Бидејќи неможев да ја посетам свекрвами у болница зш малава нема кој да ја чува и у ск е у болница а ние у др град живееме до сеа само го пражував мм како е и тоа. Сеа кога ќе си дојде дома нз како да постам? Да му речам на мм да ја праша дали ќе сака да ја посетам бидејќи не правиме муабет може не сака зш ја шрестанв да и правам муабет од кога ја навреди мајками понекогаш само за малата ако ја носев на лекар ќе ме прашае шо ми рекле и толку др муабет нишо.стварно нз како да постам бидејќи мн тежок карактер има она стварно незнам? Што би ме соверувале?
Ако си загрижена, посети ја. Дури и да ти се испонаша лошо, со мирна совест ќе си. Можеби ќе ви се сменат односите после ова.
А што се сменило сега што би ја посетила? Ти си заборавила тоа што ти зборела? Свекрва ти има тежок карактер ама ти уште потежок ми се чини. Нема што да идеш ако не го мислиш тоа искрено, зошто на сила, не мора.
Мислам дека треба да ја посетиш и да ја искористиш ситуацијата за да ги подобрите односите. Таа те прашува за малата иако нели не зборувате, па според тоа фер е да ја прашаш како е. Нејзино е како ќе изреагира, битно ќе знаеш дека си се обидела. На крајот сепак само ти си знаеш колку ти има згрешено и дали заслужува.
Нема да заборавам на се што има напревено и ми има зборено и како се понашала ама сепак е мајка на мм плус од операција си дошла во иста куќа сепак човек и она и јас како да не ја посетам да се правам како нишо да не и се случило. Ќе лежи дома ќе треба да отидам да и подадам чаша вода јадење сепак ќе прецртам се што било немора да ја сакам и да седам кафиња да пијам со неа ама ако сака да и помогнам ќе и помогнам сепак у иста куќа сме
Мислам дека тоа е најпаметната одлука во моментов. Ти ќе испаднеш човек, да и се најдеш кога и е потребна помош. Ако и сега не проба да изгради подобар однос со тебе, барем ќе знаеш за понатаму да не се трудиш. И да не ти е криво, ти барем си пробала да се ппдобри ситуацијата.
Ако си спремна на тоа оди, ама немој да ја рчкаш повеќе за тоа што кажала и како те повредила. Обрати и се дека си овде за помош и терај така, само навистина прецртај тоа што се случило. Пример давам од сопствената мајка, она као прецрта се и продолжи понатака ама пак не прецрта изгледа, на секое едно спомнуваше А ти тогаш, така, вака... Автоматски проблемите не завршија, туку продолжуваат. Јас само на мм му враќам стари муабети, зошто знам дека кај него има ефект тоа, а не секој сака да му спомнуваш за грешката што ја направил.
Не не ни мислам на таа тема да правам муабет беше што беше ако нешто ми рече за тпќоа ќе и речам не сакам за тоа да правам муабет и толку. Само она е малце тересен карактњр може да ми рече дека не сака сега она да прави муабет со мене итн дека не сака моја помош ама тоа ќе биде нејзино мене бар мирна ќе ми биде совеста дека аум отишла сум и понудила помош
Денес бев ја посетив у болница со мм добро се испонаша и муабет си направивме. За два дена ќе ја пуштат па ќе видиме како ќе биде дома. Сега ми е мирна совеста ја и покрај се што се случи попуштив мирна ми е совеста сепак е болна
Здраво нова сум на форумов и од каде да почнам... Живееме во куќа на различни спратови. На почетокот се беше супер се додека свекрва ми не почна да оди по мене како крт. Јас фати исчисти ја целата куќа она најди ја доле како пребришува по мене. Си реков може не сум исчистила добро. Почнав понекогаш и ручек да правам, госпоѓата постојано по мене да брише, а замислете во летна кујна, сум капнала на шпоретот па таа одма да избрише,како можела таа да одржува чисто, а јас лом да правам, само и реков јас ќе си избришев кога ќе завршам, може пак да капнам. Се случи уште неколку пати и јас му кажав на маж ми дур не се направи кујната кај нас горе јас не готвам. Такви ситници имаше еден куп, не се замарав многу, потоа бев трудна и се породив... Госпоѓата знае се, како да се бања кога да се бања... Детето уште од болница си цицаше мене млеко не ми надојде, дури 7миот ден по некоја капка. Детето гладно, купивме со маж ми Ад. Како тоа сме купиле млекото ќе сум го изгубела, она сакала детето да цица. Па висење над глава дур цица,мрзлив сум го направила со адто, затоа повеќе млеко не сум имала, а тој постојано беше на цицка, само морав со нешто дс го хранам, немав доволно. Па имаше носење комшики да не разубедат да ми објаснат,па зборење по комшии дека сум била мрзлива не сум била упорна да дојам (како јас дебил да сум нејќам да го дојам демек она сака). Пред дс се породам имавме договор кога ќе се породам, кога ќе доаѓа некој да го види бебе, да се јави да се средам. Ништо од тоа. На спратов како автобуска станица, ми ги внесуваше во спална, јас по пижами, ги шеташе по спратов да виделе луѓето како е наместено па кујната каква била, па детската, си мислиш нејзино е. Дур не ми пукна еден ден фала богу после 2 месеци и и реков утрееден кога ќе носиш некој така можеш со син ти голи да не начекаш, одговорот беше е што ќе правите голи преку ден,навечер после 10 таа работа ..... Му кажав се на маж он и објаснил се убаво, нормално по моето беше 1 недела и пак по старо. Бебето наполни 3 месеци, почнав да и го носам доле да подрасчистам горе, она фати со него по комшии јас да незнам. Неколку пати така му викам на маж ми што прави остави ја ми вика.... После некој ден пак исто, му пукна и него филм и вика кај беше, оваа кафе пиев кај Кате, тој и вика па што не кажуваш па добро де ако плаче ќе го вратев, маж ми и вика мајка и татко сме треба да кажеш кај одиш, па почнаа драми како тоа ние сме и го забранувале, замислете дете од 3 месеци по комшии со баба, мајка да незнае кај е. Помина тоа мене ми дојде преку глава престанав дс и го носам, со неа само во мое присуство, си чистам со него во релаксатор. Па почна да прави муабети како она сегде ќе го шетала мама кога ќе одела на работа, реков по куќи шетање не е, мое дете така нема да расте. Секој ден 5 куќи редовно ги врти госпоѓата.Го оставивме еден ден со нив, имавме работа со маж ми, инаку сегде си го носиме до нас, фати 8 саат навечер ние пред врата бебе пишти се корне го земав јас престана, мајка барал не бил навикнат со баба навечер. Па дојде нареден ден со идеја она да го успивала да се навикнел.... Јас само преќутев и не ја ни гледав дур збори и виде колку е саат. Па сегс кука цело време детето како само мене и татко му не барало како ќе седело со неа навечер ја дур сум била на работа. 1000 пати кажав дека не севраќам на работа кај што бев и ќе барам работа со прва смена иако сум со факултет, па макар и чистачка само да сум си дома со детето навечер зошто ми е преку главаод втори смени, цела младост втора смена бев на работа заради факултетот. Она упорна со баба ќе си седи ќе одиш ти на работа, избањат успиен ќе го најдеш. Кога реков не, збунета беше.. Ќе си спиел тој со баба иако децата нејзини не спиеле со свекрва и.. Маж ми и вика нема да спие со тебе има соба.. И пред некој ден ја слушнав како се жали на некого на телефом дека не го гледала многу само мене ме барал и изгледа некој ја подучи да доаѓа горе да го гледа, зошто јас и го симнувам пола саат саат е со него, и или го шетам или сум си горе со него, па сега кога сме дома доаѓа по 3-4 пати во денот да го види... Гледа дека му пеам песни и бебе ми се смее, па пуста свеки му ја пее опа нина нина нај а он не реагира никако па она се лути му вика кско и се смееш на мајка ти ајде и на мене.... Инаку имам поддршка од маж ми за се, ја знае каква е, цело време збори и кажува ама џабе. Извинете на долгиот пост ама ова се само мал дел од работите.
Ова се од оној тип на свекрви што никогаш не се откажуваат.Лек за ваква мислам нема освен скорз да се испокарате или отселите.Ете мојата свекрва е таква Абе што ќе си науми тоа.А го постигнува на тој начин што ќе те пукне цел ден и на крај ти сакал нејќел попушташ зошто главата ти ја подула со убедување.И маж ми ќе и се раздереше излегуваше лута ифрид си викаш уф раат кога и поминало за саат и ете ти ја пак.Кај нас е лесно што кратко живеевме заедно и сега се гледаме од роденден на роденден.Она уште си зборува секој ден на телефон ама тоа е побезболно ќе ја ислушаш 15 мин и чао а да живеевме заедно верувам ќе се шекнев.Совет немам
Јас незнам како може да се вакви... Кога се со него и свекор ми и свекрва ми, цело време му викаат сонце на баба, дете на баба, ене го дедо ти, дедо дедо дедо, баба баба баба.. Целта е демек прво да каже баба или дедо, ама има 6 месеци и вика ма ма ма, па пукнати се од мака, пред некој ден седи гушнато кај мене, што ја гушикаш мајка ти му вика цел ден си со неа и пак ја гушкаш.. И ја и викам а што треба да прави? Да се гушка со бабс малку вика. Одиме негде обавезно 3-4 пати прашува каде ќе оди дететоооо кадееее и јас нели не одговарам чим него го прашуваш нека ти каже, па ќевиди ќе не види мора мене да ме праша и јас стално викам ќе шетаме.Што мора фа знае кај одам јас, она не кажуваше кога го носи јас морам.Мајка ми и татко ми беа од нив двајца не го видоа мајка ми му вика на свекор ми дај ми го малку тој се прави не ја слуша и ја кога му свикав ќе и го дадеш на мајка ми детето??? Де бре еве нати го
Нека ги седне мажот и нека разговара со нив. Детето сега не разбира, ама во иднина може да биде лошо. Може да научи дека едните баба и дедо се поважни од другите. Плус таа посесивност воопшто не е убава.
На маж ми за греота устата пена му има фатено, веќе и жач ми е да му зборам. Џабе е со овие луѓе и со дерење и со убаво, само се чека здравје бг пасош и спас што подалеку дај боже.
Искрено тоа многу пати му го имам спомнато на маж ми и он некогаш во нервоза ќе рече ќе почнам да заклучувам врата, ама само на муабет останува, единствено само за тоа не се согласува со мене, демек несакал така, една куќа сме биле, мајка му била, а јас кога ќе му речам некои денови си сакам приватност и никој да не ми дојде, и он ми вика да не претерувам баба му била сакала да го гледа да сум ги издржела тие 1-2 саати во денот до негде е во право ама се претерува, цела недела бебе уште не станато, јас ди спијам ја слушам ми доаѓа и нормално се будам и ми се крши сон, а госпоѓата ни добро утро не вика, туку оф сонце на баба спие џабе се качував.... прееска доаѓа пуштени детски песни таа се запнала со тоа опанинанинај а и да, стално кога ќе ми дојде некоја другарка на гости она мора пред врата да стои да слуша и неколку пати до сега, кога ќе го заспијам кога ќе влезам да се туширам, ја наоѓам нејзе седната на спална демек те слушнав се тушираш дојдов да не е сам. Ја незнам жената пред врата изгледс ми спие.
Кратко - дали имала некоја ваков проблем - свеки е убедена дека ја го варам син и, али не признава туку ако се нашминкам и излегувам а да не е со него ( пример он на работа ) збеснува али знаете не за тоа пошо не признава, ќе се фати за милион други глупости само да искаже нервоза, а бе ќе се мрднам каква нервоза ме фати и мене, жената се дери и ми треска врати пред нос
Pa si zakluchuvaj ja vrata koga toj ne e doma. Kazhi mu deka si se tushirala i ti trebalo privatnost i slichno.
Нареден пат кажи и Де што се возбудуваш, со другарки одам И за ситуацииве разговарај и со маж ти нека знае.