Кај мене имаше таков случај, пробаа да ми го наметнат тоа. Ама гадно се заебале. Нит станав да му направам, ниту па ме интересира како ќе се снајде. А дека ќе му се тресам, дали ќе јадел што ќе јадел и тоа не. Свекрва ми така го имаше научено и мм, се да чека од неа за јадење, да му постави да му крене маса. Неколку пати му укажав дека тоа не може кај мене. Јас ќе направам јадење ако сакам и можам , а не дека тоа ми е обврска. До кога со овие муабети дека снаата кога доаѓа кај мажот автоматски е обврзана да ги гледа свекорот и свекрвата?
Чекај сега, нешто не ми е јасно. Ти како мајка Не можеш да се снајдеш за твоето дете ,но како баба би се снашла ( макар би позајмила ко што велиш) за да на внучето му купиш пелени пример. Така?
Не дека не се снајдов за моите деца се снајдов но сепак наместо да ми помогнат моите кои можеа да помогнат јас морав да барам помош од други подалечни луѓе а имав јас здравствени причини а ми помогна вујко од маж ми, а не мајка ми и татко ми според нив ако сум се омажила повеќе не сум им ќерка така? а додека живеев со нив убаво им беше кога платата ќе им ја дадев скоро цела
Види, да не се разбереме погрешно. Јас немам деца . Но. Кога би имала верувам дека залакот од уста би го извадила за нив да им го дадам, без разлика колкави се. Али тоа сум јас. Зборот ми е дека немам обврска ама баш никаква. Ако сакам ќе дадам, ако не Не.
Епа кога ќе имаш деца ќе сфатиш дека цел живот ќе имаш обврски да помагаш бидејќи и јас од уста вадам да дадем на децата и ако треба и ќе просам на улица само за да им помогнам. За жал моите најверојатно не мислат така... или не мислат на мене а на брат ми и сестра ми мислат
Ве читам и мора да изнесам мислење. Секој за свое дете ако треба од уста ке извади да му даде да има. Ама не ја сфаќате поентата. Едно е да подгурнеш ако нема, друго е да го разгалиш и само од родители да се чека. Јас работам од 17 год. тогаш ми дозволија, и од тогаш од моите барам само кога сум ептен ептен во тесно. Ако има, ке даде, ако нема ништо. Зошто да МОРА да ми даде? Конкретно мм зависи од мајка му, и е научен ако нема мама ке даде сигурно, плата од 12 000 како беќар не му стигаше ама мама секогаш додаваше, е тоа е голема грешка! Остај го бе нека се снаоѓа нека крати малку, нека гледа да му стигне, се помага еднаш а не секој месец, ви се молам. И каква обврска има свекрва ми да ми плаќа? зошто? јас не сум и ништо нејзе, на син и сум не на неа, ниту барам ниту сакам. Ама ова мојата сама сака да дава со зор, да има што да ти удира од нос. Мм има обврска спрема мене и ја спрема него. Јас роди тој направил јас го избрав него тој мене, ние треба да се обврзани а не нашите. Мм од што е разгален ми вика мама како еве сака да уплати одмор твоите што не ни дадат пари за одмор. Викам зошто да ти дадат? глуп си, не способен што?? па еве вика немам примања чекам за 20 дена да почнам, викам епа кога ке си имаш пари ке си одиш на одмор! а не да просиш за банални работи, за одмор бе ццццц Ако има пари, и ако има воља ке ти даде ако не нема и крај. Тоа важи и за неговите и за моите. Многу мразам кога зависиш од некој на тие години.
За жал, така било така и ќе биде. Снаата треба да им се потчини на свекорот и свекрвата. На мене свекрвата ми викаше - Да видам каква снаа ќе бидеш ти. Ма кој фактор е она за јас на неа да и се докажувам? Јас не сум венчана со неа. Го има советувано маж ми да си најде друга жена. Изгледа сака некоја што ќе и слугува.
па нека му најде, немаш потреба да се докажуваш, она требало да си го воспита каква снаа да и донесе доколку требало така. Мене кога ке ми најде маана одма и кажувам зошто не си го воспитала син ти каква жена да земе него си дозволила сам да бира? очигледно нему му одговарам и ваква.
Жално е што на денешницава со просечна плата не можеш да побегнеш од заедница и да имаш живот со маж и деца нормален бе Лошо е во заедница да се живее за жал не секој може да си дозволи да се одвои од таков живот...
Сум живеела и сега живеам во заедница, кога мм би прифатил јас одма одам под кирија па ич, сиромашно и скромно ке живееме па што битно среќни и во мир и никој нема да вика ја ти го купив ја ти дадов ти без мене си ништо.
Се сложувм потполно!! И јас мислам така.. Маж ми после неколку пати потсетување па и лутење зошто немало ќеса во кантата за ѓубе и коментарите: "немаш ќеса во кантата за ѓубре" или "пешкирот во вц бил прљав" му реков ова не е хотел, а ја не сум мајка ти..... немам само јас ќеса во кантата и ТИ немаш, кога ќе видиш дека нема стај не ми кажувај, пешкири за во вц има во фиока а прљавиот знаеш кај треба да стои... Ама тазе преселени сами од како предходно седевме со мајка му и разбирам дека му треба време да се прилагоди дека им обврски што треба да се поделат. навикнат до сега некој да оди по него, сега знае и машините да ги пушти и да усиса. А мајка му таква и со внуците ги чува на одмор им принесува за јадење овие стануваат остават се на маса и си одат и женава трча по нив и после се жали... Дојдовме ние ги скарав да си го кренат тањирот и сеа и на баба им и текна дека не треба да се однесува ко да се мали деца и ги потсетува сеа и она. И викам зоштораскреваш по нив не се мали можат барем тањирот после јадење да си го тргнат вика епа ете им праам мераци као ај не мора :/.. Епа чим не мора не се жали после дека ти се качувале на глава..па ко ќе пораснат нека се замара со нив жена им
Имам обврска сега дури се мали и зависни од мене. Ќе бидеме најдобри родители ако успееме да ги извадиме на добар пат и да бидат самостојни, независни од нас во секоја смисла, вклучително и финансиска. А независноста не доаѓа со мажењето/женењето. На тоа се работи од најмали нозе, од ситници: да можат да јадат сами, да се облечат, па да се избањаат без наша помош, и како ќе растат тие обврски кои ќе мора сами да ги извршат, ќе се зголемуваат, а со тоа ќе им се зголемува и одговорноста. Родител секогаш ќе биде тука за дете, но не да го направи паразит кој само ќе чека од друг, туку и да го оспособи да се снаоѓа секогаш и секаде. Со вакви размислувања, затоа сме и ваква нација каква што сме, секогаш со оправдувања за неуспесите и вперувања прсти во други, наместо сами од себе да почнеме, односно од нашите деца.
значи нас не земаат за да им служиме таму ако се разболиш ќе те шитне,кој те гледа бе!! Извини ама не си баш во право. Нели сме заедно и во добро и во зло? Не зеле и имаат одговорност кон нас,не не зеле како стока па и како со стока да се однесуваат. е за ова да така е.
Навистина не ми е јасно кога ќе се искорени тоа. Јас ако сум снаа не значи дека треба и раце да им бакнувам. Ептен се нервирам вака. Кога ќе остарат на грб на снаа. Зошто не на син им? Снаа да ги пере, да им готви, да им чисти, да ги бања ма ајде бееее. Тие мене ниту ме створиле ниту ме чувале а очекуваат утре на мој грб да останат. Хелоу? И мојата не му кажала на мм да бира некоја неа што ќе и одговара, штета. Среќа се откачив од нив, идната моја јатрва нека си мисли.
Сите се обидуваат да кажат дека Не, не ве зеле. Ве зел за сопруга нивниот син, и тој има одговорност кон сопругата, иста како таа кон него. Освен ако се работи за брак договорен меѓу родителите, и на синот му довеле невеста дома, па сега тој може да ја бендиса или не. Ако е тоа случајот, се извинувам и се сложувам дека неговите родители сносат одговорност. Заедно во добро и зло се заветувате дека ќе бидете еден кон друг со сопругот, не со мама, тато, баба, бато, дада, зет, внук, и се останато од било кое колено, без оглед дали живеете сами, во заедница или во комуна.
Добро , ај да речеме свекрвите имаат одговорност за нас од кога ќе не "земат" . Ама во случај после одреден период ако Не им се допаднеме во нешто, или најдат некоја друга , подобра за синот, тогаш ќе имаат право да не "вратат"?! Зш нели права и обврски( одговорност) Не се исклучуваат едно од друго
После 30 години брак на моите, дедо ми и рече на мајка ми, абе Зорка и Владо не ми се погодија ич, само ти на мене се метна, убоо сум те воспитал. Веќе заборавил дека му е снаа, он за ќерка си ја смета Не мора како свои деца да ве гледаат, ама барем како семејство.
се сложувам. Подеднакво имаат одговорност ако не кон децата барем кон внуците нека се коректни. јас како родител на девојче на пр не можам ќерката да ја дадам за некој да се "изживува"со неа. Реално штом ја "зеле" имаат морална одговорност над неа. Не е таа стока за да ја третираат на тој начин. Исто и како мајка на син. Како бе син ми да донесе дома жена па уште и ние да им ги "цицаме" парите на нејзините? Должност ни е како родители да им излеземе во пресрет после што тие ќе прават во нивната заедница тоа си е нивно. Не дошла некоја дома кај мене за да ми биде "слуга за без пари" ако јас не можам да исчистам ќе си платам чистачка бе! Домашните обврски се во согласност и кој како е во моќ. Послем,не земаме ние знаа за влудница да ја пратиме? Не сме ја нашле на улица. Не знам што не ви е јасно. Веќе ако не ми чини снаата крајно или еве се се дешава секој рогови покажува ако не ми чини ќе си се тргнам. Должност ни е да си се почитуваме меѓусебно после отом потом се си се средува
^^Абе каде тоа ќе ја даваш ќерка ти?! Јас не можам да те разберам навистина! Па и Не си можела да ја дадеш Е многу ме интересира каков е тој чин на давање / земање. Т.е мајка ти на кој начин те "даде" и на кого те даде? На свекор,свекрва, девер,золва?! Кој е најглавниот од овие?