Мислев дека форумов е да се сподели проблем ако нема на кого да раскажеш и да ти дадат совети. Фала ви на советите на сите и на тие што ве изнервирав што сум пишала повеќе пати мислев бар за тоа е темава ама очигледно ви смета не пишувам више нишо мислев можам да си се искажам и да ми олесни. Фала на сите за советите веќе пишав дека ќе преземам нешо Да ама сите не се исти може си имала среќа ете не е кај сите баш најсјано
Ако не сака/не може ништо да превземе нејзин проблем. Не можете да смените ништо со тоа што и пишувате дека е досадна. Оти ако не сакаш сам себе да си помогнеш, никој не може. И не ја читајте ако ви е досадна. Многу подобро, отколку на секое да и реплицирате дека напишала она или ова. Па уште и бабата била греота, не го гледала внучето. Јас разбрав од мал милион пишуванки, дека бабата го гледа. И тоа повеќе од доволно, дури и мајка му глуми. Па и мене би ми сметало од раце некој дете да ми зема. Мада, уште не го разбирам овој дел, како? Сигурно не се тегнат со бебето навака, натака?
Не се тегнат... едноставно подава раце и ти го зема од твоите.. а ти стоиш цела со прашалници... Има пробано свекрва ми така да ми направи еднаш.. ама не и' ја дадов.
Значи не може детето да и го земе, ако сама не и го даде. Спротивното, го разбирам како влечење бебе навака, натака. Насилно. Затоа не можам да го разберам ова, од раце ми го зема. Како ќе ми го земе, ако не и го дадам? Ако не сакам, не го давам и крај.
Епа тоа е проблемот, бабите мислат дека имаат апсолутно право над детето. Да го земат кога тие сакаат. Кога тие имаат потреба. А за редот и желбата на родителот никогаш не се прашува. После секако се лутат, па демек се брани детето да го гледа, абе трагедии.
Немора да значи. Иако живеам со неа, впрочем мм има само мајка од првиот ден сме во добри односи. Од првиот ден ми помага во домашните обврски а посебно од како се роди внучето, а јас пружам максимално почитување кон неа,сигурно тоа е клучот за среќно семејство. Неможам да ви опишам колку сум потресена и тажна бидејки е тешко болна, неможам да ја гледам како се мачи со лошата болест. На секој начин пробувам да и помогнам, скоро ја испративме во бања, и многу сум горда бидејки по долго читање по нетов ги открив таблетите од кои е многу подобра и кои навистина и помогнаа..
Ако се омажев со мојот екс дечко, немаше да имаме никаков проблем. Ни таа сакаше да ме види мене, ни јас неа. Чиста сметка, долга љубов
Нит женава има моментално проблем, нит ништо. Кој и да е, и човек на улица, ќе помине ќе види дека 2ца не можат бебе да смират ќе застане да праша помош да не треба, а не баба родена на внуче. Јас прва реков дека бабата е нешто несалам во мозокот што сакала мајка да изиграва на детево, ама изгледа не била бабата само крива. Вие двајца доволно сте биле возрасни да направите дете ама не знаете да го чувате, плачело не знаела зошто плаче, абе ајде. Не можела да го смири. Еден ден ќе бидам и јас свекрва, ама ако гледам дека децата ми се мачат не можат да се снајдат нормално ќе улетам на помош, ќе прашам, нема да дозволам дете од пар месеци да вика да плаче а јас да седам, оти и така нема да чини, ќе рече ете детето се откорна од плачење не се помести. Триста жени и кажаа овде на Амела да оди кај мајка и, не можела, ќе и го земел мажот бебето, а кога оди кај мајка и на преспивање ништо не и кажува. Не фарба овде ко стар автобус. Не знам што очекуваш Амела, да викаме само да не чини свекрва ти, ок, ќе го реши тоа проблемот? Нормално не, се трудиме совет да ти дадеме, не чини. Јас имам една тетка што збори растура, си има лоша нарав, е арно ама она работеше на исто место со на татко ми сестра, другата тетка, а оваа оговарачкава беше од на мајка ми страната, и ќе каже нешто тета на другата тетка, мама и тато ќе се скараат, ајде нервози, оваа не не е точно дека кажала, лаже сестра му на тато. Ај она лаже, ама почна пола село да бруи за проблемите на моите, оваа мува не ја лази, прекажува, почнаа на мајка ми рандом луѓе од нивното село да ја тешат, демек каков тежок живот имала, ја седнав мајка ми и и објаснив, сфати дека грешела, дека тета сепак оговарала, дека не била баш до толку цвеќе за мирисање. Верувам и кај тебе е сличен проблем, вие се карате ради останатите, ама ај. Ќе си го растуриш семејството ради мајкиве, прогледај веќе еднаш!
Мене ми го зеде,лом ја направив,и оттогаш не посегна. На почетокот и мојата изиграваше мајка,ама ја оправив. Неколку пати кога плачеше,го земаше демек да го смири,ама не се смируваше ни кај неа. Вриштеше,дамла ме удри и си го зедов. Баба била,не можела да слуша како плаче,многу и било жал????? Па јас што сум,јас сум му мајка и мене највеќе ми е жал,дај ми бебе јас ќе си смирувам. За жал вистина се случуваат вакви работи и вистина има вакви посесивни и опседнати свекрви. На времето не ги чувале своите деца па сега сакаат да надокнадат и изигруваат мајки,и секако само тие се баби, другата баба може да го види кога свекрвица ќе дозволи. Ист проблем имав и истиот се решава ако со маж ти поставите јасна граница,никако не треба да молчиш @Amelaaaa ,седни ја и кажи и се што имаш,што ти смета,кажи и дека е баба и како баба може да го гледа и игра,а мајка си ти и ти и маж ти сте должни да го чувате. И секако посочи и дека колку таа е баба,толку и мајка ти е баба,и двете имаат исти права.
За одредени секогаш ние снаите ќе бидеме неспособни за чување деца. А они демек од старт бил способни. Ма само подалеку.
Читам и се мислам што ли ќе кажете за ова. Мала двор, мала куќа со 3 соби и купатило. Во една свекор и свекрва, во друга мм и јас и во третата братот на мм(мој девер, уште не женет). Една кујна и тоа во соба на свекор и свекрва, купатило само за бањање за вршење нужда надвор во полско вц/клозет!! Место за едно авто во двор, се знае чие авто ќе стои внатре, другите надвор на улица. Свекор намќор а свекрва што живее за муабети, кој што кажал и кој што направил. Млади се земавме, после 3 години врска (сега 5 години и 8 месеци заедно). Ме запроси, после пола месец правевме веридба, после 1 месец дознав дека сум бремена. Сите радосни нормално. Еуфорија за снаа уште трае, меѓутоа јас модерна снаа "ништо" не сум работела по дома. Ајде полека се навикнуваме, се учам и така. Се договараме да правиме спрат или поткровје и здравје после свадба да се оделиме. Поминува еден контролс се добро, наредна контрола шок не е добро вели, еве ви упат ова мора да се чисти не се развива. Најголема желба ни беше тоа, плачки, нервози, хоспитализирање триста чуда. Се враќам од болница не ми се ни живее а не пак да се преправам како ништо да не било. Не смееме да затоплуваме кај нас во соба се трошеле дрва беспотребно. Тука почнува се наопаку. Свадба веќе закажана се ближи јас и мм како во бунило некое, како во лош сон. Ајде полека се оправаме, се подржуваме, се тешиме заедно. Јас и по природа сум затворена освен пред мм пред никој друг не сум се отворила така, за чувства посебно со никој друг не зборувам. Спремаме, мислиме што треба како треба и полека едно по едно средуваме. Свекор му рекол на мм ако сака свадба ќе си плати се што треба тие само во ресторан. Случајно доаѓаат гости седнуваме една вечер заедно сите, прашуваат како со подготовки кога свекор како од топ аа јас се сум нашол и договорил. Јас и мм збунети и мм кажува што си договорил да откажеш бидејќи ништо не си ме прашал, јас си средив што требаше. Одговор од негова страна немаше. Тогаш натаму наваму шетање покрај свадба спремање не се ни вртев толку дома. Дојде свадба, пројде свадба. Ајде да правиме да се оделиме те нема документи те фали некој документ, те утре ќе одам во општина те друг ден, само изговори некои и вели ќе средам ќе биде. Автомобилот што го имавме(купен лично од мм со негови заработени пари) го сменивме за понов а свекор вели зошто мене никој ништо за ова не ми кажал?! Си шеткаме натаму наваму, од едно место на друго поминува време. Почнуваат и муабети по комшии, роднини итн. Многу сум спиела, ништо не сум работела, леб не сум сакала да месам, не сум сакала да ги перам само наши алишта сум перела (иако на раце перевме една цела зима еј во 21 век пошто машината се поквари а мајстор во куќа не смее да влегува свекор ќе ја поправи), само во соба сум седела не сум сакала со нив да седам, не сум сакала деца да чувам(?!), не сум им кажувала кај одам. Муабети без број, свекор еднаш ми се извика што сум сменила програм на тв (како на некое 5 годишно дете), иако само таму имаше фрижидер влеговме еднаш да оставиме сувомеснати работи тој и рече на свекрва ми ти реков да заклучуваш врата да не влегуваат овие, еднаш свекрва ми рече колачи да извадам од фрижидер јас тргнав тој и вели оди ти земи, дојдоа еднаш од гости ни ги изрита патиките и рече овие гомниви, друг пат исто дојде пијан и вели е не заклучиле џукели... Уште колку има ехее, лично јас што сум слушнала. Плаче, кука по тел магии сум му правела на мм.. Значи ова никаде не се спомнува, се кажува како неа што и одговара така си врти муабети. Комуникација скоро и немавме само ако ептен мораше или таа кога ќе ми се обрати, со свекор дали имаме 3 збора разменето од почеток. Доаѓа ден дознаваме дека сум бремена. Избезумени, среќа и страв цела бременост. Поднесуваме кредит за веќе договорено нели да правиме спрат или поткровје, зависи за што спреми документи свекор пошто е на негово име куќата нормално. Не кажувавме 3 месеци, кога поминаа мм кажа на мајка му а таа веднаш какво е, кога кажавме машко мислиш светот врз глава и се сруши. Па јас сакав женско, можеби не видел др добро, можеби има уште едно женско знам една жена така не виделе др добро. Цела бременост така ми зборуваше. Секое утро купував леб пошто не јадам месен а тие да и таа секое утро ме чекаше кога ќе одам за да и купам цигари или било што што и треба, ниту еднаш не се понуди да оди таа место мене(не ни очекував не ни сакав). Кога постелував алишта едно по едно ги носев надвор не кревав тешко, секогаш седеше и ме гледаше никогаш не праша дали да ми ја изнесе корпата со алишта надвор. Значи не очекував и не сакав никаква помош не сметав дека ми треба да сум сама како ќе се снаоѓам, ама таа многу добра жена нели а ниту еднаш не праша како сум. Кога дојде сестра на свекор ми тогаш и текна лелее па зошто не кажеш па јас ќе ти ги изнесам . Свекор велел сум лежела само, цела бременодт сум прележала. Од низок притисок, вртоглавици, мачнини и повраќање глава не можев да кренам ама битно е сум лежела. Имав купено и спремно се за бебе и една недела пред да се породам таа вели ќе купуваме ли нешто за бебето, реков си спремив се што треба. Купивме и количка(комплет со транспортер) кога виде збесна. Таа сакала да купи транспортер, се дере, се лути. Прашува мм што бидна со документите до кај е работата свекор вели ќе биде има време. Се породив. Дојде на посета и вели ако не може мм да дојде ќе дојдеме јас и свекор ти "ќе си го изнесеме". Дојде време за излегување таа не дозволуваше мм да го изнесе синко од болница дали ви се верува. Таа ТРЕБАЛО, така било обичај. Мм секако не послуша. Кога да влеземе во кола го џапна транспортерот од раце на мм и седна позади со бебе мебе ме турна, ТРЕБАЛО така таа да седи со детето. И преќутав пак, по којзнае кој пат. Такво омаловажување не беше доживеала, тогаш ми пукна филм. Тоа беше прво и последно такво нешто, да се става пред мене кога се работи за дете. Меѓутоа паднав во депресија, многу ми беше тешко кога се вративме дома и плус царски. Бебето го бањаше не за да ми помогне туку така ТРЕБАЛО. Плачев и ден и ноќ. Влегуваа во соба кога ќе им текне и таа и свекор а јас во пижами, уште не измиена не расонета. Бараше бебе да го носи таму кај нив во соба, ајде си реков нека го носи да не излегувам секогаш јас лоша. Кога го донесе коса на бебе му беше усмрдена на цигари а претходно и напоменав рече излуфтирано е, чисто е не биди таква. Тогаш и реков дојди мирисни му ја косата и друг пат кога ќе го побараш да знаеш зошто нема да го земеш. Толку беше. Почнав и сама да го бањам и не ми требаше таа за ништо. Влегуваше само да праша за јадење. Па почна да прашува за нас има тоа (нешто што не јадеме јас и мм) а вие што ќе јадете јас што и да и одговорам таа само ќе си излезе, дури и ништо кога и велев. И покрај тоа што немавме своја кујна, нема каде да правам јадење. Немаше место за ништо повеќе во собата, немаше алишта кај да ставаме веќе. Во меѓувреме мм пак прашува за документи свекор вели ај до сега си седел така сега ќе правиш па мора ли. Решив или ќе си одам или одиме под кирија. Си излеговме од таму, моментално сме кај моите се понудија тука да останеме да не го носиме бебе натаму наваму по секакви куќи/станови под кирија. Аплициравме за стан чекаме одговор. Сега можете да претпоставите секаде оди лее крокодилски солзи. Јас сум виновната пак. Иако никогаш не сум им кажала ништо, да крива сум ме газеа и се изживуваа како сакаа. Но не можев да се расправам а после пак на иста маса мораше да седнам со нив леб да јадам. Кујна немав, немаше ни каде да направиме. Снег, ветер, дожд, температури над 30 јас одев надвор во клозет! Во 21 век. Трпев секакви озборувања и навреди од нивна страна. А крива сум што ништо не им кажав никогаш, што седев сама во 4 ѕида додека мм по цел ден работеше, се прибираше касно навечер. Што немаше каде да наполнам чаша вода да се напијам после 9 вечер и да си спремам нешто за јадење. Во 3 години јадење имам правено само кога тие не се дома, еднаш направив пред нив и прво прашање од свекор беше кој го купи ова за ти да го спремиш. Ова траеше многу долго знам. И мм е виновен за ова колку толку. Многу му требаше да собере храброст да се спротистави на неговите затоа што така е воспитан, на татко не се пререкува тој е закон во куќата. И на крај сепак не испадна дека ние излеговме туку дека тој не избрка. Си собравме се наше и тој му се јави и му кажа дојди да правиме муабет. Мм отиде мислеше како луѓе ќе седнат ќе разговараат а тој му рекол или враќај се или да не те видам тука. А сега мајка му нон стоп му врти на мм дојдете дојдете. Оди му велам, мајка ти е. Мене ништо не ми е. Ама не сака. Не сакав да испадне дека го подбуцнувам против неговите, иако се расправавме скоро секој ден заради нив. Ама каков живот е тоа живот во една соба, без основни услови за живот, кујна и купатило во овој случај. Родители да не сакаат да успееш во нешто, тоа не беше видела. Сепак јас сум виновна што сум таква, се чувам во себе. Имав почит на некој начин спрема нив иако не заслужиле. Секоја чест на тие што имаат добри свекрви и што може да сметаат на нив за било што. Што имаат добар однос. Не сакав да изигрувам жртва овде, тоа е работа на мојата свекрва . Сакав да си олеснам душа само. Барем овде ја има вистината, во тие муабети што кружат а излегле од свекрва ми има само мал процент вистина, има бујна фантазија жената. П.с како две свекрви да имам Ако не е за тука бришете.
Само ќе ти речам јака ти душа, и мило ми е што сте се спасиле од ситуацијата. Само на подобро нека ви иде од сега натаму.
@Amelaaaa гледаш како треба? Ете вака, како лубеничево. Браво девојко, според бројката на никот млада си, ама многу храбра! Браво!
Во еден здив го прочитав постот. Само ќе ти речам браво девојко. Јака си и не си потклекнала ,тоа е најбитно . Само убавини да ве следат понатаму
Депак ќе кажам ти имаш среќа што е маж ти на твоја страна, и да знаеш ако сте сложни се ќе се среди. Најубава одлука сте направиле. Ако те праша свекрвата зошто, ќе и кажеш Така Требало!