1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Twins19

    Twins19 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки...Сакам да споделам на кратко дел од мојот живот и барам совет и мислење како понатаму.Со сопругот сме во брак 3 години и имаме близначиња.Да спомнам дека имам млада свекрва 48г со 50гсвекорот.Пред да се родат децата можам да речам дека имавме некој нормални односи со нив .До 9 месеци секој ден им готвев, сите домашни работи средени зашто сите одат на работа а и јас по карактер сум таква и кај моите беше исто.За куќата ние со мм купувавме се плакјавме сметки.Откако се родија децата се се смени .Помош немав многу од двата а и ко ќе имав сакаја да биди по нивно зимата тие ставаја дрва во каминот и дома беше 30 степени со 3 месечни бебиња , никпгаш навреме несредено и морав да си ги запоставувам децата за да зготвам измијам оти одма го креваја носот. Во два наврати само му се обратив на свекорот да не става мн дрва во камино и да не пуши во затворена просторија пред децата што тоа го праеше.Толку хорор зошто да му речам него никој му немало превратено и ред др работи.Не зборам поќе со него а свекрвата ми возвраќа секој ден за тоа .Никогаш не ми поможила околу децата ко ќе сум јас дома ( одам на работа) да ме праша дали сум јадена наспана децата имаат две год и ноќе често се будат денски немам можности да поспијам затоа што сум со нов .Жената не ни готви јас ко ќе сум на работа , ако имаме некоја работа со мм со треба да ја завршиме таа се крие да не и ги остајме децата или се прај болна .Вервајте ама сегде и кај што треба и не треба биле со нас .Децата кога и да спијат таа тогаш најдува да прај нешто да тропа да се шета по вратите или да збора а додека се будни ја нема нигде.Со мм само заради неа се караме незнам веќе кој пат да го фатам како да постапам порано тој беше свесен што прај таа но сега некако почна да ја брани .Секој ден поминат во та куќа ми е пекол секој ден е се полошо а таа секој ден и секој викенд со мажот и заминати неге си уживаат.И најважното откако сум појдена јас дневна соба незнам што е таму спие свекорот и дење и ноќе и само тие двата си седат спалната наша е и сневна и спална и кујна таму децата ги изгледав .Има уште мн работи ама ќе треба цела книга да напишам .. кажвајте совети
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Главен и најважен совет- немој да живеете веќе во нивната куќа. Ваш дом- ваши правила ќе биде кога ќе се одделите. И ево размисли, што би советувала ти некого на форум со сличен проблем?
     
    На CameliaMiller, Osamena devojka, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Штом вие плаќате се, подобра опција под кирија и делење.
    Нив редот тешко дека ќе им го смениш.
    За помошта ако не помага со децата помири се. Штом ги гледа додека сте на работа пак е помош. Не ја гледи само едната страна, ако очекуваш помош, барај и од твоите. И најважно од сопругот.
     
    На CameliaMiller, Harper, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Londongirl

    Londongirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Ајде и јас да си ја објаснам ситиациката со свеки бидејки веќе немам памет па може ќе добијам совет.

    Мажена сум скоро двр години и имам керка за некоја недела ке прави 1 година. Јас и маж ми живееме со свеки бидејки тој не може да ја остави неговата стара и "болна мајка" Жената на ппчеток беше ок од коа се роди керка ми како нешто да штракна во неа сакаше да спие со неа, цел ден во раце. Од коа сум дојдена во станов свеки е принцеза готвам,перам,пеглам не барам ништо од неа нели пошто стара и болна. Моја свеки за се е стара и болна освен за шетање и да биде лепенка до керка ми реално жената има 72 години се буни зошто во градинка јас ќе ја чувам, носот во вис коа ќе ка остаам кај мајка мо ( мајка ми ома 55 год и витална е не е вработена има слободно време за чување). Искрено за ништо нити и пререкував нити се замарав ама шоследнп почна да претерува буквално ме става во позиција да треба да бидам безобразна. Јадела така оставила неможе ни тањирот да си го измие, ми го зима дететето го бута кај неа во соба прозори не отворила од 2014 да се излуфтира. Секое дете си бара мајка многу јасно е кај нас не, сте виделе некаде дете да се тегне по мајка а баба му да вика ама не плачи еве јас сум тука и мајка и баба остај ја неа да доисчисти. И најомилено ми е почна да збори на син и глупости па ние се караме,љути сме итн итн. Свеки е жена што чува дома работи додека не рѓосаат а ако не ти чинат купи си нови, и коа ќе си купиш во истиот момент имаш кај ги купи и колку трча до птодавница да купи за керка и. Не ми смета керка и р нека купува ама луѓе бе дома денар не дава не за мене за внуката и за синот да оди да купи леб барем. Малата имаше здравствени проблеми и ни требаше поголема сума пари за во приватна болница, свеки по цели месеци плачеше , насекирана па неможе да се соземе. Ние колата ја продадове и собравме пари за после да разберам дека она имала пари на страна ама не ги дала за своја внука што неможе без неа , што и вика јас сум ти и мајка и баба. Жената е себична и манипулира се околу неа на малава и нема купено пелена а коа глеа моите колку носат трча до продавница за на керка и бебето исто да имале. Мајка ми доага неколку пати да ми помогне да исчистам генералка, свеки навредена демек ете ти чисти јас ќе чувам со има мајка ти да се малтретира. Коа ќе искочам и ете се случува да нема ручек свеки навредена, коа ке напраам јадење за два дена за да бидаб послободна за детево она неможела два дена исто да јаде. Мајка ми коа ке донесе еднаш во месецот јадење ете праеле со татко ми скара , печеле прасе свеки као не јаде ама ако се случи да искочиме се враќаме она викнала ќерки сестри брака гозба имаш. Верувајте не ми е за јадењето за ништо ама мака ме фаќа коа знам дека динар не дава за ништо во кукава. Градинката на керка ми моите ја плакаат, ни дадоа пари за одмор ете сеа ке ни платат и учество за кола. И на крај она иде збори по луге дека никој ништо не дал ни за дете ни за нас. Ни еднаш немам изреагирано маж ми е добар човек ,најдобар татко ама закачен за мама ми вика знам се знам ама неможам да ја остаам жал ми е. Она е свесна дека тоа е така е користи до макс. А јас сум на раб да збудалам, жената е неука без култура манири само знае да манипулира и да глуми.
     
  5. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    А да им забраниш на твоите да ти носат се и сешто? Ни јадење, ни помош за чистење, и учество они да ви дадат? Не, никако!

    Се додека мкнеш од твоите, маж ти гледа му тече од една страна без проблем и се му е рамно. Не гледа мака дека фалат пари и ќе тера вака уште 100години.

    Забрани на твоите да ти даваат пари и било како да ве помагаат. За учество речи му на маж ти им испаднало нешто трошок о нема да можат. Пресечи се.
    Е кога ќе дојде да нема 500ден во џеб за некој сируп за ќерка му да видам тогаш дали ќе ја чукне главата.

    Подобро нека ти ги даваат парите на рака и да си имаш фонд што никој не ти го знае или сметка или на штедна на ќерка ти да ставаат кааде што нема да имате можност да ги вадите парите или евентуално да е тајна сметка, само ти да ја знаеш.

    Биди поитра, не биди наивна ;)
     
    На Lianna Anna, CameliaMiller, zalosna и 24 други им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Според мене, многу добар совет даде @ocicka2014
    Јас плус би оставила неисчистено и несредено до степен лажичка чиста да нема, некој период. Кога е бал нека е маскембал. Ако зборат, нека има за што.
     
    На mssuniquee, Lianna Anna, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Се фино со советите, ама зар не мислите дека во толку неисчистено и членката треба да живее со своето дете? Да не јадат? Да не купат кола за инат на свекрвата? Многу ќе и се подобро квалитетот на живот, нема што. Важно е што зборуваат комшиите.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Па тоа некој период, не е вечно, јас така би направила. Сигурно разговарала и не вродило со плод.
    Нормално дека ќе јадат и нема мравки да фатат, ама не би била слуга по секоја цена. Уште да ја викам мајка да чистиме. Си го губи времето со детенцето и нервите и не води никаде.
    Не е за жената. Како се постари така ко деца се, туку за мажот е. Таа нема да се подобри.

    Не сум во таква ситуација, далеку сум, споделувам кога би била што би направила.
     
    На Lianna Anna, WildMk, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Во каков однос си со золва ти? Можеби ќе можеш од неа да добиеш поддршка.
     
  10. Londongirl

    Londongirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10

    Неможам да оставаж така сум пробала гнасно е детево ми лази по цела куќа. Ич не се замарам што збореле ако дојде некој може да види дали е чисто или не е сеа несредено се дешава детево фрла играчки насекаде ама нечисто не никогаш

    Коректен ама зошто она тоа што као демек ке ми го спушти јас одбивам на глупост. И си прекутувам , по природа не сум таква шлапам се ама ајфе нели за мир во кука и ради маж ми наквеке


    Мајка мо доага од мерак да среди за да биде чисто и средено. Абе женава спие до 12 еднаш не станала доручек да направи. Јас до 12 сум наранола дете сум средила, заспала дете и ручек му се праи го чекам да стане да јсде па да прошетаме. Е тогаш имаш а кај ке оди пваа лепотица менр ло ке ме остаи што ќе правам јас сама. Викам па она одамна и почна денот да прошета малку, одговорот ми е ееее дете што знае она шетана или не. И а ние искочиме ете ја и она низ врата абе играчката од тепихот ке се сопне нема да ја тргне
     
    Последна измена од модератор: 16 јули 2019
  11. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Mir i red maz ti treba da postavi i nemozes ti se na tebe da vleces ili podberi go i maz ti neka pocisti po mamica mu. Ili ako veke saka neka si plati zena. Moe mislenje ako on se postavi postrogo so nea ke ima rezultat oti obicno mama gleda da go slusa sinceto. Probaj vo sekoj slucaj sepak mislam deka ti i deteto bi trebalo da ste mu na prvo mesto.
     
  12. Londongirl

    Londongirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Ми помага коа е дома коа може, еден чува дете друг чисти коа ќе заспие малата заедно. Пробал и он да и каже ама женава е драма а и кажеш нешто одма имс плачки,љута е нр збори ти праи неподнослива ситуација и што е најштосно пак си тера по старо. Сум пробала и јас да и кажам на фино со добро нема се по старо. Ова трае веќе година дена затоа и барам совет еднаш дури му кажав на маж ми ок не ја оставај неа остаи не нас јас ке се иселам со малата. Ајде ке средиме и пак исто. Абе се нервирам коа зборам ама сме биле на пат доаѓаме дома со мало дете леб нема не купила, за ручек не ни очекувам гости еден куп одбор за пречек прашинс колку сакаш. Садови измиени и иструпани едно врз друго, зима било собите не загреани она за детето се фатила ми иде некад да јс прашам а што си напраила за ова дете освен што се лигавиш врз него.
     
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    ^ Со стар човек е исто ко со мало дете. Треба да го тинтраш, пазиш, мазиш... да водиш сметка да е најадено, чисто...
    Мт и наопаку да се сврти таа нема да е задоволна. Ова не е проблем снаа-свекрва, туку е психички проблем.
    Пати од недостиг на внимание, па сега зошто знае дека од вас не го добива, по секоја цена го бара од детето, а ако мт и се закани, ќе паѓа у несвест со плачки и драми како тоа она е сама, како тоа не може без внуката да живее, сите нејзе и прават неправди. Се она што и да каже е погрешно бла бла бла..
    Игнорирај!!! Нек си збори, нек праи шо сака... за инает ќе чистиш повеќе, за инает ќе готвиш од вкусно повкусно...
    Знам дека е смачено во одреден момент, ама нејзе ама баш ништо не и значи дали ти си се изнервирала или не, дали си се скарала со мажот или не...
    Дете во градинка, после прошетај те го... што помалце дома тоа поубаво.. нек се буни, ти ќути и терај по свое.
     
    На NEA и Londongirl им се допаѓа ова.
  14. Londongirl

    Londongirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Права си баш е така со стар човек. :) Ама еве на мајка ми мајка е генерација со свеки дури некоја година постара желна е и она за внимание , ама вика дојдете направив пита собрав вишни за малата, направив компот баба е мерак и е. Мојава цел ден на телевизор ѕвезде гранда и на телефон. Пак ке кажам не за мене за внука и да оди да купи да напраи нешто.
     
  15. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Наместо учество за кола, кажи и дека твоите ви дале за учество за стан :devil:
     
    На Lianna Anna, CameliaMiller, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Twins19

    Twins19 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Исто ама работата е што сопругот ми е тврдоглав и несака ни под кирија ни сами да напрајме да аме заминече странство а децата се мали не можи одма и само тапкаме вместо и ништо не се превзема дури ми иди да ги земам децата и да заминам сама толку ми е смачено

    Јас се навикнав да не ми поможва ко ќе сум дома и неспана и изморена и секаква си ги гледам.Сопругот оди во 3 смени и има тешка раб колку што можи поможва јадење преслеквање капење се, а моите ми поможваја многу кога и да имав обврски ги носев кај нив но сега е друго мајками е болна прима терапии и е изнемоштена .Зато сум ни ваму ни таму под кирија мм несака ни да слушнии за настрана немаме толку услови сеуште ..тешкоо ее

    Хаха...камо мене свекрвата така да ми се грижеше за децата и да ги бараше толку па јас че уживав да зготвам да напрам нешто.Јас спалната 1 неделно си ја чистам немам време не ги зема со неа , јадење прам со нив околу мене двата а таа оптегната на кревет и слуша кај што се молат по мене и не ги вика да ги заигра .Не се жали ко сака да ја чуба батем ќе си завршиш некоја работа а ако не сака да јаде и немора нека пукни од инает со му ја мислиш толку башка твојата е стара исто ко уште едно бебе да имаш
     
    Последна измена од модератор: 16 јули 2019
  17. Londongirl

    Londongirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Стара р неможе да ја чува она сака да оди да се беси оваа сака во скут само да и седи и само ми праи проблеми. Дете се заиграло таман доле на под ете ти ја дојди кај баба во скут,малава нејке кое дете седи мирно по скутови на скоро 12 месеци и ке почне да плаче па се тегнст тука и толку само два тањира ќе измиеш. Иначе барем да ја чубаше немам проблем.
     
  18. Twins19

    Twins19 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Те разбирам таа барем ќе речиш стара е и болна ете сака ама неможи мојата млада е и не ги чува да си пукниш во кожата.
     
  19. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    А да ви моча со врата отворена од вц, а вцто и спалната едно до друго? Мм не реагира...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Ќе и напишам на лист
    Затварај ја вратата!