велат „Оној кој се однесува со жената како со принцеза, сигурно е воспитуван од кралица.“ Среќа што не сум имала такви проблеми и ден денес му благодарам на Бога за тоа и ветувам дека ако бидам свекрва еден ден, снаата од мене проблеми нема да има. Зборувам како снаа која живеела скоро две години во заедница.
Ете, на болдираното мислев тессие И за второто си во право, затоа очите се отвараат пред, не потоа, така? Тоа сакав да го кажам со мојот пост.
Се сте во право што зборувате но јас мислам дека многу се малку мајка ти, односно свекрвите кои ги воспитале синовите дека треба да се почитува жената.. Јас си го знам тоа од искуство бидејќи мојот маж мене не ме почитува до таа мера што спремен е и да ме ибрка од дома заради мајка му (а го има правено тоа)
Toa и го велам. Затоа пишав, кога жената би знаела каков папак е уште пред бракот, а повеќето не можат да знаат за жал. Снаите го немаат истото животно искуство како и свекрвите. Затоа и велам дека таа како вистинска мајка требало да го седне синот и да му посочи дека и жената (иако не е мајка), после неа ќе биде онаа која ќе треба да го прати цел живот, да му створи семејство и затоа треба да се однесува со неа со голема почит и љубов. Твоите родители каков став имаат по ова прашање? Би те примиле ли назад доколку решиш да заминеш, би те поддржале ли? Доколку немате деца, работава е повеќе од лесна. Со поддршка од родителите, речи му „пријатно“ затоа што мила, животот е еден и вреди да се проживее со насмевка на лицето. Можеби среќата те чека кај некој друг, од кај знаеш...младо си бе душиче, 21 година, се`уште имаш време да си уживаш во најубавиот дел од младоста во твојот живот. Главата горе и реши ја работава додека не се створиле и деца, е тогаш малку е потешко.
За жал имам бебенце ама моите ме примаат назад дури и мајка ми ме тера да си дојдам пошто веќе и она неможе да ме гледа како страдам се повеќе и повеќе само јас сум глупава и неможам да се решам пошто сум глупава си знам јас!!!
Дур да се решиш е најтешкиот чекор. Кога тоа ќе биде, пола работа си завршила...ма каква пола, скоро цела работа. Eпа со бебенцето оди си кај мајка ти и ич да не ти текнало да се вратиш назад. Поддршката од мајка ти покажува каква прекрасна личност те има воспитувано и дека е мајка во вистинска смисла на зборот (не сите ја имаат таа среќа за жал) така што, нека не те обесхрабрува ништо, ако мислиш дека ти прават проблеми, нека го земе мајка ти бебенцето, божем на чување, а ти реши што и како и замини си, без да им дозволиш да ти се дерат и да се изживуваат со тебе. Главата горе и многу среќа!
Да сите ми го велат тоа ама јас сум премногу добра и нејќам да го оставам пошто ми е шал за него(маж ми) пошто нема кој да го гледа него после мајка му си живее горе со брат му и кај нас доаѓа само кога има потреба или да пројаде нешто г....
Мора ПРВО да мислиш на себеси и на детето. А тој да мислел на тебе една третина од ти сега што мислиш на него и покрај се`, овие проблеми не би ти ги ни правел. Тој ти рекол да си одиш, мила! За доброто на твоето дете и за самата себе, замини си оттаму ВЕДНАШ! А за него нека се грижи неговата “знајна“ мајка. А на неа речи и` „Штом ти толку повеќе знаеш од мене, а и ти мажу се согласуваш со тоа, те оставам во подобри раце, на мајка ти, без страв дека нешто ќе ти фали, пријатно“. Тоа е тоа.
Ако веќе сериозно размислуваш да се вратиш дома, само да те предупредам да се подготвиш психички дека може нема да ти го дадат бебето да го земеш со себе. Знам за ваква ситуација каде чисто од инат свекрвата го гледаше детето само да не и го дадат на мајката. После кога се разведоа законски си го зема ама неколку месеци и беше многу тешко.
Во најголем дел од случаите, старателството се доделува на мајката така да нема потреба да го плашиме девојчево...
Како може да ти биде жал за некој кој отворено покажал дека нема никаква почит кон тебе, на секоја кавга ти се заканува дека ќе те остави дека треба да си одиш кај твоите. Значи многу се нервирам кога гледам дека луѓето недоволно се почитуваат самите себе и дозволуваат да бидат газени. Немора веднаш да си заминеш ама заземи став, кажи му отворено на маж ти дека неможе веќе вака дека сама ќе си одиш ако некои работи не се променат, па ќе видеш колку му значите ти и вашето дете. Ако нема подобрување оди си кај мајка ти и остави го да осети што губи и каде греши.
Точно за старателството но тоа е одкако ќе се заврши на суд. Моментот кога она ќе си замине од куќата ако мажот не и дозволи да го земе мислам дека несмее да го земе. На другарка ми од полиција и рекоа дека детето мора да го остави додека судот не и го додели.