Па да де и викам излегувам јас, реков се најавувам дека излегувам, а не дека и кажувам каде. А ако сакам ќе и кажам каде одам ако не и викам само "имам нешто работа низ град".
И јас на мојата и кажував кога излегувам, мажот ми никогаш не кажува, не дека она очекуваше да и објаснувам каде одам едноставно јас одев и само кажував чао излегов јас и тоа е тоа. Ама сепак секој со своето ако не сака да кажува дека излегува не треба да кажува, никому не треба тоа да биде обврска оти живеат заедно. Ние сега сме настрана и сами и стварно пораат нема од ова, ако дојде време да се вратиме јас не знам како ќе функционирам пак во заедница, една недела си бев дома и неколку пати се испонервирав, ама не е како порано, дали живеењето настрана ми даде сила, не ќутев, туку си кажував што ми смета и таа не ме сфаќаше погрешно, па тоа многу ми олесна. Знам дека е карактер, моја у суштина е многу добра жена и јас немам срце да ја навредувам или да не и преќутам за некои работи, ама има и такви кои се ќе направат за да се осетиш мизерно, како пример баба ми, на мајка ми свекрва, се гледа дека жената е злобна и тоа е тоа, од таквите само настрана држење. Верувајте не вреди, мајка ми не живее 15 год со баба ми и оваа уште успева на глава да и се качи, затоа на време тргање настрана и пробајте да не се нервирате ради нив.
Едно е "кажи ми кога излегуваш", друго е "кажи ми каде ќе идеш". И јас сум воспитувана да се најавувам дека искачам, да не ме мислат дека сум во соба, а јас на другата страна во градот. Ама каде одам, поопширен одговор од "надвор" не давам. Маж ми сега не го знам кај е постојано, не ми се јавува на секој пола саат, а не па јас да се пријавам на свекрва, па и во иста куќа да сум.
Чудо големо ако знаеле кај одам. Јас секогаш кажувам дека излегувам и каде ќе одам. Во различни куќи сме. И тие нам ни кажуваат ако излезат каде ќе одат и колку ќе се задржат. Мислам дека претерувате со ситници. А не дека не бев и јас таква. Ама само себеси си штетев, нервозите сите ги кркавме. Затоа баталив.
Значи како сакам така ќе си правам и со крпата моја си е , ако сакам и 3 дена по ред ќе мијам глава со неа .Со истата таа крпа која ја користам за мене само . Не сакам да ми се мешаат во моите работи и што правам, како правам. А за правење манџи се учам малку по малку и ќе научам . Еве веќе готвам неколку вида на јадење. Со гледам рецепт на интернет и немам мака.Кој се родил научен ? Можеби ти? На никој нема да му дозволам да ме навредува ни свекрва ни ти ни било кој. Зошто не оставате луѓето да си живеат како што им одговара и како сакат без да имате предрасуди доколку не се пднесуват калп што вие се однесувате или како што вие сакате да се однесуваат.? Доколу не се однесуват така или не ви се допаѓат како се однесуваат другите тогаш тие не чинат или лажано не ги бива за ништо. Не бидете толку огорчени пуштете таа душа и оставете секој да си прави како што сака. Поздрав
Ај и јас да се вмешам во правењево манџи. Еве сестра ми на пример никогаш не ја бивало баш во готвење, ама затоа зет ми кога ќе направи е фантазија јадењето. И од секогаш ги делеле обврските, кога е таа на работа, пошто оди во смени, он е тој што изиграва домачица. Или тоа не е во ред? Треба поснопица да биде куќата додека си дојде она оти иначе не е домаќинка?
"Мојата" постојано ме прашуваше каде одам. Ако одам до вц обавезно следуваше прашање Што ќе правам во вц. Простотилак
И јас се кажувам на бабето мое кога излегувам. И на кафе да идам мораме да се избакнеме Ама ако одиме надвор од градов ја лажеме дека сме тука некаде. И на одмор кога идеме и кажваме дека маШ е на службено патување. Знае да ми рече - А мора и ти со него да идеш на таа "коФеренција ? Ако не и се кажеме дека нема да бидеме дома 50 пати ќе се јави на тел. И секој ден истата поговорка ја слушам како му ја кажува на маШ: Мајка што ти мисли никад да не се исполни. Жена што ти мисли све така да ти биди
Јас нема потреба да влезам и да кажам она а слушне отварање врата се црта на тараса каде? Или ако и киднеме без да кажеме нормално ѕвони телефонот... мислам како тоа они да не знаат каде сме ? Па вртење кај маж ми кога ќе си дојдете па да не е доцна за детето абе 368 филмови! Муж ми излага сам 5 пропуштени да праша каде ...
еве јас сум жена,ќе дојде ден да станам и свекрва. Некогаш седам и си ја прчам или оговарам свашта со другарки ама од 24 часа ќе цркнам од досада ако не правам ништо. Мислам без разлика дали си жена свекрва и сл ако не пофатиш дома срамота што постоиш. Аман садови миење во мој дел/спрат снаа да ми мие? снаа ли алишта да ми става во машина и да ми пере?? Не бе,си има работи кои се индивидуални за кои фала богу способни сме во било која доба да ги направиме. Срам невиден. Баба ми живееше над 70 години. Не се сеќавам мајка ми или стрина ми да слезат за тањир на и измијат. Јадење да,и носеле ќе заметат секако за алишта прашувале ако има да земат да пуштат машина ама па... Што знам жениве ко ќе станат свекрви не се сакати отпосле.
Хахахаха пробај бе кажи и така просто да ја видиш реакцијата и после ке ни кажиш и нас малку да се насмејме хахахахах