Би ја искулирала. Нека и стои. Ако нон стоп прави така,на пример. Или да ја прашаш отворено. Многу детски ми е ова да се лути,и да не збори ,а ти да си ја чуриш главата зошто.
Ако се лути таа, лути се и ти. Па нека се прашува и она зошто. Мојата еднаш проба така да направи, ама се зафркна гадно. Па да видиш дали ќе и текне друг пат истото да го прави. Само не покажувај слабост, така ќе мисли дека успеала да го скрене вниманието и дека те допира тоа што го прави.
Е ајде де.. Поарно да каже отколу на овој начин.. Не и е прв пат вака да прави. Често пати вака се случувало, но и јас тогаш не сум и зборела па за некој ден и поминува.
Имаш две решенија, првото да не се замараш, да ако се лути нека се лути и ти молчи и она и крај на приказната. Ако реши да прозбори нешто и ти да прозбориш и така уопште да не се замараш кога се лути кога не. Сеедно да ти бидат моемнтите. Другото решение е да ако сакаш да сведеш на искрен разговор со неа за да се сведете на искреност и решавање на проблемот ако ти е стало до нејзе да ја прашаш зошто и до кога планира вака да прави топло ладно, да и кажеш и ти дека не си на клинче обесена па некој да се понаша со тебе како ќе.му текне или на која нога ќе стане. Решението ти најдобро ќе го знаеш во зависност од тоа дали сметаш дека вреди да зборувате искрено за квалитетен однос или не вреди па ќе оставиш се во неповрат.
Фала ти имењачке. Нивната ќерка мора да се сака и почитува. А колку они го прават тоа со нивните снаи? Јас сфаќам дека им и безобразни снаи, ама мислам дека поголемиот проблем е кај свекрвите. Ми го зема синот. Ма немој. Со што сум и го земала? Применив сила? Не разбирам.
Многу боли на своето имам золва.Кога неа и се случува нешто со свекрвата леле како колне зборува таа вака така.Си велам во умот ех леле зборуваш за неа а не се гледаш ти.Колку боли па и јас имам родители не сум ја од улица..Иначе јас мислам дека свекрвата никогаш нема да се свести дека синот и се женил и дека повеке не е мало дете и дека куќата не е само нејзина ама...а ти сигурно и си го украла синот со сила тој не сакал да дојде со тебе ама ете...Свекрва ц ц ц ц ц
Сеуште не ми збори. Денеска една сосетка ни дојде на седенка па правеше муабет за лицемерието и таа вика аа има многу такви што се лицемерни, пред тебе едно бикат а зад тебе друго... (а ова кажано за мене). Боже сачувај нема како да ми изнакаже мене се што ја мачи па сега одоколу врти. Криво ми е само што не сум воопшто крива, а таа прави така да се чувствувам.. Камо да се делевме, камо...... Хаха и јас сум раат сега. Само ме нервира што е таков немтур, цел ден само намрштена и само фуче, денот ми го упропастува не за друго.
Абе што се нервираш бог да чува, некој се би дале да не им зборува свекривата ти стребнала. Ич да не ти чуе..
Абе така е ама ајде де.. Јас сум таква за се и сешто се нервирам, а знам дека не би требало Хаха ме насмеа. Готово веќе не се замарам. Само не знам како после сè, ќе ми презбори, со кое лице, а збори за лицемерие..
Znaci bukvalno i ti ne i zboruvaj mene mi se ima taka sluceno isto koga vidov deka ne zboruva i jas ne i zboruvava i posle nekoj den odma mu se pozhali na soprugot moj. hmm izvini ti pocna prva da ne zboruvash zoshto pota se zhalish deka ne ti zboruvam normalno e to. Jas sum takva osoba koga gledam nekoj deka me izbegnuva jas duplo vrajkam ♀️ Potpolno te razbiram
Цили Мили никако не си ти предмет за да те оценува дали те бива за нешто дали не те бива трпи трпи ако не ја бива кажи му на маж ти да се оделите поарно кирија плакајте си отколку да ти го качува притисокот цело време. Во денешно модерно време не се живее со стари искрено, да ви кажам еден проблем у комшиите пред некој месец цела населба дозна... Жената си излегува редовно со другарки на кафе, на теретана и оваа вештерката мислам на свекрвата кажувала на синчето дека ја виделе со некој маж и слушајте го ова ДА И ГО СРЕДЕЛ ПАМЕТОТ и овој напрае кавга ишамаре ја полиција дојде... Урнабес беше и сега жената си отиде кај сестра и некаде во странство..
И јас не и зборувам. Кај мене па сопругот знаеше дка за тоа се нервирам и ја потпрашал зошто сум таква и викала не знам прашај а неа, јас ништо и немам кажано..
Живеањето во заедница е тешко најмнпгу поради немање на приватност , неможеш ни да се оптегнеш во дневата и да гледаш тв без чувство на вина. Некој си проблеми немам со свекрвата освен приватноста и желбата да си бидам сама со мажот уште малко и со бебето. Дури некој денови сум и многу нервозна зошто не се знае кој влегува кој излегува де свекрва, де старата баба , де внукот полна куќа а мене секој ден не ми е до муабет и сакам само одмор мир и тишина.
Ај да се приклучам и јас Имам свекрва заедно живееме и цело време се караме повеќе е со другиот син и снаа, нив цело време ги фали нас не понижува со тоа што тој и помал син. Во една прилика ми кажа дека другата снаа е нејзина како ќерка и дека ни господ не можел да ги раздели, а искрено не ни сакам Денеска имавме конфликт во кој што таа ми рече дека јас сум сакала да ги раскарам браќата сите мене ме процениле каква сум била викам кој ме процени вика јас после тоа решив да си ги спакувам куферите и да си одам со детето кај татко ми му кажав и на мм не можам веќе да издржам он ми вика издржи уште малце кажете ми што да правам како да реагирам