Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Жени стварно кога ве читам не ми се верува каква е таа ваша љубов кон мажите.. да плаќам нешто што не е на мое име нема шанси. Епа затоа девојката така се однесува надмено. Знае дека на име на дечко и е и си се однесува како газдарица. А замисли да ја побара па да се пресели таму. Не знам како планирате да функционирате две семејства со заедничка дневна, кујна и тоалет бидејќи кога тогаш ќе се жени и деверот. Наместо со тој кредит да си побарате и да си отплаќате нешто ваше.
     
    На crazylady, Lianna Anna, oblace1 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Пред да правиме свадба,свекор ми “ме замоли” да земам еден кредит јас,еден мм, за да ја исплатиме куќата, долга приказна е тоа.. со хипотеки и чуда.
    Уствари услуга да им направев.
    Еве година и пол подоцна уште плаќам, 60% од плата ми е оди таму, а за “возврат” они ги подмируваат другите трошкови, струја,вода,храна,сметки за тел..
    Пре би јас да си плаќам сметки него ли кредит, ради тој кредит ништо на рати не можам да си купам..
    Ограничена сум во се.

    Госпоѓава ни едно кафе нема купено за дома, ама се и на изволте.
    Тоа ми е болката.
    Маж ми упорно “ама што се нервираш, батали ја, не вреди”, ама џабе, коа он сабајле си заминува на работа,деверот исто,она станува и се шета по дома ко кај мајка и да е.
     
    На crazylady, mal.ecka, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    141.616
    Замоли ја да спружи алишта, тури ја корпата пред неа.
    Полека почни да и даваш работа, ќе прекине да иде.
     
    На crazylady, Mantub, Охрид88 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    ти си им ги подмирила трошковите, исплатено им е се, тие си го прчат,и сега вие сте заглавени со два кредита.
    сте требале да барате да ви ја препишат куќата на вас пред да земете кредит ...два кредита не се малце , воопшто не е исто како трошоци како храна и сметки.
    кредитите се плаќаат минимум 10 години ,а кој ви гарантира дека во наредни 10 години некој вас ќе ви ги плаќа сметките? а ако им се деси нешто на свекорите ? ќе треба и тој товар да падне на вас.
    барајте си ја куќата за вас или едниот кредит нека ви го затворат другиот пар,па тие нека си плаќаат нивен.
    само така е фер.
     
    На crazylady, Lianna Anna, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски


    Не е мое место, ама не можам да разберам како се нафаќате да плаќате кредити за туѓа куќа? По која логика и зошто?
    Кога веќе сте земале кредит, зошто не сте земале свој стан? Барем да знаете што плаќате.
    Како тоа девојката на деверот поголема газдарица од тебе во твојот дом? Епа ете како, таа кај дечкото дома си оди, не кај тебе. Утре другиден ако ја побара за жена, веројатно и заедно ќе живеете.
    Искрено криво ми е кога вака ве читам. Не можам ни да замислам колку е тешко, ама не можам ни да сфатам како сте размислувале кога сте се нафатиле да живеете заедно со девер и да исплаќате негова куќа? Бидејќи да, негова е, иако вие ја плаќате.

    Не знам дали постои опција тој кредит да си го плаќа сопственикот на куќата, а вие тие пари да си ги вложите во нешто ВАШЕ? Се надевам дека постои, во спротивно јака ти душа.
     
    На moonlight-girl.55, anonimna.999, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    @Chanell* си направила голема грешка. Не си ти должна да се задолжуваш заради нив. Јас земав кредит ама за нашиот стан. Немав намера да вложувам во нешто што не е мое. Ни маса не би купила, а не па кредит да земам. Начекале па ќе те молзат. Безобразни. Подалеку од такви. А имаат ли они други деца?
     
    На oblace1, LunaGrey, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    О боже, ако за 6 месеци пример се земат, каде ќе дојде таа?
    Тука каде што тегне нозе? Супер.
    Ако плаќа маж ти, дпговори се строго со него.
    Ако плаќаш и ти апсолутно си газда на пола.
    А ако свекор ти сака браќата да се во мир , тој нека ти го заспие детето кога оваа ќе го разбуди. И во неговото вц оди ти кога твоето е зафатено. Па нека се гужва он пред вц.
    Кога мислиш тоа и е целта, успева очигледно.
    Крај краева оди ти некоја недела со дете кај твоите дури се договорат овие како ке живеат. Еднаш неделно е ок ваљда, сигурно нема да не се тушираат пред и после секс. Секој втор ден е многу, ама ко што рече, на девер ти е куќата.
    Маж ти е или наивен или глуп со опроштење
     
    На candy.cane, Chanell* и violetblue им се допаѓа ова.
  8. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Биднала работа со кредитот, впрочем не е ни битно тоа да го расправаме тука, они си знаат како и што по дома ич не солете памет што требало да направи, оти требало е минато време.
    Него со госпоѓицава мислам дека тешко ќе излезеш на крај... Како што ја опишуваш ситуацијата, многу лошо и баш ми е криво што имаш таков проблем. Не знам да ти понудам совет разумен, освен отворено да разговараш со девер ти, но да не настапуваш одма со осуда кон дотичната, туку да му ја доловиш ситуацијата во која се наоѓаш со примери за да те сфати.
    Нема потреба да се караш со нејзе оти на крај краева не му е ни вереница ни сопруга...
     
    На crazylady, Spidy, Chanell* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Вo тaa куќa oсвен ти и мaж ти, вaљдa и другите имaaт прaвo нa живoт? А тoa знaчи девoјки, друштвo, гледaње тв вo дневнa и сличнo.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Шанел, дали знаеш дека штом е на негово име куќата утре дотичната може да ве избрка на улица и да останете без ништо? Зошто отплаќаш нешто што не е твое? Јас не се разбирам во правни работи, ама распрашај се што и како може да се случи и под итно да ја решите таа работа со мт.
    Јас да сум би кренала толкава галама, што нема ни свекор ни свекрва да се узнаат, мене да ми оди пола и повеќе од платата за нешто што не е на мое име, па и озгора некој да ми се прави шеф низ куќи, ма има здраво да си го окрка.
    Не ти прави муабет а ти остава чаши за миење и пепелара за тресење... е ако навистина и ги миеш чашите и и ја тресеш пепеларата, тогаш да ме извиниш ти си поголема будала.

    Има право, ама ако не ми прави муабет нема ни да пие од моите чаши, а уште помалку да ми ги остава во садопер да и ги мијам.
     
    Последна измена од модератор: 28 септември 2019
    На anonimna.999, Lianna Anna, AthenaAsamiya и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Тoa ти среди си гo, oд тукa немa никoј дa oди и дa и' кaже чaши oд дoмa дa си земе aкo сaкa дa пие.
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па и велам да си го среди, нека и каже да си ги мие чашите или да не смее да ги допре.
     
    На Chanell* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Мислев ти си сo прoблемoт.
     
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не е работата за солење памет Мегле, туку мора да се посочи на вистинскиот проблем. Вистинскиот проблем тука е тоа што отплаќаат кредити за нешто што не е нивно. Многу лесно е да напаѓаме некого, ама ако размислиме подобро, девојката на деверот има секое право да си оди кај дечко и дома. Куќата е практично негова, тогаш кој ќе и забрани неа да доаѓа кога тој самиот ја вика?
    И не, не треба таа да разговара со деверот, бидејќи од тоа нема да произлезе ништо добро. Треба нејзиниот сопруг да си ги решава проблемите со брат му, кога веќе си делат место на живеење.
     
    На oblace1, Mishela, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.270
    Здраво ајде да споделам нешто за мојата идна свекрва само ме интересира ваше мислење за тоа како треба јас да се однесувам?
    Значи таа нема добар однос ни со син и никогаш не била мајка како мнозинство мајки да се грижи за него од секогаш повеќе за ќерка си , не ни зборуваат од како е тој со мене, претходно барем како така зборувале но откако сме во врска нон стоп карање и без никаква причина што пример на почеток не ме ни знаеше само име ми го знаеше таа му зборуваше против мене и сега за било што и да се скараат таа во секоја кавга мене ме спомнува се споредува со мене некои муабети му вади за мене не знам што да кажам, а кога се сретне со мене ми се прави фина како ништо да не збори на него. Значи фала на господ што нема таа влијание врз него но јас не знам како да се однесувам со неа ми иде и да не ја поздравам кога ја сретнам во двор затоа што е глумица.
     
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Дали ви е во план да живеете под ист кров? Ако да, сама си играш со оган и за некое време пак ќе пишеш тука да се жалиш.

    Ако не, треба од почит да се поздравувате барем, крај краева ќе биде баба на твое дете еден ден.
     
    На Anaouou и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    2.270
    Точно и јас исто мислам не сакам да бидам како неа најискрено и намерно баш секогаш ја поздравам и однесам нешто да и покажам дека не размислувам како неа а таа нека збори што сака... иначе за живеење посебен спрат ќе сме. И ќе се однесувам нормално додека се мене лично не ми каже нешто.
    Само ме чуди што карактер има и може да каже јас нема да станам свекрва, поента што не е проблем само ајде заради мене туку што синот не го прифаќа како син повеќе ми е тоа криво и жал. Не можеме ништо да планираме баш од тоа ептен ни е безвезе сега да правиме нешто а таа да не е присутна.
     
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Или синот нека си го среди односот со неа или планирајте иднина без неа во сликата. Твое е да бидеш зрела и да не се впушташ сама во расправии, се додека не почне да ви се меша во животот.

    За живеењето на посебен спрат, доколку мислиш дека може да живеете одделно (посебен влез, посебни сметки за струја и вода) супер. Ама ако делите било што од домот..
     
    На Skorpija25, Nausicaa, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Еве слика и прилика имаш како ќе се однесува кога ќе одиш да живееш таму.
    Мислиш нема да се кара и да вика? Тоа е карактер и темперамент. Таа таму тоа ќе си прави. Ако има време.
     
    На Skorpija25, cresa-jagoda и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Леле јас ако почнам да пишувам за свеки моја книга треба да напишам бевме 13 години во заедница а во тие години свашта се издешавало среќа маж ми секогаш бил на наша страна у кратки црти
    Ми исклучуваше струја кај што седевме ние или ќе го затегне вентилот за вода на машината за перење па перев на раце а кога се одделивме иако бевме на исти спрат само ги собра сите мои работи во кујна и ги ставила кај мене а никој од нас нема буквално го фрлила значи имаше свашта
    Сега 4 години живееме посебно ама сме на спрат горе пред 3 години почина свекор ми тој беше срце човек остана таа сама доле без никој не знаете како сега е сменета не е веќе таа што беше многу ни помага значи не можам да кажам нешто лошо ама и тие работи што ги има правено не можам да ги заборавам а што е најтрагично го реновира купатилото и сега сама ги качува алиштата за перење да сум и ги пуштила во машина
    Женички не се секирајте тркалото се врти се си доаѓа на свое место
    Трпение спасение
     
    На Anyshka, Sanja1105, AngIv и 8 други им се допаѓа ова.