Мене ми беше највеќе да не м Јас имав школска што живееше кај татко и бидејќи мајка и се дрогираше, беше со психата болна, мислам дека и не работеше, се извинувам што се мешам, но мислам дека нема да ти го земат детето <3
Не викај два пати. Моја пријателка остана без ќерката. Немаше услови да ја чува, а он полн како брод. Три години се тужеа, а на крај он победи. Се има по светов.
Девојкава кажа дека тој не работел, а и не верувам да се снајде со детето. Инаку моја школска од средно со татко и седеше бидејќи мајка и беше наркоманка, алкохоличар и со психички сериозни проблеми. На кој основ би и го земал?
Ако не работи и ако нема живеалиште. Проблем плус. А тоа дека ќе и го земе, не верувам. Сигурно сака да ја заплаши.
А он како што е дете во паметот, не верувам дека ќе знае како да го чува детето. Има татковци кои подобро ги чуваат децата од мајките, ама овој нејзиниот не спаѓа во тие. Маж и не сакал да се оддели од брат му??? Па нека спие во кревет со брат му, а не со неа. Можеби сака и цицка од мајка му.
Имаме ваков познаник, само што вереницата или како да ја кажам... избега, не беше ни бремена викаше морал да ја забремени за да и докажел дека ја сака, и викаше што е тешко со деца 3-4 саати да ги поиграш во денот толку е, и демек детето било за мајка му да не ја јаде срам дека немаат принова во куќата. Сакаше дете а да затвори уста на комшии плачеше кога се раздели, ама смешен беше со мислењата.Него внукот кога му го носеа на гости не знаеше да го заигра не дете. Инаку познаников за се мајка му ја прашува, нејќеше сам да живее, она сабајле афе му прави, за јадење, ко да е самиот дете..немам коментар...теорија нема да им дадат деца на вакви да гледаат.
Таа имала среќа и се спасила. Затоа викам отварајте очи на време, оти после ќе треба да превоспитувате како мене. А ако не ви успее, треба да се влечкате по судови. Јас мојот едвај го средив. Да разберам дека вакви случки има по селата, ама по градовиве??? Мојата сакаше да одбере имиња и презиме на децава. На внук ми од девер ми она го одбра името.
Од град е овој, ама многу е прост.И викаше на таа (абе ни вереница не му беше, демек за озбилно идат-не идат) дека сега нема никој разведена да ја сака, а ни матичар ни ништо.Развод знам дека е коа е со документи, луѓе со досија се премажуваат не па така што имале врска, да плачеш или да се смееш.
Пак ке кажам, мм почнува од 1ви септември осигуран на работа, Мајка му му прави филмови дека ке препише еден дел на него еден на брат му и дека она тука нема да живее, му прави филм дека до крај на септември ке си излезат доле. Секогаш вика ја вака трпам додека завршам со обука, кога ке имам пари друго ке е. И во тоа не верувам оти како почетник со 12 000 се почнува. Нема да му стигаат и пак ке вика мама ме помага.( Инаку е кандидат за полиција затоа 1 год е без примања) Така да од кај да знам што може да се деси, еве од инает ке му препише, ке биде вработен а јас на трудничко + без ништо на мое име, може повише права ке има од кај да знам. Ако се одделам од керка живот не ми треба. Знам дека како расне ке ја свртат и ке патам многу. Вака ке им седам битно сум до дете. Они ке патам што ме гледаат. Мм можам да го свртам само 1 да легнеме, ама не сакам да го 'залажувам треба и без тоа да се освести и да каже еднаш НЕ. Секогаш кога правиме муабет гледам оти е свесен ама не сака да се сврти и да биднеш маж. Пред неколку дена вика меѓу два огна сум дај ти попушти кога тогаш ке излезат сами ке сме. Ке помине се ама за да помине мора да се стрпиш. Јас со тебе немам лично проблем ама многу и наоѓаш маани на мајка ми, плаче се нервира, сакала да се сели, викам ок и јас плачам и сд нервирам и сакам да се селам па што? и ме молеше да попуштам и да се смирам заради детето што го имаме, да го израснеме во мир. Вика за се си во право знам.И ете колку траеше, додека мајка му не му направи нов притисок.Многу бил врзан за дедо му и куќата е ветена за нив, Мајка му дека е на суд сега не може да им ја препише.( свекор тражи дел, за кој е одбиен, се чека уште 1,2 рочишта за иселување, крајно демек крај на септември ) Затоа не сака под кирија, или било каде. Мислам дека се осеќа како дека ке ги издаде ако им каже еј јас сакам сам да си живеам. Како да има страв дека ке ги изгуби ако постапи така. Почнувам да мислам дека е озбилна жртва на мајка му. И жал ми е. Ама нема да го жалам. Дете ми е најбитно заради страв од загуба седам..Многу се моќни ке ме превртат. Гледам што прави на свекор ми, сите ги сврте, да не си му во кожа.
Многу убаво те разбирам,можеби ме имаш читано на претходните страни,си се пронаоѓам во твојот случај.. Пробај издржи до септември и види што ќе биде,доколку си заминат ќе можеш да си поставиш некој ред,тежок е животот со мали примања од искуство си знам ама ќе се стиснете малку и ќе помине.. Доколку пак испадне ај октомври,па не ај ноември барај чаре,дали кај твоите дали да седнете и убав муабет да си направите..јас седнав и и кажав на свекрвата при мајка ти нема шо да се правиш мајка на моето дете,немаш право..со отворена уста остана и јасно и гласно се направи муабет..не дека не се меша веќе ама малку олабави од тогаш. Што жени ќе беа бе овие свекрвиве аман веќе... И ние ли ќе бидеме такви кога ќе станеме свекрви не знам..сигурно ќе грешиме некогаш ама нема да се правам мајка на внучето и шеф во нивната фамилија..
@Eni.r епа жено издржи уште месец два и не се замарај пробај да ја избегнуваш свекрвата и среди си го односот со маж ти. јаки сме ние жените ако викаат сме понежен пол се може да пребродиме
На мене сите ми викаат - И ти ќе бидеш еден ден свекрва. Ама јас не верувам дека ќе бидам како мојава. Знам дека и годините имаат улога, ама највеќе карактерот. Ако некој е катил како млад, таков ќе биде и на стари години.
Фала ви на одвоено време да читате мое жалење. Син засега немам, ама имам брат и и велам на мајка ми, ке кажам на снаа ми кога ке дојде само на мене да се жали јас ке ја решам само ако им се меша И мајка ми има лоша свекрва знам како живееше, свесна е еве и сега кај мене што се случува, затоа има 4 очи да отворам кога ке се ожени брат ми, да не пати снашката како мене сега . @SummerGirl какви години бре мојава има 45 да не е премногу стара? заостаната? на ѓаол дупка знае кај е . Него такви си се во душата.
Порано кога биле они млади снаички вајда нивните свекрви така им правеле и вие уште живеат во тој век,џабе се модернизираат кога тоа им е во душа главни да се прават..(до сега сум мајка слушала,од сега ќе слушам свекрва) Ајде белким полека полека ќе се искорени тоа... @Eni.r истото и јас го викам за брат ми кога ќе се ожени... Ќе си ги гледаме снашките.. Кој ги знае и мајкиве наши какви ќе се како свекрви
@Eni.r Контрол манијакот од твојата свекрва го направила твојот маж несигурен,со слаба самодоверба,и самопочитување и кога ти бараш од него решение тој го нема. На човек на кој му е скршена самодовербата тешко е веднаш да се справи со проблемот ( мајка му) Немој да се караш со него,пак ќе ти речам,во голем проблем е и он. Дај му време,не го загрозувајте бракот поради неа. Неа никој не може да ја промени,туку вие променете го односот заеднички. Помалку информации споделувајте со неа. Ако инсистира ,кажете малку со додаток ,се е во ред,ке го решиме проблемот. Контрол фриковите се длабоко во себе несигурни луѓе, единствен начин да се справиш и ти и твојот маж со неа е да покажете сигурност и непоколебливост во одлуките.
Само да не е како во оној виц. Како е ќерка ти? Одлично! Мажот и ја сака, ѝ купува облека, ја води на ручеци, купи спортски автомобил специјално за неа. А синот? Подобро не прашувај. Налета на една никаква. И купува облека, ја води на ручеци, само пари троши.
@Watermelon96 Ме изнасмеа хахахаа така некако е ... Неќна ми кажува му рекла на зетот-Зете ај земи ги децата и дојди кај мене на неколку дена јас ќе ги чувам,(оти он имал одмор,а ќерка и не) ќерка ми нека оди на работа и овој и рекол аман бе бабо мене ме жалиш да не ги чувам децава,а ќерка ти нека оди на работа и му рекла не бе зете,да дојдете вие кај мене за она од кога ќе дојде од работа да може да си лежи да си ужива,да си се одмори,да не и сметате вие го убила човеков,барем искрена била. Овој си помислил него го жали ,а она ќерка си жалела
До сега не сум слушнала дете тек така да одземат од мајка... Тука имаат влијание мн фаактори и факт е дека во скоро сите случаеви детето припаѓа кај мајката, освен ако не се утврди дека е неспособна да го гледа - психички проблемк, пороци итн. Не се зема дете така лесно, башка таквите процедури знаат и со години да траат. Нека не ве заплашуваат... Кај нас во државава сеуште е голем бројот на жени кои живеат и се зависни од сопругот, затоа се помируваат со сѐ, оти сами не умеат да се снајдат, и тоа е огромен хендикеп за една жена. Затоа, што повеќе вложувајте во себе, на било кој начин - образование, курсеви, занаети... Не заете што ве чека, еве развод, караници, старателства... Жена која создала нешто, кога е барем малку самоуверена, нема да има причини за страв од типот: каде ќе живеам, дали ќе ми го земе детето, дали ќе бидам финансиски стабилна итн.