Искрено... Јас многу мразам кога ќе ми сменат канал, тоа покажува колку ме почитуваат. Свадбата е на цд, може да се гледа и утре и задутре и секој ден ако сакаш, ова е еднаш го гледаш и ако немаш опција за враќање ништо работа. А зошто мора па со неа да гледаш, глеј си ја натенане кога си сама никој да не ти мрчи. Искрено... Ти ја разбирам и положбата, тазе снаа, хормони, во јајцето влакно бараш, ама повеќе е беспотребно нервоза од реален проблем. Јас би ти рекла да си земете во спална тв па да си гледаш што сакаш, зошто на тоа тв цел живот ќе има делба кој што сака да гледа и цел живот караници, кога веќе нели сте се одлучиле за живот во заедница. Таков е тој начин на живеење, нема друго, или ќе се нервираш или нема да си ставаш на памет ич.
Јас никогаш не сум за тоа на секоја кавга, збирање парталите аи ај кај тато ќе си одам. Има жената фамилија, значи маж и дете и треба прво за нив да гледа. Не свекрва, света свекрва да дојде и да фати сред соба да сере, нема да си отидам од дома, нема детето да си го трауматизирам и да си расипувам брак ради некоја идиотка. Свекрва, мајка, браќа сестри, се е тоа поширока фамилија откако има дете и маж. прво они. А не, се скарав со свекрвата, оставам маж, селам дете, оти сум се спречкала со неа. Ма има она да лета од дома, мирот со детет и маж не ги уништувам. Ме навредила, леле круната ќе му падне. Навредата за неа зборува, не за навредената. А постапките нејзини, влијаат на детето и бракот.
И јас исто мислам како тебе, ама мене маж ми ме поддржува во се. Ако речам дека свекрва ми нешто направила што не ми се свиѓа, се согласуваме дека тоа не било добро зошто исто размислуваме и тој ќе пресече со неа. Ако мажот вика ајде бе што се замараш, батали ја, или дека свекрвата била во право, и јас ќе си земам детето и ќе си одам. И не си одам од свекрвата, си одам од мажот зошто тој очигледно повеќе сака со мајка му да биде отколку со мене. Секако ова го кажувам ако снашка е стварно оштетена личност во ситуацијата, а не дека претерува и измислува проблем кај што го нема.
Знаеш ли што направи ден потоа јас не и зборувам отсечно ако ме праша нешто одговарам со да или не. Иде и ми вели од сега тебе ти препуштам се одсега ти ќе правиш јадења, ( како до сега да не сум правела али ајде ) ти ќе пречекуваш гости, ти си газдарица во куќава како мене што ми отстапи се свекрва ми така јас тебе ти отстапувам јас сум у шок не знам што и значи ова притоа ништо не одговорив на тоа сигурно само сака да смири топка зошто знае дека ќе заминам. Со мм се договоривме за стан само сега мораше да оди на пат чим се врати следна недела ќе бараме и да ако треба ќе одам кај татко ми јас не сум должна да трпам некој физички или психички да ме малтретира, а детето повеќе трауми ќе има ако остане покрај вакви нервозни луѓе зошто свекрва ми на сите се дере и со сите се кара ако нешто и се пререче. Јас се омажив за син и не за нејзе. Секој без секого може. И вака поубаво ќе биде ако сме разделени од нејзе повеќе ќе се сакаме
Те разбирам што сакаш да кажеш, ама на секоја кавга да ти вика моја е куќава ќе те избркам од тука и тебе и син ми како ќе се осеќаш? Па јас не сум најдена на улица и да заминам кај татко ми тој ќе ми помогне родител ми е
Не се нервирај за глупости. Не е вредно. Уште помалку е вредно пак, да си го растуриш семејството за на некој ќејфот да му го правиш. Плус и детенце имате. Најбитно е маж ти да те разбира и да те подржува. Доколу имате можност слободно делете се, барем помирна ќе ти е главата. И јас му велев на мм, но тој вели ќе трпам додека можам, кога ќе ми скисне делба и готово, а не знам дали ќе биди баш така..
Епа сите се такви на почетокот. Од меки по меки, а после ќе ти приговара за секоја ситница и ќе се лути само. Подалеку од такви. Криво ми е што не сме делени, многу ми е криво ама тоа е, додека оде, оде, кога не бива низ врата и готово. Ти пишав
Секогаш излегуваат некои непланирани работи, ама за вакво нешто треба да се мисли однапред. Во денешно време треба многу убаво да размислите со кого ќе го поминете животот, да процените каква фамилија се, во какви услови ќе живеете, какви му се амбициите на сопругот, дали сака да напредува, а не е само да се омажите што побрзо за да не ве озборуваат, дека само вие немате дојдено до маж и после поголеми проблеми. Моја другарка заедно беа 12 години и сега плус 4 години во брак. Имаше доволно време и да си испланираат каде ќе живеат и заедно направат свои две соби. Парите ги трошеа за глупости и плус немаа обврски. Чекаа золва и која е немажена и работи на брод да им дава пари, ете сега се омажи нема веќе помош. Сега тие 4 години во брак и поминаа во кавга со свекрвата, за тоа кој повеќе купил и инвестирал и кој на што ги троши парите. Знаеше дека ќе оди во фамилија која живее во куќа на еден спрат и дека само свекрва и работи и со 300 евра месечно дека исплаќа кредит од свадба и нешто плус им купи бела техника на рати, им плаќа сметки, градинка, храна, а свекорот скоро замина во пензија, а пред тоа 10 години никаде не работеше и не се ни потруди да најде работа. Мажот и нема некоја привремена работа и му е сезонска на црно, а тоа што ќе земе си го троши за него и е од оние што гледаат само да се дотераат, за да изгледаат богато пред другите. Наместо да купи нешто за дома и за детето тој си купува патики од 7000 ден.... За именден на детето троши и по 500 евра за јадење и пиење за да видат другарите колку е богат, а после свекрва и и плаќа долгови. Кога некој ќе им дојде на гости што се вика се посеруваат не знаат уште што да стават на маса. Купуваат се готово од кафана, наместо со нешто да заштедат и да направат дома. Обично не ме интересира кој колку сака нека си потроши и нека става на маса и од каде сака нека купува, ама после да не се жалат дека нема и да обвунуваат други дека не им помага, а жената од сите гомна ги вади. Нека си ги испружат нозете колку им е долга чергата. Зошто навреме си ги отварајте очите и не заглавувајте поради некои вакви.
Јас бев бремена пред да се омажам, па решив да ризикувам и да си го чувам детето сама. Среќа што маж ми ме поддржа во идејата да живееме сами. Пак имавме проблеми, ама и го дотерав умот. Маж ми дури сега сфати каква е мајка му. И кога пишувам за чување деца не мислам на чување во буквална смисла на зборот, туку да си поигра со децата. Ама некои немаат осет. Затоа моиве деца не ја ни спомнуваат. Исто како да немаат баба. Ако и е. Реков дека кругот се врти. Отсекогаш сум кажувала дека ќе живеам одделно, макар и во една соба. Сакам мир.
Прашањето мислам дека е едноставно. Не знам зошто би објаснувала за какво удирање станува збор кога никое удирање не е прифатливо. Ниту пак било кое дете може да направи нешто за свекрва да го удри.
Мојата ја лигави нон стоп, и кога треба да се каже не она не кажува, не па да удри... Како би реагирала??? Вероватно нема веќе да не види. Мајка ми за разлика од нејзе ја кара, ама не ја удрила никогаш. Ја кара у стил, не, не смееш, тоа. Престани да плачеш, не може да фаќаш таму, ама не со дерење и викање. Поише иам мака со мазењето. Жално било како гледала кога е искарана. Само да знаат дека глуми пред нив, не би збореле така. И затоа немам доверба за чување.
Pa dobro ako cepkalo uporno vo steker i da do udre po gaze okay sepak dokolku ja znaeme situacijata mozeme da dademe objektivno mislenje vaka ke nagagjame ili odma da pocneme so kritiki ili ni treba izgovor da ne zboruvame deka neli svekrva e