Па сама си кажа дека за пари си дошла. Самата си го кажуваш тоа "Што имам јас да купувам дома за 5 души." Епа ајде тогаш они нека купуваат за 4ца,а тебе нека те двојат, што ќе најдеш тоа. Ама и тоа ќе ти биде криво отпосле, а еднаш веќе ти било. Исели се најдобро.
ало си купувам јас за себе, а од кога забременив втор пат од тогаш живееме вака со мешање. Јас перам пеглам и рибам за 5 души и трудна и со дете, што не сњ фатија еднаш тие 4 души место мене, еднаш оставив купатило и смрди корне. Она сама не чисти жени си плаќа. Ги викала последен пат кога бев во болница.
@Eni.r девојко доколку имаш каде да идеш пр твоите кров на главата да ти дадат тебе и на детето а притоа имаш работа оди си и барај развод додека маж ти е невработен никој нема да ти го земе детето. @sofi2107 никој не барал од свекрва и пари за лекари и најскапа колекција таа сама дава тука сепак е крив маж и што е невработен и ич к*р не му чуе за детето и чека се на мајка му. И јас дур живеев со свекрва ми таа му купуваше се брендирано и најскапо и ден денес знае да купи и да даде никој не и бара штом се преселивме што пиша една членка погоре ни се скрати чергата, нормално, па почнавме поевтини памперси, поевтина козметика и сл. и еве ден денес гледаме да заштедиме што повеќе на тоа, свекрва ми се подналути зашто сме смениле и кажав дека нашиот буџет толку ни дозволува... пред месец дена на малата почнав да и давам кравјо млеко се налуто и за тоа зашто не сум и кажала она ќе купела и кажав само: доста ни помагаше до сега и знам ќе ни помагаш и понатаму ама некогаш има и поважни работи млекото кога тогаш морав да и го сменам бидејќи недело 1000 дававме за ад не можам да дозвочам секоја недела да ни даваш за тоа плус доволно е што ќе го земеш малиот да го почуваш неколку дена. се насмеа и рече ако не ви помагам вас кому и и кажав имаш и ќерка утре и она ќе се омажи па ќе треба и неа да и помогнеш и тоа беше се. така да и ени не сака да купува скапо за бебето туку маж и не дава пари па не му е гајле кошта затоа рече кога ќе се вработи ќе му бара мустела и памперси скапи за да види дека нема да му стигне платата доколку живее на висока нога
Мажот и така дозволил. Прво тие се виновни за осносот на останатите кон новиот член во фамилијата. Таа и да каже не, овој ако и фрла облека за перење и пеглање оваа само ќе се нервира и пак ништо.
@Eni.r моја другарка беше ма слична мака со твојата се омажи млада само што дипломира и се поклопија коцките влезе во банка, свекрвата по цел град збореше којзнае што дала за да влезе, а се разбираме на што мислеше. Ајде тогаш рече гајле ми е нема да живеам јас со неа, уште не беа земени со дечко и иако сите и велевме бегај со време. Бидна свадба зетот имашлии цел живот тато носи мама меси од лажици потешко немаше дигнато(на свадбата милион ситуации каде со пари ги понижуваа овие на другарката на врата кога ја земаа даваат 50евра и викаат ајде давајте ја кај сте виделе ваква пара итн да ти се лоши) Бидна бременост ризична два месеци лежење на болница тежок пороѓај се враќа дома и кавги за дете, за бањање, преоблекување, спиење. Мажот и сеуште невработен сенка на мајка му слика има звук нема, таа се купува за дете се плаќа се и на крај на глава набива. Три месеци откако се породи зеде дете и си дојде кај нејзините. Скокнаа по адвокати, закани дека ќе и земат дете ама не им успеа. Дојде мажот и да ја бара назад му кажа ти давам некој месец да најдеш работа било каква и живеалиште под кирија ако се вратам ќе се вратам во наше или не се враќам. За месец дена зетот најде работа изнајми стан и се смирија. Денес после година дена земаа станбен кредит доби таа поволности од банката двајцата работаат а со свекрвата се гледаат за Божиќ и Велигден.
и јас останав бремена и не сакав да абортирам. Ко знае да се драпа ќе си ги сноси и последиците. Зошто само јас да ги трпам последиците? Со абортусот моето здравје е во прашање него курац нема да го боли. Ќе си се оспособи ќе си се научи со време и на брашното ќе си легне,оти да фрлам и убивам деца?
Абортус понекогаш е и подобро решение,ако моментот и ситуацијата налага.А ако родиш и после само се нервираш??Тогаш и твоето и на детето здравјето го загрозуваш... психичко пред се!Ени треба само ултиматум да постави и сериозно да држи на тоа.Ако и тогаш мажот не се свести,значи нема што да се мисли.Веднаш развод.Пошо сепак кај неа клучно е да го освести мажот и пред се,мајка му таква си била и тешко да ја смени..Имала или не пари,може таква си е жената си сака да си фрла чал'ми,има многу такви луѓе.Иритирало или не,тоа е.Но млад,работоспособен маж,кој има фамилија створено,а се понаша како да си игра на маж и жена и се однесува паразитски е неопростливо.Или нека се менува или оди си повремено,па мош ќе се отрезни и уозбили.Сега дур сте на почеток ако не почне да се мења,после пак коиич.Знам газди кои ИМАЛЕ значи веќе не,фирми јаки,ресторани и други бизниси,но сплет на околности пропаѓаат.И се забодуват до гуша,но уште си се во газда филм бе..не паѓаат на гз.Демек ќе шетам низ град нек ме гледаат по ресторани,кафичи,одмори на кредити..само да продават чал'ми,де видете ме уште сум фраер,живеам на висока нога јее.А се срамат да работат друго.Жално е,да ти биде поважно мислењето на другите,отколку сопствената егзистенција..Затоа многу бракови однадвор се бајка,а внатре крш...и пропаѓаат
Јас нормално дека со сите сили гледам мм да му дотерам памет и да се осамосталиме. Ама она има над него некој си авторитет створено и оди потешко, сега седнавме сите и пак лом правење, муабети секакви. Ми вика ако нејќеш ти одмор ние си закажавме ке си одиме, ти немораш детето со нас ке оди дека не го доиш. Вика моите деца на злато израснаа и спиеа и така ке остане, и плата 60 000 ке земал, викам дај боже и 120 000 да зима, ја не му посакувам да е без ич, напротив нека си успее човекот.А за одмор викам ти 24 год не си се оделила мене ме делиш со 5 месечно бебе, молим????? И од тука почна се. Мм МОРАЛ да оди на одмор 1 год бил во карантин. Па има луѓе што никогаш не виделе одмор па што. Ми се дереше у фаца како сум абортирала дете со даун( јас знаев само дека плодот е загрозувачки по мојот живот.) Знаете колку ми е криво кога дознав???? а дознав тука на фемина се распрашав за некои значења и дознав, може ке сум сакала да си го чувам? тешко е ок, ама сега другачие гледам кон тие деца..... после 2 год сега ми го фрли листот да ми покаже дека не било генетски него нез преку што од моја страна. Листот не знам да прочитам. Немам никој во фамилија со таков случај. Како сум се јас ширела во нејзина куќа, се спакував и тргнав и се јавила на моите да ме мират да ме враќаат. Утепаа цел вечер муабет, јас си стојам на моето, одлучија да не остават сами 1 недела ке одат сами на одмор без мм, ако сме се смириле добро и никој за ништо нема да се меша, ако не се смириме да се разведеме, ќе си одам под кирија( додека најдам ке си седам кај моите). Ми запрети дека ке ми земе дете и дека ке направи да не положам за авто. Окс . Инаку вие што ме осудивте една од вас кажа ке помогне ако стигме до тоа со земање дете, ке ви јавам ако затребате. И да имам ултиматум, останувам како турист, како они што беа до сега, си гледам мене и дете и не сакам никој да ми влегува или купува нешто, да ми соли памет, не. Сам како знам. И за неколку дена ке видиме резултат. Ова е последно више АМАН што живци имам. Е и работам во казино, 18 000 почетна + бонуси. Ми кажа не ми личело да работам таму, знаела што се прави таму. Индирекрно му кажа на мм не и давај да работи таму се курва?? нз што???? Демек мед.сестри се поштени, ама касиерки се курви, ахааа важи. Вика ти знаеш што сакам да кажам, значи ми потврди. ЦВЕЌКА ЕДНА
More ic da ne ti e gajle raboti si ti vo kazinoto i mojata sestra rabotese vo kazino 5,6 god I zemase 15000 plata plus bonusi a jas vo sivalna rmbam za 10000 den celi denovi
@Eni.r Ај пробај да се смириш. Млада си, нормално е некогаш и да не изреагираш како што треба ,а поготово кога имаш работа со свекрва како твојата. Пробај да го средите односот со маж ти. Животот е полн со предизвици,полесно е да се разведеш отколку да се бориш. Но разводот е секогаш пораз. Свекрвата нека се мавне од вас,а вие со тек на време и ќе се осамосталите и ќе успеете, само ако сакате.
Па што не ти најдат попристојна работа ако се толку јаки?Ти барем работиш и заработуваш,а синчето им??Нека си седи,нек ужива..мама ќе си го гледа и шета по одмори..Нека му купи и кофичка и лопатка да си игра во песок..лепотанот мајкин Така го гледа него,малото детенце,а очигледно и тебе.Ајде , искористи го периодов ако останете сами,белки ќе има некој резултат.Само не очекувај чуда преку ноќ..Такви карактери додека и ако се променат,треба време...сепак тоа се вкоренети навики од мал, така бил растен и уште му лета умот дека така треба и се што прават он и мајка му е нормално.
^^Зар работа во казино Не е пристојна работа? Кај нас пола град од таква работа семејства прехрануваат. @Eni.r после последниот пост те сватив со каква свекрва си имаш работа. Богами Лоша ти е ситуацијата. Ајде сега дури е на одмор она, пробај со убаво да се договорите со маж ти како ќе продолжите. Нека почне и тој поскоро некаде да работи. Па макар и за 12.000 почетна. 12 он и 18 ти, тоа се 30.000 месечно. Сосема доволно за еден солиден скромен живот , во кој ќе немаш потреба од свекрвата ама баш за ништо. Од срце ти посакувам во хармонија да го пораснете бебчо со маж ти
И мед сестра и докторка, полицајка .... има ноќна смена. Па дури и во аптеката имаат бар по две ноќни во месецот
Знам, само и посочив. Бидејќи ќе работи на шанк и келнерка и ќе и биде малку напорно, посебно викендите.
'Пристојна'во наводници де..Работа во казино,бензинска и ред др.професии со трети смени за жена,сеуште се гледаат со предрасуди,за жал, во нашево мизерно општественце..Во секој случај,јас верувам дека @Eni.r како една млада,современа жена ќе успее да ја среди ситуацијата и ќе донесе на крај вистинска одлука