А што доколку твојата мајка го удри? Тогаш како ќе реагираш? И двете се баби ако гледаш, нема разлика во тој поглед. Затоа не прави разлика во тоа која баба ќе го удри. Туку дај си одговор на прашањето како ќе реагираш ти ако во случајот не е свекрвата, туку мајка ти.
Без разлика. Никој не смее да удри дете. Никој. Ничиво. Ни свое. Ни возрасен не смее да удри возрасен.
Вака, не знам како успевате некогаш од конотација да извадите некои работи просто ви се чудам изгледа природен талент имате за комплицирање и за замарање. Ако го удри мајка ми знам како со неа да се разберам пошо ми е мајка и далеку сум послободна со нејзе. Ај отворете тема проблеми мајките и ќерките па кога ќе го удри мајка ми ќе пишам таму. И ти одговориле погоре. Никој не смее да го удри. Ако мислиш дека детето толку не си го сакам па дозволувам едни да го удрат, а други не, ќе те замолам да не ми реплицираш, важи? Прашањето е скрос јасно и барам одговори од жени со исто искуство. А да не почнувам тема како свекрвите се напиздени суштества и ги користат внуците за да ги нервираат снаите. Да ти објаснам. Мавање по газе не е океј кај мене у никој случај. Ако не знаеш како да се справиш со дете кое чепка у штекер и мислиш дека нема друг начин освен да го плеснеш, да те просветлам - има друг начин. Затоа не гледам причина да објаснувам зошто го удрила и колку. Никогаш, во никој случај не смее. И немој да ми кажуваш мене дека си го користам детето само за да зборам лошо за свекрвата, јасно?
Не се тепај молим те. На форумов каква си напиздена, камо ли дома со свекрва ... Btw сама си го даде одговорот што го бараш. Не смее да го удара детото - иди речи и . Толку.
Dobro kaj tebe mavanje po gaze ne e okay a ako ne gledas ni pricina da se objasnuvas sto i kako se slucilo zosto togas voospsto postavuvas prasanje na forum? Inaku se e jasno samo ne se nerviraj arogantnosta tvoja objasnuva mnogu raboti fala prijatno.
@Mantub, во врска со реакцијата, ти најдобро знаеш како да постапиш бидејќи ја познаваш. Ако си слободна со неа, кажи и јасно дека тепање (макар и удирање по газе) ти не дозволуваш. Или, реагирај преку сопругот за да не излезат работите од контрола (т.е. чувај си го здравјето и не се нервирај, му требаш на детето). Јас немам свекрва, но сите блиски знаат дека тепање/потчукнување не дозволувам за мое дете. Твое дете, твои правила.
Бабите треба да ги применуваат истите методи на воспитување како и родителите. Какви и да се. Има родители што ни "не" не им викаат на децата, има и такви што ќе ги плеснат по газ или раче. Како родителот смета дека треба, бабите треба да се прилагодат. Обично е обратна ситуација, мама и тато се строги и лоши, а баба и дедо даваат и на глава да им се качи. Ама и тоа е проблем.
Прво честитки за тоа што си имате свој дом. Секогаш нека ви е исполнет со љубов и безброј радости. Инаку, јас и ти сме во многу слична ситуација. Само што разликата е во тоа што јас имам забрана за да одам кај нив и деверите да се гледаат со мене (лошо ќе сум им влијаела) . Во нашиот дом немаат дојдено, на свадбата не дојдоа, внук им се роди и еве 5 и пол месеци направи, тие само на слика го имаат видено. И деверите не прашуваат ни за син ни ни за мене, како да не постоиме, но малолетни се па се трудам да имам разбирање, и покрај тоа што на моменти ми е криво што е така, затоа што многу време имам поминато со нив. Наместо да се запрашаат каде грешат што син им не сака ни да отиде таму и што малолетен си има заминато од дома, тие цело време ја бараат вината во друг. Девер ти е под нивно влијание, особено па и ако е адолесцент не му замерувај, тие му се мајка и татко и на нив им верува, секој ден ги гледа за разлика од вас. Мој совет ти е да го убедиш мажот ти дека треба да оддржува контакт со брат му. Бидете упорни и трпеливи, не се откажувајте од тоа да му се јавувате и да се гледате, може и да ве одбива-да не сака да се видите, да измислува причини, но кога-тогаш ќе прифати. Во текот на тие гледања ќе успее сам да увиди кој е во право а кој не. Родителите еден ден ќе си ја сфатат грешката, до тогаш многу работи ќе пропуштат но тоа е, сами губат. Важно е вие со брат му да се сложувате. Кај нас има мал напредок а две години се поминати, но не губам верба дека работите ќе си дојдат на место и тоа наскоро. Среќно!
јас на твое место би ја почитувала одлуката на сопругот и не би се мешала. тие се негово семејство и ги знае целиот живот,ако така решил така нека биде. гледај си го сопругот и детето и не се замарај за нив.
Значи лично една спрема друга сме во добра комуникација, не живееме заедно што е одлично ама од некои нејзини постапки косата ми се крева. Ние сме во др.држава, она денес од Македонија ѕвонеше 5пати на мм и 2пати на мене упорно, ние надвор кафе си пиевме после некое време видовме, и кога мм ја праша зошто доби одговор дека неможеле да се најдат со еден човек(прив.таксист што ја чекаше) па да ни каже. Он се насмевна и вика шо паничиш одма и јас од овде шо можам да направам, снаоѓај се ти таму. Па вика да му ѕвонеше крај краева, дека она немаше во моментов сим картица на телефонот. Значи ѕвони еднаш, ако видиш дека не ти креваат не досаѓај, не си мало дете туку 50годишна жена што може да се снајде. Некни иста ситуација, ѕвони кај мм он и изгаси дека гледавме нешто и одма истата секунда кај мене ѕвони, да не и кренев јас уште ќе ѕвонеше додека не и се јавиш, па ич осет да се немало, и во денот по 100 пати ќе се јави за истиот муабет. Мајка ми прво ќе ми пише дали сме слободни и ако и вратам ќе ѕвони(освен ако не е нешто итно), а не вака упорност до бескрај. Ако му кажам на мм ќе се разлути мислам, бидејќи претходно му преговорив за една др.ситуација со нејзе и некако не му беше сеедно. Како да и кажам нејзе индиректно без да се навреди, а да се смени малце?
Никогаш не кревај од прва, ја би рекла и до 5то ѕвонење да не креваш. И секојпат "не можев во моментот да се јавам, имав работа". Кога нема да ве добие 80 посто од времето, кад тад ќе се навикне дека џабе ѕвони.
ко ќе ѕвони кај него а тој не сака да се јави ти исклучи телефон за да бидеш недостапна ко ќе ѕвони кај тебе. Извини вака сурово е ама тој ако неќе да се јави оти па тебе да ти досаѓа
Ох, да не сака да се јави он добро ќе е. Така се дешава во моментот може иначе после 1мин.одма ѕвони. Наутро колку пати само што очи отвараме, се гушкаме у кревет и она ќе ѕвони, он мора да крене. На ручек ако ѕвони јас ќе му речам добро де после ќе и се јавиш дај да јадеме, он ќе се јави да каже дека штом јадеме ќе и ѕвони. Е уште за време на секс не е прекинал за да дигне кога ѕвони, иако се има десено одма после сексот да крене на мајка му. Му имам 100 пати преговорено за тоа, добив одговор дека има болен човек дома и незнае што може да се деси, затоа се грижи. Мада забегав малку од темава тука јас имам проблем и со двајцата не само со свеќи . Но, сето ова нема да се случува ако она прекине со таа нејзина навика.
Епа со маж ти имаш проблем не со неа. Колку сакаш нејзе лути и се, ако он не и каже да не ѕвони она ќе си ѕвони