Убаво си кажувам јас - Ако немам услови, не се ни мажам. Уште од сам старт кога видов во какви услови живее и какви се неговите, му реков - Или посебно или нема да има свадба. Верувајте дека е подобро да сте што подалеку.
Ја вака израснав. Чичко ми си имаше соба заклучена во која доаѓаше еднаш неделно, ама беше негова и стоеше празна, ние 4ца во една соба седевме. И моите двајцата се разболеа и умреа млади од постојани нервози. А собата ни ја отстапи откако умре мајка ми. Така да, и од мене совет што подалеку од нив. Плаќајте кирии, рати од кредит, ама подобро у 35м2 твои, него у една соба сосе стари и девер што чува празна соба да не му ја земеш.
Значи приказната ќе се повтори, јас толку многу се нервирам што секој ден и желудник ме боли и да повратам ми иде вчера легнав со детето уште во 9 зошто многу галавата ме болеше, а она на спуштен кревет на постелата кај што лежам седеше и гледаше телевизија и после тоа и реков значи шушкаш, а детето едвај заспа многу плачеше и ми вика, а што треба нема ли да бидам и одкако заврши филмот си отиде во соба, па што ако еднаш не гледа телевизија толку многу се изнервирав станав и седев и овсе пишував не знам и со јатрва ми и со девер ми како да се однесувам идат да го видат детето и муабет не прават јас ако седам директно одат да го земат и ќутат со нејзе си зборат со мене не исто како умрена да сум помогнете ми ве молам
Најголема грешка е да речеш дека ќе си заминеш, а да не заминеш. Така ќе научи дека ќе може да те преубеди за било што. Ако мислиш да заминеш, го правиш тоа навистина. Вака, само закана без подлога е.
Пак ќе повторам. Бегај што побрзо. Не го чекај маж ти. Ако те сака ќе те побара пак. Греота е детето да расте во такви услови. Ако живеев со неговите ќе требаше да се стискам со нив во една соба. И да дозволам да ме понижува госпожата. И јас имам ист девер како твојот. Никаква култура нема. И да ми квакнува секој ден, не фала. Раат сум што сме подалеку. А госпожата се лути. Ма очи нека вади. Маж ми дури сега ја гледа каква е.
Да ти кажам денеска дојде јатрва ми едвај ми прозборе нешто и не ме ни гледаше во очи па оваа нешто ја фали и вика на една пријателка да беше јатрва ми слободна нејзе ќе ја земела на свадба да оди сакам да кажам јас како да не постојам сите нејзини пријатели и роднини беа кај мене на свадба јас на нивна не само оди со јатрва ми сега се вади дека имам бебе, а претходно кога бев трудна можеше да ме викне ама не ни тогаш, не дека јас одма ќе отидам ама еднаш да рече со тебе ќе одам да ме спомне не никогаш и после не се лути,она не двои двете сме и исто море мрш од такви подалеку ќе си одам од тука решена сум она вика кај нас еднаш ако си одиш враќање нема сакав да и речам овде треба да пазиш 2 пати за да влезеш ама кај гледав не знам, а на почетокот што беше фина душичка
Баш ти е гајле ако не ти зборат. Што им го даваш детето да го зимаат? Штом тебе не те сакаат, не им давај дете.
Ајде со ред. @Natasa87 Дали имате пари за учество за стан? Дали од платата можете да дозволите месечна рата за стан? Седнете на маса и зборите. Ако не можете ,одете кај твоите да живеете додека се створат услови за кредит и рата.
Имаме мм се распрашувал како одат становите и деновиве ќе бараме ако нешто запнеме тука е татко ми ќе ни помогне тој ми рече ако си со дете ако те малтретираат физички или психички ќе дојдеш кај мене, а кога и да спомнам ќе си одам кај татко ми свекрва ми ми вика нема да те прими, а он не е од оние ако заминеш нема враќање
работава е да не се во заедница,и кај нејзините ќе бидат во заедница. Ние од кај мм заминавме невозможно беше свекор ми сосе жена му и децата седат вкујна тука спијат тука се и јас како да спремам ручек? Навечер како да појдам вода да се напијам? Во друга соба дедо на мм во третата ние плус бебе ни се роди... Влагаат децата кога ќе им текне,деца се кај можеш да им кажеш. И тоа се на еден спрат бевме. Па за машина перење... Немој молимте. Свекор ми вика гледајте пуштајте во ефтина струја навечер госпоѓата ми ја исклучува сме спиеле можело да се расипе само преку ден се пуштала. А таа три деца јас ред никогаш не можев да дочекам. Дојдовме кај моиве ама на друг спрат. Не дека нешто поразлично беше... Татко ми кога сака си влага бебе се буди јас маки мачам... Сега со свекор ми се договорија да направат куќа на два спрата планот им е супер нас влез од лева нив од десна стр... Му викам на мм спратот заклучен ќе стои. Има да се најават и да прашаат кога да се качат ако се може а ионака нема потреба ни јас долу ни тие горе. Мир ми треба. Таму се три куќи една до друга речиси во ист двор само има полу огради чисто да се знае чиј двор е. И деца во сите три куќи. И овие од кај свекор ми кога им текне си одат по куќи тука. Мене ми е децава да не се делат не е убаво така нека си живеат заедно ама јас веќе ништо не можам да трпам. Ни додавање ни гужви ни галама...
Многу сум нервозна . Дојдов од работа и свекрвата гледа ѕвезде гранда и јас седнав и погледав . Вукам ај да заврши ќе ја пуштеме нашата свадба и ок. И отиде таа да закачи алишта и јас викам ќе пуштам свадбата малку јас сум прва на работа и ке легнувам . А она заврши ѕвезде гранда викам не. Епа јас одам да го догледам во другата соба . Викам ок оди . Влегува после 20 мин јас си легнувам ,јас и викам па нели ќе гледеше свадбата а она јас гледав ѕвезде гранда и кпга ќе завршеше тогаш а ти дојде и ми го смени каналот . Тоа не е убаво. Се почуствував толку лошо .. а толку мнпгу се трудев да ја прифатам новата ќука .. да се навикнувам и што ако сум сакала да глефам свадбата и сум осетила слобода да направам нешто исто како дома. И да сум згрешела можеби и нетребаше да го сменам ама јас неможам да чекам ѕвезде гранда да завтши па свадбата а утре сум сабајле на работа . Да напоменам бременена сум и осетлива и не сакам да ср нервирам најмногу заради бебето . Тој се осека. Нз дали да му кажам и на мажот . Што мислите вие од друга гледна точка?
Се нервираш дека не сакала да ја гледа свадбата или што ти пререкла дека си и го сменила каналот? Ако е првото, те разбирам, ама може веќе ја гледала, може планирала утре да ја гледа кога ќе има повеќе време, не мора да значи дека било со ложа намера. Ако е второто, јас не гледам проблем. Сте имале 2 телевизора, двете сте гледале тоа што сте си сакале.
Заедно рековме ќе ја гледаме свадбата кпга ќе заврши ѕвезде гранда , но таа излезр да спростира алишта и јас ја пуштив свадбата. според нејзиното кажано како јас можам да менам канали кога некој друг гледал нешто пред мене . Тоа не било убаво . И отиде си легна налутена .
Од друга гледна точка, искрено, за Ѕвезде гранда и за свадбата не вреди да се испокарате! И двете ципидлачете безпотребно! Ак ви е досадно земете везете, плетајте, читајте книги, само не се карајте за глупости.
Јас за ова не би се нервирала. Мене ми е смешно некој да ми се налути за сменет канал, буквално гласно во лице би и се насмеала - "сериозно за ова ќе се лутиш??? " Малку ти работат хормоните, нормално е. Јас сум многу неемотивна личност, па многу пати си плачев дури бев трудна. Ќе ти помине. Не и се замарај.
Остави ја нека збори по народот, ич да не се објаснуваш со такви. Тоа зборење по комшиките зборува за нејзе и нејзиниот карактер а не за тебе. Ти си им во куќа не е комшијата или било кој друг. И нека не збори. Ако смета така. Само игнорирај истото зборува најмногу и решава ситуации!
Секој нормален при таква навреда и осуда би си отишол цка. Свекрвата и рекла дека одкако дошла во куќата сите ги испокарала и свекрвата преценила за истото види богати па не ја сакала. Глупости и без врска кодошења се тоа. Па и отворено без грам почит ја куди во 4 очи. Што да направи жената? Наташа, штом гледаш дека не оди со свекрвати под ист покрив барајте решение за одделување или за жал ако не постои истото сметам дека за слога во домот треба да седнете и отворено да разговарате. Овака на ваков начин плус со вакви испади во очи од нејзина страна нема ништо да направите. Крајно решение оди кај татко ти и почекај да видиш како ќе одат работите. Ама женава ако не те сака што треба да правиш ? Да седиш да трпиш секојдневно навреди? Не. Таа јасно ти дала до знање што мисли и како мисли. Ова се глупости искрено. Колку пати сум/ми сменила канал. Големо светско чудо. Не вреди да се карате за ова искрено.