@kukla21 многу поблиска сум, не се секирај ич. Знам убаво како функционираат. Да не сакаше да се ширам овдека и да навлезам во подлабока анализа? *во контекст на муабетот за кафе, овој е само еден пример. Преку 10 години ги знам, сум видела најразлични ситуации. Споделив нешто убаво, ама не - мора и на ова да се фатите.
Темата е таква. Сепак мене не ми е нормално јас гости и свеки прва на муабет. И за мајка ми истото важи.
^ Ај препрочитај си го горе реплицирањето и види како звучи. Не ме ни тагна и личи ко правење мајтап. Плус, го отфрли делот каде уште во тоа мислење имав напишано "Се знаеме долги години и секогаш кога.." За повеќе информации обрати се во лична порака, детално да ти објаснам како си функционираат. Фала многу.
Милион пати е кажано со убаво, а и немора некој да ви укажува секаде дека од ракав работи не се вадат. Ти слободно помагај за она што си упатена, никој нема против, во случајов ти реагирам дека одмагаш. Е тие се тие коментари извртени после дека некој бара од помладите и немажени прво да се омажат па да коментираат. Коментирај, помагај но со точни информации, се друго е одмагње, Бубо.
Пишале веќе членките дека навистина ама навистина не е во ред да се брца во нечив брак и нечива приватност, макар па и сестра да била и мајка.. Кога двајца возрасни особи формираат брак, па и деца, фамилија само тие и тие ќе се одлулуваат како ќе си живеат, дал до 12 ќе спијат, дал вака ќе праат дал онака. Синдромот во Мк за мешање во туѓи мамџи не знам стварно кога ќе престане ама треба да престане, и треба и старите и младите веќе да сфатат дека секој си има свои математики по дома. Ова јас милион пати и го имам објаснувано на свекравата, сначи најсикрено, најсериозно уз муабет женава стварно сфати дека греши ама навистина. Ама нели човек со човек на човечки јазик разбира. Сум се изнаслушала многу муабети, и секогаш одам кон муабетите, тие речи јас стори тие речи јас стори. Ма ми гајле кој што и како зборел даал му чинело или не, нека дојдат да понесат моите или било чии кондури па после нека се збори. Многу многу е лошо мешањето, квази муабетите, глувите телефони што владеат кај нас, човек сбеснува понекад од разно разни стории од туѓ народ што решил дека не сака да бери свои гајле ами се замара со туѓото. Врв света е ко слушнат сочен трач, 1 месец се збори тоа па тоа.. Тоа оти народот е навикнат така, оти од дома е послужено на послужавник така со генерации па после работа наместо да дојдат да работат нешто продуктивно тие одбираат да се замараат со комшии и роднини кој како прави и што прави, исто и стариве, наместо да живеат, тераат што знам екскурзии прошетки они не дома па дома вака требало онака Се прашувам само нели им скисна таков живот. Предлагам поисполнет ден на сите и што може повеќе работа така дома кога ќе дојде човек ќе легне уморен и ќе се замара со себе наместо со што слушнала додека пиела кафе на тераса од комшиката, каква и била косата на комшиката, зошто овие се развеле и што имало меѓу оние што женава не работела ами седела дома така со скрстени раце со деца. Бог да чува од нација сме. Не ни требаат на нас камери бе кај нас сите се камери ако треба и со чаша ќе слушаат од ѕид битно да најдат муабет 1 месец да го зборт со семки додека и се оплешти устата од солта. А и глава боли се едни исти муабети да збори некој.
Драга братучетко, снаа ти и братучед ти имаат секс до 4 сабајле секој ден. Див, хард кор и од тоа снаа ти не може да стане рано. Од таа причина и не оди на работа. Се договориле со братучед ти она да биде одозгора секогаш, оти он оди на работа и секој ден со ручек да го чека и квики секс за добредојде. Тетка ти, свекрва, не знае за сексот, ко сите свекрви па вади муабети. Ама братучед ти секој ден се смешка под мустаќ оти знае. Не го убедувај човекот да се разведе, глеј ти омажи се.
треба да се отвори посебна тема - снаите-проблем да се збори само за снаите. Хаха еве ние за 10тина -15 години ќе зборуваме на таа тема
Здраво,имаме еден проблем со свекрвата не е нешто лошо ама долго трае и веќе почна да ми влијае и на самодовербата и на расположението.. Живееме заедно,бебе е во фаза на проодување,луѓе женава не ми дава да дишам,чувај го детето да не падне,не ми дава ни вода да се напијам,некој и кажал како некое дете паднало и умрело и сега она има трауми и од многу голема загриженост веќе ни делува негативно и мене и на бебе.Нормално дека си го чувам детето и повеќе од очите ама тоа е дете сака да оди да трчка да лази да си игра,а според нејзе треба да биде цело време во раце да не се повреди,а не сфаќа дека не дај боже ако треба нешто лошо да биде и во раце да е ќе се случи.. И објаснувам еве веќе со месеци ама не сака да ме сфати..не знам што да правам ама веќе премногу почна да ми пречи и она е цело време под срес и јас од нејзе..
Остави ја еден ден таа нека трча по бебе. Кога ќе ти рече гледај го, ти речи гледај го малку ти имам алишта да перам, јадење да правам... Ќе види дека не се трча толку по бебе, нема да издржи, па може ќе престане.
Не ми дава ни да перам,ни да спружирам,ни јадење да правам,само детето да го гледам,се она прави не работи и буквално ме притиска веќе ме гуши,а ако и речам да го причува одма почнува не ти ќе си го чуваш јас се ќе средам,ако треба да се бањам или да јадам тогаш свекор ми или мажот ми го чуваат..се надевам дека е период и дека ќе и помине оти ќе ме спобудали.. Да не бидам погрешно сфатена,решени се проблемите од минатото и се работи она,благодарна сум и за тоа,само ме гуши што секој втор збор е чувај го детето,ќе умрам ако нешто му се случи,не знам како да и докажам дека и да не го повторува тоа јас си го чувам детето нормално како секој родотел..
Сигурно имаш разговарано со неа за тоа, но повтори и пак ако треба. Речи и дете е тоа, не сака да го гушиш, сака само да си игра, да си оди.. Јас си го чувам кажи како секој родител, зарем јас сакам нешто да му се случи. Мене најмногу како мајка би ме болело тоа... Пробај со овие зборови, или пак користи топлото време уште малку, штом таа работи се земи дете и оди шетај со него, малце барем раат ќе бидеш.
Она нека си зборе ти си трај и терај си по свое , детето е твое ти си му мајка ти најмногу знаеш како треба , а свекрвата не работе може се да и смета и ред други работи ти си родител и тоа е тоа , ако покажеш слабост и на се шо ќе каже свекрвата да слушаш и да обрнуваш внимание ќе ти е многу лошо.....