@Eni.r 45? Изгледа тие се "најопасни" години. И мојата има толку. Иначе не знам како сте функционирале со маж ти до сега па сега ти да се понашаш ладно спрема него тој сосема нормално. Зарем тој нема свој став и размислување туку му се врти памет по тоа кој што ќе му каже Не знам до кога ќе можеш да тераш вака, за секоја ситница ќе се нервираш само. Ќе те нервира дури и само што ќе ги гледаш. Дете од мајка не се разделува туку така. Колку јаки врски да има свекрва ти не може таа да седне место судија и да ти земе дете.
Што ми требаше во 4 часот наутро да отварам Фемина веднаш се изнервирав.Јас стварно не знам како можат да постојат такви жени.Како прво кој и дава за право да шири такви невистини за тебе демек деца сте сакале,свадаба...Штом си слушнала дека шири такви невистини си требала веднаш да изреагираш и да и кажеш.Нема што да ти биде страм.Кажи и се во очи.Ако сака и нека се налути.Јас имам ваква тетка.Со ваков напор не се живее ни еден час а камоли пак цел живот.Кажи му на дечко ти да превземе нешто и да и каже да мајка му да не зборува глупости и да не ти досадува.Ако пак не сака остави го.Пошто тој цел живот ќе си ја слуша својата мамичка.Секогаш неговата мајка ќе биде на прво место наместо тебе.Само остро.Не и дозволувај да те командува,пошто ако сега и дозволиш цел живот ќе ти прави така.Извнете за постот може звучи много остро ама пак стварно кога ќе видам вакви жени кои сакаат да контролираат туѓ живот целата се накостршувам.
од жена 70+ што е со едната нога во гроб ме очекувај паметни работи и гледај што помалку дете да оставаш со неа. Дедо на маж ми со близу 90 години почина јас ко појдов кај нив да имаше околу 80тина. Свекор ми преженет со 3 мали деца тогаш имаа по 3,4,и 5 години. Жена му едвај издржуваше 3 мали деца плус стар човек кој беше во фаза на губење на свест и ориентација. Годините си го прават своето. Имај трпение спрема неа не очекувај ништо паметно. се сложувам. Додуша нема некое правило и може и јас не сум во право ама ќе кажам мислење. Значи се мажиме и за нас се должни да се грижат таму кај што сме пошле. Реално не зеле и имаат одговорност спрема нас. Да било за мама тато да ми помага јас не ќе се мажев кај нив ќе живеев. Е сега родители се сакаат да помогнат ама реално и свекорот и свекрвата се родители и подеднакво се должни односно подеднакво треба да се одговорни како и родителите на жената. Во куќата прво мажот би требало да ја превземе одговорноста и кој жената и децата и кон мајката ако веќе е мамина маза а не жената да е роб дома оти нели сме ја зеле за болни мајка и татко да ни одгледаат. Не може маж да се потпре на финансиите на жената која работи и на нејзините родители кои помагаат па да спие на тоа уше дека ете се има колку толку па не мора тој да се форсира многу.
Марчи каде со вакви размислувања??? Никој не е должен да се грижи за полнолетно лице кое е здраво и работоспособно. Кој те зел бре Марчи, ти нели сама и по своја волја се омажи??? Додека имате вакви очекувања од старите ќе имате и нервози и разочарувања!!! Сфатете дека сами треба да се грижите за себеси и своето семејство, а не да чекате од старите. Не е на одмет да помогнат, ама па да кажеш дека се должни да се грижат за тебе ми е бессмислено.
Кај мене за помагањето свекрва ми највеќе ни помага финансиски а моите ако не им речам ни денар нема да дадат. Не е вистина дека не се должни и тие да помогнат затоа што децата колку што се внуци на свекрва ми толку се и од мајка ми. Не барам за мене ило маж ми ама за децата самите треба да се понудат за помош бабите и дедовците од двете страни доколку знаат дека финансиски не можеме да постигнеме.
@marchi-cool Марчи бее, од тема во тема ме фасцинираш се повеќе и повеќе со твоите мислења. Како бре тоа свекрва ти е должна да се грижи и да биде одговорна за тебе? Де малку раскажи ни ги тие одговорности на свекрва? Да знаеме што да бараме и ние од нашите
Вистината е : НЕ СЕ ДОЛЖНИ НИ ДЕНАР ДА ДАДАТ ако сте слаби со финансии. Нит свекрва нит мајка. Плаќање на заеднички сметки е сосема друга работа
Малку ли е тоа што се грижеле за тебе додека да се осамостоиш па сега треба и за внуците да се грижат? Кога тие луѓе ќе уживаат по животот?
А што ако не ме зеле дома кај нив? Кој повеќе треба да даде, моите или неговите? Имале одговорност зошто сум решила да се мажам и деца да раѓам Искрено се фасцинирам на вакви мислења.
А доколку твоите деца имаат финансиска потреба нема да им помогнеш да им купиш барем еднаш во месецот едно пакетче памперси на внуците? Ако ти се пожали ќерка ти или син ти ти кажат немаат да им купат леб на внуците нема ли да помогнеш?
Апсолутно се согласувам, ама во пракса не е баш така. Од снаата се чека да ги гледа свекорот и свекрвата,( читај должна е) а тие не треба да ја гледаат снаата. Епа нечеш тако. Чист пример: кога свекрва ќе оди некаде( на шетање, бидејќи не работи ништо по дома) јас сум била должна да направам ручек за свекорот,да исперам нешто ако има, да му зачистам...а пред некој ден бев 5 дена во болница, не дојдоа ни да ме видат,ни се јавија, ниту пак за синот се загрижија дали има што да јаде, и дали е испран. Да не ме разберете погрешно, не дека е должна, мм фала богу се снаоѓа сам, ама ако јас морам тоа да го правам кога она не е дома, зошто не го прави и таа? Зарем свекорот не може како мм да се снајде за јадење? Или круната ќе му падне?
Ако сакам да. Ако не не морам. Јас би купила. Ама и да не ми дадат ич немам право да се лутам. Јас и мм сме решиле да створиме фамилија , па товарот и одговорноста е само наша. Ако некој помага тоа е на негова добра вољја, а не дека мора.
Еве , Нема да помогнам. И? Немам... Не можам... Не ми е должност... Ако они со две плати не се снаоѓаат, зошто јас од мојава да дадам ?
Да но сепак зборам за помош од родители не од некои комшии или роднини. Јас никогаш не би ги оставила децата без помош доколку ми побараа или видам дека им е потребна дури и да немам ќе се снајдам. Во мојов случај повеќе ми помогнаа личности со кои имам едно здраво од колку моите.
Па макар и да треба да се позајмам од пријателите ќе се снајдам не би сакала да ги гледам внуците како немаат леб да јадат. Сепак привремена ми беше помошта не барав цел живот да ми даваат но еве 4 години моите со прст не мрднаа да речат чекај да помогнеме макар и физички а за сестра ми секогаш и помагаа веќе 10 год
Свекрвата е должна на синот да му ги изрецитира обврските кои ќе ги има во бракот према својата фамилија. Ама не гледам дека е должна да ги одгледува и финансира. Еве за себе да зборам, да не се сфати пре-општо. Пред да се ожени, тој мора да има во обзир од што ќе живее.Семејството како заедница треба да опстојува од нешто. Прв дел: Не дека моето како мајка и свекрва е завршено во моментот кога ќе се ожени, ама пак и не ми е ни обврска. Мојата должност беше да му предочам за начинот на понатамошниот живот ( да не мисли дека ќе шета по цели ноќи а ќе спие по цели денови, како кога беше ерген, сепак жена-дете....мора да си води сметка) и за водењето на домаќинството и економијата во рамките на НЕГОВОТО семејство ( си има плата, нека си мисли, јас никого со пиштол на глава не принудив да се женат, да не се занесува дека платата како и порано ќе си ја прцка за два дена па јас ќе му покривам трошоци). Втор дел: Како мајка и свекрва сум радосна за нив. Не им плаќам ништо, не ме ни интересира што имаат во фрижидер и дали имаат за фустан и чевли. Редовно, кога имам вишок ( и не смо кога имам вишок, туку и ќе стиснам на страна некој денар) ќе ,,подадам,, во облик - еве, вие најдобро знаете што му треба на детето.... Ама НЕМАМ обврска. Ако САКАМ. Бидејќи се добри и бидејќи се трудат еден за друг, се снаоѓаат како знаат, мене тоа ми прави мерак да им помогнам.