Не работев јас, они работеа, мм и брат му. И Мајка му е вработена. Ама оди само за куцање нешо за роба наручување.Имаат завршено за фармацевт. За мене сакаше да ме бутне така што ке треба да завршам ванредно фармацевт и да почнам. Се живее, ама она тоа така го кажува дека не се исплатело дека повеќе расходи има него приходи. Демек. 45 хахахах. Па и кажав. Не буквално утре, него така иде муабетот, сите еден ден ке умреме. Она и до 100 да живи зарем мм на 70 год од мама да чека??? Сите знаат што сакам да кажам со муабетот. Мислам дека мајка му нема да дозволи да земе кредит, сигурно ке каже јас ке ти дадам( од нејзиниот кредит демек) дека се му дава хаха.
А, едно не ми е јасно. Доста помала си од мене 15+год , а и сепак не си дете, сооруга и мајка си и чим си тоа значи си веќе созреана и независна личност. Па не ми е јасно .... што ви е гајле дали и од кај има пари за на одмор? Нејзини пари и што буквално сака ќе прави без никаква обврска вам да ви образложува! Без разлика каква е како личност, сепак нејзини пари и ама ич не е должна нит сметка за нив да ви полага ниту па да ви дава! Друга работа.... зашто вие не сте способни основни работи за бебе да купите? Па она е должна да ви купува за бањање на бебе и млеко? Да ви плаќа прегледи на бебе?Чим сте се нафатиле да имате дете тоа е ВАША и само ВАША обврска за све поврзано со тоа дете. И не, тоа го прави само зашто ве смета за неспособни ( извини на искреноста ) , а не зашто и е ќејф. Ќејф е да му купиш чоколадо, играчка, блузиче и некоја ситница на внуче. А, основно од прегледи плаќање, исхрана и најбитните работи хмммм тоа не дека и е ќејф, туку жената јадна гледа како стојат работите па она помага. И не, ниедна свекрва ниту мајка ( на жената ) не се должни нит да чуваат внуци, а ниту да ви плаќаат сметки, храна за вас, храна за внуци и остало. Со самото тоа и ДА во право е секоја мајка ( на жената ) и секоја свекрва да е таква каква што е ! Ако не ви чини ( ова е општо не е за тебе стриктно ) , или разведете се ( ако маж не ве подржува како што читам нечии проблеми ) зашто патат деца кој растат во неадекватна средина! Отидете под кирија, ќе се стегне газот и ќе се издржи, уплатете ( има за парови под 35г ) многу можности од владата за стан или куќа, крај краја отидете кај вашите родители и живејте! Никој не е должен нит да трпи нит да го трпат. Никој со сила нит ве терал да се мажите. Свекрвите сте си ги знаеле од пред да ви станат свекрви, животот на сопругот и самиот он исто пред брак сте го знаеле. Едино ако не сте биле ветени па апансас ве венчале родителите. И што е со муабетот : ме земале и сеа обврска имаат кон мене! Кој бе ве земал? Дошле и со сила ве земале или вие сами согласно сте сакале да живеете таму? Зимање е да дојде и од тросед да те крене и да те земе присилно! А, полнолетна особа не ми е јасно како е земена? Или тоа земена го поврзувате со орото и сватовите кога дошле по вас? Кој обврска ја имаат према вас ? Што сте вие па за да имаат обврска негово семејство према вас ? Малолетно дете со пелени па обврска да ви сменат пелена и да ви изблендираат јадење и нахранат? За каква бре обврска станува збор? Ама баш никаква немаат обврска према вас освен ако сакаат да ве почитуваат како жена на нивниот син, а и ни тоа не е обврска зашто ако сакаат и може и да не ве сакаат. Никаква пбврска према вас немаат ама баш никаква зашто не сте бебиња, не сте домашно милениче куче па да мора да ве прошетаат! Во ниеден завет кој сте го дале при венчање ( матично, а и црква ) нигде нема пасос : обврска имаат фамилијата да се грижат за невестата зашто ја земале Нема љутиш, сепак малку реалност и искреност не е на одмет. Не секогаш се снаите криви, а не секогаш и свекрвите! Најдете начин да живеете во мир и спокој заради себе и своите деца! А, ако не бива .... поубаво деца да живеат со еден родител отколку да живеат во неадекватна средина!
Ти @sofi2107 не читаш дека цело време членката е против тоа да мажот и чека од мајка му? Дека го тера да мрдне од мртва точка САМ? Не прочита ли дека свекрвата се петли да одат по приватни клиники, она закажува, прави, пусти? Дека членката е против купување од најскапото за бебето ако се нема, туку они демек газди па само најскапото им доликува? Твојот пост е чиста спротивност од тоа што членката го пишува во нејзините.
24 годишниот син од мајка му чека пари за искачање, снаата штеди од породилното ( кое заклучив дека не е поголемо од 12.000 ден) за приватни прегледи во Систина,Жан Митрев, користат најскапа колекција за бебе, живеат во домот на свекрвата и снаава е дојдена во темава да се жали од свеквата и да и води сметка каде оди на одмор. Па и уште ќе ја нервирала и веќе ќе пеела друга песна. На мажот ни муабет немало да му прави, ама важно ќе седи во куќата на мајка му , за ИНАТ! Интересно
Снаата дојде да се пожали во темава од третманот на свекрва и спрема неа како жена која веќе е мајка. Одморот го спомна не дека води сметка, туку ете да каже дека свекрва и као има пари, па троши по поскапи одмори ( ова беше во контекст дека се поимотни за земање на детето). Девојката кажа дека може и сака сама и дека и мажот и треба така да мисли, заедно да ствараат и да си го раснат детето. Не знам зошто испревртувате муабети вака?
Јас свекрва ми пред брак не сум ја знаела извини, само здраво имав. Кога ке треба да одам на доктор она вика јас ке те водам не таму ваму ке одиме, тој не разбира, овој не мари, овој е добар. Ок кога конечно попуштам и одам и се фаќам за новчаник она не ми дава да платам, тргни тоа јас ке платам. И да земеме да се тегнеме сега пред луѓето? Кога ср кушуваа основни раб за бебе јас правам муабет што сум у план она вика јас се земав, и бидна карање викање зошто земала мустела кога е за мене мн скапа и сакам до поефтина(бекутан) и она ми пошуваше како е штетен, да ја гледам ли мустелата и да ја грлам нз што???? Без да и кажам оди и докупува и да ми треба и да не. 100 пати и имам кажано дека не сакам да го прави тоа, купила сокчиња а јас не сакам купечки да и давам, исто и каши. И ја морам да ги искористам кога тогаш. И џабе и кажав дека не сакам дека и правам домашни она пак купува. Дури ми спушти муабет дека платила абортус, а мајка ми дп неа стоеше и ја прашуваше колку треба да даде, она и одмавна со рака не треба,имам. Уште неколју пати ја праша она не даваше, имала не требало тоа било и нејзино дете. А сега спушта муабети кај беше мајка ти да плаќа, и ја викнав мајка ми викам еве ти прашај ја, она занеме, ама јас не сакав да кажам така, ова она. За храна она е должна да купува, зошто сум ја должна да купувам за 5 души???? Ја дојдов ли да ја издржавам? Јас кога имам купувам ама не можам секоја недела да ги ранам. Кога бев трудна ме заболе една ствар.Купивав само јас и еднаш ми се пријадоа смоки ноќеска и едни беа, и знаат дека ги јадев само нив, ги изеле. И никогаш не ги купија. А јас секогаш за сите. Не ме интересира од кај има пари или нема. Ама тогаш нека не му полни глава на мм дека имала долгови и он ја сожалува и затоа е празен фрижидер кога тие беа во Идризово, а си јадат по кафани а јас што најдам дома. И она плаче од долгови и он оп до мама. Утеха. Ако не ме интересира од кај и пари не ме интересираат ни долговите, што има да ја сожалувам. Очигледно тоа бараат. Конкретно одморот е спомнат затоа што ИМААТ ПАРИ ДА МИ ЈА КУПАТ КЕРКА МИ ОД ДРЖАВАТА. За жал.
Ама кажа и дека за инат ќе седи таму да ја нервира свекрвата. И кажаа овде дека невработен татко, плус и без сопствено живеалиште НЕ може да и го земе детето. За среќа Не ни е отидена во неповрат до волку државата. Смешно ми падна и дека за инат ќе му барала мустела на маж и , и скап памперс. Детско размислување.
Или ти прочита како тебе ти чини или незнам. Ај препрочитај убаво за да ја сфатиш поентата на мојот пост. Кога членката сама ќе му купува на дете тогаш ОНА сама ќе одлучи што ќе купи. А, друг чим купува значи се неспособни они сами да си купат. Па баба гледа најдоброто за внуче да купи и на најдобро место на лекар да го однеси. Не за снашка и за синко ТУКУ за внуче тоа прави! А, нема да прави ако родителите се способни сами тоа да го прават нели? И ако се способни секој еден родител се има уста да се каже : доста е ние сме родители ние можеме и нејќеме помош! А, ако не ти чини земи парталите и имај свој дом. Кога на свое име ќе си имате нешто е тогаш може да рипате и сами ако сте го спечалиле. Членката си ја знаела ситуацијата од претходно, сигурно не се запознале на сама венчавка ( како во некој религии ) па така да кога сакаш да брцнеш во медот ќе бидеш спремен и некоја осичка да те боцне нели? Ај да не навлагаме во ситни цревца, оној кој сфаќа ќе ја сфати поентата на медот и остало. Воопшто не е спротивност ид прикажаната ситуација, туку сосема реална слика и вистина. Но, нели ова е сепак форум па си се кажува и оплакува она како ни е по ќејф, зашто ако се каже реалноста и вистината ќе те попљукаат! Па ајде да ја прашате свекрвица верувај не е баш све вака како што е прикажано! И чекај чекај сеа малку ... како смее 23г особа да се дрзне да изусти умирачка на возрасна жена? Мајка на сопругот? И не, не е дете на 23г па да речеш оправдани! И без разлика каква и да е свекрва такво нешто не смее да си дозволи ниедна снаа да изусти! Мене утре здравје ( свекрва нејзина е само 5г постара од мене ) да ми каже така снашка хммммм ќе и биде задње! Исто како и на маж мој кога на моја мајка би и кажал такво нешто! Све сфаќам и све разбирам ама да и се каже така на возрасна жене е НЕ! А, во однос на тоа нејќела маже да чека од мама.... се има решение! Иако тоа верувам го знаела од порано да не се праиме луди. Ја седнува свеќи и ќе и објасни што сака и очекува од синот и ќе ја замоли да се повлече и да ги остаи да се грижат сами за своето семејство. А, ако не пали тоа има пак решение .... искачате под кирија па ќе стегне гз ќе работи кога бебе ќе плаче за јадење и сметки се таложат. Не е само развод прва опција ако нема физички малтретирање, психичко и швалерај. Крај краја ќе му даде ултиматум или ќе се среди или она иде со дете кај нејзините дур он не застане на нозе. Значи секако гледано има решение ако се сака. Но, гледајте ја некогаш и сликата поопширно а не вам како ви одговара!
Дај ми го. Нема да му барам ништо. Ќе го прашам само еднаш, дали ќе живее со мене и детето или не ! Ако Не сака ќе си ги соберам парталите. Грујо со миЉони не можеше да си ги "купи" децата , свекрва ти ќе можела Кој те лаже тоа бре дете ?
Тие што ме разбраа за што си се искажав фала, баш ме поткренавте и охрабривте На вас двете баш ми е мило ви дадов тема сега ајде оговарајте ме како сум за пари дошла, хахаха ДО СВАДБАТА СПИЕЈА СО БРАТ МУ ВО ИСТ КРЕВЕТ. аха да баш во тоа пари видов дека имаат. Мавнете ми се
Ама ти самата ни кажуваш овде дека имале толку многуууу пари што еве те убедиле дека ќе ти го купат детето. Не ми е јасно. Сега веруваш или не веруваш дека се толакви богаташи да можат да ти го купат детето од државата? Еднаш велиш се плашиш од нивното богатсво и моќ, другпат па кажуваш кревет немале. Никој не те оговара дека си се омажила за парите нивни. Па и богаташите треба да се женат/мажат со некој
Многу прават и кога родителите на бебето се способни, едноставно мешање им е јака страна и тоа е тоа. И добро, што е толку трагично во тоа што и го рекла дека утре кога неа ќе ја нема, син и како ќе се справува тогаш? Што, не е тоа во логиката на нештата дека родителот прв заминува, а не детето (иако и тука веќе нема логика). Колку родители им велат на своите деца - ЌЕ ТЕ ВИДАМ КОГА МЕНЕ ЌЕ МЕ НЕМА? Направивте како жива да ја закопала. Ама добро, си сакаме преувеличување.
Мош она да е против ама по тоа што пишува они и двајцата се тотално незрели за брак. Секој си тера своја политика. Синчето си дреме.
Ама девојче ние очигледно не се разбираме. Невозможно е да ми купува некој за мое дете ако јас не дозволам. Значи го купува без моја согласност и ти зимаш и го враќаш и викаш : фала многу на гестот, кажано ти беше дека несакам и затоа користи го ти или дај го на некој зашто мое бебе има све јас купувам јас сум му мајка! Кратко и јасно! Ќе идеме во Систина снао таму е боље! Не нема да идеме јас како ќе кажам за мое дете так ќе е зашто јас сум му мајка и крај ! Значи за све има решение немој да кажете дека нема! Така сте дозволиле и така ви течат работите. Сокчињата и кашите ќе и ги опнеш во соба и ќе и кажеш : свеќи навечер дур глеаш филмче еве ти закуска, зашто на бебе не му требаат си има тоа што ЈАС како мајка ќе спремам ! И не и НЕ никој не може да ти земе дете! Последниве 2г и тек како се стегнати судови и институции! Ниеден будала не би да влезе со глава во огин! Ти тврдам! Ако се докаже дека не си нерадноспособна, не пиеш антидепресиви, немаш депресии, не си опасна за бебе, немаш лоша историја итн .... не и не неможе да ти се одземе дете нека не те лаже никој! Колку сака нека има пари неможе! Ако се плашиш еве ти стојам на располагање со две другарки адвокатки ќе ти дадам контакт па со нив консултирај се!
За незрели, апсолутно се. Мене не ми е јасно што не си заминала кога го изгубила првото бебе? Кој и кажал пак да останува трудна во тие услови?
Не е тема твоето загубено бебе, не драми! Туку кога си видела колку е саатот, зошто пак си забременувала. Ете, тоа кажав!
Ама Еме друго е тоа . Често велиме : Ако не излезе нешто вака и вака, еве го*на ќе јадам. Ама не и велиме на родителите : Го*на ќе јадете ако не биде тоа... Самата членка напиша : Кога ќе умреш.... Баш со овие зборови. И јас си ја замислив сликата како снаа ми ми вели така. Неубаво ми дојде