Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    :x:x:x
    Ти си имаш некое чудно сфаќање на бракот дека тоа е уствари посвојување на снаата, и дека сега нејзините нови родители/старатели се должни да се грижат за неа.

    Ниту ти ќе дадеш ќерка, ниту тебе те земале свекор ти и свекрва ти, си оформила ново семејство со маж ти и сами сте си одговорни за тоа семејство, нема што тука да чекаш од свекрви-мекрви, тие си го завршиле нивното, ако сакаат на било каков начин да ви помогнат, добро, ако не, пак добро, не им е тоа обврска, туку зависи од нивната добра воља.
     
    На CameliaMiller, Milobebence, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    епа тоа е ама ај кој да ме свати. Значи мажот е има одговорност и кон мајката и кон жената и треба да разграничи која е која и да ги почитува и двете според нивниот статус ама за жал кај нас мажите не знаат кој пат да фатат и не знаат кога и како да се постават затоа свекрвата не чини е злобна и се меша а снаата сирота е пожртвувана. Значи затоа кога земаме снаа треба како спрема човек да се однесуваме,имаме одговорност спрема неа. Посебно мажот.
    ако не им чинам нека си се тргнат настрана од мене бе! Или па ако мене не ми чини снаата очи нека си ваѓа ќе си се тргнам. Ни да ми смета ни да и сметам раат глата на двете.
    па ти ко си се омажила си останала кај мајка ти а мажот кај неговите? Не те зеле? Не ми е јасно ни мене
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.150
    Пол:
    Женски
    Никој не ме зема од никаде.
    Живеев сама пред да се омажам со мм.
    Кога се земавме првите месеци живеевме во куќата која тој си ја направил како ерген.
    Вака беше моето .
    Ај сега кажи тебе како те земаа?:)
     
    На CameliaMiller, Milobebence, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    епа тогаш истово важи и за членката која ја закоментиравме. Мажот се датил во небрано,извини жено мајка ми е стара болна не можам да ја оставам па ти сега снаоѓај се трпи колку можеш. Таа сирота на 70 не знае кај се наоѓа го тегне внучето велејќи што ќе ти е мајка ти јас сум и мајка и баба. Како таа не си го завршила своето па ќе им се качува на глава на мажот внуката снаата. За ќерка е имало пари за сируп за од синот детето нема а? Нека се снаоѓаат. Ако си мајка на ќерка и за неа имаш како можеш да немаш и за внуката од синот? Колку што си мајка толку си и свекрва. Или за двете внучиња имај или за ниедно немај. Или седи мадро настрана па кој што сака нека прави.

    исто како тебе што те зеле. Или тебе не те зеле. Се омажи па ти си остана да живееш кај мајка ти а тој кај неговите. Оти нели бракот не е земање
     
    Последна измена од модератор: 8 август 2019
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.150
    Пол:
    Женски
    Никако да се разбереме:)
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, sofi2107 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 Не пробувај да и објасниш, она во секоја тема има "посебни" мислења што никој не ги сваќа.
     
    На CameliaMiller, Alita, princess5 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Добро бе, ти читаш или само го верглаш тоа земањето???
    Претходно живеела сама, а после со сопругот.

    Никој нејзе не ја зел, си оформила семејство со сопругот, не со свекрвата и свекорот и деверот и јатрвата.
     
    На CameliaMiller, Annora, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.150
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека и објаснувам.
    Ме интересираше само кои се тие што ја земале:)
    З'ш у множина збори она:)
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и BabyT* им се допаѓа ова.
  9. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Не туку се препирајте за работи кои не се конкретни.
    Секој човек со свои сфаќања, секоја фамилија со свои проблематики, се е релативно, се зависи од ситуации.
    Не сме клонови, не живееме сите исто во исти средини.
     
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    епа тоа што пошла кај сопругот не значи дека сопругот ја зел? (facepalm)
     
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.150
    Пол:
    Женски
    А ако мм немаше куќа и си купевме заеднички стан од одма , во тој случај кој кого зел?
     
    На CameliaMiller, bittersweet, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.588
    Пол:
    Женски
    Терминов “ме зеле” не ми е по кеиф баш. Ја не мислам дека некој ме зел, ја сама си собрав парталите и си дојдов при маж иначе. :D

    Сфаќам лоши односи со свекрва и свекор ете, па не сакате да им се најдете, ама не гледам зошто ако сум во добри односи да не им помогнам ако можам.
    Со маж сами живееме, ама старите имаат добри пензии па секоја недела ни полнеа фрижидер. Немавме потреба од истото им беше укажано, ама тие сакаа. Утре ако ми го спомнат тоа и ја ќе им речам вие сакавте, никој не ви бараше.
    Сега трудна, поради поголема удобност веќе месец ипол сме кај старите. Не ме оставаат чаша да измијам, кревам нозе кога свеки пребришува плочки, постелнина таа ми менува, таа готви, пере, мие... и зошто утре да не и помогнам ако можам?
    Кога одеше во посета кај сестрите по недела-две, готвев и за свекор иако не живеевме заедно. Кога ќе беа по месец дена во село, одевме со маж да вадиме цвеќиња, и обавезно и зачистував пред да дојдат.
    Што, да не ми падне круната случајно? Секогаш кога ќе месам нешто им праќам, живи среќни се.

    Не, немаме должности едни према други и се е знак на добра воља.
    Не, не ме родиле и изгледале мене, ама го родиле и изгледале човекот со кого делам постела и сум избрала животот да го поминам со него. Тоа што мојата мајка е за мене, тоа и неговите се за него.

    Моја должност е само она што јас ќе го родам да го изведам на добар пат. Да го научам на добри навики и манири и да биде добар човек.
    Да знае сама да плови низ животот без да биде зависна од никого, а јас дали ќе можам или сакам да помагам, ќе оставам староста да го даде тој одговор.
     
    На Milobebence, Sanja1105, 1209 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    98.987
    @Eni.r зошто твојата паралијка свекрва не излезе под ќирија со девер ти додека не се исели свекор ти?
    Што е за нејзе ќирија да плаќа на таа пара???
    Што не им купи станови на синовите штом е толку имотна? Куќата плус нека им остане после кога неа ќе ја нема.
    Така прават луѓето што имаат, или она повеќе се фали отколку што има?

    Ако е толку многу ЈАКА, што не го стави маж ти одма на функција, а не да почнува со 200еу плата?
    Јаките никогаш не почнуваат од нула.

    За гледање стари, јас пред мајка му на дечко ми си кажувам дека ќерки секогаш повеќе гледаат (а она си има ќерка на која дала имот исто колку и на двата сина), така да, и ставам до знаење дека јас гледачка не планирам да изигравам.
    И она као демек, да да, така е, и јас на ќерка ми се надевам. Па ќе видиме колку е така ако останам со него.
    Гледачка и готвачка не планирам да бидам, му одговарало тоа на некој или не.
     
    На Anyshka, CameliaMiller, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Они мислат дека ако го носиш нивното презиме веќе си им потчинета. Па уште да ги викаш мамо и тато. (facepalm)

    Не чинело сопружниците да имаат различни презимиња, ниту да имаат различни адреси. Ма немој. Од инает сум поразлична па нека пукнат.

    П.С. За да им помагаш треба да си заслужат. Мило ми е кога ќе видам свекрви кои од старт ги прифаќаат снаите. И снаата треба да си заслужи. Ама некогаш колку и да си добар те прават будала.
     
    На Anyshka, mal.ecka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Аааа извинете ама има 'зимање'.:D.Мене кога ме 'земаа'беа многу горди и лепомуцки пред сите,па фалење пред комшии како да донеле златен медал дома:DА после да видиш..војна!Што ли не поминав,ехее можам книга да напишам..(facepalm)Битно помина голготата,сега сме сами:whew:Муабетот ми е тоа се тие закоравени луѓе и сфаќања кои мислат дека 'те зимаат'и сметат дека мора да се понашаш по нивни правила и прописи..Демек ќе ти помагаат со се,ама има услови,ако не ги почитуваш одма вреѓање,па кавги и тн.Чиниш во Ројал фемили си па треба да поштуеш кралски протокол,а они у затка 2 соби да дувнеш ќе се сронат.И стегаш заби,маж од мамин син со тешки нерви успеваш да го промениш и да сфати некои работи кои се очигледни ама нели палат како трактор понекогаш|(и конечно бегате од таму.
    .Сакам да се надоврзам на муабетот на @Eni.r ..доста слична ситуација имав,со контрола фрик свекрва,но колку и да се трудеше да ме потчини да кажам на нејзините правила,не успеа..и тоа страшно ја иритираше.Колку повеќе ја игнорираш,толку повеќе врие,се нервира..Затоа и јас исто решив-додека да се иселите,излезена цел ден,дете под рака дотерани на прошетка,врати се вечер легни си,како во хотел на привремен престој се осеќав...Е сега кај нас беше поразлично со финансии што работевме двајцата со мм,и дури си плаќавме и сметки и се и пак се испонашуваше дотичната со разни испади,како јас ништо не ценам,ме гледале како кралица,ко бубрег во лој(а во една соба живееш):drunk:,а јас никаква почит спрема нив(дека не викав мамо тато и сл.глупости застарени)Јас си имав свој став за работите кои се косеа со нивните и тоа за нив беше страшно.Демек јас сум таму дојдена треба да го почитувам нивниот ред..Молам?!А они мене-не!И дигнав раце,по цел ден не се прибирав,ми пукна филм му дадов ултиматум на маж- за 3 месеци да реши конечно што ќе правиме да се иселиме-дали под кирија,дали за стан,куќа да уплатиме без разлика,јас се нафаќав на се.Во спротивно зимам дете и си одам.А за развод помислував,но решив дека не вреди за една никаква особа да си расипувам бракот..она ќе беше дури среќна да се разведе е,но решив да не и го пружам тоа задоволство.За инат бе,останав да ме трпи и она да се нервира од мене:devil:Тешки моменти имаше,до навреди,клетви(да фатам болест и умрам замислете),но фала богу поминаа се средивме,маж стана друга личност по некое време и виде колку сум била во право за се,само што испокинав нерви и по него али ај..Сега тркалото се сврте,они се нервираат им се исподесија разни работи веднаш штом се иселивме,а ние уживаме.Им реков еднаш-внимавајте,клетвите ќе ви се вратат ко бумеранг,и така и бидна . . Карма ис а бич8);)
     
    На Anyshka, Milobebence, Sanja1105 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.543
    @Eni.r не ми е јасно како дозволи да си со ваков. Иако имаат пари се прости и неизживеана со сељачки однесување на мајка му и брат му.
    Од вакви се бега подалеку уште од старт.
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    @Ladyyyy567* Еј скоро па ист проблем сме имале. И јас за инает ке останам, како јас што се нервирав и плаче нека плаче сега она! Јас примања имам, здравје боже сакам да не се вратам на истото работно место ама ке си најдам друго бе, и пак ке си имам.
    Со мм тук таму правам муабет со неа ич. Имавме за денес закажано во Жан Митрев за бебе на контрола, дека она нели сите ги знае пријатели на сите страни, научена само на скапо, и сега само не донесе со мм пред клиника (дека не сме од Ск)не чекаше на паркинг,замислете!
    Не влезе еј, живо чудо. ( докторот се утепа поздравувајќи ја:fubar: и цело време, кажете и на баба се е ок, кажете на баба има јадра, ОФ АМАН ЈАС СУМ МАЈКА АЛО.)Јас си бев со мм, завршив и јас си платив. А да сум немала?? Како ке платев? Ке ме извисеше. Јас ако имам ке си закажувам ако немам нема. Ама изгледа тоа и беше и намерата, ај штом се знае да ја видам нека оди сама и дали ке има да плати. ха ха. Среќа секогаш си имам пари на страна. Ова е последно одење некаде со неа8)
    И за нејзин инает, си извадив лекарско ке одам да си уплатам за полагање, и од моите имам подарок за роденден автомобил8)8) ( инаку она ме скапа кај да одам ако одам врски имала, е јас ке одам кај што ке нема )
    Затоа што кога бев девојка немаа да ми пружат а ниту јас имав воља. Сега сами изразија да ми земат, а јас зошто да се бунам. Мм уште кога слушна пред неколку месеци одма дигна нос, зошто они ке ми купувале, он ке земел кредит од септември и ке купел, ок викам купи си за тебе ја за мене. Инаку има положено 5 години и нема возено од полагање,дека мама не давала најубаво знае мама . хахахаха.
    Еј ке пукнат сега зошто се сакам сама. :D
     
    На 1209, cresa-jagoda, Svetoslava и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    @Eni.r по колку години имате со мт ако не е тајна?
     
    На cresa-jagoda, happygirl и mimiiiii им се допаѓа ова.
  19. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    23 24
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Не изначитав се само нешто од последнава страна.
    ени јас ко се омажив имав толку. Жените некако побрзо и порано стануваат позрели од мажите. Живот во заедница е тежок. Сум пишувала многу наназад неколку пати никој не ме сватил али небитно.
    Јас кај маж ми дали само пола година седев. Се одселивме. Комплицирано многу беше. Татко на свекор ми,свекор ми со жената и 3те деца и маж ми и јас со дете... Некако (односно никако) не ни одеше на никој таа комбинација. Падови и подеми секој божји ден. Ама ни им се мешав ни сакав да ми се прават wow. Свекор ми беше како 2 свекрви да имаш. И секој ден зборување со маж ми разговори планови. Инаку реално на мажот треба малку "да му триеш сол над глава" за да свати некои работи. Како што ете на пр во претходните коментари е наведено. Разни ситуации. Должност ми е да ги испочитувам старите од страна на маж ми а не да се колеме о војна да водиме ама да,настрана и без многу навлегување во односите. Само така човек нема да има проблеми а мирот ите како е потребен за живеачка
     
    На Eni.r му/ѝ се допаѓа ова.