Другарката ми е многу свесен човек. Вика и мене ме изненади со реченицата. Мајка му се јави да го праша нешто и затвори телефон и абе мајка ако не те мисли нема кој жени може 100 да сменам ама мајка е една. Можеби претерувам ама пишував на форумов свеки живее со нас и глуми лудило и се пробува да контролира.
Ве молам за совет и помош, незнам како да постапам бидејќи ми е малце незгодно ама мислам дека морам. Дечкоми замина во странство по работа и јас по некое време дојдов кај него и планот беше да живееме сами ама не секогаш оди по планираното дојде и мајкаму, на почетокот мислев дека ќе остане можеби само еден месец ама сега прави планови за подолго и да дојде и таткому. На почетокот сама збореше дека и е незгодно ама сега незнам баш. Вечерва планирам да му кажам на дечкоми дека јас ќе си одам за брзо ако не живееме сами ама незнам на кој начин да му го кажам тоа да не ме сфати погрешно. Јас никогаш не мислев дека ќе се најдам во ваква ситоација ама мислам дека не сум приморана да права нешто што несакам, жената ништо лошо не ми прави ама сите што живееле со свекрви знаат како е, другарки ми кажувале заедно живеење никако ја им се чудев ама сега ги разбирам. Не сме ни верени ни земени и ја со неговите да живеам не ми паѓа на памет.. ве молам за совет незнам на кој да се обратам и се извинувам за подолгиот текст
Мора да разговараш со дечко ти. Незгодно или не, утре и ќе се земете и ќе кажеш нешто, па ќе биде после брак си станала змија. Не е поентата да речеш дека ќе си одиш ако не сте сами, да не звучи како закана. Ама можеш отворено со него да разговараш кои планови ги има тој со неговите за станбено прашање. Дали ќе доаѓаат и они во странство да живеат за стално, каде ќе живеат, ако е тоа со него дали е привремено, и за колку време се планира. Ако неговиот одговор е спротивен од тоа што очекуваш, тоа ќе му го кажеш и заедно ќе барате решение. Ако и тој не сака да живее со родителите, ќе си најдете чаре заедно. Ако рече дека сака или мора да живеат тие со вас, тогаш ќе ти биде јасно дека не е спремен да се оддели од нив, и после сама ќе одлучиш дали е тоа нешто со кое ти можеш да живееш понатаму, особено во странство каде ќе немаш поддршка од свои луѓе, семејство или другарки. Веќе кажа дека другарките ти споделиле лоши искуства на темата. Без отворен разговор нема да го решиш ова, така да само карти на маса и искрено разговарајте со дечко ти.
Мајкаму е веќе тука и планира една година да биде сигурно, а вчера ми кажа дека ќе доаѓа и таткому а дали ќе бидат со нас ништо не кажа ама по изразот на лицето и колку што го познавам пошто гледам дека му е незгодно големи се шансите да останат со нас. Како и да ме сфати изгледа најубаво да му кажам, не е баш закана пошо планот воопшто небеше ваков и никој не ме праша дали ми се допаѓа тоа или не..
Планови се менуваат, и има одредени работи кои тој си ги решава со своите родители. НО! Кога веќе живеете заедно, особено надвор од Македонија, тоа е поголем чекор и од брак. Тоа ја прави вашата врска посериозна, а со тоа и вашиот однос поинаков. Ако планирате да останувате заедно таму, тој мора да разграничи фамилија со тебе и фамилија со родителите. Една година не е голем период, ако е стварно толку и имате план што после тоа. Ако е муабетот ќе видиме после тоа, без конкретна идеа како ќе се одвиваат работите понатаму, таа една година лесно станува 5 години или цел живот. На никој не му е идеално во секој момент, но мора да се има план. Ако имаш барем идеја како сакаш да напредуваш во животот, имаш цел кон која ќе се стремиш. Мене лично многу ме нервира муабетот "ќе видиме". Нема што да видиме. Планираш нешто, и правиш и план Б ако првото не успее. Само разговор. Не еднаш, 10 пати ако треба. Ќе дојдат неговите, каде ќе седат, колку ќе седат, каде ќе одат после, што ако не може да се поделите, што ако имате деца... навлегувам во темава, ама ова се работи кои се дискутираат на време.
ќе ме праша и зошто што ми смета да не се десило нешто лошо, имавме ситоација вчера ме праша дали ќе останам додека е он тука јас му реков незнам ама не ја отворивме оваа тема.. И една година не ми се гледа баш блиску :/ може од една и повеќе да станат..
Какви се значи нашиве луѓенца, пушти го детето да диши... Одма му се тупкаат, ко небаре без него ќе приумрат. Наместо да си речат нека уживаат сами, млади се, тие срцка ќе те напрат да раскрстите. Дечкоти никогаш нема да им рече не, не идај, не идајте. Родители му се и не може да им рече. А, и мамичка ќе му готви, ќе го пере, а ти ќе си вишок таму. Знам дека не ти е сеедно, ама размисли убаво и разговарајте, зошто никок не е должен некој да трпи. Ако нешто ти приговара, речи му јас дојдов за со тебе да живеам а не со твоите.
Знам дека неможе да каже не ама може да каже друг стан да си најдат или незнаам, стварно неможам да разберам како можат така а не ни спонуваат преселување или слично на крај јас што и да направам ќе бидам кривата. Ако се преселиме јас сум го терала ако си заминам они не ми чинеле ама пак да седам и да се нервирам тоа па ич не планирам..
Реши си го тоа сега одма на фино без карање. Ако не го решиш сега после ќе биде па што ти фали ни готви ни чисти и за еден ручек ќе се испокарате. Јас така се зезнав само еден период , само да оздрави и ете скоро три години. Од сам старт сечи
и јас би ти рекла како и што те советувале отворено да разговараш со него. Инаку да би останале во странство подолго им треба нели престој. Имаат? Ако не, види прво колкави се шансите да останат, да не ти испадне тензија за џабе.
Во многу незгодна ситуација си се нашла стварно. Но, дека дечкото ќе им рече да си најдат друг стан читај и они кирија да плаќаат не верувам. Луѓе одат во странство, па на почеток седат со повеќе цимери како би заштедиле дур асално не застанат на нозе, а ти би сопствените мајка и татко да им рече да си одат од кај него. Ситуацијата ти зависи од финансии. Дали они работат,колку заработуваат, дали ти работиш ? Документи за престој какви имаат?
Ако им зависи финансиската состојба немаше ни да дојдат бидејќи имаат убава работа во Македонија и сами ни викаа НИЕ двајца да одиме во странство а не сите заедно
Побарај помош од брат, сестра, мајка, ти не си најдена на улица. Од искуство. Прашај го кога ќе се земете, ако го сакаш тоа и каде би живееле, и јас живеев така, со бившиот и мајка му, и на крај ми го уништи животот, така е тоа на Балкан, а не е ни чудо и таму. Ако кажеш што мислиш, повеќе ќе те ценат. Секое добро
За она од претходните страни дека не е напорно келнерка во казино, па и секоја работа што е со ноќна смена? Па има мало дете бе и треба некој да го чува од 00-8 сабајле па и после тоа додека да одмориш. Ноќта ти е ден, а денот ти е ноќ. Оваа работа со ноќни смени е за девојчиња без никакви обврски. И мала е таа плата за идење само 3 смена. Некои таа плата ја земаа само со прва смена и слободен викенд.
Колку само бурно и нервозно изреагира.. незнаел што ми сметало ако сум живеела со неговите, иста како сите во денешно време сум била, што ако дошле неговите, нетребало да ме прашува... Незнам што е по паметно или погрешно, да баталам врска од 5 години или да не си стојам до тоа што го мислам..
Јас би заминала,ама јас сум јас,вие не сте ни во брак ни ништо а приморана си да живејш со свекрва и свекор..свашта! Сега дури сте слободни без деца наместо да уживате ти ке требит да се устручаваш од нив пример да не можиш квалитетно да се изврескаш ко ке имате секс пример само
Мене болдираново ми боде очи. Ако живеете заедно, додавање на дополнителни "гости" во станот е тема која се дискутира унапред. Не дека дозвола требало да бара од тебе, ама сам да одлучува дали неговите ќе живеат со вас воопшто не е во ред. Што ако и твоите утре се доселат, бидејќи според него нема зошто ти да прашуваш, ќе си ги викнеш и готово... не се прави тоа така. Немам совет да ти дадам дали треба да раскинеш, само ќе речам убаво размисли дали за тебе е во ред ваква голема одлука тој да мисли дека е во ред да ја донесе сам без никаква дискусија со тебе.
Спакувај некој куфер и види како ќе изреагира. Подобро врска од 5 години отколку брак од 10 години со две деца. Ти најдобро ќе процениш. Ако навистина седат кај вас само некое време додека да најдат стан ок е ќе издржиш ама ако планираат засекогаш заедно да живеете тогаш дефинитивно би си отишла. Ама на пример ако немаат пари во Мк или дошле тука за подобар живот во ред е да седат кај вас некое време. Ама не за стално ако ти не сакаш така. Штом тој не треба да ја прашува тогаш според него таа мора да го праша за да дојдат нејзините. Свекор кај мене од одма постави правило кај нив да сме оделе почесто, а кај моите поретко, се знаело дека така треба да биде. А моите што се помалку од неговите? Наместо да уживаме во животот се на некој му текнуваат се некои фикс идеи.