^ Ти немаш проблем со свекрвата. Имаш проблем со сопругот!!! Имаш само 18 години. Фаќај магла од таму (арно ти вели сопругот), имаш живот за живеење! Што чекаш уште не ми е јасно?!?
и таа е како него тој стане од спиење и веднаш долу кај неа..вчера таа ми ја направи целата караница со мм..јас му казав дека ќе свати кога ќе дојде 5 до 12 само ќе му е касно се ... Ти благодарам за поддршката
Девојче, колку повеќе седиш таму, толку повеќе ги иритираш и се молат порано да заминеш...не добиваш ништо држејќи се ко слеп за стап за мажот ти, напротив... Седнете и разговарајте ко возрасни (иако реално не сте, сепак сте решиле да си „играте“ брак, па така и однесувајте се) и решете што ќе правите. Ако мт пак те навредува и брка, според мене немаш друга опција освен да си се спакуваш, мирно и достоинствено, и да си одиш од таа куќа. Животот е тек пред тебе, зошто би дозволила да го поминеш со некој кој сака да те користи како чергиче??? Крени ја главата, остави ги позади себе и направи си план за својот живот. Толку многу имаш да направиш и проживееш пред да се врзиш пак... Со среќа!
Девојко дали ти се почитуваш себе си и својот живот? Па што се тие должни да се изживуваат со тебе. Каков ти е овој сопруг и ваков како што е ти затребал ли воопшто? Освести се што побрзо и бегај што подалеку од тие луѓе!!!
И моите ми велат да си одам..ама јас незнам мислам после ќе ми е срам од луѓето..а јас самата знам дека не треба ни секунда да седам во оваа куќа..кога ми велеаше моите да не се мазам оти нема зивот да зивеам таму јас не ги слушав нив,а мм пак и води лице фала за поддршката позз до сите
Ауу од луѓето ќе ти било срам, него треба да му биде срам. Ич да не се секираш секое чудо 3 дена. Спакувај си ги стварите и дома да си одиш и да не се враќаш.
Девојче, не можам да ти се изначудам. Што бараш уште таму? Срам ќе ти е? Па, народот зборува и секогаш ќе си најде тема за зборување. Подобро да те зборат 3 дена дека си се развела, отколку 30 години да те зборат како мажот те тепа... а верувај, и тоа ќе се знае, веројатно веќе и свекрва ти се фали, штом се такви наопаку. Млада си, бегај и не се ни врти кога ќе си одиш. На кого што му докажуваш додека те третираат како боксерска вреќа? Имаш поддршка од твоите, тоа е најважно, си згрешила, си сфатила и сега што чекаш? Штом од сега сте со тепање, нема да биде поарно, никогаш. Може само полошо. Полека почни да си се пакуваш и еден ден само замини си, ќе ти олесни, сигурно. И ќе видиш дека после 3 дена луѓето ќе си најдат друга тема, а ти ќе си имаш нормален живот, како што заслужува секој.
Добро бре Зорица, сопругот ти вели да си одиш од кај него, твоите родители ти велат да си одиш од кај него, сите на форумот ти викаат да си одиш од кај него, а ти си запнала да останеш под изговор „што ќе речат луѓето“. Аман веќе, ти за луѓето живееш или за себе? А што ќе речат луѓето ако почне мажот ти се почесто да те тепа, да се влечеш по болници, да носи дома швалерки (бидејќи ОЧИГЛЕДНО Е дека не те сака), уште полошо, да добиете детенце и на крај сепак да мора да си одиш? Што ќе правиш тогаш? Мислиш полесно ќе ти биде? Ајде бре, ако и покрај се што кажа, останеш да живееш со него - тоа значи дека си мазохист. Ти изгледа уживаш да те малтретира некој толку многу? Собери памет и право кај твоите!
јас не барам воопшто проблеми само давав совет на други. нема ништо лошо во тоа да избегнеш да ги викаш мамо и тато тоа е ситуација снајдување. значи не реков буквално да ги сметаш за предмети во куќата туку можеш да го избегнеш тоа мамо сакаш кафе? иначе јас сеуште сум како гостинка кај дечко ми и нема да си дозволам да варам кафе освен ако не ме замолат ниту пак се шетам по соби како дома. му се обрајќам најкултурно со тетко и името. со татко му поретко се гледаме па само велам добра ден/добровечер како сте и толку. инако кога ќе се омажам ќе кажам за друго
Бегај од таму и не се врти назад! Додека си млада и немаш деца, после ќе ти биде се потешко. Ете ни свадба не сте направиле па ќе биде уште побезболно да се разведеш. Не ти е тебе проблем само свекрвата туку и нејзиниот невоспитан, насилен и безобразен син А за комшиите ич не му ја мисли, ќе зборат една недела и ќе си најдат нова жртва па тебе ќе те заборават!
Мила и те како си грешка! Ќе избегнеш еднаш, два пати - не можеш постојано, тоа се приметува! Ако сте се договориле дека ќе ги викаш „мамо“ и „тато“ - тоа и треба да го правиш. Ако сте се договориле со „тетка хххх“ и „чичко хххх“, тогаш така и треба да продолжиш. Јас кога се омажив, моите свекор и свекрва ми рекоа: „не е важно како ќе не викаш, како ти одговара -така, важно е да се почитуваме“. Мене ми беше полесно со „тетка хххх“ и „чичко хххх“ и така и ги викав. Но, пред некој месец, свекрвата многу ме беше налутила и повредила, и јас сосема несвесно сум избегнувала да и го изговорам името. Го правев токму тоа што го кажа ти: „Сака ли некој кафе? Кој сака кафе? Му се јаде ли некому? ...“ Госпоѓата забележала и му рекла на сопругот дека еве веќе ни името не и‘ го спомнувам. Уште наредниот ден се поправив барем 3-4 пати и‘ се обратив со име, дури и кога не мораше (па и посебно ги прашував за кафе ). Немој да мислиш дека е лесно да си пресна снаа . Ова е ептен за во друга тема (има таква тема) и јас се извинувам.
Не ја можам значи женава ејјјј не можам да ја сварам, до толку некој да забегува со паметот не сум видела еј... Се видов со јатрва ми пред некој ден имаше и што да слушнам па женава пробува да не скара бре.. на нејзе и рекла дека не сум ја сакала дека сум ја навредувала боже боже не ми се веруваше што слушнав, па ало бре жено 50 години имаш со што се замараш ццц.. Иако ми предложи јатрвами да одиме и да се разјасниме јас сепак ке си ќутам, не сакам да одам да се расправам а она нека продолжи по цел град да раскажува како снааите и биле лоши и синовите биле лоши сите се за нејзе лоши ама ако еден ден ке нема кој чаша вода да и даде ... Тоа ти е кога немаш друга работа по цел ден седиш дома и измислуваш приказни,.. не се замарам светот не се врти околу тебе драга, не си заслужила
EEE...тоа е простотилук и некултура,нема друга попаметна работа.Најдобро е ич да не се замараш со неа,ама ич рецка не и удирај,држи се на дистанца,не паѓај на толку ниско ниво како неа.Сепак испитај ја работава подетално не верувај во се што ќе слушнеш од прва,врати и на индиректен начин малку тактички да се свести дека знаеш,оти пак нечини па ни многу да си чутиш.Позз !
не се разбираме изгледа нема врска. не сум сеуште мажена и кажав кога ќе се омажам ќе кажам сега и да зборувам не вреди. иначе не би ми сметало да ги викам мамо и тато. со то што ќе наречам друга жена мамо не значи дека сум заборавила која ми е мајка. се знае која ми е мајка
Душичке, ова е за во друга тема веќе. Спојлер Само на кратко: нема врска дали ќе ги викаш „мамо“ и „тато“, или „тетка ххххх“ и „чичко хххх“, важно е да им се обраќаш некако, а не да избегнуваш т.е. „да се снаоѓаш“, бидејќи еднаш-два пати и ќе те осетат - не им е сеедно, верувај. Здравје, ќе видиш самата еден ден .
Еве и јас да напишам на оваа тема нешто. Мажена сум две скоро три години, а со мм претходно бевме заедно 10 години. Е сега мојава свеки до пред мажачка фина фина од Финска просто да се изненадиш како тоа срце злато душо а не сум и единствена снаа има две други пред мене. Ама некако јас сум и легнала за срце па душо злато душо срце , мелем за рани. ЕЕЕЕЕЕЕЕ старава (бајаги е постара - и на стари години раѓала мм го родила на постари години - па е сега права баба ) кога јас се мажев за синчето нејзино беше знак прашање каде ќе се живее , мм станот во кој живее и свеки е негов ама ја остаил и свеки да живее тука пошто другиве снаи не ја сакаат многу во куќи и она нема каде па ај со него некако останала. А свекор ми безгласна буква. Додов јас во куќа свеки вртење лист до тепање карање викање местенки што да ви кажувам теравме така година и виде мм не виде не ја бива работава од стан под кирија и еве ние сме веќе под кирија скоро две години и раат душа. Само ме боли срце што мм плаќа стан а свекрвами живее во негов стан само нека ако господ личен. Е сега сум раат сватив зашто ова јатрвиве мои не ја сакаат воопшто и фала богу што сме одалечени поприлично па не ми доаѓа, ама сега политика пак се смени , пак почна срце злато душо плачки до немај каде. Но, таму нека си седи тука јас и сите раат , сега па како што сум бремена ич не ми треба , ја гледам еднаш во две недели и раат сум ... Затоа совет што даље то боље па макар и под кирија (собче собче ама мирот си го плаќаш ) Само да потенцирам работи само мм а јас седам дома така да не сме нешто многу финансиски јаки ама мм повеќе си го сака мирот и раатот а за лебче секогаш ќе се најде. Поздрав снаички и што даље то боље ако се може
Комшиите ќе зборат зборат и ќе престанат..правевме свадба во ноември на почетокот .. мислам дека ќе ,е разберете за запишаното ..позз до сите
Еве ме и мене на оваа тема Не дека си имам мака со свекрвата туку да си пишам по нешто Од кога се роди малата и сме си во наш стан ретко се гледам со свекрвата нели зафатена вработена Не канат на ручек во недела Стандард Барем не мора да готвам тој ден си идам на готово спремен ручек Ем они внуче да видат ем и ја малце да одморам Едино со свекрвата не сме на исто мислење кога ке речам дека сум уморна и дека не ми стасува време Она ем чувала деца ем работела ДА ДА и мм го дели со неа истото мислење Него ме нервира она Па како немаш време , не и виси на малата на глава , не ја држи нон стоп , остај ја да поплаче Ај тоа друго Нејзината мајка жена од 77 години здрава со умот Му пика на детето мое прст во уста и моево лиже ли лиже Дете шо разбира ама па она Моето дете се пика во уста , си ги јаде рачињата ама ни јас ни мм не сме и дозволиле нашите прсти да ги пика во уста А не па на Баба И му реков на мм да им рече да ne прават така Пошо стварно Не иде бре којзнае кај ги пикале се тоа рацете и после кај дете од 4 месеци во уста Гадотии Јас многу се изнервирав кога вчера видов и и ја земав од раце Ама не искоментирав Му реков на мм нареден пат да ги предупреди нареден пат да не се повтори