Да, ама тие неколку месеци (ако воопшто дојде до тоа) се ништо во споредба со доживотен стрес и очаен живот покрај такви суштества.
Јас кога ќе решам да си одам нема ни дете да и оставам на неа ни ништо....иначе она нема ни да се замара дали јас сум го оставила ни ништо...еднаш си отидов а она само збореше ова мора еднаш да се среди веќе вака неможе...ќе видам уште неколку дена ако истото ми го прави ќе застанам на цврсти нозе и повеќе никогаш нема да ме види.. ФАЛА ви на подршката
леле најтрагично е што и во разводот не ти даваат мира...а овој мојов токма пак по нив оди..... ќе ми се јави ќе ме моли......па за кратко ќе се јави глупости збори...како бог да чува..... дали го боцкаат или делуваат бајките и магиите не знам ама веќе како и да не се замарам...... еве правеа кавги не сум го давала детето, се влечевме по социјално, мм се јавуваше се закануваше на татко ми (демек он бил крив не ми давал да го дадам детето) и сега кога требаше да го земат си отишле на одмор хахаха а инаку цело време пари немаат и овој токмакот им дава за сметки и слични..ама за нивен кејф и на љубовницата на стариот има секогаш......... и сега дури како навреден испадна мм, што толку се бламираше и бореше..а овие си ја летнаа на одмор „загрижените“...... веќе не знам да се смеам ли да плакам ли
Како пресна снаа која живее со свекрва, еве веќе година и некој месец, одвреме навреме ја посетувам темава. Ги прочитав последниве мислења и морам да кажам дека се согласувам со мислењата и на gerdanche и на tessiе, иако на еден начин се малку спротивставени. Јас се омажив на 27 години, по врска од 10 години. Не можам да речам дека не го познавав доволно сопругот, а богами се имав запознаено и со неговите родители (последните 4 години од врската доаѓав на кафе кај нив - без бегање во друга соба, значи заедно со нив седевме и пиевме кафе), и со куќата во која живеат (како гостинка нормално). Јас се преселив кај нив веднаш по веридбата (тука некако, така е обичај, ама и покрај тоа, пред се‘ затоа се решивме на тој чекор - за да живееме заедно). Не ми се веруваше колку женава (свекрвата) не сум ја познавала. Едно е да пиеме кафе заедно, друго е да живеам во нејзината куќа. Еден од ретките случаи кога погрешно сум проценила некого, ама толку погрешно што ме тресна од земја. И сега читам овде, свекрвата можеби се чувствувала дека го губи синот, па затоа нејзиното понашање треба да е оправдано. Мене не ми јасно, навистина, како тоа го губи синот? Како не може таа да се почувствува дека добила и ќерка, туку чувствува дека го губи синот? Зарем не живеат луѓето со мисла еден ден да створат свое семејство, да имаат свои деца, децата да пораснат, да се изградат како зрели и самостојни луѓе, да создадат нивно семејство, да се среќни, да им подарат внуци на родителите? Зарем СЕ‘ завршува со создавањето на нивното семејство? Зарем не посакуваат таква среќа и за своите деца? Не знам, можеби грешам, јас се‘уште немам свои деца и не можам да ја разберам таа врска меѓу мајка и син, и тоа чувство дека ќе го изгубиш синот ако тој се ожени? И точно е дека е полесно еден примерок да припоиш со група, отколку цела група да ја припоиш на еден примерок. Но кога се работи со живи суштества (луѓе) оваа логика и не е толку оправдана. Многу е посложено, не е просто како 2 и 2. Тука се размешани и чувства, навики, гордост, карактер... Не се согласувам дека токму снаата е таа која кога влегува во куќата на сопругот (и неговите родители), мора да се прилагоди на сите нив и на нивниот начин на живот. Точно е дека оди на нивен терен, но не е ли малку не фер спрема неа, целиот товар на промените да падне на нејзин грб? Таа го менува семејството, го менува домот, го менува соседството, не ретко и градот (што не ретко повлекува промена и на општествено и социјално окружување). Од камен да си, на толку многу промени ќе се скршиш. А што промениле тие (во домот на сопругот)? Не се шетаат по гаќи? Не прдат во присуство на снаата? (простете ми на речникот) Штом синот ја одбрал токму неа, тој ја почитува и сака да создаде свое семејство, едно НОВО семејство со НОВИ обичаи и навики, а тоа повлекува промени и прилагодување од двете страни (снаата и новото семејство), ако ништо друго БАРЕМ од негова страна (барем сопругот да се прилагоди малку ако не сака неговото семејство). Но кога се живее во заедница промени и прилагодувања треба да има од страна на секој поединец. Еве не мора да е 50:50, но нека биде барем 60:40 (снаа - ново семејство) или 70:30. Проблемот настанува кога староседелциве сакаат да биде 100:0 или 90:10 промена снаа - ново семејство. И сето тоа бидејќи таа оди во нивната куќа! Порано, кога мислевме дека ќе живееме во заедница засекогаш - многу се нервирав и плачев дури и за непотребни работи. Сега кога решивме дека ќе бараме наш дом, многу полесно ми е да премижам и да проголтам нешто што не ми се допаѓа и со што не се согласувам. Многу е полесно да игнорираш и да не се расправаш кога знаеш дека ова е привремено (макар да трае уште 3-4 години).
Тешко им се погодува на старите: -ако младит ,се одлучат да живеат кај родителите на снаата(има празен спрат од куќа)тогаш кукаат дека синот ќе им биде домазет,срам за нив било -ако останат кај нив,се прават газди на се живо,снаата како ретард да е. -ако излезат под кирија ,праќаат поздрави по роднини,нека поседат некој месец,па ќе се вратат ,скапа е киријата. Врти-сучи,за која и да е варијанта да се одлучат младите,само промаја во уши треба да имаат младите.
Јас го кажав првиот дел, и реков дека е нормално свекрвата така да се чувствува, не однесува, а има огромна разлика нели? Во ниту еден момент не реков дека свекрвата има „право“ било што да направи, баш напротив. И да, многу работи ќе треба да променат со доаѓањето на нов член, меѓу кои и прдењето кога ќе им текне и шетањето по гаќи, и не знам зошто тоа го кажуваш како да е нешто небитно. За нив, а и за секој што си го сака комодитетот Е битно, ама се прилагодува за доброто на синот, така? За вториот дел - е па сите тие промени кои синот ќе ги направи за жената (оправдани) ќе го променат секојдневието и на свекрвата и ќе „испровоцираат“ чувства на губење на синот. И не, без разлика колку ќе те сака (колку што може туѓ човек нели), НИКОГАШ нема да те гледа како своја крв. Може да те почитува, да те слуша, да ти прави компромис, ама никогаш нема да и` бидеш ќерка, како што и таа никогаш нема да ти биде МАЈКА. Дај Боже да имаш деца колку сакаш, и ако имаш машко, здрави живи били, да сме уште тука па да ни кажуваш какви чувства ќе имаш во ситуацијата И како што реков - не е проблемот во чувствата и мислите, проблемот е кога тие ќе преминат во дела. Да нема забуна
^ Moira сите, ама баш сите (нормални) луѓе си го кратат „комодитетот“ (се мисли на шетањето по гаќи и прдењето) кога некој нов член ќе им дојде во семејството, но и новиот член си го крати тој „комодитет“, така што тука не гледам 1:0 за никого. Тоа се само банални примери од секојдневието, но прават разлика. Во однос на сакањето на снаата како ќерка или не, од страна на свекрвата, тоа ниту една снаа не го очекува. Спојлер Си знам јас чие небо се цепело додека сум доаѓала на овој свет. Кој поминал ноќи и ноќи не проспани заради мене. Добро знам кој од своја уста делел за да има за мене. Секое дете го знае тоа. Не го очекував ни јас, а сигурна сум ни ти кога си била пресна снаа не си имала такви очекувања. Ниту пак, свекрвите очекуваат од снаите таква љубов (како ќерка кон мајка). Тоа се стекнува со време, но треба да се даде шанса. Никој не бара мајчинска љубов од ново лице кога веќе не сме деца. Но не мора од првиот ден се‘ да биде натпревар. Аман веќе, зарем некој ќе го завземе нејзиното место? Па не сум се омажила јас за да му бидам мајка на мојот сопруг, туку сопруга. Од каде тој страв дека ќе и‘ го земам синот? Не планирам да го посвојам. Сум се омажила за него и ДА имам намера да се грижам за него, но и од него очекувам да се грижи за мене. Сега треба мајка ми и татко ми да плачат? Дека ме зел од кај нив? Ме однел некаде во (за нив) непозната куќа? НЕ, тие се среќни за нас! И едвај чекаат да добијат внуци. Го почитуваат и сакаат како свое дете. Да, како свое дете: го прашуваат дали е гладен, го караат ако седи на промаја или ако зиме не е добро наоблечен. Не гледаат конкуренција во него, бидејќи каде и да одам, со кого и да бидам ТИЕ се моите ЕДИНСТВЕНИ родители. Да бидам јасна: Мојата свекрва не се однесува посесивно кон својот син. Погоре наведеното мислење е мој став кон темата од аспект на снаа. Мојата свекрва, сеедно, има изразен натпреварувачки дух , кој веќе не ме ни тангира .
Во мојата фамилија прво никогаш не се живеело со родители(било на мажот или жената). Склучуваат брак и си одат да живеат сами. И многу ми е просто кога слушам на свекрва или свекор да с евика мамо, тато, или зетот баба дедо. Се знае на кој се мајка и татко и на кој баба и дедо! Позззззззззззз
ве читам и се прашувам дали и јас ќе се жалам по форумов? зарем не можи да не се нервирате? лесно е да се каже од страна но пробајте да не се замарате за ништо. и јас се нервирав ако мајка му нешто речеше а претеруваше искрено ама сега некако боли ме уво за све си викам така ќе биде и ко ќе се земиме. најверојатно ќе седиме заедно ама ќе седиме само заедно за ручек и вечера најверојатно и кафе ако пиеме иначе секој в соба се надевам по цел ден е на работа и таа и татко му па најверојатно ќе сакат да си легнат. па јас ќе си седам в соба кај нас. рано е за планови ќе ви пишам тогаш што испаднало од плановите мои
Мојата кука дека правам заговор да ја отрујам.И тоа не откако почна да гледа Величествениот.Од порано е ова.Ама знам дека длабоко,онака на дното длабоко ме сака, еднаш се степа со една заради мене.Шекната жена во години.Незнам дали беше за да покаже дека е на моја страна или од климаксот е ама и ја бапна една, нокаут тупаница. .И кога ми е смирена играме манакенки.А ако ми е лута she gives me the look.. Живеачката со неа е непредвидлива.Или ќе живееме среќно до крајот на денот или ќе ја отрујам.
ја организираме свадбата и оваа мојава идна свекрва ми иде на нерви...ми доага да земам за гуша да ја фатам ауу зената е неподнослива а порано ко бубачка бесе се додека не се веривме и одма се смени за 360 степени не можам да поверувам дека е истата жена лугеее... мене ова ми се свига мене она ми се свига она иде по цвекари ми бира декорации ми бира торта не дека по нејзино ке биде ке ја изшутирам ако треба ама зашо да ме нервира , она мени бира она све ке се отрујам бре од женава лелее на крај по мое ке биде се и е џабе ама еве раат да немам
^ И за тоа одговорот е еден - мажот ти Мојон ги седна и им рече: Од вас чекаме список на 20 најблиски старци, се` друго од нас. Не се замарајте, не се паничете, дотерајте се и чекајте покана за свадба. После ваков настап, ќе се смеша ли свеки?
уште неколку: ако сте сами или пак ти таа и свекорот не мора да му викаш мамо тато туку можиш вака одиш в кујна демек пијаш вода и викаш низ смеа сакате кафе или да ставам кафе да се напиеме? пред гости исто така не мора ти мамо сакаш кафе туку ќе прашаш сите сте за кафе и ќе се јави тој што не сака по ручек можеш комотно јас ќе измијам вагани ти стави кафе или обратно ама со насмевка се разбира и за мн други работи можиш вака. јас стварно не гледам потреба од мамо и тато. кога му се обраќате со овие зборови јас се прашувам ? ако речи нешто не гледам место за нервоза па и мајките наши не нервирале и тие некогаш знаат да кажат нешто и да не извадат од контакт. ама на мама не и замерувате нели
^ А не е подобро ако не сакаш да ги викаш мамо и тато да им кажеш? Ова според мене се многу подмукли работи. И зошто бараш проблеми таму каде што немаш (барем сеуште). Ќути си, трај си, се додека врската со дечко ти ви е добра, нема што да се замараш за ИДНАТА свекрва.
се согласувам со се погоре наведено и најмногу со делот дека ниедна свекрва не е истата личност пред да и станете официјално снаа и после тоа , иако мнооогу од феминкиве кои читаат (така сум била и ја) си викаат е е е мојава нема да биде таква фина е зенава ја знам со години ама не е така сите букввално сите се променуваат 100% . му благодарам на господ и одвреме навреме и во црква си се заблагодарувам и палам свекичка што не живееме заедно со неговите посебно со свеки . најубавото нешто на светот е тоа да си бидеш сам со мажето инакуууууу ауууууу...ја неможам да ја поднесам у последно време 1х а камоли да ми се мавта по цели денови пред мене
Огласи за вработување luge imam golem problem omazena sum mazot mi zapnal da pravime svadba a moite domasni nemat pari kako da resam problem nesaka ni da cue deka nema svadba mazot mi platata koga ja zima ja dava na majka mu vo mene nemam nitu eden denar nisto ne mi kupuvaaat so site se skarani haos moze sovet?
Не ми е јасно што бараш на 17год да се мажиш, уживај колку можеш, шетај додека си млада, има кога да се мажиш, ако веке си одлучила и ако немаш пари не кани гости од твоја страна, така ке немаш трошоци или отворено кажи му ако се согласи да ги плати и твоте трпшоци ке правите свадба сега видов дека бараш и работа, провери на страните на najdirabota.com.mk ili vrabotuvanje.com.mk можеби ке најдеш нешто
Незнам колкава ми е главата од нервози .. Вчера перам на рака свечени алишта и таа свеки доаѓа во купатило и ми вели ти не си го валела бојлерот за да користиш вода,јас ништо молчам,му казувам на мм тој си молчи и доаѓа во купатило на мајка му ништо не и рече мене почна да ми вика и да ме тепа заради неа.секој ден на мене ми вика поради неа и ме тепа .ме истерува да си одам по 2 пат и јас викам ајде ќе си одам ми вели да се разведеме јас викам ајде што чекаш. Минатиот четврток мм ме прака да одам да платам сметки од тел. , струја и вода и на свеки некни и доаѓа порака за неплатена сметка за телефон.а јас платените сметки ги оставив во ходник на звучник од систем и таа слепа незнае каде ги оставила,и на мм вели дека не ги фаќала. потоа мм на мене вика и ме тепа за глупости..јас му велам не ме тепај дај ги тие 3 000 ден.а не ми го земај здравјето мислам дека ќе ,е разберете за запишаното ..позз до сите