Како што јас не сум помалце од маж ми, не може и моите да се помалце од неговите. Со извинение, ама мојот свекор да се истакне со вакво мислење, ептен од срце би му се изнасмеала дирекно во лице.
Дефинитивно лошо изреагирал и не е во право. И ти се прашуваш. Оној кој е без осет се неговите, ти реков нема он да им рече не. Не прави потег. Само речи му дека твоето мислење си го кажала и на него е да реши што понатака со вас. Фрли му ја топката, ако ти му речеш да раскините му ја олеснуваш работата.
Денеска планирам да зборам со мајками ама знам што ќе ми каже пошто ми има кажано веќе дека ако не ми е добро нешто да си се вратам дома Му спомнав му викам нема да ти е проблем со моите да живееш ми вика не зашто, после му викам епа треба и ја од нигде никаде да кажам еј утре мама доаѓа и на тоа ми кажа само не е проблем најди стан плати ова плати она како јас што сум плаќал. И уште неможам да поверувам како луѓето немаат осет а и незнам он како си планира па и подолг период ја да останам па и со неговите одозгора, не сум ни во брак ни ништо за така да планира ама тоа е.. уште по разговорот се правеше како ништо да не се зборело и кога му реков дека ја не се праам он си се налути и ми рече дека мислел дека не сум знаела што зборам и така сега не збориме а јас не чувствувам дека сум крива за нешто.
СО ваков не одиш далеку. Најди си стан и мирна глава. Ке си најдеш цимерки и готово. Јас имав еден идиот што кога немав плата неколку месеци психички ме малтретираше и реков ке си одам и ке живеам со цимерки за поевтино. Вика оди. Јас поеден ден викам најдов тројца цимери, по 30 евра кирија ќе делиме. Вика, машки? Викам е шо де, шо има веза, ке идеш и ти, ке се гледаме, фини дечки се. да видиш како заќуте. Така пробај и ти, да почнеш да си бараш стан, па и да си најдеш дури. Не заради идењето нанеговите, туку поради неговиот однос кон тебе. Никој не заслужува ваков однос.
Планот ми е или да си се вратам или брат ми да дојде и да делиме соба, со цимери тешко дека ќе се споразумам не дека мене се ми смета ама неможам престој да делам незнам тоа го гледам како приватност, јас највеќе ради него дојдов тука ама мислев сами дека ќе бидеме ама јбг живот. Океј е месец два три ама цело време не го гледам, како што кажа една девојка погоре дека ова е и повеќе од брак.. не ни мислев дека во ваква ситоација ќе се најдам.. да се вратам од работа и одма ќе зборам со моите
Значи сите се исти. Ти ќе си решиш дали сакаш да останеш и да бидеш секој пат спремна на слична реакција, ако се пожалиш дека нешто ти смета. Или ќе си се навикнеш и игнорираш
Не кс напуштај работата, ако си одена за подобар живот поарна тие опцијата со братот. Остани и бори се, ама за себе. А дечкото нека си цица од мамичка.
Маж ми зема 4 пати поголема плата од мене, и станот во кој живееме он си го зема на кредит уште кога бевме дечко и девојка, и НИКОГАШ ми нема речено дека станот е негов, дека он плаќа и не знам што. Не се парите во прашање, односот е битен. Не значи дека затоа што тој плаќа за станот, само тој одлучува за се. Ако мисли така да се однесува со тебе, подобро сега да да си ги решите проблемите. Не чекаш да попуштиш со нерви зошто живееш во ситуација што воопшто не ти одговара, па после да ти е криво за изгубено време. Ако врската ви била во ред претходно, не мора да раскинеш, ако можеш оди живеј сама, со категоричен став дека не сакаш да живееш со родителите. Можеби ќе сфати каде греши. Ако не, барем ќе си расчистиш со време. Подобро да прекинеш долга врска отколку брак со деца.
Џабе сево зборење, додека не се изгориме самите, не ни иде памет. Мене другарки роднини постојано ми збореа, ако имаш услови со свекор и свекрва никако заедно. Сама живеев,имав кај да живеам ама после веридбата мм не сакал да сум сама, па отидов да живеам со него , само до свадба( сега во септември)- така беше договорот. Животот ми се преврте за 360 степени за тие неколку месеци, место да уживам со мм, јас само се нервирав и плачев. Ама секој ден си викав, ајде издржи ,неколку месеци се. Се' тоа го правев само заради мм,пошто е предобар човек. Ама па луѓе понекогаш треба да сме себични. Мм беше дома со неговите, не ги забележуваше работите како јас или пак беше навикнат на нив. Еден ден реков , јас будала сум што воопшто ги трпам овие работи, нема јас да се разболувам со тоа што желбите на мм ги ставам пред моите. Тој ден на мм му реков,јас ги собирам работите и си одам кај мене. Ти сакаш дојди со мене, сакаш остани со твоите. И цврсто стоев на ставот, искрено веќе ми требаше мир. Да видите како експресно за 2 дена мм најде стан и преселивме. Муабетот ми е,машкиве не се замараат затоа што тоа се нивни родители тие се навикнати со нив, ама не значи дека и ние треба да ги трпиме, башка што во мојот случај беа многу терсене. Пресечи од почеток,стои на свој став,пошто после само ќе се каеш и нервираш. Ако не сака мм да се тргнете на страна, подобро прекини сега , отколку после во брак со деца. Тој муабет ама само една година , неколку месеци, барем кај мене не поминува веќе никогаш...ама ни секунда..
Neznam kade ziveete ama mislam deka se naogaat do 300e ednosobni stancinja nasekade treba samo da baras
@anonimna.999 За дечко ти знаеме бидејќи кажа дека работи. Дали мајка му работи таму? Дали за татко му кога ќе дојде има обезбедено работа ? Не знам во која држава се наоѓате, но во странство за да изнајмиш стан на подолг период, бараат работен стаж, во смисла сигурно работно место и платено кирија за неколку месеци (или година) однапред. Најчесто повозрасните жени кои одат во странство на почеток работат како негувателки, или помошнички, а истата таа работа не овозможува осигурување. Во секој случај не си направила ништо погрешно со тоа што си го прашала какво им се плановите, но ако работи само дечко ти, или ако скоро почнала да работи и мајка му мислам дека треба да имаш малку разбирање за ситуацијата...
Не ми е јасно какви се тие родители што му се доселуваат на детето. Не сфаќаат дека треба да го остават сам? Тој во странство и тие ајдее по него. А овој ми изгледа дека му одговара да е со неговите и не може да се оддели од нив. Наместо да и каже кои се плановите, дали ќе почнат со работа, дали ќе бараат друг стан, а тој: Што ти смета? Помал стан се наоѓа и ако немаш којзнае колку стаж.
Мајкаму неможе да најде работа проба да чисти ама и беше тешко и 2 дена и се откажа и шансите моментално се она да си оди за 2 месеци од прилика пошто ако нема работа неможе да остане не дека нема да плати за стан или јадење нормално тоа дечкоми и плаќа додека не нашла работа, а таткому за месец дена ќе доаѓа и нема обезбедено работа и не се знае дали воопшто ќе работи бидејќи како што кажав во Македонија има работа со убава цифра и сега што е најстрашно ја можеби сама со нив ќе треба да живеам. Значи најголемиот проблем е што незнам на што сум што незнае ни он самиот а не па јас да знам ама на крај ако си заминат и мајкаму и таткому пошто мн нормално ако немаш документи неможеш повеќе од 3 месеци во странство ќе ме бара мене, ама јас немам намера да бидам втора опција разбирам родители се, разбирам додека застанат на нозе да останат ама ја година две дури и незнам ни колку ќе останеме тука да живеам со неговите на моите 20 години? Страшно незнам што да кажам подобро уште сега да си знам а он ќе знае кога ќе си остане со мамичка и тато пошто во денешно време нема глупава девојка што ќе седи со родители на дечко, не вереник не маж, туку дечко. Значи види можеме да најдеме две соби посебни за истите пари што се плаќа станов моментално, ама проблемот е што тука нема никаков план, а јас несакам така да ми кажеше уше пред да тргнам немаше ни да дојдам, јас кога ја купив картата во 5 за 12 ми кажаа еј мама ќе доаѓа, а ние 5 месеци се немавме видено барем можеше 15 дена покасно да дојде абе немам зборови да го искажам револтот. Немав проблем да останат месец два три, ама да се нема план да незнам на што сум тоа не.. и уште на крај да ми се испонаша за тоа што сум кажала мое мислење. Јас незнам зашто е проблем ако девојката несака да живее со родителите на мажот чист пример ми е мајкаму на дечкоми она лично била иницијатор за да живее без нејзината свекрва и свекор и сега јас нечинам
Најчесто ваквите "одења во странство" се само желба да се оди некаде на привремена работа, а попратните проблеми ќе се решаваат на лице место... Веројатно и тие самите не знаат како, а и немаат план. Вие најубаво си знаете. Дечко ти е, не ти е сеедно знам, но мораш сериозно да поразговараш, а во меѓувреме "да опипаш пулс" за да имаш некаква претстава во која насока би се движела ситуацијата... Млада си и не си обврзана апсолутно на ништо!
На жената по се изгледа не е и се работи и не и се итни парите ни работата, а мажот и викаш зема убава плата во Македонија, а и него не му е толку итно да менува држава. Нема потреба да трчаат кај синот или пак овој ги има повикано? Стварно не знам па и овој дечкото се оддели од старите и нема да е сам и пак по цицката на мајка му. А и старите бе знаат како е со родители да се живее и пак идат да живеат во заедница. Па остави ги тие деца сами да се снаоѓаат и ако те потивка измисли нешто само за да не одиш таму ѓужви да правиш.
Значи буквално се е без план а најстрашно е што уште сега јас треба да сум обврзана со нив да живеам, би попуштила доколку имаше план пошто ја ќе одберев така да живеам а вака воопшто не е убаво.. и на крај уште лут ќе ми се праи нема муабет да праи незнам што, кога на крај ќе остане сам незнам кого ќе бара мене или мама и тато