Во план е Само психава да ја средам, 7 год сум со него и страв ми е нешто да не се одмаздува бидејќи после секоја кавга дали со пријател или колега не ги остава да дишат...
Со самото тоа што живееш со дечкото, без разлика што не сте во брак, ти дава можност да се поставиш како што сметаш дека е правилно. Едноставно таа ти е свекрва и сега ти е шансата да си поставиш граници, па што и да биде да имаш шанса да се спасиш без да се разведуваш понатаму. Покажи заби на време. Се надевам дека ќе се среди ако врската ти е во ред, ама без поддршка од партнерот се ти е џабе.
Јас не ја разбирам зашто толку е залепена за мене? И ме иритира, еднаш кога бевме на спиење кај нејзе ме понуди со ручек, јадам и се јавија на телефон вика алоо, да да добри сме еве ручкаме со ќерката, а она не јадеше, после идам во вц дечко ми вика каде сум ме бараше да ме праша нешо, мајка му вика во вц сме, ко мајкине со мали деца е.. Он вика не се замарај, и вика знае да се скара ама она пак по нејзино..
Нема потреба да ја разбереш. Едноставно ако не ти се допаѓа нејзиниот оснос према тебе, колку и да е со најдобра намера, си имаш право да не прифаќаш така да се однесува. Мислам дека за вакви коментари кои не се дирекно кон тебе насочени, не можеш многу да направиш. Ама ако баш ти се обрати со некој ваков муабет, како што кажуваше претходно за свадба и деца што ти зборела, со погруб тон можеш да и одговориш дека тоа си е твоја одлука. Јас лично таквите муабети си ги кажувам со: "не знам вие како си мислите, ама мене тоа не ми се свиѓа, и никогаш не би го направила така, и нема жива сила што ќе ме предомисли!" Чисто за пример, јас со маж ми не сум венчана во црква, и немам намера да се венчам, за што добив многу коментари од двете фамилии. Секогаш кога ќе се спомне тој муабет, се полошо реагирам. Почна со "па не ни е битно" и стаса до "не верувам, не ми е гајле, со сила не може никој да ме натера, и тоа со маж ми ќе си решам а не со вас". Никогаш не ја потценувај силата на едно цврсто НЕ. Реши си го проблемов со време.
Нема спас од такви, да можат и на глава би ти застанале. Џабе се кара со неа таа пак ќе си мисли дека она е во право. До карактер ли е до што ли е не знам. Од такви косата да ти се дигне нагоре. Нели уште сега ви се меша, што ли ќе биде во иднина. Единствено да си поставите граници на време и на дистанца. А со тоа не се замарај остави ја ништо нема да постигнете.
И ние не сме венчани, она вика срам сме направиле, таман престана за тоа да збори сега сме и криви дека ради нас добила инфаркт, а знам дека лаже,на мајка ми чичко е доктор, татко ми предходно работеше на старото работно место во Алкалоид, тоа има завршено и не може да ме направи глупава, ги разбирма тие работи. Нека не ме третира како нејзино дете, нема жива сила што ќе ме натера да ја засакам како родител. Затоа сум на дистанца, но она во нејзиниот град си збори во мое име и се лути кога одговарам дека не е така.Пробува да ме направи ретардирана и да ме осуди дека не живеам како што она сака.
@deathinside по муабетов, ми делува дека жената има некакво психичко растројство кое не го лекувала на време ( ваљда била во мн лоша состојба кога го дала бебчето во дом), а од друга страна и дечко ти не е баш арен штом ако се скара со некого после тоа "не го остава да дише"... И јас живеев со дечко бајаги време, па се разделивме - кога не оди, не оди, башка се е ствар на навика... Размисли си уште од сега дали сакаш животот да го поминеш со такви луѓе околу тебе, како би живеела , каков однос би ималасо нив, дали би имала стрес, нервози ... Не сте во брак, ако не можеш да ја трпиш "тортурата", остави го уште сега, после ќе биде доцна. Некако на нашиве простори by default кога се мажиш - свекрвата ти доаѓа како "бонус". Знаете како велат: бирај-земај. А не, прво бебињата да се направат и свадбите, па после мажот не чинел, свекрвата не чинела...
@deathinside овде како што читам женичката е само мнооогу проста, тоа е проблемот! Нејзиниот простатилук ти го ремети животот. Да сум на твое место, ако сум во добар однос со дечкото ич не би помислила да раскинам врска заради неговата проста мајка. Само би побарала подршка од партнерот за да поставиме строга дистанца од мајка му, различни живеалишта и ретки формални средби кога се мора. Не е толку невозможно ова, милион бракови нормално функционираат без да одржаваат контакти со старите. Само треба навреме да процениш што мисли дечко ти на ова и колку тој е спремен да живее без да ве ѓњави мајка му.
Па и јас некако си мислам дека е нешто со децата сврзано, дали немала мајчинство, дали имала со интуицијата и инстинктот проблеми, сепак дете што било планирано не е лесно да се даде во дом, јас имам блиски во околина што се мајки и знам како се грижат за децата, една дури на почетокот беше и тажна, депресивна, не е тоа туку така.. Можеби сака тоа што го немала со детето со нас да го има, но јас се ставив на дистанца, само стравот да го надминам, инаку дм никој не го сака, од сите имам поддршка освен од овој мој страв.. Он избега од дома заради нејзе, мене ме иритира што збори во мое име и ме замара ко да сум и дете, не сум и ништо толку ли не разбира...
Ова е веќе друго... психички е повредена и љубовта што не можела да ја пружи кон нрјзината ќерка сака да ти ја пружи тебе... не е до толку лошо сепак стај се на нејзино место не е лесно да го дадеш детето кое 9 месеци растело во тебе... за жал виновни се нејзините што ја натерале на такво нешто.. Пробај со добро кажи и дека ја почитуваш како мајка на твојот дечко и дај и до знаење дека на денешницава не е ништо срамно во вашата врска и е нормално свадба и да не правите доколку не сакате. Биди пријателка до неа немој да правиш кавги ако дечко ти вика да не се замараш тогаш немој прави се на шала те вика ќерко возврати и со мајко ама со кафе муабет докажи и дека не си и 3год ќерка низ шала низ смеа Кажи му на маж ти да иде и да си спие со брат му и деца да прави со него ако не сака да се дели а ти собери парталите и бебушот и оди си од тоа зло како што ми мириса љубов нема за вас. Се изнервирав јас искрено
Да да, детето и било планирано, ама ете се случило, не можеме да судиме, не знаеме како им било, не сме ни виновни. Ќе пробам, инаку што знам вака за други работи тивка е знае да се извини, ама дали и е некоја грижа на совест изгледа тоа е..
До тоа е сигурно немој да и се лутиш понекогаш и побарај совет некој разговарај како со пријателка, но сепак дај и до знаење до кај смее да иде... доколку планираш со дечкото нешто посериозно биди во добри односи со неа не знаеш кога тогаш може да ти притреба
@LadyLollypop за се ајде до некаде ти е ок муабетот. АМА како ќе и вика мајко? Она сака да се отераси од ваквото однесување ти и даваш совет да и вика мајко.
Не учеле да ги поштоваме старите и да сме добри. Но, верувајте некогаш добрината се граничи о простотилук. Ќе те вреѓа нештото или тој некој толку колку што ќе му дозволиш. Пак ќе речам некогаш е добро да си себичен.
Да за неа да и биде полесно место да се нервира да го сврти муабетот на шала. Како што опишав жената сака љубовта да ја насочи кон идната снаа и да ја гледа како ќерката што ја изгубила на некој начин така да нема тука ништо страшно да воспостави добар однос со идната свекрва доколку сака брак нели? Понатака низ муабет ќе и докаже до кај смее со таков однос
@Eni.r пред некое време во труднички се подзакачивме за таквиот однос со свекрвица. Општ муабет како може да го дозволи некој тоа, а ти рипна да ја браниш. А уште многу пред тоа не било добро. Добро е што си расчистила конечно со себе и си признаваш дека ситуацијата е далеку од сјајна. Го почнуваш постот со "знаев дека е мамин син". А што очекуваше понатаму, дека евентуално ќе го смениш? Никогаш нема да се смени. Еден ден мајка му ќе ја нема, а бракот ќе продолжи да биде ваков каков што е. Жената била за к*р во кафана? Жити се, браво на размислувањата нивни. Ти дома со мало бебе, тој нека шета. Свекрвата со мене на лекари? Па и сликички нема да ми дава? Не јас сум таа што одлучувам дали ќе и дадам сликички и дали смее да прикачи слика од моето дете на фејсбук. Тие фамилијарно се психопати, ама ти си таа што упорно седиш и трпиш и се надеваш дека нешто ќе смениш. Јас би бегала колку што ме држат нозе искрено, додека уште не ме срониле психички па да почнам да верувам дека нивното е правилно. Знам некој ќе рече дека не е развод решение, ама ова ме потресе искрено.
Треба со време да ги постави границите до каде може да оде свеки, после е касно кога многу пати си преќутил. Ок во овој случај жената може не го прави намерно но како и да е таа ги поминува граници и треба да биде известена за тоа.
Да ви кажам 100 пати појдов и се вратив, има пари и луѓе мајка му ке ми го земе детето 100%. Кој знае што ке и зборуваат ако расне со нив без мене. Кој знае како ке ме гледа. А керка со татко не може да е блиска како со мајка. Сигурно мајка му ке ја порасне. Не сакам да се претвори во неа, како неа да бидне. Сега не правам муабет со никој мм ми прави муабет како ништо да не се случило. Јас сум ладна. Цел ден е без обврски го викнав му кажав имаш дете за чување не за играње дојде ја чуваше, му кажав да ја спреми за бањање ја спреми, млеко направи, фин фин што да ви кажувам. Како ништо да не се случува еј. Уште ми вика си дошол кум ни инаку многу близок ке одиме ли, отидов зошто сум блиска со човекот а не на гости со маж. Не правев муабет таму со мм. Инаку ја бранев затоа што си викав ајде со добра намера прави се, ама не, штом неколку пати ми дојде ваква мисла а еве гледам мислења од други дека убаво сум размислувала само не признавав на глас. Кога кажав сакам да помагам она одма имала врски ваму таму да сум ја чекала од септември не знам што, па после и за тоа да ми лупа од нос. Е не фала. Утре идам си вадам лекарско ке си упатам кај си сакам кај си мислам. И мм секогаш викаше таму ке одиш има мама врски. И денеска ме слуша на тел дека зборувам за тоа и ме прашува која школа му кажав и премолчам ни А ни Б. И Фала му нема потреба да ми солзи памет кај да одам. Ме прашуваше колку пари што е како е. Упорно прави муабет. Утре му ја оставам на чување, ке видиме во чии ли раце ке е кога ке се вратам. Они со мене на крај не можат да излезат. Ке терам по мое како знам и умеам. Мм развод не прифаќа. Ако им се исплати да ме трпат ваква нека трпат. А јас ке биднам нај големо гомно спрема нив. Само на шетање и дете ке си гледам, кој ги шиша.
Значи нека не ти прават филмови дека детето ке ти го земат. Тоа нема да се случи се додека си здрава, права. Деца одземаат само на психички болни мајки, наркоманки, алкохоличарки и сл. Дете да ти земат нема, па какви сака врски нека има и колку сака пари. Ич нека не те заплашуваат со тоа. Кажа дека си работела за добра плата, работа каква таква ке најдеш пак, можеби си и на трудничко и уште ја имаш. Ако решиш да се разведеш нема прифаќа маж или не, му стигаат документи од адвокат, ве разведуваат на суд и чао. Искрено ке те уништат само, со такви луѓе подобро нема да е. Штом маж ти не презема ништо пиши пропало. Ке ти пројде живот во беда и нервози. А најлошо е што детето нема да ти расне во нормална и здрава средина. Бар на него мисли, ако не на себе.