Проблемот е што вцто е на вториот спрат каде што е нивната спална, нашето сега се прави, ама советот можам да ти го искористам за насабајле барем да не ме буди. ФАЛА!
Јас неа не сакам да и полагам сметка кај идам само за да и се смири нејзе душичката. А со муж ми разговарано е не еднаш милион пати тој зборел со неа и и кажал да не се занесува. Али кога он не е тука оваа мене ми збори. Уствари не ми збори,луѓе не знаете за какво издеравање се работи
Секогаш прават дебилни муабети кога ги нема синовите. Ама ти на тоа можеш да и кажеш, кога ќе си дојде син ти истово него кажи му го не мене, јас така правам кога ми идат преку глава
Хаха ич да не се секираш, мојата и твојата на исто рамниште се изгледа само јас многу ржам а и ситно бројам за селидба па не и го опирам. По мене пребришува секој ден од старт, а јас и викам ако нема друга работа нека брише ич не ми смета. Башка мојава е понапредна, кога ќе ја земе бебица "маме" и вика. Маж ми еднаш ја зачу вика шо и е на ваа, викам ич да не ти е гајле шо сака нека прави, не е арна во главата
Абе и јас зборам многу и повеќе од што треба, ама оваа ти е од тој тип на човек што кога ќе види декс нешто те нервира и кажуваш 10 пати како треба да е, таа од инает по своето ДУР НЕ ТЕ ПУКНЕ. Сега научив јас да ја пукам чат пат, пред луѓе кога ќе запишти кај неа, јас идам го земам и му вика уу бабе ти се спие или ти се јаде, а ја викам мамичка ја бараш, еве сум бе сонце, кај мама си, а бебе се смирува одма, па мојот муабет излегува точен, а нејзиното паѓа во вода
Леле аман колку кусури клавате за то барање..моиве деца се потепувет посебно по свекор ми,за големиов да не зборвам само за спиење се делат ама и малово ако имат 14 месеци плачит по дедо и дури да ја земит,јас ја викам кај мене и не идат се пикат кај него и мене то ама ич не ми сметат нити пак се лутам ..се знајт кој е кој и крај на приказната,остај те ги луѓето нека се радват со внучињата
Има досадни свекор и свекрва без осет , мислат они знаат се ...... таквите неможе да се оставаат туку така да прават шо сакат !
Не е дека ми смета дс ја сака, баба е, туку нејзе и смета и е љубоморна што плаче по мене, прочитај поназад.Јас се нсправив да е ко што треба таа се наопаку, се постсвува ко мсјка да му е
Здраво женички, живееме со свекрва ми на исти спрат бидејќи сме со мало бебе на спратот немаме греење и не е се средено се реновира. Значи подосадна жена од свекрва ми мислам дека нема, толку е упорна што гледан дека бебушка повеќе влече зс неа отколку што сака во мене пошо откако се роди само се пика ја граба како ментална ај да премолчам тоа, али и многу е без осет сеа си седиме надвор со бебе таа ни се пика и ми ја зима таман ќе ја земам да ја нахранам ќе влеземе у соба нема нема ете ти јс пак и само дреме со нас навечер до ниедно време и само збори ко навиена бесмислени муабети.. Ако не свикам не си оди од соба кај сум у едно собче и таму немам раат и мир незнам до кого проблемот
Проблемот е во неа очигледно. Ти место да седиш надвор количката земи си ја, бебе во неа и шетај. Тоа што ти ја зема од раце постојано сама си виновна што ќутиш. И мене на почетокот така ми правеше, кога ќе плаче таа ми доаѓа и ми вика дај ми го и ја ќе и речев остај го јас ќе си го смирам, така неколку пати ќе седеше, ќе збори јас ќе си му пуштев песни ќе му пеев, ќе си го легнев на спална јас до него и ќе види ќе не види ќе си заминеше. Ама разликата е тоа што ние пред да се роди си го средивме спратот и си бев во своја дневна своја спална, а она кај неа мораше да си чисти, да прави ручек и неможеше многу да седи со нас. Совет кажувај и се искрено во лице, дека ти треба приватност, да одмориш и такви некои работи, ако се лути нејзин проблем. Има време во денот дс биде и со неа, ама ти си мајка не она
Aј те молам преиспитај се шо збориш. Значи ако сакаат свекорот и свекрвата внучињата да уживаат со нив обавезно мора да ја почитуваат нивната мајка. Може не осеќаат кога имаат 14 месеци, али никое дете нема да ја сака бабата ако она се понаша грдо со нивната мајка. И не ретко бабите и дедовците знаат да го нарушуваат авторитетот на родителите. Јас велам не и давај благо, само што ќе излезам низ врата она и вади чоколада. Што се обидува, да ја сака нејзе ќерка ми повеќе него мене? Мојот збор ништо не важи, ако речам нешто да не се прави, не треба да се прави. Еднаш направи така, па следниот пат ќе се преиспитаме колку време ќе поминува со неа.
Сум кажала многу пати - Сечење од старт. Мене едно време ме зафркаваше, ама кога ја подбрав подруго е. Сега не смее да им даде на децата да јадат без да праша дали смеат тоа да го јадат.
Ај и јас да се уфрлам малку. Добро, девојки, млади жени, како сакате да се наречеме, утре, еве јас си размислувам, ќе бидам свекрва на некоја млада жена, и што треба според вашите ставови, да не помислам да му се јавам на син ми, на снаа ми подобро и бројот да и го немам, а внуче?!¡¿ што е тоа, ако ми дозволат да го пипнам добро е, ако не, ќути трај, ако ти дозволат да го помилуваш биди среќна, никако немој како баба да одлучиш да му дадеш да касне нешто, никако немој да го пресоблечеш без прашање, не му купувај без прашање, не доаѓај ако не си специјално поканета, кога ќе решат младите, тогаш внуче ќе видиш... Добро вие мислите ли дека еден ден некои млади жени ќе влезат во вашите кондури, а што мислите, дека вас тогаш баш ќе ви биде гајле за младите и за внучињата и дека ќе си бидете супер среќни и исполнети во староста со еден тон пријатели и без обврски? Тие стари луѓе сакаат малку внимание, пред се, почит, колку и да не ви се мили, идат во пакет со избраникот и тоа е тоа, тие луѓе го одгледале вашиот избраник и за нив тој е целиот свет, за него тие луѓе умираат и се раѓаат секој ден откако се родил, истото го чувствуваат и спрема внучето кое е плод на нивното дете, а вие ќе кажувате колку имаат право да го гледаат, пипкаат, се натпреварувате со свекрвите кого мислеле они дека детето ќе сака повеќе, кои глупости човече, мајка е мајка, бабичка е бабичка, и двете треба да се сакаат премногу. Луѓе, бабите и дедовците не се тука цела вечност, посебно тие што се па и малку повозрасни, сфатете ги и оставете ги да ви се радуваат и вам и на внуците па до бескрај, имаат право на тоа. Јас сум многу трпелива и секогаш се трудам да ги сфатам другите, да ги оправдам ако треба по секоја цена, ама па не сум будала утре мене син ми и снаа ми да ме маршираат како да сум последен партал.
Вака јас се осеќам индиректно прозвана овде, па да се уфрлам и јас малку. И мајка ми е свркрва на две снаи не на една, па никогаш не извадилс внуче на улица без да праша, каже, веќе 6-7 години, не па 3 МЕСЕЧНО БЕБЕ, без да шета по комшии без мајката да знае каде и е бебето. Друго, јас ќе сум свекрва се надевам, ама ако снаа ми фати да ми прави ручек или било кој јас ќе си излезам од кујна и не се мешам, ако ми чисти кај што само мојот газ и на свекор и седат и гледаат тв ќе и речам ФАЛА и ако не ми се свиѓа како е исчистено ќе и речсм фала немора повеќе, а не да ја повредувам со одењето по неа и да глумсм најголема домаќинка, ќе тропам на врата пред да влезам од МОЈА КУЛТУРА зошто нејќам да ги најдам голи, нема да го џапам внучето и да не им го давам на сватовите, нема да и стојам над глава дур го цица зошто мене ќе ми е незгодно, немс да сум љубоморна на љубовта на моето внуче кон мајка му и најбитно од се нема да ми е гајле, а не па да се мешам каде ќе работи и дали ќе работи, ќе си има маж фала богу па нека си мислат. Имала и има внимание и почит и ите како ќе праша дали да му даде благо/солено на моето дете, зошто може ќерка и да ја прашува за нејзиното може и мене зошто ако не се прашував јас ќе му дадеше смоки топени во нејзината уста на 6 месечно бебе.
Твојата смоки, а мојата кикирики. И после зошто мора да прашува за јадење да им даде?? Ете затоа. Во однос на шетањето...можеби сум планирала да го носам некаде, па не сакам никој да ми го ремети планот. Ако сакам да ја прошетам внука ми ја прашувам сестра ми дали може. Исто и за јадењето. Можеби сакам да и дадам гумени бонбони, а она не јаде тоа. Јас не сум должна да се грижам за нив. Си имаат они син. Како што и маж ми не е должен да се грижи за татко ми. Секој ако си ја гледа својата работа нема да има никакви проблеми.