@Vennera.aa кој знае, уз муабет викаат 2 месеци ја не верувам. Додека заврши судски иселување на свекор ке фати зима, кој знае дали ке го иселат зимно време, па доле реновирање све. Па операција ке правела во октомври изгледа па 3 месеци штаки, не верувам дека ке излезат уште 1 год најмалку. @SummerGirl Овој како страв да и има, или срам не знам. 1 месец му требаше да и каже да не влегува во спална како промаја. Замисли има и оправдување, не сум ја носела во дневна. Па во 7 сабајле и 10 навечер бебето спие нема сигурно да го носам. Сум и ја бранела вика затоа влегувала. Оф. Инаку од септември почнува со работа. Нормално преку врски од мајка му.
Уште едно прашање @Eni.r И со деверот и бившиот свекор има/ше главен збор? Има страв твојов сигурно,сите што растеле со контрол фрик родител имаат.
Затоа не се нафаќам на живот во заедница. Кога веќе си знаела каков е, требало да отвориш очи пред да стапиш во брак. Кај мене беше обратно. Откако се земавме маж ми почна да забегува. Ама му го дотерав умот. А госпоѓата нека биде среќна што не доби ќотек од мене.
Даа она како владетел. Затоа и се разведе, кој би трпел таков притисок. Уште ме спореди како свекор ми сум била, викам ке заврши бракот како вашиот вика па и бетер затоа што го имитираш него немаш понашање. Не сум ценела ништо што правела. Епа викам ја нема да се сменам спремај му ги документите за развод зашто он не знае, вика а ти се ли знаеш викам да знам. И крај на муабетот со неа.
Оваа била ка баба од маж ми: домаќинка, се знае, најпаметна е, сите зборат убаво за неа а во фамилијата никој не ја сака хаха издржи и разговарај на мирен начин со маж ти или нека биде со тебе и детето и да и се спротивстави или нека седи со мајка му
Знаев.Тоа е тој профил. Познавам идентичен случај,само бабата беше терористот таму. Прави како што ти велам. Утре ќе ти пишам и други совети како да се справиш. Со маж ти не се карај сега,смири ја топката.Не е тој крив.И тој е жртва со години.
Како личност со ваков тип на мајка, од лично искуство ќе ти кажам дека воопшто не е жртва тој. Не е мало дете што чека леб од мајка, возрасен човек е со жена и фамилија, никаква смисла нема да се држи за сукњата на мајка му. Јас на 24 години се иселив од дома зошто цел живот бев под нога на мајка ми. До тогаш бев навикната така да живеам, и тогаш решив дека не сакам да бидам жртва. Кога сфати дека не ме контролира повеќе, си го средивме односот. Не си го смени карактерот, ама јас не дозволувам повеќе така да се однесува со мене. Така да мажов скроз си е крив што мајка му го гази како черга пред врата.
Не е секој степен на контролирање ист,има радикални манипулатори. Тој не успеал да се справи со неа како ти,но сепак е жртва која уште не сфатила дека мајка му го манипулира,бидејќи контрол фриковите се страшни манипулатори кои цело семејство го држат под конец и ретко кој може да им побегне,ти си успеала,но не секој успева. Во овој момент не е потребно Ени да биде непријател со мажот и да бара став од него туку да му помогне да сфати дека е жртва. Тогаш ќе станат силни. Тој уште не сфатил дека е манипулиран од својата мајка,а таа го користи најсилното оружје,дека сака да помогне,дека не мисли ништо лошо,.... И уште нешто, многу често децата кои не се справиле како тој,стануваат исти како родителот контрол фрик.
Со такви прости не вреди да се расправаш. Она е иста како мојата свекрва, само што оваа мојата е подмукла. Невидено буцкало. Виде дека со мене не може, па почна да прави сплетки. А пред сите глуми како многу си ги сака снаите. Она се изнамачила, се на неа нешто и фали, се не може да и се погоди. Ништо не работи. Не можела да работи. Не и било добро. Сфатив дека колку повеќе ќутиш, толку повеќе не чиниш. Алал да и е на јатрва ми. Парче ја прави.
Таа е во некоја врска со медицината? Ми дојде слична твојата ситуација со мојата, мојата работи во медицина и многу исти работи правеше. Полошо стана кога ми се роди малиот. Уште нема сфатено дека јас кажувам, дека не е таа мајка. Вчера на мм му кажашле дека детето кашлало мн во градинка и се договараме да го однесиме на лекар. Јас се задржав на работа, идам го нема, а ни нејзе. И се јавив да го врати, дека треба да одам на лекар и дека не чека сестра ми, која во мегувреме ја викнав да дојде со мене, зошто знаев дека госпоѓата се токми да дојде со нас, уживаше да се пика како трет родител по лекари, да парадира со малиот кај пријателките докторки и да му препишува дијагнози. Пред да дојдам од работа му кажав на мм дека ке одам со сестра ми, зошто тој беше надвор од градот попладнето. Си се договоривме ние двајца, ама свеки увредена што не се јавила кај матичната да ни закаже, што не ја молев да се јави. А мм и рекол јави и се на докторката, па не сакала, да не одмарала. Па се фати со мене, да сум правела како што сум наумила, урлаше пред сите комшии. За мое дете! Мм се врати од соседниот град касно, но ништо не му кажав. Патем го однесов малиот како што и наумив со сестра ми, на незакажано кај матичната (нејзина познаничка). И ако не ја најдев на работа ке го носев по други амбуланти, само преку нејзе да не е. Осет да се немало, ми ги упропасти најубавите моменти во животот, шро се вика на едно здраво сме, и уште умот не и дојде. Ти го пишувам ова даш ти кажам да бидеш силна, како расте бебето така таа сила ке си зема, стави си граница до каде да иде, еве и после две години јас уште немам успеано целосно. Од мм имам ретка подршка, еднаш ке ме подржи, па после пак ке ја одбрани. Пасив агресив ситуациија. И еве уште се мислам дали да му се пожалам за вчера, или да си молчам
Ne mi se veruva sto citam. Dete e na prvo mesto be luge pa ne babi se lutele i malku ke im dojde. Se znae majka i tatko se tie sto treba da planiraat za dete. Ne babi planovi ke mi pravat. I ne e se do niv od se dosega sto imam procitano pomaldive imaat najgolem del od vinata na povekevo situacii vo koi se nasle pa kavgi pa razvodi. Strav im bilo so bebe tupi go kaj baba e posle ona ima poveke roditelski instinkt od samite roditeli e ke ima dodusa na nekoi i im odgovara taka e se poslobodni. Treba da si go definirate malku poimot semejstvo so izbranikot za da vidite dali imate isto glediste na nestata.
Испробај повеќе опции само за да се тргнете од неа. Според мене секое семејство со деца си заслужува своја интима, пошто тие деца треба да си живеат со мајка и татко (а не со баба, дедо, девер, девојката на деверот...) затоа не мисли на развод. Не се карај со маж ти, седни го на муабет да збори со неа за да си оди пошто прочитав дека имаат место каде. Почни на секоја работа околу детето да ја предупредуваш дека тоа и тоа ти смета и терај си по свое, стави ја на игнор, сепак тоа е твое дете не нејзино. Ако и тоа не бива седни ја на муабет и отворено кажи и се што ти смета, ако не тогаш не и прави воопшто муабет и ти... Ќе мораш да поставиш граници.
Фала на советите, мм не сакал да се одели од неа затоа што и брат му ке заминал, близнаци се никогаш не биле делени. Ако не се оженеше уште ке спиеше со брат му во кревет,буквално. Дека мама најубаво знае. Длабоко си го има врежано дека треба заедно да живеат. Кога бев бремена се жалеше зошто не и биле пеглани гаќите и пижамите, девет ми од др соба се дере не му била испегла омилената маица немал што да носи, мм доаѓа ми фрла 1 маица и вика у пм ништо не работиш за 1 се фатив тоа не пеглано, очите ке му ги извадив, се исплакав и помина. Го буква да искажа по клубови уште трудна кога бев, брат ти излегоа, излези и ти. Ало викам жена има, ваљда ја се прашувам дали ми смета не ти. Девер ми кажува како женско во кафана не се пушта одма на кур мислело, а машко само на забава затоа било супер мм да има ноќен живот а ја да немам. И пази, нормално јас сум крива за муабетот, и зошто сум се карала со брат му, епа за таков муабет пак ке се карам. Мајка му е само по кафани што не и го каже на неа муабетот. Само гледа 5 мин слободно и оди го буква мм и оди па докажи му дека тоа не е иде така.
Ги прочитав сите коментари и да нормално е детето да си расти со мајка и татко, најправилно! Ама мила во твојот случај од каков татко ќе зема пример. И да бидиш со мт, тој е човек без карактер. Каква иднина ќе градиш со таков човек??? Мислиш ќе се промени??? Не вервам јас. Мое мислење ти е разделувај се одма! Како седиш бе така да ти зборат? Да им пеглаш се?? абе оди онаму!!! Ајде на мм ама девер и свекрва.. Ох мила, досега требаше да не си повеќе во таа куќа. Како се однесуваат кон тебе??? Катастрофа. Ти немаш ли мајка татко, така си најдена негде па ќе ти прават шо сакаат (а и во тој случај не треба така да се понашаат). Карактер на свекрвата најмизерен! Нејќам ни да го коментирам. Да бев јас на твое место ќе земав дете и ќе се снаоѓав, дали кај мајка назад или со уба плата бидејќи велиш ќе направам некако. Мое мислење е ова. Твоето не е живот моментално мила. Сега сте со бебка, треба да си најсреќна а имаш ѓњаватори околу тебе!
@Eni.r пред да ставиш крај на овој пекол (а работава и те како е за крај) пробај да преземеш нешто и да спасиш развод! Единствено што можеш да направиш е да го натераш мм да се вработи, па потоа да отидете под кирија. Зборувај му дека сте возрасни и имате дете за чување и трошоци, дека ви требаат пари кои сами ќе си ги заработите и со свој домакинлук ќе си ги планирате и трошите. Кога ќе имате свои пари бабата помалку ќе се прави шеф, пошто од неа нема да барате. Вака, она дава пари и се прави главна. Претпоставувам дека бабата и невикната иде со вас како во пакет, и без побарана помош од неа она сепак е тука ,,да помогне,, амааа сепак ти пробај намерно да ја исклучиш. Пример избајнај бебе кога она не е тука ако те прашат ,,зошто? одговори дека можеш и сама. И за слични ситуации каде бабата се наметнува пробај без кавги да ја исклучиш, сама прај, или викни го мажот ти да ти помогне. Одговарај и со - абе не се замарај со нас, одмарај си, ние сме возрасни и можеме сами! Или - јас сум и мајка на беба и ова треба јас да го одлучам и направам, ти како баба не треба да се заморуваш околу тоа! Демек без кавги, од страна поставуваш граници! Можеби чудо ќе се деси па бабата ќе сфати каде е и која е нејзината улога! Оти имало многу баби кои глумеле мајки на внуците, не е дека само тебе ти се случува. Ама сепак од старт треба да и се покаже дека претерува на бабата! Ако работиве не се менуваат на подобро, собирај парталите и оди си на некое време кај твоите! Па ќе видиш дали мажот ти ќе сфати колку е сериозен проблемот мајка му да ви биде вмешана во бракот! Со среќичка и многу нерви! Искрено ми е жал што минувате низ такви проблеми, се надевам за брзо ќе ги решите!
Ајде добро утро, се изначитав совети искуства и морам да побарам совет, не сум сигурна дали е на место но слободно преместете го. Имам партнер во несигурни односи, едно друго пишував за него, но сега не знам како со мајка му, бидејќи мислам дека заради неа делумно сакам да раскинам. Женава е жива напаст, нели заедно со него живеам, но се меша ептен, иако не живее со нас. Наводно многу пробува да не контролира,и тоа уште од првпат кога ме виде. Мајка му е ептен проблематична, во минатото пред да се омажи имала некој дечко што ја оставил бремена и дали нејќел да ја земе или немале како не знам, знам требало да прават свадба ама не ми има до детали кажано, знам само дека она била на 15-16г тогаш (има само 4одд завршено) и била бремена. Не биднала свадбата и покрај притисокот од нејзините дека и е време за деца и брак, од мала така е учена дека мора рано да се омажи, и родила девојче бидејќи била во поодмината бременост, но бидејќи немала маж за да не пукне срам го дала во дом, не е мое да судам... После тоа поминале години се омажила и го родила мојот партнер. Уште одамна кога се запознавме бев кај нив на гости и не ни знаев дека ќе имам официјално запознавање бидејќи фатив прилика да се измкнам уз гости бидејќи бевме друштво собрано, но се покаав. Си отидоа другарите и останавме сами, партнерот отиде до продавница и мајка му се симна доле почна да збори како готово сум идната снаа, да ме тормози да ме гушка и да кажува како сум и дете, тогаш ми кажа и за првото дете, и почна да кажува како сум личела на неа (таква коса,очи, боја едно др) и почна како дете да ме третира, дали сум гладна, дали ми е ладно, почна да кука и да збори дека сега свадба ќе ни прави, да баталам факултет и да родам 5 внуци, вика ќе ви ги растам, викам што е со оваа 5мин ме знае, ајде после тоа некако се откачи, ама како врската стануваше сериозна се повеќе се мешаше, па ме кривеше дека заради мене инфаркт преживеала затоа што сум направила срам дека свадба не сум сакала, дека требало да имам големи деца, се каам што и направив скајп и вибер секој ден замара со глупости, минатиот пат верувале или не имав 80 ДА ОСУМДЕСЕТ пропуштени повици од нејзе на моб, женава ме излудува, си збори во мое име дека за деца сме пробувале, дека она свадба ќе направи, готово сум била снаа, она ќе кажувала, после ми вика дете мое дете дете кое дете дете е на 10 години, и цело време замара со некои суеверија, такви работи, дури пробуваше ретардирана да ме направи кога зборевме за одење на доктор за да ми проверат крв (слабо ми беше железото) вика тоа ти е од што чистиш во петок или вторник не знам како беше, и цело време господ господ ова ќе ти се деси она, јас ваков напор немам видено, ова е само во кратки црти, не ни одам веќе кај нив бидејќи последното зимо јакната ми ја премести, ми пробуваше мои алишта, ми вика не се носи вака или така ко да сум на 3год, не знам што и е поентава, но како да ја откачам? Инаку да не настане забуна, женава е помлада и од мајка ми, нема ни 50 моментално, така да станува збор за не многу стара личност.
Демек да не ја зимам здраво за готово, инаку он има и од дома бегано, има ептен тегаво минато што мислам дека затоа е суров и не знае со народ, знае да и свика но она пак по старо. Он е од оние луѓе што викаат ингнор и не се замарај, ама оваа влијае, таква е.. Мое мислење е дека сака да надокнади тоа што го немала со него и сестра му, искрено грдо ми дојде кога ми го кажа тоа.